Мисионерски Повици
Поглавје 3: Лекција 4—Како се Станува Доживотен Следбеник на Исус Христос


„Поглавје 3: Лекција 4—Како се Станува Доживотен Следбеник на Исус Христос,“ Проповедај го Моето Евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023)

„Поглавје 3: Лекција 4,“ Проповедај го Моето Евангелие

Поглавје 3: Лекција 4

Како се Станува Доживотен Следбеник на Исус Христос

Изгубеното Јагне, од Дел Парсон.

Како да ја предавате оваа лекција

Крштевањето е радосен обред на надеж. Со чинот на крштевање, ја изразуваме нашата желба да го следиме Бога и да застанеме на патот кој води до вечен живот. Ја покажуваме и нашата посветеност да станеме доживотни следбеници на Исус Христос.

Оваа лекција е организирана во согласност со заветите што ги склучуваме за време на крштевањето. Ги вклучува следните главни делови, секој со подделови:

Помогнете им на луѓето да сватат дека принципите и заповедите што ги поучувате се дел од заветот со којшто се заветуваат за време на крштевањето. Покажете им како секој дел од оваа лекција ќе им помогне како „да дојдат при Христа … и да земат дел од неговото спасение“ (Омни 1:26; види и 1 Нефи 15:14).

Ќе сакате да ја предавате оваа лекција во неколку наврати. Ретко која посета за подучување треба да трае подолго од 30 минути. Праксата покажува дека е подобро да се има, почести пократки посети што покриваат помал дел од матерјалот.

Испланирајте што ќе предавате, кога и колку време ќе ви одземе. Земете ги во предвид потребите на луѓето кои ги подучувате, и барајте водство од Духот. Ја имате флексибилноста да предавате на начин што најдобро ќе им помогне на луѓето да се подготват за крштевање и потврдување.

Некои делови во оваа лекција вклучуваат конкретни покани. Барајте инспирација при одлучувањето како и кога да се упатат покани. Внимателно проценете го нивото на разбирање на секој човек. Помогнете му да го живее евангелието чекор по чекор.

жена зема сакрамент

Нашиот Завет да Бидеме Подготвени да Го Преземеме Името На Исус Христос врз Нас

Кога се крштеваме, се заветуваме дека ќе го следиме Исус Христос „со цело свое срце“. Ние исто така сведочиме дека „сме подготвени да го преземеме врз [нас] името на Христос“ (2 Нефи 31:13; види и Учењата и Заветите 20:37).

Преземањето врз себе на името на Исус Христос значи дека се сеќаваме на Него и се трудиме да живееме како Негови доживотни ученици. Дозволуваме Неговата светлина да свети преку нас до другите. Се гледаме себе си како Негови и го ставаме Него на прво место во нашите животи.

Следните делови ни опишуваат два начина на кои се сеќаваме и го следиме Исус Христос.

Молете се Често

Молитвата може да е едноставен разговор со Небесниот Отец што доаѓа од срце. Во текот на молитвата, разговараме со Него отворено и искрено. Ја изразуваме нашата љубов и благодарност за нашите благослови. Ние исто така бараме помош, заштита и водство. При крај на нашите молитви, треба да одвоиме време за краток одмор и размислување, а потоа да слушаме.

Исус поучил, „Затоа, мора секогаш да му се молите на Отецот во мое име“ (3 Нефи 18:19, додаден акцент; види и Мојсеј 5:8). Кога се молиме во името на Исус Христос, се сеќаваме на Него и на Небесниот Отец.

Исус ни постави пример како да го следиме додека се молиме. Можеме да научиме многу за молитвата преку проучување на Спасителовите молитви во светите писма (види Матеј 6:9–13; Јован 17).

Нашите молитви може да ги вклучат следните делови:

  • Започнете со обраќање кон Небесниот Отец.

  • Искажете ги нашите најискрени чувства, како што е благодароста за примените благослови.

  • Поставувајте прашања, барајте водство и барајте благослови.

  • Завршете велејќи, „Во името на Исус Христос, амин“.

Светото писмо нѐ советува да се молиме наутро и навечер. Меѓутоа, можеме да се молиме во било кое време и опкружување. За нашите лични и семејни молитви, може да биде корисно да клекнеме додека се молиме. Секогаш треба да имаме молитва во нашите срца. (Види Алма 34:27; 37:36–37; 3 Нефи 17:13; 19:16.)

Нашите молитви треба да бидат промислени и искрени. Кога се молиме, треба да избегнуваме кажување на истите работи на ист начин.

Се молиме со вера, искреност и вистинска намера за да постапуваме според одговорите што ги добиваме. Кога го правиме ова, Бог ќе нѐ води и ќе ни помага да носиме добри одлуки. Ќе се чувствуваме поблиски до Него. Ќе ни даде разбирање и вистина. Ќе нѐ благослови со утеха, мир и сила.

Проучување на светите писма

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за Светите Писма: „Молитва

  • Библиски Речник: „Молитва

  • Евангелски Теми: „Молитва

Проучување на Светите Писма

Нефи поучувал, „Сладете се со зборовите Христови; зашто [тие] ќе ви кажат сѐ што треба да направите“ (2 Нефи 32:3; види и 31:20).

