Поглавје 74
Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, кај Округот Вејн, Њујорк, во 1830. Дури и пред организацијата на црквата, прашања се кренале за соодветниот мод за крштавање, водејќи го Пророкот да ги бара одговорите на темата. Историјата на Џозеф Смит објавува дека ова отрковение е едно објаснување на 1 Коринтјани 7:14, еден стих кој често беше користен да оправдува крштавања за доенчиња.
1–5, Павле се советува со Црквата во неговите дни денот да не го одржува законот на Мојсеј; 6–7, Малите деца се свети и осветени преку Помирувањето.
1 Зашто неверувачкиот сопруг е осветен од сопругата; и неверувачката сопруга е осветена од мажот; инаку вашите деца беа нечисти, но сега се свети.
2 Еве, во деновите на апостолите законот за обрежување беше помеѓу сите Евреи кои не веруваа во евангелието на Исус Христос.
3 И се случи да се крене големо препирање помеѓу народот во врска со законот на обрежување, зашто мажот што не верува беше посакувал неговите деца да бидат обрежани и да станат подложни на законот на Мојсеј, кој закон беше исполнет.
4 И се случи децата, пораснати со подложување на законот на Мојсеј, обрнаа внимание на традициите на нивните татковци и не веруваа во евангелието на Христос, затоа станаа несвети.
5 Затоа, за оваа цел апостолите и напишаа на црквата, давајќи им заповед, не од Господ, туку од самиот, дека еден верник не треба да биде обединет со неверник; освен ако законот на Мојсеј не биде укинат помеѓу нив,
6 За нивните деца да останат без обрежување; и за традицијата да може да биде откажена, која вели дека малите деца се несвети; зашто тоа беше помеѓу Евреите,
7 Но малите деца се свети, бидејќи се осветени преку помирувањето на Исус Христос; и ова значат светите писмае.