Мисионерски Повици
Поглавје 3: Лекција 2—План за Спасение на Небесниот Отец


„Поглавје 3: Лекција 2—План за Спасение на Небесниот Отец“, Проповедај го Моето Евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023)

„Поглавје 3: Лекција 2“, Проповедај го Моето Евангелие

Поглавје 3: Лекција 2

Планот за Спасение на Небесниот Отец

Слика
Исусова Статуа

Луѓето можеби се прашуваат

  • Која е целта на животот?

  • Од Каде Дојдов?

  • Дали постои Бог кој се грижи за мене? Како да почувствувам дека Тој се грижи за мене?

  • Како да поверувам во Бога кога толку многу лоши работи се случија?

  • Зошто животот е толку тежок? Како да најдам сила во текот на овие времиња?

  • Како да станам подобра личност?

  • Што се Случува Откако Ќе Умрам?

Обновеното евангелие на Исус Христос ни помага да одговориме на важни прашања за душата. Преку евангелието, дознаваме за нашиот божествен идентитет и нашиот вечен потенцијал како Божји чеда. Евангелието ни дава надеж и ни помага да најдеме мир, среќа и смисла. Да се живее евангелието ни помага да напредуваме и да наоѓаме сила кога се соочуваме со животните предизвици.

Бог го сака најдоброто за Неговите чеда и посакува да ни ги даде Неговите најголеми благослови, што се бесмртност и вечен живот (види Мојсеј 1:39; Учења и Завети 14:7). Поради тоа што Тој нѐ сака, Тој обезбеди план за ние да ги добиеме овие благослови. Во светите писма, овој план се нарекува големиот план за спасение, и планот за искупување (види Алма 42:5, 8, 11, 13, 15, 16, 31).

Во Божјиот план, секој од нас патува низ претсмртниот живот, раѓањето, смртниот живот, смртта и животот после смртта. Бог ни го дава она што ни е потребно на ова патување, за да по нашата смрт, се вратиме во Негово присуство и да добиеме целосна радост (останеме во постојана комуникација со него).

Исус Христос е во центарот на планот на Бога. Преку Неговото Помирување и Воскресение, Исус овозможил секој од нас да добие бесмртност и вечен живот.

Во текот на нашиот живот на земјата, не се сеќаваме на нашиот претсмртен живот. Ниту пак целосно го разбираме животот по смртта. Меѓутоа, Бог открил многу вистини за овие делови од нашето вечно патување. Овие вистини даваат доволно знаење за да ја разбереме целта на животот, да доживееме радост и да се надеваме дека ќе дојдат добри работи. Ова знаење е свето богатство за да нѐ води додека сме на земјата.

Предлози за подучување

Овој дел дава пример на предлог план што ќе ви помогне да се подготвите за час. Тој вклучува и примери за набројани прашања и предлози што може да ги користите.

Додека се подготвувате за предавање, преку претходна молитва имајте ги во предвид духовните потреби и ситуацијата на секое лице. Одлучете што ќе биде најкорисно за предавање. Подгответе се за да ги дефинирате зборовите што луѓето можеби не ги разбираат. Планираjте во согласност со времето што го имате, не заборавајте лекциите да ви бидат кратки.

Изберете кои стихови ќе ги користите додека предавате. Делот „Доктринарна Основа“ од лекцијата вклучува многу корсни стихови.

Размислете кои прашања да ги поставите за време на часот. Испланирајте кои покани да ги упатите што ќе го поттикнат секој човек да дејствува.

Нагласете ги ветените Божји благослови, и споделете го вашето сведоштво за она што го предавате.

Слика
мисионери подучуваат семејство

Што би можеле да ги подучите луѓето за 15-20 минути

Изберете едно или повеќе од следните начела за подучување на планот за спасение. Доктринарната основа за секое начело е обезбедена по овој преглед.

Предсмртен живот: Божјата Цел и План за Нас

  • Сите ние сме духовни Божји чеда. Тој нѐ создаде според Неговиот лик.

  • Живеевме со Бога и пред да се родиме на земјата. Ние сме членови на Неговото семејство. Тој го познава и сака секој од нас.