Проучувањето на светите писма е суштински начин да се сеќаваме и да го следиме Исус Христос. Во светите писма учиме за Неговиот живот, службата и учењата. Учиме и за Неговите ветувања. Кога ги читаме светите писма, ја доживуваме Неговата љубов. Нашите души се продуховуваат, нашата вера во Него се зголемува и нашиот ум се просветлува. Нашите сведоштва за Неговата божествена мисија зајакнуваат.

Се сеќаваме и го следиме Исус кога ги применуваме Неговите зборови во нашите животи. Треба секојдневно да ги проучуваме светите писма, особено Книгата на Мормон.

Светите Писма на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни се Светата Библија, Книгата на Мормон, Учењата и Заветите и Бисер од Непроценлива Вредност. Овие исто така се нарекуваат „стандарни дела“.

Проучување на светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич до Светите Писма: „Свети Писма

  • Евангелски Теми: „Свети Писма

Исус Христос го поучува мноштвото

Нашиот Завет да ги Одржуваме Божјите Заповеди

Белешка: Постојат многу начини да се поучуваат заповедите во овој дел. Можете, на пример, да ги претставите во неколку наврати. Или би можеле да претставите некои од нив како дел од првите три лекции. Кога ги поучувате заповедите, погрижете се да ги поврзете со заветот за крштевање и планот за спасение.

Кога се крштеваме, се заветуваме со Бога дека „ќе се држиме до неговите заповеди“ (Мосија 18:10; Алма 7:15).

Бог ни дал заповеди затоа што Тој нѐ сака. Го сака најдоброто за нас, сега и во вечноста. Како наш Небесен Отец, Тој знае што ни е потребно за нашата духовна и физичка благосостојба. Тој исто така знае што ќе ни донесе најголема среќа. Секоја заповед е божествен дар, даден да ги насочува нашите одлуки, да нѐ штити и да ни помогне да се развиваме.

Една од причините зошто дојдовме на земјата е да учиме и растеме со мудро развивање на нашата слобода на избор (види Авраам 3:25). Да се избере да се покоруваме на Божјите заповеди–и да се покаеме кога ќе потфрлиме–ни помага да управуваме со ова често тешко смртно патување.

Божјите заповеди се извор на сила и благослови (види Учењата и Заветите 82:8–9). Живеејќи според заповедите, учиме дека тоа не се тегобни правила што ја ограничуваат нашата слобода. Вистинската слобода доаѓа преку покорување кон заповедите. Послушноста е извор на сила што ни носи светлина и знаење преку Светиот Дух. Ни носи поголема среќа и ни помага да го достигнеме нашиот божествен потенцијал како Божји чеда.

Бог ветува дека ќе не благослови, а ние ветуваме дека ќе ги почитуваме неговите заповеди. Некои благослови се однесуваат конкретно на одредена заповед. Неговите крајни благослови се мир во овој живот и вечен живот во светот што доаѓа. (Види Мосија 2:41; Алма 7:16; Учењата и заветите 14:7; 59:23; 93:28; 130:20–21.)

Божјите благослови се духовни и временски. Понекогаш, треба да бидеме трпеливи чекајќи ги, верувајќи дека ќе дојдат според Негова волја и време (види Мосија 7:33; Учењата и Заветите 88:68). За да препознаеме некои благослови, треба да сме духoвно будни и проникливи. Ова особено важи за благословите кои доаѓаат на едноставни и наизглед обични начини.

Некои благослови може да се видат само во ретроспектива. Другите можеби ќе дојдат после овој живот. Без разлика на времето или природата на Божјите благослови, нѐ уверуваат дека тие ќе пристигнат кога се трудиме да живееме според евангелието на Исус Христос (види Учењата и заветите 82:10).

Бог совршено ги сака сите Негови чеда. Трпелив е со нашите слабости, и простува кога се каеме.

Двете Големи Заповеди

Кога Исус бил прашан, „Која е големата заповед?“ Тој одговори, „Возљуби го Господа својот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум.“

Исус потоа рече дека втората голема заповед е слична на првата: „возљуби го својот ближен како себе си“ (Матеј 22:36–39). „Друга заповед поголема од оваа нема“ (Марко 12:31).

Како Божји духовни чеда, имаме огромна способност за љубов. Таа е дел од нашето духовно наследство. Живеењето на двете големи заповеди—да се сака Бог и својот ближен—е особина која ги дефинира следбениците на Исус Христос.

Божјата Љубов

Има многу начини преку кои ќе ја искажеме нашата љубов кон Бога. Можеме да ги почитуваме Неговите заповеди (види Јован 14:15, 21). Можеме да Го поставиме на прво место во нашите животи, потчинувајќи ја нашата волја на Неговата. Можеме да ги насочиме нашите желби, мисли и нашите срца на Него (види Алма 37:36). Можеме да живееме во благодарност за благословите што Тој ни ги даде–и да бидеме великодушни во споделување на овие благослови (види Мосија 2:21–24; 4:16–21). Преку молитва и служење на другите, можеме да ја изразиме и продлабочиме нашата љубов за Него.

