Слово на Мудрост
Ова откровение, примено од Пророкот Џозеф Смит во 1833, е насока дадаена од нашиот Небесен Отец за Неговите деца денес. Следниве се извадоци од ова откровение, кое може да биде најдено во Учење и Завети, дел 89:
„Слово на Мудрост, за корист на … Црквата, а исто и на светците во Сион …
Дадено за принцип со ветување, приспособено за капацитетот на слабите и најслабите од сите светци.…
„Ете, вистина така ви кажа Господ на вас: Како последица на зло и сплетки кои се и ќе постојат во срцата на луѓе кои заговараат во последните денови, Јас … Ве предупредувам, давајќи ви го на вас ова слово на мудроста преку откровение.
„Дека доколку некој од вас пие вино или жесток пијалок, ете тоа не е добро. …
„И повторно, тутун не е за телото, ниту за стомакот, и не е добро за човекот. …
„И повторно, жешките пијалоци [кафе и чај] не се за телото ниту за стомакот.
„… Сите потребни билки Бог ги одреди за организмот, природата и употребата на човекот. …
„Да, исто така месо од ѕверови и птици во воздухот, Јас, Господ, ги одредив за човечка употреба со благодарност; сепак треба умерено да се користат. …
„Сето жито е добро како храна за човекот; исто како и овошјето од лозата; тоа кое дава овошје, било да е во земјата или над земјата. …
„И сите светци кои ќе се сетат да ги одржуваат и извршуваат овие зборови … ќе добијат здравје во папокот и сржта во нивните коски;
„И ќе пронајдат мудрост и големо богатство на знаење, дури и скриени богатства ,
„И ќе трчаат и нема да бидат изморени, и ќе чекорат и нема да се онесвестат.
„И Јас, Господ, им давам ветување, дека ангелот на уништување ќе помине покрај нив, како децата на Израел, и нема да ги убие. Амин“ (Учење и Завети 89:1; 3–5; 8–10; 12; 16; 18–21).