  • Бог има план за нашата среќа и напредок во овој живот и во вечноста.

  • Во нашиот пресмртен живот, избираме да го следиме Божјиот план. Ова значи доаѓање на земјата за да го преземеме следниот чекор од нашиот вечен напредок.

  • Исус Христос е во центарот на Божјиот план. Тој ќе ни овозможи да имаме бесмртност и вечен живот.

Создавањето

  • Според Божјо упатство, Исус Христос ја создаде земјата.

Падот на Адам и Ева

  • Адам и Ева беа првите деца на Бог што дојдоа на земјата. Бог ги создал нивните тела и ги сместил во Рајската градина.

  • Адам и Ева направиле престап, биле исфрлени од градината, и одвоени од Божјото присуство. Овој настан се нарекува Падот.

  • По Падот, Адам и Ева станале смртни. Како смртници, тие имале можност да учат, да напредуваат и да имаат деца. Доживеале тага, грев и смрт.

  • Падот бил чекор напред за човештвото. Падот ни овозможи да се родиме на земјата и да напредуваме во планот на Небесниот Отец.

Нашиот Живот на Земјата

  • Според Божјиот план, потребно беше да дојдеме на земјата за да добиеме физички тела, да учиме и да созреваме.

  • На земјата, учиме да одиме со вера. Сепак, Небесниот Отец нѐ не остави сами. Обезбеди многу дарови и водства за да ни помогне да се вратиме во Негово присуство.

Помирувањето на Исус Христос

  • Секој од нас греши, и секој од нас ќе умре. Бидејќи Бог нѐ сака, Тој го испратил Неговиот Син, Исус Христос, на земјата да нѐ искупи од грев и смрт.

  • Поради Исусовата помирувачка жртва, може да ни е простено и да бидеме исчистени од нашите гревови. Нашите срца може да се променат кон подобро кога се каеме. Ова ни овозможува да се вратиме во Божјото присуство и да добиеме целосна радост.

  • Поради Исусовото Воскресение, сите ние ќе бидеме воскреснати по нашата смрт. Ова значи дека духот и телото на секој човек ќе бидат повторно обединети и секој од нас ќе живее засекогаш во совршено, воскреснато тело.

  • Исус Христос нуди утеха, надеж и исцелување. Неговата помирувачка жртва е краен израз на Неговата љубов. Сѐ она што е неправедно во животот ќе се исправи преку Помирувањето на Исус Христос.

Светот на Духовите

  • Кога физичкото тело умира, нашиот дух продолжува да живее во духовниот свет. Ова е привремена состојба на учење и подготовка пред Воскресението.

  • Евангелието на Исус Христос се учи во духовниот свет, и ние можеме да продолжиме да растеме и напредуваме.

Воскресение, Спасение и Воздигнување

  • По нашето престојување во духовниот свет, Воскресението е следниот чекор од нашето вечно патување.

  • Воскресението е повторно обединување на нашиот дух и тело. Секој од нас ќе биде воскреснат и ќе има совршено физичко тело. Ќе живееме засекогаш. Ова е овозможено преку Помирувањето на Спасителот и Воскресението.

Суд и Царства на Славата

  • Кога сме воскреснати, Исус Христос ќе биде наш судија. Со многу мали исклучоци, сите Божји чеда ќе добијат место во царството на слава.

  • Иако сите ќе воскреснеме, нема сите да ја добиеме истата вечна слава. Исус ќе ни суди според нашата вера, дела и покајание во смртноста и во духовниот свет. Можеме да се вратиме да живееме во Божјо присуство ако сме верни.

Прашања што Можете да Им ги Поставите на Луѓето

Следните се предлог прашања што може да им ги поставите на луѓето. Овие прашања може да ви помогнат да воспоставите смисловен разговор и да ги разберете потребите и изгледите за иднината на таа личност.

  • Што чувствувате дека е целта на животот?

  • Што ве прави среќен?

  • За кои предизвици ви е потребна Божја помош?

  • Што научивте од предизвиците со кои се соочувате?

  • Што знаете за Исус Христос? Како Неговиот живот и мисија влијаеа на вашиот живот?