Како и другите заповеди, заповедта да се сака Бог е за наша корист. Она што го сакаме го одредува она што го бараме. Она што бараме го одредува она што го мислиме и правиме. И она што го мислиме и правиме го одредува она што сме–и што ќе станеме.

Љубовта за Другите

Љубовта кон другите е продолжение на нашата љубов кон Бога. Спасителот ни покажа многу начини да ги сакаме другите (види, на пример, Лука 10:25–37 и Матеј 25:31–46). Ние посегнуваме по нив и ги прифаќаме во нашите срца и животи. Сакаме преку служење–давајќи сѐ од себе дури и на мали начини. Ги сакаме другите со користење на даровите што Бог ни ги даде за да ги благослови.

Да се сакаат другите значи да се биде трпелив, љубезен и чесен. Вклучува слободно простување. Значи да се однесуваме кон сите луѓе со почит.

Кога сакаме некого, ние и тој човек сме благословени. Нашите срца се среќни, нашите животи се поосмислени, и нашата радост се зголемува

Благослови

Двете големи заповеди—да се сака Бог и нашите ближни—се основата на сите Божји заповеди (види Матеј 22:40). Ако прво го сакаме Бога, а и другите, сѐ во нашите животи ќе си дојде на свое место. Оваа љубов ќе влијае на нашата перспектива, користењето на нашето време, интересите што ги следиме и редоследот на нашите приоритети.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Следете го Пророкот

Бог повикува пророци за да бидат Негови претставници на земјата. Преку Неговите пророци, Тој ни ја открива вистината и дава упатства и предупредувања.

Бог го повика Џозеф Смит да биде првиот пророк од подоцнежните дни (види лекција 1). Наследниците на Џозеф Смит на сличен начин биле повикани од Бог да ја водат Неговата Црква, вклучувајќи го и пророкот кој ја води денес. Мораме да се увериме во божествениот повик на живиот пророк и да ги следиме неговите учења.

Учењата на живите пророци и апостолите обезбедуваат сидро на вечната вистина во свет на променливи вредности. Ако ги следиме Божјите пророци, конфузијата и судирите на светот нема да нѐ обземат. Ќе најдеме поголема среќа во овој живот и ќе добиеме водство за овој дел од нашето вечно патување.

Проучување на светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Запазувајте ги Десетте Заповеди

Бог му ги открил Десетте Заповеди на еден древен пророк по име Мојсеј за да го води неговиот народ. Овие заповеди важат подеднакво и во наше време. Нѐ учат да му се восхитуваме и да покажуваме почит кон Бога. Тие исто така нѐ учат како да се однесуваме еден кон друг.

  • „Немој да имаш други богови освен мене“ (Излез 20:3). Други „богови“ вклучува многу работи, како што е имот, моќ или престиж.

  • „Не прави за себе идол, ниту некаква слика“ (Излез 20:4).

  • „Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог!“ (Излез 20:7).

  • „Помни го денот Сабат, за да го празнуваш!“ (Излез 20:8).

  • „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“ (Излез 20:12).

  • „Не убивај!“ (Излез 20:13).

  • „Не врши прељуба!“ (Излез 20:14).

  • „Не кради!“ (Излез 20:15).

  • „Не сведочи лажно против својот ближен!“ (Излез 20:16).

  • „Не посакувај!“ (Излез 20:17).

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

маж кој носи жена

Живејте го Законот на Чедност

Законот за чедност е важен дел од Божјиот план за спасение и егзалатација. Сексуалната интимност помеѓу маж и жена е поставена од Бога за создавање на деца и како израз на љубов во рамки на бракот. Оваа интимност и моќта да се создаде човечки живот е наменета да биде убава и света.

Божјиот закон за чедност е апстиненција од сексуални односи вон законски брак помеѓу маж и жена. Овој закон исто така значи да се има целосна верност и лојалност кон сопружникот на една личност по бракот.

За да ни помогнат да го запазиме законот за чедност, пророците нѐ советуваат да бидеме чисти во нашите мисли и зборови. Треба да избегнуваме порнографија во сите нејзини облици. При запазување на законот за чедност, треба да бидеме скромни во однесувањето и изгледот.

Кандидатите за крштевање мора да го живеат законот на чедност.

Покајание и Простување

Во Божји очи, прекршувањето на законот за чедност е многу сериозно (види Излез 20:14; Ефесјаните 5:3). Со тоа се злоупотребува светата моќ што Бог ја дал да создаде живот. Но Тој продолжува да нѐ сака дури и ако сме го прекршиле овој закон. Нѐ кани да се покаеме и да се исчистиме преку искупителната жртва на Исус Христос. Очајот од гревот може да се замени со слаткиот мир на Божјото простување (види Учењето и Заветите 58:42–43).

Благослови

Бог ни го даде законот за чедност за да нѐ благослови нас и духовните чеда кои Тој ги испраќа на замјата. Покорувањето кон овој закон е неопходно за личен мир и љубов, доверба и единство во нашите семејни односи.

