Благослови од Словото на Мудроста
Одржувањето на Словото на Мудроста ќе ја подобри вашата физичка и духовна благосостојба. Иако сеуште сте подложени на нормални здравствени предизвици, покорувањето пред оваа заповед ќе ви помогне да имате поздраво тело и ум.
Во Новиот Завет Апостолот Павле посочува на телото како храм: „Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие“ (1 Коринтјаните 3:16–17).
Додека го одржувате Словото на Мудроста, деликатниот, чувствителен, духовен дел од вашата природа ќе биде подготвен да добие водство од Бог. Научете да ги слушате духовните поттикнувања и чувства. Ќе бидете предупредени за опасности и ќе бидете водени од Светиот Дух. Вашето знаење и мудрост ќе се зголемат. Ќе имате поголем мир во умот, зголемена самоконтрола, и самоуверен став кон животот и иднината.