Покани што Може да Им ги Упатите

  • Дали ќе побарате од Бога во молитва да ви помогне да знаете дека она што го учевме е вистина? (Види „Увид во Наставата: Молитва“ во последниот дел од лекција 1.)

  • Дали ќе присуствувате во црква со нас оваа недела за да дознаете нешто повеќе за она што го учевме?

  • Дали ќе ја прочитате Книгата на Мормон и ќе се молите да знаете дека таа е Божјото слово? (Можете да предложите конкретни поглавја или стихови.)

  • Дали ќе го следите Исусовиот пример и ќе се крстите? (Види „Покана да се Биде Крстен и Потврден,“ што се наоѓа веднаш пред оваа лекција.)

  • Можеме ли да одредиме време за нашата следна посета?

Слика
графикон на план за спасение

Доктринална основа

Овој дел обезбедува доктрина и стихови за лично проучување што ќе ви го зајакнат знаењето и сведоштвото за евангелието и ќе ви помогнат во предавањето.

Слика
галаксии

Предсмртен живот: Божјата Намера и План за Нас

Ние сме Божји деца, и Живеевме со Него пред Нашето Раѓање

Бог е Отецот на нашите духови. Ние сме буквално Неговите чеда, создадени според Негов лик. Секој од нас има божествена природа како Божје чедо. Ова сознание може да ни помогне во тешки времиња и може да нѐ инспирира да станеме нашето најдобро јас.

Живеевме со Бога како Негови духовни чеда пред да се родиме на земјата. Ние сме членови на Неговото семејство.

Слика
Претседател М. Расел Балард

„Постои еден важен идентитет што сите ние го споделуваме сега и засекогаш, идентитет кој никогаш не треба да го изгубиме од вид, и за кој треба да бидеме благодарни. Тоа е дека сте и од секогаш сте биле Божји синови и ќерки со духовни корени во вечноста.

„… Разбирањето на оваа вистина—вистинското разбирање и нејзиното прифаќање—го менува животот. Ви дава извонреден идентитет што никој не може да ви го одземе. Но, многу повеќе од тоа, треба да ви даде огромно чувство на вредност и чувство за ваша бесконечна вредност. Конечно, таа ви дава божествена, благородна, и достојна цел во животот“ (M. Russell Ballard, “Children of Heavenly Father“ [Brigham Young University devotional, Mar. 3, 2020], 2, speeches.byu.edu).

Избравме да Дојдеме на Земјата

Нашиот Небесен Отец нè сака и посакува да станеме како Него. Тој е возвишено суштество со прославено физичко тело.

Во нашиот претсмртен живот, научивме дека Бог има план за нас, да станеме како Него. Еден дел од Неговиот план беше ние да го напуштиме нашиот небесен дом и да дојдеме на земјата за да примиме физички тела. Исто така, ни беше потребно да стекнеме искуство и да развиваме вера во време далеку од Божјото присуство. Нема да се сеќаваме дека живеевме со Бог. Меѓутоа, Тој ќе ни го обезбеди она што ни е потребно да за можеме да се вратиме да живееме со Него.

Правото на слобода на избор и нашата способност да избираме, е суштински дел од Божјиот план за нас. Во нашиот претсмртен живот, секој од нас избира да го следи Божјиот план и да дојде на земјата за да би можеле да го направиме следниот чекор од нашиот вечен напредок. Разбравме дека додека сме овде, ќе имаме многу нови можности да напредуваме и да доживееме радост. Разбравме и дека ќе се соочиме со противење. Ќе доживееме премрежија, искушенија, тага и смрт.

При изборот да дојдеме на земјата, верувавме во Божјата љубов и помош. Верувавме во Неговиот план за спасение.

Небесниот Отец го Избра Исус Христос да Нѐ Искупи

Исус Христос е во центарот на Божјиот план. Пред да дојдеме на земјата, знаевме дека не можеме сами да се вратиме во Божјото присуство. Небесниот Отец го избра Исус Христос, Неговиот првороден Син, за да ни овозможи да се вратиме кај Него и да имаме вечен живот.