Кога го живееме законот за чедност, ќе бидеме заштитени од духовната штета што доаѓа од сексуалната интимност надвор од бракот. Ние ќе ги избегнеме и емоционалните и физички проблеми што често ги придружуваат таквите врски. Ќе расте нашата доверба пред Бога (види Учењата и Заветите 121:45). Ќе бидеме поотворени за влијанието на Светиот Дух. Ќе бидеме поподготвени за склучување свети храмски завети кои ги обединуваат нашите семејства за вечноста.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за светите писма: „Чедност

  • Евангелски Теми: „Чедност

Држете се до Законот за Десеток

Голема привилегија од членување во Црквата е можноста да се плаќа десеток. Кога плаќаме десеток, помагаме во продолжување на Божјото дело и благословување на Неговите чеда.

Законот за десеток потекнува од времето на Стариот Завет. На пример, пророкот Авраам плаќал десеток за сѐ што поседувал (види Алма 13:15; Битие 14:18–20).

Зборот десеток буквално значи една-десетина. Кога плаќаме десеток, донираме една-десетина од нашите приходи на Црквата (види Учењата и Заветите 119:3–4; позајмицата се подразбира како приход). Сѐ што ние имаме е дар од Бога. Кога плаќаме десеток, покажуваме благодарност кон Него со враќање на мал дел од она што Тој ни го даде.

Плаќањето десеток е израз на вера. Тоа е и начин да му се оддаде почит на Бог. Исус нѐ учел дека треба да „го бараме … најнапред царството на Бога“ (Матеј 6:33), а плаќањето десеток е еден начин да се направи тоа.

Приносот на Вдовицата, од Сандра Раст

Користење на Средства од Десетокот

Средствата од десеток се свети. Го даваме нашиот десеток на одреден член од претседателството на епископијата или во многу области истиот можеме да го платиме преку интернет. Кога епископијата го добива десетокот, тие го пренесуваат до седиштето на Црквата.

Советот составен од Првото Претседателство, Кворумот на Дванаесетте апостоли, и Претседавачката Епископија одредува како да се наменат средствата од десетокот за Божјето дело (види Учењата и Заветите 120:1). Овие намени вклучуваат:

  • Градење и одржување на храмови и простории за средби.

  • Преведување и објавување на свети писма.

  • Поддржување на активностите и операциите на локалните црковни конгрегации.

  • Поддржување на мисионерската работа ширум светот.

  • Поддржување на работењето на семејна историја

  • Финансирање на училишта и образование.

Десетокот не се користи за плаќање на локалните црковни водачи. Тие служат доброволно без да добијат плата.

Благослови

Кога плаќаме десеток, Бог ни ветува благослови далеку поголеми од она што го даваме. Тој ќе „ги отвори … отворите небески, и да излијам … благослов на вас, па да имате и на претек“ (Малахија 3:10; види стихови 7–12). Овие благослови може да бидат и духовни и временски.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Почитувајте го Словото на Мудроста

Господовиот Закон за Здравје

Нашите тела се свети дарови од Бога. На секој од нас му е потребно физичко тело за што повеќе да наликува на Него. Нашите тела се толку важни што ги споредува со храмови (види 1 Коринтјаните 6:19–20).

Господ сака да се однесуваме со почит кон нашите тела. За да ни помогне да го направиме тоа, Тој дал откровение за законот за здравје и го нарекол Словото на Мудроста. Ова откровение нѐ учи да јадеме здрава храна, и да не користиме супстанции кои се штетни за нашето тела–особено алкохол, тутун и топли пијалоци (што значи чај и кафе).

Во духот на Словото на Мудроста, современите пророци препупредуваат да не се користат супстанции што се штетни, нелегални или создаваат зависност. Пророците исто така предупредија против злоупотреба на лекови на рецепт. (Претседателот на вашата мисија ќе одговори на прашањата дали не треба да се користат други супстанции во вашата географска област.)

Благослови

Господ го даде Словото на Мудроста за наша физичка и духовна благосостојба. Ни вети големи благослови доколку ја почитуваме оваа заповед. Овие благослови вклучуваат здравје, мудрост, богатства на знаење, и заштита (види Учењата и Заветите 89:18–21).

Придржувањето кон Словото на Мудроста ќе ни помогне да бидеме поприемчиви на поттикнувањата од Светиот Дух. Иако сите ние доживуваме проблеми со здравјето, приржувањето до овој закон ни помага да сме телесно, умствено и духовно поздрави.

Кандидатите за крштевање мора да се придржуваат до Словото на Мудроста.

За упатство како да им се помогне на луѓето кои се борат со зависности, види поглавје 10.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Одржувајте го Денот Сабат Свет

Ден за Одмор и Восхитување на Господа

Сабат е свет ден кој Бог ни го одвоил секоја недела за да се одмориме од нашата секојдневна работа и да му се восхитуваме. Една од Десетте Заповеди дадени на Мојсеј е „помни го саботниот ден (-от Сабат), за да го празнуваш“ (Излез 20:8; види и стихови 9–11).

