Свети Писма
Учење и Завети 67


Поглавје 67

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хирам, Охајо, рано Ноември, 1831. Пригодата беше таа на специјална конференција, и објавите на откровенијата веќе добиени од Господ преку Пророкот беа сметани и делувано (види наслов на поглавје 1). Вилијам В. Фелпс беше неодамна воспоставен во Црковниотпрес за принтирање во Независност, Мисури. Конференцијата одлучи да ги објави откровенијата во Book of Commandments („Книгата на Заповедите“) и да испринта 10000 копии (кои поради невидени потешкотии беа подоцна намалени на 3000 копии). Многу од браќата прогласија свечено сведоштво дека откровенијата тогашсобрани за објавување беа навистина вистинити, како што беше посведочено преку Светиот Дух кој им пролеал на нив. Историјата на Џозеф Смит запишува дека после откровението познато како поглавје 1 беше примено, имаше некои разговори во врска со јазикот користен во откровенијата. Моменталното откровение следеше.

1–3, Господ им ги слуша молитвите и ги чува старешините; 4–9, Тој ја предизвикува најмудрата личност да ги удвои најмалкуте од Неговите откровенија; 10–14, Верните старешини ќе бидат оживени од Духот и ќе го видат лицето на Бог.

1 Ете и послушајте, О вие старешини на Мојата црква, кои сте се собрале заедно, чии молитви сум ги слушнал, и чии срца ги знам, и чии желби дошле пред Мене.

2 Ете и гледајте, Моите очи се врз вас, и небесата и земјата се во Моите раце, и богатствата на вечноста се Мои да ги давам.

3 Вие настојувавте да верувате дека ќе го примите благословот кој ви беше понуден; но ете, вистина Јас ви велам дека имаше стравови во вашите срца, и вистина ова е причината зошто не примивте.

4 И еве, Јас, Господ, ви давам на вас сведоштво на вистината на овие заповеди кои се положени пред вас.

5 Вашите очи беа врз Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., и неговиот јазик го знаете, и неговиот несовршености ги знаете; и вие баравте во вашите срца знаење да можете да изразите вон овој јазик; ова исто го знаете.

6 Сега, барајте од Книгата на Заповедите, дури и најмалите помеѓу нив, и назначете го него кој е најмудар помеѓу вас;

7 Или, ако постои некој помеѓу вас кој ќе направи една како неа, тогаш вие сте оправдани во кажување на тоа што не знаете дека е вистинито;

8 Но ако не можете да направите една како неа, вие сте под осуда ако не прогласите сведоштво дека се вистинити.

9 Зашто вие знаете дека не постои неправда во нив, и тоа што е праведно доаѓа доле од нагоре, од Отецот на светлината.

10 И повторно, вистина Јас ви велам дека е ваша привилегија, и едно ветување што Јас ви го давам дека сте биле одредени при оваа служба, дека онолку колку што сте се лишеле себеси од љубоморните и стравовите, и понизете се себеси пред Мене, зашто не сте доволно понизни, превезот ќе биде скинат и вие ќе ме видите Мене и ќе знаете дека Јас сум—не со телесниот ниту природниот ум, туку со духовниот.

11 Зашто ниту еден човек не го видел Бог во било кое време во тело, освен што се бил оживен од Духот на Бог.

12 Ниту може било кој природен човек да останува во присуство на Бог, ниту според телесниот ум.

13 Вие не можете да останете во присуство на Бог сега, ниту служењето на ангели; затоа, продолжете во трпение додека не сте усовршени.

14 Нека вашите умови не се вртат назад; и кога сте достојни, во Мое сопствено време, ќе го знаете и видите тоа што ви било дадено од рацете на Мојот слуга Џозеф Смит, Ју. Амин.