Исус доброволно прифати. Се согласи да дојде на земјата и да нѐ откупи преку Неговата помирувачка жртва. Неговото Помирување и Воскресение ќе овозможат Божјите намери за нас да се исполнат.

Проучување на Светите Писма

Божји Чеда

Божјата Намера

Предсмртен Живот

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич до светите писма: „Претсмртен Живот“, „План за Откуп

  • Општ Прирачник, 1.1: „Божјиот План за Среќа

  • Евангелски Теми: „Претсмртност“, „План за Спасение

Слика
зајдисонце над океан

Создавањето

Планот на Небесниот Отец беше наменет за создавањето на земјата, каде Неговите духовни чеда би добиле физички тела и би стекнале искуство. Нашиот живот на земјата е неопходен за да можеме да напредуваме и да станеме како Бог.

Под водство на Небесниот Отец, Исус Христос ја создал земјата и сите живи суштества. Небесниот Отец потоа ги создал мажот и жената според својот лик. Создавањето е израз на Божјата љубов и желба за да имаме можност да растеме.

Проучување на Светите Писма

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Слика
Напуштање на Рајската Градина, од Џозеф Брики

Падот на Адам и Ева

Пред Падот

Адам и Ева беа првите чеда на Небесниот Отец што дојдоа на земјата. Бог ги создал нивните физички тела според Неговиот лик и ги сместил во Рајската Градина. Во градината тие биле невини, и Бог се грижел за нивните потреби.

Додека Адам и Ева биле во градината, Бог им заповедал да не јадат од плодот на дрвото на познавање на доброто и злото. Ако ја послушале оваа заповед, можеле да останат во градината. Сепак, тие не можеле да напредуваат учејќи од противењето и предизвиците на смртноста. Немаше да можат да ја спознаат радоста затоа што не можеле да искусат тага и болка.

Сатаната ги искушувал Адам и Ева да јадат од забранетите плодови, и тие избрале да го сторат тоа. Поради овој избор, тие биле протерани од градината и одвоени од Божјото присуство. Овој настан се нарекува Падот.

После Падот

По Падот, Адам и Ева станале смртни. Повеќе не биле во состојба на невиност, тие ги разбирале и доживувале и доброто и злото. Можеле да ја користат слободата на избор и да избираат меѓу нив. Поради тоа што Адам и Ева се соочувале со противење и предизвици, тие биле во можност да учат и да напредуваат. Бидејќи чувствувале тага, можеле да почувствуваат и радост. (Види 2 Нефи 2:22–25.)

И покрај нивните тешкотии, Адам и Ева почувствувале дека да се биде смртен е огромен благослов. Еден благослов бил тоа што можеле да имаат деца. Ова обезбеди начин за други духовни Божји чеда да дојдат на земјата и да добијат физички тела.

Во врска со благословите од Падот, и Адам и Ева се радувале. Ева рекла, „Да не беше нашиот престап ние никогаш немаше да имаме [деца], и ние никогаш немаше да го дознаеме доброто и злото, и радоста на нашето откупување, и вечниот живот што Бог им го даде на сите покорни“ (Мојсеј 5:11; види и стих 10).

Проучување на Светите Писма

Во Градината

Падот

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Нашиот Живот на Земјата

Многу луѓе се прашуваат, „Зошто сум тука на земјата?“ Нашиот живот на земјата е суштински дел од Божјиот план за наш вечен напредок. Нашата крајна цел е да се подготват за враќање во Божјото присуство и добивање на целосна радост. Подолу се дадени неколку начини на кои животот на земјата нѐ подготвува за тоа.

Слика
момче се смешка

Добивање Физичко Тело

Една од намерите за доаѓање на земјата е да се добие физичко тело во кое нашиот дух ќе може да живее. Нашите тела се свети, чудесни созданија на Бога. Со физичкото тело, можеме да правиме, учиме и доживуваме многу работи што нашите духови не можеа да ги направат. Можеме да напредуваме на начини на кои не би можеле да напредуваме како духови.

Бидејќи нашите тела се смртни, искусуваме болка, болест и други искушенија. Овие искуства можат да ни помогнат да научиме што е тоа трпеливост, сочувство и други божествени особини. Тие можат да бидат дел од нашиот пат кон среќата. Изборот на правилното кога е тешко да се направи тоа често е начин преку кој верата, надежта и милосрдието стануваат наши карактерни особини.