Во современите откровенија, Господ нѐ развувери дека Сабат „е ден одреден за отпочинување од вашите трудови и искажување на својата побожност на Севишниот“ (Учењата и Заветите 59:10). Тој кажа и дека Сабат треба да биде ден за веселба, молитва и благодарност (види стихови 14–15).

Како дел од нашата неделна богослужба, присуствуваме на сакраменталните средби секоја недела. На оваа средба, му се восхитуваме на Бога и земаме од сакатментот за да се сеќаваме на Исус Христос и Неговото Помирување. Кога земаме од сакраментот, ги обновуваме нашите завети со Бога и покажуваме дека сме подготвени да се покаеме за нашите гревови. Обредот на земање сакрамент е централен во нашето празнување на денот Сабат.

Во црквата учествуваме и на часови на кои дознаваме нешто повеќе за евангелието на Исус Христос. Нашата вера расте кога заедно ги проучуваме светите писма. Нашата љубов расте кога служиме и се зајакнуваме едни со други.

Покрај тоа што ќе се одмориме од нашата работа на Сабат, треба се воздржиме од купување и други активности што би го направиле тој ден да изгледа како обичен. Ги оставаме настрана сите световни активности и ги посветуваме нашите мисли и постапки на духовни работи.

Ден за Правење Добрина

Правење добрина на Сабат е исто толку важно како и она од што се воздржуваме за да го одржиме денот свет. Учиме за евангелието, ја закануваме верата, градиме односи, служиме и учествуваме во други возвишувачки активности со семејството и пријателите.

двојка чита свети писма

Благослови

Одржувањето на светоста на Сабат е израз на нашата посветеност кон Небениот Отец и Исус Христос. Со тоа што нашите активности во текот на Сабат ќе ги усогласиме со Божјата намера за тој ден, ќе чувствуваме радост и мир. Ќе бидеме духовно нахранети и физчки освежени. Ќе се чувствуваме и блиски до Бога и ќе го продлабочуваме нашиот однос со Спасителот. Попотполно ќе се држиме „неизвалкани од светот“ (Учења и Завети 59:9). Сабат ќе стане денот за „радост“ (Исаија 58:13; види и стих 14).

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Евангелски Теми: „Ден Сабат

  • Водич до Светите Писма: „Ден Сабат

Придржување и Почитување на Законот

Светците од Подоцнежните Дни веруваат во придржување на законот и во тоа да бидат добри граѓани (види Учења и Завети 134; Поставки на Верата 1:12). Членовите на Црквата се охрабруваат да понудат служба во насока на подобрување на нивните заедници и нации. Тие исто така се поттикнуваат да влијаат на моралните вредности во општеството и владата.

Членовите на Црквата се поканети за учество во владата и политичките процеси во согласност со законот. Членовите кои се носители на функции во владата се однесуваат како засегнати граѓани, а не како претставници на Црквата

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Политичка и Граѓанска Активност“ во делот 38.8 од Општ Прирачник

  • Евангелски Теми: „Националност

Најголемиот во Царството, од Џ. Кирк Ричардс

Нашиот Завет да му Служиме на Бога и Останатите

Служба

Кога сме крестени, склучуваме завет да му служиме на Бога и на другите. Да им служиме на другите е еден од главните начини да му служиме на Бога (види Мосија 2:17). Пророкот Алма ги поучи оние кои посакаа да бидат крстени дека треба да „имаат волја да си ги носат товарите еден на друг, … да тажат со оние што тагуваат … , и да им дадат утеха на оние на кои им е потребна“ (Мосија 18:8–9).

Набргу после крштевањето, новите членови обично добиваат повик да служат во Црквата. Овие повици се волонтерски и неплатени. Кога ги прифаќаме и служиме вредно, нашата вера расте, развиваме теленти и благословуваме други.

Уште еден дел од нашата црковна служба е да се биде „брат на служба“ или „сестра на служба“. Во оваа одговорност, задолжени сме да им служиме на одредени поединци и семејства.

Како ученици на Исус Христос, бараме можности за служење секој ден. Како Него, одиме „вршејќи добри дела“ (Дела 10:38). Им служиме на нашите соседи и другите од нашата заедница. Можеме да учествуваме во можностите за служење преку JustServe онаму каде е присутна. Можеме да ги поддржиме хуманитарните активности на Црквата и да учествуваме во напорите за помош при катастрофа.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за Светите Писма: „Служба

  • Евангелски Теми: „Служба

луѓе како зборуваат

Споделување на Евангелието

Како дел од нашиот крштален завет, ветуваме дека „ќе стоиме како Божји сведоци“ (Мосија 18:9). Еден начин на кој можеме да сведочиме е преку споделување на евангелието на Исус Христос. Еден од најрадосните видови на служба што можеме да го пружиме е помагање на другите да го добијат евангелието (види Учења и Завети 18:15–16). Тоа е моќен израз на нашата љубов.

Кога ќе ги доживееме благословите од живеењето според евангелието, природно сакаме да ги споделиме тие благослови. Членовите на семејството, пријателите и познаниците често се заинтересирани кога поставуваме пример за верник и кога гледаат како евангелието ги благословува нашите животи. Можеме да го споделиме евангелието на нормални и природни начини (види Општ Прирачник, поглавје 23).

