Поглавје 97
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 2 Август, 1833. Откровението главно се справува со аферите на Светците во Сион, Округот Џексон, Мисури како одговор на барањето на Пророкот за Господ за информации. Членовите на Црквата во Мисури беа во ова време подложени на остро прогонување и, на 23 Јули, 1833, беа присилени да потпишат еден договор да го напуштат Округот Џексон.
1–2, Многу од Светците во Сион (Округот Џексон, Мисури) се благословени поради нивната верност; 3–5, Парли П. Прат е овластен за неговите напори во училиштето во Сион; 6–9, Оние кои ги почитуваат нивните завети се прифатени од Господ; 10–17, Еден дом треба да се изгради во Сион во кој чистите во срцето ќе го видат Бог; 18–21, Сион е чистите во срцето; 22–28, Сион ќе избега од камшикот на Господ ако е верна.
1 Вистина Јас велам на вас Мои пријатели, Јас ви говорам со Мој сопствен глас, дури и гласот на Мојот Дух, за да ви ја покажам Мојата волја во врска со вашите браќа во земјата на Сион, многу од кои се навистина понизни и бараат трудољубиво да научат за мудрост и да пронајдат вистина.
2 Вистина, вистина Јас ви велам, благословени се таквите, зашто тие ќе стекнат; зашто Јас, Господ, покажувам милост при сите кои се питоми, и врз сите што сакам, дека Јас ќе бидам праведен кога ќе ги изведам при суд.
3 Ете, Јас ви велам, во врска со училиштето во Сион, Јас, Господ, сум многу задоволен дека ќе има училиште во Сион, и исто со Моите слуги Парли П. Прат, зашто тој се придржува во Мене.
4 И онолку колку што тој продолжува да се придржува во Мене тој ќе продолжи да претседава врз училиштето во земјата на Сион додека Јас не му дадам на него други заповеди.
5 И Јас ќе го благословам со многубројни благослови, со образложување на сите свети писма и мистерии на просветлување на училиштето, и црквата на Сион.
6 А за остатокот на училиштето, Јас, Господ, сум спремен да покажам милост; сепак, постојат оние кои мора да бидат прекорени, и нивните дела ќе бидат познати.
7 Секирата е положена на коренот на дрвата; и секое дрво кое не носи добар плод ќе биде пресечено и фрлено во оган. Ете, Јас, Господ, сум го кажал тоа.
8 Вистина Јас ви велам, сите помеѓу нив кои ги знаат нивните срца се чесни, и се скршени, и нивните духови покајнички, спремни да ги пазат нивните завети преку жртва—да, секоја жртва која Јас, Господ, ќе ја заповедам—тие се прифатени од Мене.
9 Зашто Јас, Господ, ќе предизвикам тие да донесат многу плодно дрво кое е насадено во добра земја, преку чист поток, кој дава многу драгоцено овошје.
10 Вистина Јас ви велам, дека тоа е Моја волја дека една куќа треба да биде изградена за Мене во земјата Сион, така според моделот кој Јас сум ви го дал.
11 Да, нека биде изградена брзо, преку десеток на Мојот народ.
12 Ете, ова е десетокот и жртвата која Јас, Господ, ја барам на нивните раце, дека може да има дом изграден при Мене за спасението на Сион—
13 Како едно место на благодарност за сите светци, и како место за упатство за сите оние кои се повикани на делото на служење во сите нивни неколку повици и служби.
14 За да можат да бидат усовршени во разбирање на нивната служење, во принцип, и во учење, сите нешта што се однесуваат на царството на Бог на земјата, клучевите од кое царството ви беше предадено на вас.
15 И онолку колку што Мојот народ градат дом при Мене во името на Господ, и не дозволуваат било какво нечисто нешто да влезе во него, за да не биде извалкано, Мојата слава ќе почива врз него;
16 Да, и Моето присуство ќе биде таму зашто Јас ќе дојдам во него, и сите чисти во срцето кои ќе дојдат при него ќе го видат Бог.
17 Но ако тоа е извалкано нема да дојдам при тоа, и Мојата цел не е да бидам тука; зашто јас нема да дојдам во несвети храмови.
18 И, еве, ете, ако Сион ги прави овие нешта таа ќе напредува, и ќе се прошири самата и стане многу величествена, многу голема, и многу ужасна.
19 И нациите на земјата ќе ја почестат неа, и ќе кажат: Сигирно Сион е градот на нашиот Бог, и секако Сион не може да падне, ниту ќе биде поместен од нејзино место, зашто Бог е таму и раката на Господ е таму;
20 И Тој ветувал преку моќта на Неговата семоќност да биде Нејзино спасение и Нејзина висока кула.
21 Затоа, вистина, кажа Господ, нека Сион се радува, зашто ова е Сион—чистите во срцето; затоа, нека Сион се радува, додека сите пакосни ќе оплакуваат.
22 Зашто ете, и гладајте, одмаздата доаѓа брзо врз непобожните како виор; и кој ќе избега од неа?
23 Господовиот камшик ќе минува преку ноќ и ден, и извештајот таму ќе ги исцрпи сите луѓе, да, нема да се прекине додека Господ не дојде;
24 Зашто негодувањето на Господ е распалено против неговите одвратности и сите нивни пакосни дела.
25 Сепак, Сион ќе избега ако таа пази да ги прави сите нешта какви и да и ги заповедам.
26 Но ако таа не запазува да прави како што Јас ѝ заповедав, Јас ќе ја посетам според сите нејзини дела, со болна мака, со помор, со чума, со меч со одмазда, со оган што проголтува.
27 Сепак, нека биде прочитано еднаш преку нејзините уши, дека Јас, Господ, сум ги прифатил нејзините приноси; и ако таа не греши повеќе ништо од овие нешта нема да се случи на неа;
28 И Јас ќе ја благословам со благолови, и ќе помножам едно мноштво на благолсови врз неа, врз нејзините поколенија засекогаш и секогаш, кажа Господ вашиот Бог. Амин.