Научете да го користите Правото на Слобода на Избор Мудро

Друга намена на смртноста е да се научиме како мудро да го искористиме нашето право на слобода на избор–да го избереме правилното. Учењето како мудро се користи нашето право на слободен избор е од суштинско значење за да станеме како Бог.

Небесниот Отец и Исус Христос нè учат што е правилно и ни даваат заповеди да нè водат кон среќата. Сатаната, нè искушува да направиме нешто лошо, сакајќи да станеме несреќни како него. Се соочуваме со спротивставеност меѓу доброто и злото, што е неопходно за да научиме да го користиме правото на слобода на избор (види 2 Нефи 2:11).

Додека му се покоруваме на Бога, растеме и ги добиваме Неговите ветени благослови. Кога не се покоруваме, се дистанцираме од Него и ги трпиме последиците од гревот. Иако понекогаш изгледа поинаку, гревот на крај води кон нереќа. Често благословите на покорноста—и последиците од гревот—не се веднаш очигледни или надворешно видливи. Туку тие се сигурни, зашто Бог е праведен.

Дури и кога даваме сѐ од себе, сите грешиме и сме „лишени од славата Божја“ (Римјаните 3:23). Знаејќи го ова, Небесниот Отец ни обезбеди начин да се покаеме за да можеме да се вратиме кај Него.

Покајанието ја носи моќта на нашиот Искупител, Исус Христос, во нашите животи (види Хеламан 5:11). Додека се каеме, се чистиме од гревот преку помирувачката жртва на Исус Христос и дарот на Светиот Дух (види 3 Нефи 27:16–20). Преку покајание, доживуваме радост. Нам ние е отворен патот за враќање кон Небесниот Отец, зашто Тој е милозлив. (Види „Покајание“ во лекција 3.)

Научете да чекорите според Вера

Друга цел на овој живот е да се стекне искуство што доаѓа само преку одвојување од Небесниот Отец. Бидејќи ние не го гледаме Него, треба да научиме да чекориме според верата (види 2 Коринтјаните 5:6–7).

Бог нѐ остави сами на ова патување. Ни го даде Светиот Дух да нѐ води, зајакнува и освети. Тој исто така ни обезбеди и свети писма, пророци, молитва и евангелието на Исус Христос.

Секој дел од нашето смртно искуство—радостите и тагите, успесите и повлекувањата—можат да ни помогнат да напредуваме кога се подготвуваме да му се вратиме на Бога.

Проучување на Светото писмо

Време за Раст и Напредок

Избор

Доброто и Лошото

Грев

Мора да Бидеме Чисти за Да Бидеме со Бога

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Помирувањето на Исус Христос

Поради падот на Адам и Ева, сите ние сме подложни на грев и смрт. Сами не можеме да ги надминеме последиците од гревот и смртта. Во планот за спасение на нашиот Небесен Отец, Тој обезбеди начин да се надминат последиците од Падот за да можеме да се вратиме кај Него. Пред да се создаде светот, Тој го избра Исус Христос да биде наш Спасител и Искупител.

Само Исус Христос би можел да нѐ искупи од грев и смрт. Тој е буквално Божји Син. Живеел безгрешен живот, целосно послушен кон Неговиот Отец. Бил подготвен и спремен да ја изврши волјата на Небесниот Отец.

Помирувањето на Спасителот го вклучува Неговото страдање во Рајската Градина, Неговото страдање и смрт на крстот, и Неговото Воскресение. Несватливо страдал —толку што крварел од секоја пора (види Учења и Завети 19:18).

Помирувањето на Исус Христос е најславниот настан во целата човекова историја. Преку Неговата помирувачка жртва, Исус го спроведе на дело планот на Отецот. Би биле беспомошни без Помирувањето на Исус Христос бидејќи ние самите не можеме да се спасиме од грев и смрт (види Алма 22:12–15).