Ги каниме другите да учествуваат на нашите активности за служење, активностите на заедницата, рекративните и црковни активности. Можеме да ги поканиме на црковните средби или служба за крштевање. Можеме да им предложиме да гледаат интернет видео запис кој го објаснува евангелието на Исус Христос, да ја читаат Книгата на Мормон или да го посетат храмот во деновите за прием. Постојат илјадници покани што можеме да им ги упатиме на другите. Честопати, поканувањето едноставно значи вклучување на нашето семејство, пријателите и соседите во она што веќе го правиме.

Ако побараме, Бог ќе ни помогне да ги препознаеме можностите да го споделиме евангелието и да им кажеме на другите како тоа ги благословува нашите животи.

За подетални информации во врска со применување на начелата за сакање, споделување и поканување, види „Единица со Членови“ во поглавје 9.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Постење и Посни Прилози

Бог го воспоставил законот за пост како начин за наше развивање на духовната сила и да им помогне на оние кои имаат потреба од помош.

Постот значи да се остане без храна и пијалак одреден временски период. Црквата вообичаено ја издвојува првата недела од секој месец како ден за пост. Ден за пост обично вклучува останување без храна и пијалак за период од 24 часа доколку сме физички во можност. Други важни делови од посната недела вклучуваат молитва и давање сведоштво. Охрабрени сме да постиме и во други моменти кога ќе почувствуваме потреба.

Градење Духовна Сила

Постот може да ни помогне да станеме понизни, да се збижиме со Бог, и да се чувствуваме духовно обновени. Пред да почне со Неговата служба, Исус Христос постел (види Матеј 4:1–2). Светите писма бележат многу записи за пророци и пост на другите за да може да ја зголемат нивната духовна сила и да бараат конкретни благослови за себе и за другите.

Постењето и молитвата одат заедно. Кога постиме и се молиме со вера, ние сме поприспособени за добивање лично откровение. Исто така сме поприемливи за прифаќање на вистината и разбирање на Божјата волја.

Помагање на Оние Кои Имаат потреба од Помош

Кога постиме, даваме пари на Црквата за да помогнеме во грижата на луѓето кои имаат потреба. Ова се нарекува посен прилог. Поканети сме да дадеме прилог што е во вредност од најмалку два неизедени оброци. Охрабрени сме да бидеме дарежливи и да дадеме повеќе од вредноста на овие оброци ако можеме. Давањето посен прилог е начин на кој можеме да им служиме на другите.

Посните прилози се користат за да им се обезбеди храна и други потребштини на луѓето на кои им е потребна, локално и глобално. За повеќе информации за како да се придонесат посни прилози, види „Донирање Десток и Други Прилози“ во оваа лекција.

Проучување на светото писмо

Постење

Грижа за оние кои имаат потреба од тоа

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за Светите Писма: „Пост, Постење

  • Општ Прирачник: 22.2.2

  • Евангелски Теми: „Постење и Посни Прилози

семејство пред храм

Нашиот Завет да се Истрае до крајот

Кога сме крстени, склучуваме завет со Бог да „истраеме до крај“ во живеење на евангелието на Исус Христос (2 Нефи 31:20; види и Мосија 18:13). Се трудиме да бидеме доживотни ученици на Исус Христос.

Пророкот Нефи од Книгата на Мормон го опишува крштевањето како влез преку кој стапнуваме на евангелскиот пат (види 2 Нефи 31:17). По крштевањето, продолжуваме да „притискаме напред со постојаност во Христос (2 Нефи 31:20).

Кога „притискаме напред“ на патот на учеништво, се подготвуваме за одење во храм. Таму ќе склучиме завети со Бог кога добиваме храмски обреди. Во храмот, ќе бидеме дарувани со моќ и можеме да бидеме запечатени како семејства за вечноста. Запазувањето на заветите дадени во храмот ќе ја отвори портата на секоја духовна привилегија и благослов што Бог го има за нас.

Кога продолжуваме верно по патот на евангелието, на крај ќе го добиеме најголемиот Божји дар—дарот за вечен живот (види 2 Нефи 31:20; Учењата и Заветите 14:7).

Следните делови објаснуваат одредени аспекти од она што Бог го дал за да ни помогне да истраеме до крај на нашето смртно патување–и да најдеме радост во него.

Свештенски и Црковни Организации

Свештенството е овластувањето и моќта Божја. Преку свештенството, Небесниот Отец го исполнува Неговото дело „да се постигне бесмртност и вечен живот“ за Неговите чеда (Мојсеј 1:39). Бог им дава овластување и моќ на Неговите синови и ќерки на земјата за да им помоге да го спроведат ова дело.

Свештеството нѐ благословува сите нас. Обредите како крштевање и сакремент се добиваат преку оние кои се носители на свештенство од одреден вид. Ги добиваме благословите за исцелување, утеха и совет.

