Официјална Објава 2
Книгата на Мормон поучува дека „сите се слични како Бог,“ вклучувајќи „црно и бело, заробени и слободни, мажи и жени“ (2 Нефи 26:33). Низ историјата на Црквата, народите од секоја раса и етничка припадност во многу земји биле крстени и живееле како верни членови на Црквата. За време на животниот век на Џозеф Смит, неколкумина црни машки членови од Црквата беа ракоположени за свештенството. Рано во нејзината историја, Црковните водачи престанале да го предаваат свештенството на црни машки од Африканско потекло. Црковните записи немаат јасни увиди за потеклото на ова практикување. Црковните водачи веруваа дека откровение од Бог беше потребно да се промени ова практикување и молитвено бараа водство. Откровението дојде до Претседателот на Црквата Спенсер В. Кимбал и беше потврдено на други Црковни водачи во Храмот Солт Лејк на 1 Јуни, 1978. Откровението ги отстрани сите забрани во врска со расата кои некогаш се применуваа за свештенството.
До Кому Се Однесува:
На 30 Септември, 1978, на 148та Полугодишна Генерална Конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, следните беа претставени преку Претседателот Н. Елдон Танер, Прв Советник во Првото Претседателство на Црквата.
Во раниот Јуни од оваа година, Првото Претседателство објави дека едно откровение беше примено преку Претседател Спенсер В. Кимбал кое го дава свештенството и храмските благослови на сите достојни машки членови на Црквата. Претседател Кимбал побара да ја советувам конференцијата дека откако тој беше го примил ова откровение, кое дојде кај него после продолжена медитација и молитва во светите соби на светиот храм, тој го претстави на неговите советници, кои го прифатија тоа и го одобрија. После беше претставено на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, кои едногласно го одобрија тоа, и беше последователно претставено на сите други Генерални Власти, кои исто го одобрија тоа едногласно.
Претседател Кимбал побара од мене сега да го прочитам ова писмо:
8 Јуни, 1978
До сите генерални и локални свештенски службеници на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни низ светот:
Драги Браќа:
Додека го посведочивме проширувањето на делото на Господ врз земјата, ние сме биле благодарни дека народот на многу нации одговориле на пораката за обновеното евангелие, и се придружиле на Црквата во броеви кои постојано се зголемуваат. Ова, за возврат, нè инспирираше нас со желба да ги прошириме до секој достоен член на Црквата сите привилегии и благослови кое евангелието ги дозволува.
Свесни за ветувањата направени преку пророците и претседателите на Црквата кои биле пред нас дека во одредено време, во вечниот план на Бог, сите наши браќа кои се достојни може да ги примат свештенството, и посведочувајќи за верноста на оние од кои свештенството беше задржано, ние молевме долго и чесно во име на оние, наши верни браќа, поминувајќи многу часови во Горната Соба од Храмот молејќи се длабоко на Господ за божествено водство.
Тој ги слушна нашите молитви, и преку откровение потврдил дека долговетениот ден дошол кога секој верен, достоен маж во Црквата може да го прими светото свештенство, со моќ да практикува негова божествена власт, и да ги ужива со љубените сите благослови кои течат оттаму, вклучувајќи ги и благословите на храмот. Според тоа, сите достојни машки членови на Црквата може да бидат ракоположени на свештенството без оглед на раса или боја. Свештенските водачи се упатени да следат полиса за внимателно да ги интервјуираат сите кандидати за ракоположување било за Ароновото или Мелхиседековото Свештенство да се осигураат дека ги исполнуваат стандардите за достојност.
Ние објавуваме со трезвеност дека Господ сега ја обелоденил Неговата волја за благословувањето на сите Негови деца преку земјата кои ќе го послушаат гласот на Неговите овластени слуги, и се подготват самите себеси да примат благослови на евангелието.
Искрено ваши,
Спенсер В. Кимбал
Н. Елдон Танер
Мерион Г. Ромни
Првото Претседателство
Признавање на Спенсер В. Кимбал како пророк, јасновидец, и откровител, и претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, предложено е дека ние како составено собрание го прифаќаме ова откровение како слово и волја на Господ. Сите што се за ве молам да го покажат тоа со кревање на десната рака. Некој што е против може да го покаже тоа со истиот знак.
Гласањето да се поддржи моменталниот предлог беше едногласно потврдено.
Солт Лејк Сити, Јута, 30 Септември 1978.