Поглавје 113
Одговори на одредени прашања на пишувањата на Исаија, дадени од Џозеф Смит Пророкот, во близина на Далечниот Запад, Мисури, Март 1838.
1–6, Стеблото на Јесе, прачката која доаѓа од таму, и коренот на Јесе се идентификувани; 7–10, Распрснатите остатоци на Сион имаат право на свештенство и се повикани да се вратат кај Господ.
1 Кој е Стеблото на Јесе за кое се зборува во 1то, 2то, 3то, 4то, и 5то стихови од 11то поглавје на Исаија?
2 Вистина така вели Господ: Тоа е Христос.
3 Што е прачката за која се зборува во првиот стих од 11то поглавје на Исаија, која треба да се појави од Стеблото на Јесе?
4 Ете, така кажа Господ; Таа е слуга во рацете на Христос, кој е делумно потомоц на Јесе исто како и на Ефрем, односно од домот на Јосиф, на кому му е положена многу моќ.
5 Што е коренот на Јесе за кој се зборува во 10то стих од 11то поглавје?
6 Ете, така кажа Господ, тој е потомок на Јесе, исто како и Јосиф, на кому со право му припаѓа свештенството, и клучевите на царството, за знаме, и за собирањето на Мојот народ во последните денови.
7 Прашања од Елијас Хигбе: Што се подразбира под заповедта во Исаија, 52то поглавје, прв стих, кој вели: Облечете ја вашата сила, О Сион—и на кој народ Исаија посочуваше?
8 Тој посочуваше на оние кои Бог ги повикал во последните денови, кои ќе ја имаат моќта на свештенството да го доведат повторно Сион, и искупувањето на Израел; и да се облече со неговата сила е да се облече со властта на свештенството, за кое таа, Сион, има право преку родословие; исто така да ја поврати таа моќ што беше ја загубила.
9 Што треба да разбереме преку Сион ослободувајќи се од оковите на неговиот врат; 2ри стих?
10 Ние треба да разбереме дека распрснатите остатоци се охрабрени да се вратат кај Господ од каде што паднале; што ако го сторат, ветувањето на Господ е дека тој ќе збори со нив, или ќе им даде откровение. Видете 6то, 7мо и 8мо стихови. Врските на нејзниот врат се клетвите од Бог врз неа, односно остатоците на Израел во нивната распрсната состојба помеѓу Неевреите.