Свештенско и Црковно Раководство и Повици

Црквата е водена од Исус Христос преку пророци и апостоли. Овие водачи се повикани од Бог, ракоположени и дадено им е свештенско овластување да постапуваат во име на Спасителот.

Во древно време, Христос им го даде на Своите Апостоли ова исто свештенско овластување, што им дозволува да ја водат Неговата Црква откако Тој се вознесе на небото. На крај ова овластување било изгубено кога луѓето го отфрлиле евангелието а апостолите починале.

Небесните гласници го обновиле свештенството во 1829 година преку пророкот Џозеф Смит, и Господ повторно ја воспоставил Неговата Црква со апостолии пророци. (Види лекција 1.)

На локално ниво, епископите и претседателите на кол имаат свештенско овластување да ги водат црковните конгрегации.

Кога мажите и жените се повикани и издвоени да служат во Црквата, дадено им е овластување од Бога да постапуваат во тој повик. Ова овластување им е дадено на мисионерите, водачите, предавачите и другите сѐ додека не се ослободат од нивните повици. Се избира под раководство на оние кои се носители на свештенски клучеви.

Свештенското овластување може да се користи само во праведност (види Учењата и Заветите 121:34–46). Ова овластување е света должност да се претстави Спасителот и да се дејствува во Негово име. Секогаш е наменето за благословување и служење на другите.

млади мажи во неделна школа

Ароново Свештенство и Мелхиседеково Свештенство

Во Црквата, свештенството вклучува Ароново и Мелхиседеково Свештенство. Под раководство на тие кои се носители на свештенски клучеви, Ароновото и Мелхиседековото Свештенство се доделуваат на достојни мажи членови на Црквата. Откако ќе биде доделено соодветеното свештенство, лицето е ракоположено во функција на тоа свештенство, како што е ѓакон или старешина. Тоа мора да биде ракоположено од некој кој го има потребното овластување.

Кога маж или млад маж добие свештенство, тој склучува завет со Бога да ги исполни светите должности, да им служи на другите и да помогне да се изгради Црквата.

Млади мажи може да добијат Ароново свештенство и да бидат ракоположени ѓакони почнувајќи од месец јануари во годината кога ќе наполнат 12 години. Тие може да бидат ракоположени за учители во годината кога ќе наполнат 14 години а свештеници во годината кога ќе наполнат 16. Мажите преобратеници кои се на возраст може да добијат Ароново Свештенство набрзо по крштевањето и потврдувањето. Носителите на Ароново свештенство управуваат со обредите како што се сакраментот и крштевањето.

Откако ќе отслужи одредено време како свештеник во Ароновото Свештенство, достоен маж кој има најмалку 18 години добива Мелхиседеково Свештенство и е ракоположен старешина. Мажи кои добиваат Мелхиседеково Свештенство можат да вршат свештенски обреди како давање благослови на исцелување и утеха на членови на семејството и други.

Види Општ Прирачник, 38.2.9.1, за информации во врска со новите членови кои добиваат свештенство.

Кворуми и Црковни Организации

Кворуми на Свештенството Кворум е организирана група на носители на свештенство. Секој оддел има кворум на старешини за возрасни мажи. Ѓакони, учители и кворуми на свештенството се за млади мажи.

Здружение за Помош Здружение за Помош вклучува жени на возраст од 18 години и постари. Членовите на Здружението за Помош зајакнуваат семејства, поединци и заедницата.

Млади Жени. Младите жени се приклучуваат на организацијата Млади Жени почнувајќи од месец јануари од годината кога ќе наполнат 12 години.

жена кој предава

Основно. Сите деца на возраст од 3 до 11 години се дел од организацијата Основно.

Неделна Школа. Сите возрасни и млади посетуваат Неделна школа, каде се среќаваат за да ги проучуваат светите писма заедно.

За повеќе информации во врска со свештенството, види Општ Прирачник, поглавје 3.

За повеќе информации во врска со свештенските кворуми и црковните организации, види Општ Прирачник, поглавје 8–13.

Проучување на светите писма

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Општ Прирачник, поглавје 3: „Свештенски Принципи

  • Евангелски Теми: „Ароново Свештенство“, „Мелхиседеково Свештенство“, „Свештенство

Брак и Семејства

Брак

Бракот помеѓу маж и жена е одреден(ракоположен) од Бога. Зазема централно место во Неговиот план за вечен прогрес на Неговите чеда.

Заедницата на маж и жена во брак треба да биде нивниот најценет земен однос. Ја имаат светата одговорност да бидат лојални еден кон друг и верни на нивниот брачен завет.

Сопругот и сопругата се еднакви во Божји очи. Едниот не треба да доминира над другиот. Нивните одлуки треба да се носат во единство и љубов, со целосно учество на двајцата.

Кога мажот и жената се сакаат и работат заедно, нивниот брак може да биде извор на нивната најголема среќа. Тие можат да си помагаат еден на друг и нивните деца да напредуваат кон вечниот живот.