Жртвувањето на нашиот Спасител беше врвен израз на љубов кон Неговиот Отец и кон нас. „Ширината и должината, длабочината и височината“ на Исусовата љубов го надминува нашето рабирање (Ефесјаните 3:18; види и стих 19).

Слика
Распетието, од Хари Андерсон.

Исус Христос ја надминал Смртта за Сите.

Кога Исус Христос умрел на крстот, Неговиот дух се одвоил од Неговото тело. На третиот ден, Неговиот дух и Неговото тело повторно се обединиле, за никогаш повеќе да не се разделуваат. Тој им се јавил на многу луѓе, покажувајќи им дека има бесмртно тело од месо и коски. Ова обединување на телото и духот се нарекува Воскресение.

Како смртници, секој од нас ќе умре. Меѓутоа, бидејќи Исус триумфирал над смртта, секој човек роден на земјата ќе воскресне. Воскресението е божествен дар за сите, даден преку милозливоста и искупителната милост на Спасителот. Духот и телото на секој човек ќе бидат обединети, и секој од нас ќе живее засекогаш во совршено, воскреснато тело. Да не беше Исус Христос, смртта ќе ставеше крај на секоја надеж за идно постоење со Небесниот Отец (види 2 Нефи 9:8–12).

Исус ни Овозможува да се Очистиме од Нашите Гревови

За да ја разбереме надежта што можеме да ја добиеме преку Христос, мораме да го разбереме законот за праведност. Тоа е неменлив закон што носи последици за нашите дејствија. Покорноста кон Бог резултира со позитивни последици, а непокорноста со негативни. (Види Алма 42:14–18.) Кога грешиме, стануваме духовно нечисти, а ништо нечисто не може да живее во Божјо присуство (види 3 Нефи 27:19).

Слика
Исус се Моли во Рајската Градина, од Хари Андерсон.

За време на искупителната жртва на Исус Христос, Тој застана место нас, страдаше и ја плати цената за нашите гревови (види 3 Нефи 27:16–20). Божјиот план му дава моќ на Исус Христос да посредува место нас—да застане меѓу нас и правдата (види Мосија 15:9). Поради Исусовата искупителна жртва, Тој може да го искористи Неговото право на милост место нас кога практикуваме вера до покајание (види Морони 7:27; Учења и Завети 45:3–5). „На тој начин милоста може да ги задоволи барањата за правда, и да [не] прегрне во прегратките на безбедност“ (Алма 34:16).

Само преку дарот на Спасителовото Помирување и нашето покајание можеме да се вратиме да живееме со Бога. Кога се каеме, простено ни е и сме духовно исчистени. Ослободени сме од товарот на вината за нашите гревови. Нашите ранети души зазадравуваат. Исполнети сме со радост (види Алма 36:24).

Иако сме несовршени и може повторно да потфрлиме, постои многу повеќе милост, љубов и милостивост во Исус Христос, отколку што постои неуспех, маана или грев во нас. Бог е секогаш подготвен и желен да нѐ прегрне кога се вртиме кон Него и се каеме (види Лука 15:11–32). Ништо и никој „нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Исус Христос нашиот Господ“ (Римјаните 8:39).

Исус Христос ги презел врз Себе Нашите Болки, Болести и Физичка Слабост

Во Неговата искупителна жртва, Исус Христос ги презел врз Себе сите наши болки, болести и физички слабости. Поради ова, Тој „според телото знае како да му помогне на својот народ според нивните (физички) слабости“ (Алма 7:12; види и стих 11). Тој повикува, „Дојдете кај мене“, и притоа,Тој ни дава спокој, надеж, сила, изглед за иднината и исцелување (Матеј 11:28; види и стихови 29–30).

Кога се потпираме на Исус Христос и Неговото Помирување, Тој може да ни помогне да ги поднесеме нашите искушенија, болести и болка. Можеме да бидеме исполнети со радост, мир, и утеха. Сè што е неправедно во животот може да се поправи преку Помирувањето на Исус Христос

Проучување на Светото писмо

Помирувањето на Спасителот

Воскресение

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Слика
семејство во посета на гроб

Светот на Духовите

Многу луѓе се прашуваат, „Што се случува откако ќе умрам?“ Планот за спасение дава некои важни одговори на ова прашање.

