Свети Писма
Учење и Завети 62


Поглавје 62

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, на брегот на реката Мисури кај Чаритон, Мисури, на 13 Август, 1831. На овој ден Пророкот и неговата група, кои беа на патот кон Независност во Киртланд, сретнаа неколку старешини кои беа на нивен пат кон земјата Сион, и, после радосни поздрави, го примиле ова откровение.

1–3, Сведоштвата се запишани во небесата; 4–9, Старешините треба да патуваат и проповедаат според пресудата и како е упатено од Духот.

1 Ете, и послушајте, О вие старешини на Мојата црква, кажа Господ вашиот Бог, и тоа Исус Христос, вашиот адвокат, кој знае за слабостите на човек и како да им помогнат на оние кои се искушени.

2 И вистина Моите очи се врз оние кои не се сеуште патувани при земјата Сион; затоа вашата мисија не е сеуште исполнета.

3 Сепак, вие сте благословени, зашто сведоштвото кое вие сте го прогласиле е запишано во небесата за ангелите да го угледуваат; и тие се радуваат врз вас, и вашите гревови ви се простени.

4 И сега продолжувајте го вашето патување. Соберете се себеси врз земјата на Сион; и одржете средба и радувајте се заедно, и понудете го сакраментот при Највисокиот.

5 И тогаш можете да се вратите да прогласите сведоштво, да, дури и заедно, или двајца по двајца, како што ви се чини добро, не ми значи на Мене; само бидете верни, и објавете мили вести при жителите на земјата, или помеѓу собирите на пакосните.

6 Ете, Јас Господ, ве донесов заедно за ветувањето да биде исполнето, дека верните помеѓу вас треба да бидат сочувани и да се радуваат заедно во земјата Мисури. Јас, Господ, им ветувам на верните и Јас не можам да лажам.

7 Јас, Господ, сум спремен, ако некој помеѓу вас посакува да јава на коњите, или на мулињата, или во кочии, тој ќе го прими овој благослов, ако го прими од раката на Господ, со едно благодарно срце во сите нешта.

8 Овие нешта остануваат со вас да ги прават според судот и упатствата на Духот.

9 Ете, царството е ваше. И ете, и еве, Јас сум со верните секогаш. Дури и така. Амин.