Семејството

Како и бракот, семејството е одредено од Бога и зазема централно место во Неговиот план за наша вечна среќа. Нашите семејства имаат најголема веројатност да бидат среќни кога живееме според учењата на Исус Христос. Родителите ги учат своите деца за евангелието на Исус Христос и поставуваат пример како да се живее. Семејствата ни даваат можност да се сакаме и да си служиме едни на други.

Родителите треба да го стават своето семејство на прво место. За родителите е света привилегија и одговорност да се грижат за децата што можат да ги родат или посвојат.

Секое семејство се соочува со одредени предизвици. Кога бараме поддршка од Бога и се придржуваме до неговите заповеди, семејните предизвици може да ни помогнат да учиме и да растеме. Понекогаш овие предизвици ни помагаат да научиме да се каеме и да простуваме.

татко го поучува семејството

Црковните водачи ги поттикнуваат членовите да одржуваат семејна домашна вечер еднаш неделно. Родителите го користат ова време да ги подучуваат своите деца за евангелието, да ги зајакнуваат семејните односи и заедно да се забавуваат. Црковните водачи издадоа и проглас кој учи за важни вистини за семејството (види „Семејството: Проглас кон Светот“, ChurchofJesusChrist.org).

Други начини да се зајакне семејството вклучуваат семејна молитва, проучување на светото писмо и заедничко служење во црква. Исто така, можеме да ја истражуваме семејната историја, да собираме семејни приказни и да им служиме на другите.

Многу луѓе имаат ограничени можности за брак или за градење љубовни семејни односи. Многумина доживеале развод или други тешки семејни околности. Меѓутоа, евангелието нѐ благословува поединечно, без оглед на нашите семејни околности. И ако сме верни, Бог ќе ни овозможи да уживаме во благословот на семејство со љубов, во овој живот или во животот што доаѓа.

Проучување на светите писма

Брак

Семејство

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Водич за Светите Писма: „Семејство“, „Брак, Венчава

  • Општ Прирачник, поглавје 2: „Поддршка на Поединци и Семејства во Делото на Спасение и Егзалтација

  • Евангелски Теми: „Брак“, „Семејство“, „Родителство

Храм и Работење на Семејната Историја за Починати Претци

Небесниот Отец ги сака сите Негови чеда и посакува нивно спасение и егзалтација. Сепак милијарди луѓе живееле без да слушнат за евангелието на Исус Христос или без да ги добијат спасителните обреди од евангелието. Овие обреди вклучуваат крштевање, потврдување, ракополагање на мажи за свештеници, храмско обдарување и вечен брак.

Преку Неговата милост и милозливост, Господ обезбедил поинаков начин за овие луѓе да го добијат евангелието и неговите обреди. Во духовниот свет, евангелието им се проповеда на оние кои починале без да го примат (види Учењата и Заветите 138). Во храмовите, можеме да извршуваме обреди во име на нашите починати предци и другите. Овие починати луѓе во духовниот свет можат потоа да го прифатат или отфрлат евангелието и обредите што се извршуваат за нив.

семејство ги проучува светите писма

Пред да можеме ги извршиме овие обреди, потребно е да ги идентификуваме нашите предци кои не ги примиле. Централно место во нашето работење на семејната историја е идентификација на членовите на семејството за тие да можат да ги добијат обредите. Кога ќе најдеме информација во врска со нив, ја додаваме на црковната база на FamilySearch.org. Потоа ние (или другите) можеме да извршуваме обреди во нивно име во храмот.

Со идентификување на нашите предци и извршување обреди за нив, нашите семејства може да се обединат за вечноста.

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Општ Прирачник, поглавје 28: „Храмски Обреди за Починатите

  • Евангелски Теми: „Крштевања за Мртвите“, „Семејна Историја

Храмови, Обдарувањето, Вечен Брак и Вечни Семејства

Храмови

Храмот е Господов дом. Тоа е свето место каде можеме да склучуваме завети со Бог кога ги добиваме Неговите свети обреди. Додека се држиме до овие завети, моќта на побожноста ќе се манифестира во нашите животи (види Учењата и Заветите 84:19–22; 109:22–23).

Обдарувањето

Еден од овие обреди кои ги добиваме во храмот се нарекува обдарување. Зборот обдарување значи „подарок“. Овој подарок на знаење и моќ доаѓа од Бога. За време на обдарувањето, склучуваме завети со Бога што нѐ врзуваат со Него и Неговиот Син, Исус Христос (види поглавје 1).

Возрасните може да бидат подобни да го добијат сопственото обдарување по најмалку една година црковно членство. За повеќе информации во врска со обдарувањето, види Општ Прирачник, 27.2.

Вечен Брак и Вечни Семејства

Божјиот план за среќа дозволува семејните односи да истрајат и по смртта. Во храмот можеме да бидеме венчани за време и за вечноста. Ова е тоа што им овозможува на семејствата да бидат заедно засекогаш.

Откако венчаните двојки го примиле своето храмско обдарување, тие може да бидат запечатени или венчани за вечност. Нивните деца може да бидат запечатени со нив.

Маж и жена кои се запечатени во храм треба да ги почитуваат заветите што ги склучиле за да ги добијат благословите за вечен брак

двојка која оди по улица

Проучување на Светото писмо

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип