Свети Писма
Учење и Завети 65


Поглавје 65

Откровение за молитва дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, 30 Октомври, 1831.

1–2, Клучевите на царството на Бог му се посветени на човекот на земјата, и целта на евангелието ќе триумфира; 3–6, Милениумското царство на небесата ќе дојде и ќе се придружи на царството на Бог на земјата.

1 Послушајте, и ете, еден глас како на некој испратен од високо, кој е силен и моќен, чие одење е при краиштата на земјата, да, чиј глас е при човекот—Подгответе го вие патот на Господ, направете ги неговите патишта правилни.

2 Клучевите на царство на Бог му се посветени при човекот на земјата, и од таму евангелието ќе напредува на краиштата на земјата, како каменот кој е отсечен од планините без раце ќе напредува, додека тоа не ја исполни целата земја.

3 Да, еден глас довикувајќи—Подгответе го патот на Господ, подгответе ја вие вечерата на Јагнето, направете ја спремна за Невестата.

4 Молете му се на Господ, повикувајте го Неговото свето име, обелоденете ги Неговите прекрасни дела помеѓу народот.

5 Повикувајте го Господ, за Неговото царство да може да напредува на земјата, за тамошните жители да можат да го примат, и да се подготват за деновите кои следат, во кој Синот на Човекот ќе дојде долу на небесата, покриена во јаснотија на неговата слава, да ја запознаат царството на Бог кое е поставено на земјата.

6 Затоа, нека царството на Бог оди напред, за царството на небесата да може да дојде, за Ти, О Боже, да можеш да бидеш прославен во небесата како и на земјата, за Твоите непријатели да може да се совладани; зашто Твоја е честа, моќта и славата, секогаш и засекогаш. Амин.