Смртта е дел од Божјиот „милостив план“ за нас (2 Нефи 9:6). Наместо крај на нашето постоење, смртта е следниот чекор на нашето вечно напредување. За да станеме како Бог, мора да ја доживееме смртта и подоцна да добиеме совршени, воскреснати тела.

Кога нашето физичко тело умира, нашиот дух продолжува да живее во светот на духовите. Ова е привремена состојба на учење и подготовка пред Воскресението и Крајниот Суд. Нашето знаење од смртниот живот останува со нас.

Во светот на духови, луѓето кои го прифатиле и го живееле евангелието на Исус Христос „се примаат во состојба на среќа, која се нарекува рај“ (Алма 40:12). Малите деца исто така се примаат во рајот кога ќе умрат.

Духовите во рајот ќе бидат спокојни од нивните неволји и таги. Ќе продолжат со нивното духовно напредување, извршувајќи го Божјото дело и служејќи им на другите. Тие ќе го пренесуваат знаењето за евангелието на оние кои не го добиле во текот на нивниот смртен живот (види Учења и Завети 138:32–37, 57–59).

Во светот на духови, луѓето кои не успеале да го примат евангелието на земјата, или кои избрале да не ги следат заповедите, ќе доживеат одредени ограничувања (види Учењата и Заветите 138:6–37; Алма 40:6–14). Меѓутоа, бидејќи Бое е праведен и милостив, тие ќе имаат можност да го научат евангелието на Исус Христос. Ако го прифатат и се покајат, ќе бидат искупени од своите гревови (види Учењата и Заветите 138:58; види и 138:31–35; 128:22). Ќе бидат пречекани во мирот на рајот. На крајот ќе добијат место во царството на слава врз основа на изборите што ги направиле во смртноста и во светот на духови.

Остануваме во духовниот свет сѐ додека не воскреснеме.

Проучување на Светите Писма

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за Светите писма: „Рај

Воскресение, Спасение и Егзалтација

Воскресение

Божјиот план ни овозможува да растеме и да добиеме вечен живот. По нашиот престој во духовниот свет, Воскресението е нашиот следен чекор од овој раст.

Воскресението е повторно обединување на нашето тело и дух. Секој од нас ќе биде воскреснат. Ова е овозможено со Помирувањето и Воскресението на Спасителот. (Види Алма 11:42–44.)

Кога ќе воскреснеме, секој од нас ќе има совршено физичко тело, ослободено од болка и болест. Ќе бидеме бесмртни, ќе живееме вечно.

Спасение

Бидејќи сите ние ќе воскреснеме, сите и ќе се спасиме—или ќе добиеме спасение—од физичката смрт. Овој дар ни е даден преку благонаклоноста на Исус Христос.

Можеме да бидеме спасени—или да добиеме спасение—од последиците што законот за праведност ги бара за нашите гревови. Овој дар ни е овозможен преку заслугите и благонаклонетоста на Исус Христос кога се каеме. (Види Алма 42:13–15, 21–25.)

Егзалтација

Егзалтацијата, или вечен живот, е највисоката состојба на среќа и слава во небесното царство. Егзалтацијата е условен дар. Претседателот Расел М. Нелсон учи, „Овие услови за квалификување вклучуваат вера во Господ, покајание, крштевање, добивање на Светиот Дух, и останување верен на обредите и заветите од храмот“ („Salvation and Exaltation“, Liahona, May 2008, 9).

Егзалтацијата значи да се живее со Бога засекогаш во вечни семејства. Треба да се познаваат Бог и Исус Христос, да се стане како Нив и да се доживее животот во кој Тие уживаат.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за Светите Писма: „Воскресение

  • Евангелски Теми: „Воскресение“, „Спасение

Слика
сончевите зраци сјаат низ облаците

Суд и Царства на Славата

Белешка: Кога за прв пат предавате за царствата на слава, предавајте на основно ниво според потребите и разбирањето на личноста.

Кога сме воскреснати, Исус Христос ќе биде наш праведен и милостив судија. Со многу мали исклучоци, секој од нас ќе добие место во царството на слава. Иако сите ние ќе воскреснеме, нема да ја добиеме истата вечна слава (види Учењата и Заветите 88:22–24, 29–34; 130:20–21; 132:5).

