Поглавје 5
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот кај Хармони, Пенсилванија, Март 1829, по барање на Мартин Харис.
1–10, Ова поколение ќе го прими Божјото слово преку Џозеф Смит; 11–18, Тројца сведоци ќе сведочат за Книгата на Мормон; 19–20, Словото на Господ ќе биде докажано како во минатите времиња; 21–35, Мартин Харис може да се покае и да биде еден од сведоците.
1 Ете, Јас ти велам, дека како Мој слуга Мартин Харис посакал сведоштво од Мојата рака, дека ти, Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., ги имаш плочите за кои ти си сведочел и си прогласувал дека си ги добил од Мене;
2 И сега, ете, оваќе му го кажеш на Него—Тој што ти говореше на тебе, ти вели: Јас, Господ, сум Бог, и сум ти ги дал овие нешта на тебе, Мој слуга Џозеф Смит, Јун., и ти заповедав дека треба да стоиш како сведок за овие нешта;
3 И Јас предизвикав да влезеш во завет со Мене, за да не ги покажеш освен на оние личности на кои Јас ќе ти заповедам; и немаш моќ врз нив освен Јас да ти ја доделам.
4 И ти имаш дар да ги преведиш плочите; и ова е првиот дар кој јас ти го дарував; И јас ти заповедав дека не треба да очекуваш друг дар се додека Мојата цел не е исполнета во ова; зашто јас нема да ти доделам друг дар се додека ова не е завршено.
5 Вистина, Јас ти велам, дека тешко ќе биде на жителите на земјата ако тие не ги послушаат Моите зборови;
6 Зашто отсега натаму ќе бидеш ракоположен и ќе одиш напред и ќе ги споделиш Моите зборови при човечките деца.
7 Ете, ако тие одбијат да веруваат во Моите зборови, тие нема да ти веруваат тебе, Мој слуга Џозеф, ако беше возможно да им ги покажеш сите тие нешта кои ти ги доверив.
8 О, ова неверувачко и вкочането поколение—Мојот гнев е распален против нив.
9 Ете, вистина Јас ви велам, Јас сум ги резервирал оние нешта кои сум ти ги доверил, Мој слуга Џозеф, за мудра цел во Мене, и ќе биде позната во идни поколенија;
10 Но ова поколение ќе го има Моето слово преку тебе;
11 И во прилог на твоето сведоштво, сведоштвото на тројца од Моите слуги, кои Јас ќе ги повикам и ракоположам, на кои ќе им ги покажам овие нешта, и тие ќе одат напред со Моите зборови кои се дадени преку тебе.
12 Да, тие ќе знаат со сигурност дека овие нешта се вистинити, зашто од небо Јас ќе им го објавам тоа на нив.
13 Јас ќе им дадам моќ за да здогледаат и ги видат овие нешта како што се;
14 И на никој друг нема да му ја доделам оваа моќ, да го прими ова исто сведоштво помеѓу ова поколение, во ова почетокот на воздигнувањето и појавувањето на Мојата црква надвор од дивината—јасна како месечината, и прекрасна како сонцето, и ужасна како војска со знамиња.
15 И сведоштвото на три сведоци ќе го испратам за Моето слово.
16 И ете, кој и да верува на Моите зборови, тогаш јас ќе ги посетам со прикажувањето на Мојот Дух; и тие ќе бидат родени од Мене, и тоа од вода и од Духот—
17 И ти треба да чекаш уште малку, зашто не си уште ракоположени—
18 И нивното сведоштво исто така ќе оди напред во осудување на ова поколение ако тие ги стврднат нивните срца против нив;
19 Зашто опустошувачки камшик ќе се појави помеѓу жителите на земјата, и ќе продолжи да биде искористен од време на време, ако тие не се покајат, додека земјата не е празна, и тамошните жители се обеземени и целосно уништени од јаснотијата на Моето доаѓање.
20 Ете, Јас ти ги говорам овие нешта, дури и како што Јас исто им кажав на луѓето за уништувањето на Ерусалим; и Моето слово ќе биде докажано во ова време како што до тука било докажано.
21 И еве Јас ти заповедам, Мој слуга Џозеф, да се покаеш и да чекориш праведно пред Мене, и да не се предаваш повеќе на убедувањата на луѓето.
22 И да бидеш цврст во одржување на заповедите кои што Јас сум ти ги заповедал; и ако го сториш ова, ете Јас ќе ти доделам вечен живот, дури и ако си убиен.
23 И сега, повторно, Јас ти говорам тебе Мој слуга Џозеф, во врска со човекот што бара сведоштво—
24 Ете, Јас му велам на него, тој се возвишува себе и не се понизува доволно пред Мене; но ако тој се поклони пред Мене, и се понизи со моќна молитва и вера, со искреноста на неговото срце, тогаш Јас ќе му доделам еден поглед на нештата кои тој сака да ги види.
25 И тогаш тој ќе им каже на луѓето од ова поколение: Ете, Јас ги видов нештата кои Господ беше ги покажал на Џозеф Смит Јун., и знам со сигурност дека тие се вистинити, зашто сум ги видел, зашто тие ми се покажале на Мене преку моќта на Бог а не на човек.
26 И Јас Господ му заповедам на него, Мој слуга Мартин Харис, дека тој веќе нема да им говори за овие нешта, освен да каже: Јас сум ги видел, и тие ми биле прикажани на Мене преку моќта на Бог; и ова се зборовите кои тој ќе ги каже.
27 Но ако тој го негира ова ќе го прекрши заветот што претходно се завети со Мене, и ете, тој е осуден.
28 И еве, освен ако не се понизи себеси и ми ги признае на Мене нештата кои ги сторил кои се погрешни, и се завети со Мене дека ќе ги одржува Моите заповеди, и ќе практикува вера во Мене, ете, Јас му велам, тој нема да има такви погледи, зашто Јас нема да му доделам да ги види нештата за кои сум говорел.
29 И ако тоа е случајот, Јас ти заповедам, Мој слуга Џозеф, дека ти ќе му кажеш, дека тој ништо повеќе нема да прави, ниту ќе ми пречи повеќе во врска со оваа работа.
30 И ако ова е случајот, ете, Јас ти велам на тебе Џозеф, кога ти си преведел малку повеќе страници треба да сопреш за сезона, се дури до ти заповедам повторно; тогаш можеш повторно да преведуваш.
31 И освен ако го не го направиш ова, ете, нема повеќе да имаш дар, и Јас ќе ги одземам нештата кои сум ти ги доверил.
32 И еве, бидејќи го предвидувам чекањето во заседа да те уништи, да, јас предвидувам дека ако Мојот слуга Мартин Харис не се понизи себеси и доби сведоштво од Моја рака, тој ќе падне во престап;
33 И има многу кои чекаат во заседа да те уништат тебе од лицето на земјата; и за оваа цел, за твоите денови да бидат продолжени, ти ги дадов овие заповеди.
34 Да, за оваа цел реков: Застани, и стој мирно додека не ти заповедам, и Јас ќе дадам начини со кои ќе можеш да го исполниш тоа кое ти го заповедав.
35 И ако си верен во одржување на Моите заповеди, ќе бидеш кренат на последниот ден. Амин.