Поглавје 118
Откровение дадено преку Пророкот Џозеф Смит, на Далечниот Запад, Мисури, 8 Јули, 1838, како одговор на молитвата, „Покажи ни ја Твојата волја, О Господе, во врска со Дванаесетте.“
1–3, Господ ќе ги обезбеди семејствата на Дванаесетте; 4–6, Празнини во Дванаесетте се иполнети.
1 Вистина, така кажа Господ: Нека постои една конференција да биде одржана веднаш; нека Дванаесетте бидат органзиирани; и нека луѓе бидат назначени да снабдуваат наместо оние кои се паднати.
2 Нека Мојот слуга Томас остане за уште една сезона во земјата Сион, да го објави Моето слово.
3 Нека остатокот продолжи да проповеда за тој час, и ако го сторат тоа во сета понизност на срцето, во питомост и покорност, и макотрпност, Јас, Господ, им давам на нив едно ветување да ги обезбедам нивните семејства; и ефективна врата ќе биде отворена за нив, оттука натаму.
4 А наредната пролет нека заминат да одат преку големите води, и нека го распространат Моето евангелие, неговата целина, и прогласат сведоштво за Моето име.
5 Нека ги остават Моите светци во градот на Далечниот Запад, на дваесет и шестиот ден од следниот Април, на местото каде што се гради Мојот дом, кажа Господ.
6 Нека Мојот слуга Џон Тејлор, и исто Мојот слуга Џон И. Пејџ, и исто така Мојот слуга Вилфорд Вудруф, и исто така Мојот слуга Вилард Ричардс, бидат назначени да ги пополнат местата на оние кои паднале, и бидат официјално известени за нивното назначување.