Визија дадена на Џозеф Смит Пророкот и Сидни Ригдон, во Хајрим, Охајо, 16 Февруари, 1832. Како вовед на записот на оваа визија, историјата на Џозеф Смит објавува: „Во времето на моето враќање од конференцијата во Амхерст, Јас го продолжив преведувањето на Светите Писма. Од различни откровенија кои беа примени, беше очигледно дека многу важни точки во врска со спасението на човекот беа одземени од Библијата, или загубени пред да биде составени. Се чинеше очигледно од тие вистини кои беа оставени, дека ако Бог го наградува секој според делата направени во телото, терминот ‘Небеса,’ како што е планирано за вечниот дом на Светците, мора да вклучува повеќе царства од едно. Според тоа, … Додека го преведував Евангелието на Св. Јован, јас самиот и Старешина Ригдон ја видовме следната визија.“ На времето кога оваа визија беше дадена, Пророкот преведуваше Јован 5:29.