Свети Писма
Учење и Завети 99


Поглавје 99

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот на Џон Мурдок, 29 Август, 1832, во Хајрим, Охајо. За текот на повеќе од една година, Џон Мурдок беше го проповедал евангелието додека неговите деца—без мајка после смртта на неговата жена Јулија Клап, во Април 1831—престојуваше со други семејства во Охајо.

1–8, Џон Мурдок е повикан да го проповеда евангелието, и оние кои го примаат него го примаат Господ и ќе стекнат милост.

1 Ете, така кажа Господ на Мојот слуга Џон Мурдок—ти си повикан да одиш во источните земји од куќа до куќа, од село до село, и од град до град, да го проповедаш Моето вечно евангелие при жителите таму, на среде прогонување и пакост.

2 И тој што те прима тебе ме прима Мене; и ќе имаш моќ да го објавиш Моето слово во прикажување на Светиот Дух.

3 И кој те прима тебе како едно мало дете, го добие Моето царство; и благословени се тие, зашто тие ќе стекнуваат милост.

4 И тие што те одбиваат ќе бидат одбиени од Мојот Отец и Неговиот дом; и ќе ги исчистиш твоите стапала во светите места по патот како едно сведоштво против нив.

5 И ете, и гледај, Јас ќе дојдам брзо да судам, да ги убедам сите за нивни непобожни дела кои ги сториле против Мене, како што е напишано од Мене во томот на оваа книга.

6 И сега, вистина Јас ти велам на тебе, дека не е целисходно да одиш додека твоите деца се обезбедени, и испратени мило при епископот на Сион.

7 И после неколку години, ако ти посакуваш од Мене, ти можеш да одиш горе исто при добрата земја, да го поседуваш твоето наследство;

8 Во спротивно ти ќе продолжиш да го прогласуваш Моето евангелие додека не бидеш одземен. Амин.