На поединците кои ја немале можноста целосно да ги раберат и да им се покорат на Божјите заповеди во текот на нивниот смртен живот, ќе им биде дадена оваа можност во светот на духови. Исус ќе му суди на секој човек според неговата вера, дела, желби и покајание во смртноста и во светот на духови (види Учењата и Заветите 138:32–34, 57–59).

Светите писма учат за селестијалното, терестијалното и телестијалното царство на слава. Секое од нив е манифестација на Божјата љубов, правда и милост.

Оние кои практикуваат вера во Христос, се каат за своите гревови, ги добиваат обредите на евангелието, се држат до своите завети, го примаат Светиот Дух и истраат до крај ќе бидат спасени во селестијалното царство. Ова царство ќе ги вклучи и оние луѓе кои ја немале можноста да го добијат евангелието во текот на нивниот смртен живот но „би го примиле со сето свое срце“ и ќе го направат тоа во светот на духови (Учењета и Заветите 137:8; види и стих 7). И децата кои починале пред возраста на одговорност (возраст на осум години) ќе бидат спасени во селестијалното царство (види Учењата и Заветите 137:10).

Во светите писма, селестијалното царство е споредено со славата или светлината на сонцето. (Види Учењата и Заветите 76:50–70.)

Луѓето кои живееле чесни животи „кои не добиле сведоштво за Исус во телото, туку отпосле го добиле“ ќе добијат место во терестијалното царство (Учењата и Заветите 76:74). Истото важи за оние кои немале храброст да сведочат за Исус. Ова царство се споредува со славата на месечината. (Види Учењата и Заветите 76:71–80.)

Оние кои продолжуваат со своите гревови и не се покајале во овој живот или не го прифатиле евангелието на Исус Христос во светот на духови ќе ја добијат својата награда во телестијалното царство. Ова царство се споредува со славата на ѕвездите. (Види Учењата и Заветите 76:81–86.)

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Краток до среден План на лекција

Следниот план е урнек за тоа што би можеле да поучите некого доколку имате само малку време. Кога се корсти овој план, изберете едно или повеќе начела кои ќе ги поучувате. Доктринарната основа за секое начело е обезбедена претходно во лекцијата.

Додека предавате, поставувајте прашања и слушајте. Упатете покани што ќе им помогнат на луѓето да научат како да му се приближат на Бога. Една важна покана е лицето повторно да се сретне со вас. Должината на часот ќе зависи од поставените прашања и од начинот на кој слушате.

Што би можеле да ги подучите луѓето за 3—10 минути

  • Сите ние сме духовни Божји чеда. Ние сме членови на Неговото семејство. Тој го познава и сака секој од нас.

  • Бог има план за нашата среќа и напредок во овој живот и во вечноста.

  • Според Божјиот план, потребно беше да дојдеме на земјата за да добиеме физички тела, да учиме и да созреваме.

  • Исус Христос е во центарот на планот на Бога. Тој ќе ни овозможи да имаме вечен живот.

  • Според Божје водство, Исус ја создаде земјата.

  • Нашите доживувања на земјата се наменети да ни помогнат да се подготвиме за враќање во Божјо присуство

  • Секој од нас прави грев, и секој од нас ќе умре. Бидејќи Бог нѐ сака, Тој го испратил Неговиот Син, Исус Христос, на земјата да нѐ искупи од грев и смрт.

  • Сѐ она што е неправедно во животот ќе се исправи преку Помирувањето на Исус Христос.

  • Кога нашето физичко тело умира, нашиот дух продолжува да живее. На крајот сите ние ќе бидеме воскреснати. Ова значи дека духот и телото на секој човек ќе бидат повторно обединети и секој од нас ќе живее засекогаш во совршено, воскреснато тело.

  • Кога сме воскреснати, Исус Христос ќе биде наш судија. Со многу мали исклучоци, сите Божји чеда ќе добијат место во царството на слава. Можеме да се вратиме да живееме во Божјо присуство ако сме верни.

Печати