Свети Писма
Учење и Завети 136


Поглавје 136

Словото и волјата на Господ, дадени преку Претседателот Бригам Јанг во Винтер Кортерс, кампот на Израел, Омаха Нација, на западниот брег на Реката Мисури, близу со Коунсил Блуфс, Ајова.

1–16, Како кампот на Израел е да биде организиран за западното патување како што е објаснето; 17–27, На Светците им е заповедано да живеат преку бројни евангелски стандарди; 28–33, Светците треба да пејат, танцуваат, молат, и да научат мудрост; 34–42, Пророците се убиени за тие да можат да бидат почестени а пакосните осудени.

1 Словото и Волјата на Господ во врска со Кампот на Израел во нивното патување на Запад:

2 Нека сиот народ на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, и тие кои патуваат со нив, бидат организирани во друштва, со завет и ветување да ги одржуваат заповедите и одредбите на Господ нашиот Бог.

3 Нека дружините бидат организирани со капетани од стотици, капетани од педесет, и капетани од десетина, со претседател и негови двајца советници на чело, под водство на Даванесетте Апостоли.

4 И ова ќе биде нашиот завет—дека ние ќе ги практикуваме сите обреди на Господ.

5 Нека секоја дружина се обезбеди себеси со онолу тимови, вагони, залихи, облека, и други неопходности за ова патување, колку што можат.

6 Кога дружините се организирани нека одат со нивната моќ, да подготват за оние кои треба да останат.

7 Нека секоја дружина, со нивните капетани и претседатели, одлучат колку многу може да одат наредната пролет; тогаш нека одберат доволен број на стручни и способни луѓе, да земат тимови, семиња, и прибор, да одат како пионери да подготват за оставање на пролетни посеви.

8 Нека секоја дружина носи еднаков дел, според дивидендата на нивниот имот, при земање на сиромавите, вдовиците, сираците, и семејствата на оние кои имаат заминале во војска, дека повиците на вдовиците и сираците не се појавуваат во ушите на Господ против неговиот народ.

9 Нека секоја дружина подготвува домови, и полиња за одгледување на жито, за оние кои треба да остават зад сезоната; и ова е волјата на Господ во врска со народот.

10 Нека секој човек користи негово влијание и имот да се отстрани неговиот народ за местото каде што Господ ќе лоцира кол на Сион.

11 И ако вие го правите тоа со чисто срце, во сета верност, вие ќе бидете благословени; вие ќе бидете благословени во вашите стада, и во вашата живина, и во вашите полиња, и во вашите домови, и во вашите семејства.

12 Нека Моите слуги Езра Т. Бенсон и Ерастус Сноу организираат една дружина.

13 И нека Моите слуги Орсон Прат и Вилфорд Вудруф организираат дружина.

14 Исто, нека Моите слуги Амаса Лиман и Џорг А. Смит организираат една дружина.

15 И назначат претседатели, и стотина капетани, и педесетина, и десетина.

16 И нека Моите слуги кои биле назначени одат и ја проповедаат оваа, Мојата волја, за светците, за тие може да бидат подготвени да одат во земја на мир.

17 Одете по вашиот пат како што ви кажав, и не се плашите од вашите непријатели; зашто тие немаат моќ да го запрат Моето дело.

18 Сион ќе биде искупен во Мое сопствено време.

19 И ако некој човек бара да се изгради себеси, и не ја бара Мојата совет, тој ќе нема моќ, и неговата будалаштина ќе биде прикажана.

20 Барајте вие; и одржувајте ги сите ваши заклетви еден со друг; и не пожелувајте го тоа што е на вашиот брат.

21 Одржувајте се себеси од зло да го преземат името на Господ залудно, зашто Јас сум Господ вашиот Бог, дури и Бог на вашите татковци, Богот на Авраам и Исак и Јаков.

22 Јас сум тој што ги водеше децата на Израел надвор од Египет; и Мојата рака е испружена надвор во последните денови, да го спаси Мојот народ во Израел.

23 Престанете да се препирате еден со друг, престанете да зборувате лошо едни со други.

24 Престанете со пијаноста; и нека вашите слова настојуваат да ве просветлат еден со друг.

25 Ако позајмиш нешто од твојот сосед, треба да го вратиш тоа што ти си го позајмил; и ако не можеш да го вратиш тогаш оди веднаш и кажи му на твојот сосед, за да не те осуди тебе.

26 Ако го пронајдеш тоа што твојот сосед беше го изгубил, ти ќе направиш трудољубиво пребарување додека ти не му ги вратиш на него повторно.

27 Ти ќе бидеш трудиљубив при сочувување тоа што ти го имаш, за да бидеш мудар управник; зашто е слободен дар од Господ твојот Бог, и ти си негов управник.

28 Ако си среќен, фали го Господ со пеење, со музика, со танцување, и со една молитва на пофалба и благодарност.

29 Ако ти си тажен, повикај го Господ твојот Бог со длабоко молење, за вашите души да бидат радосни.

30 Не се плашете од твоите непријатели, зашто тие се во Мои раце и Јас ќе правам како што сакам со нив.

31 Мојот народ мора да биде тестиран во сите нешта, дека се подготвени да примат слава која Јас ја имам за нив, дури и славата на Сион; и тој што нема да прифати укорување не вреди за Моето царство.

32 Нека тој што е неук научи за мудрост преку понизување на себеси и повикување на Господ неговиот Бог, дека неговите очи може да бидат отворени и може да видат, и неговите уши можат да слушнат;

33 Зашто Мојот Дух е испратен при светот да ги просветли понизните и покајаните, и да ги осуди непобожните.

34 Твоите браќа те одбиле тебе и твоето сведоштво, дури и нацијата која те истера надвор од светот;

35 И сега доаѓа денот на нивната катастрофа, дури и деновите на тага, како што една жена дава напор; и нивната тага ќе биде голема се додека брзо не се покајат, да, многу брзо.

36 Зашто тие ги убија пророците, и тие кои беа пратени при нив; и тие пролејаа невина крв, која довикува од земјата против нив.

37 Затоа, не се чудете на овие нешта, зашто вие сеуште не сте чисти; вие не можете да ја носите Мојата слава; но вие ќе гледате ако сте верни при одржување на сите Мои зборови кои Јас ви ги имам дадено на вас, од деновите на Адам до Аврам од Аврам до Мојсеј, од Мојсеј до Исус и Неговите апостоли, и од Исус и Неговите апостоли до Џозеф Смит, кого Јас го повикав преку Моите ангели, Моите слуги кои служат, и преку Мојот сопствен глас од небесата, да го доведе Моето дело;

38 Која основа тој ја положи, и беше верен; и јас го одведов кај себеси.

39 Многу се чуделе поради Неговата смрт; но беше потребно за тој да го запечати Неговото сведоштво со Неговата крв, за тој да може да биде почестен и пакосните да можат да бидат осудени.

40 Зарем Јас не те избавив тебе од твоите непријатели, само што Јас останав сведок на Моето име?

41 Сега, затоа, послушајте, О вие народе на Мојата црква; и вие старешини слушајте заедно; вие сте го примиле Моето царство.

42 Бидете трудољубиви при одржување на Моите заповеди, за да не дојдат пресудите врз вас, и вашата вера ве изневерува, и вашите непријатели триумфираат врз вас. Па нема повеќе сега. Амин и Амин.