Свети Писма
Учење и Завети 2


Поглавје 2

Извадок од историјата на Џозеф Смит во врска со зборовите на ангелот Морони за Џозеф Смит Пророкот, додека се во куќата на таткото на Пророкот во Манчестер, Њујорк, на вечерта на 21 Септември, 1823. Морони беше последниот од долга лоза на историчари кој го направил записот кој е сега пред светот како Книгата на Мормон. (Спореди Малахија 4:5–6; исто поглавја 27:9; 110:13–16; и 128:18.)

1, Илија ќе го открие свештенството; 2–3, Ветувањата на татковците се всадени во срцата на децата.

1 Ете, Јас ќе ви го откријам на вас Свештенството, преку раката на Илија пророкот, пред доаѓањето на големиот и страшен ден на Господ.

2 И тој ќе ги всади во срцето на децата ветувањата направени на татковците, и срцата на децата ќе се завртат кон нивните татковци.

3 Да не беше така, целата земја би била целосно уништена при Неговото доаѓање.