Глава 2
(Јуни–Октомври 1830)
Бог ги создава небесата и земјата—Сите форми на живот се создадени—Бог создава човек и му пружа власт врз сè друго.
1 И се случи дека Господ му говореше на Мојсеј, велејќи: Ете, Јас ти откривам при тебе во врска со оваа небеса, и оваа земја; напиши ги зборовите кои Јас ги говорам. Јас сум Почетокот и Крајот, Семоќниот Бог; преку Мојот Единороден Јас ги создадов овие нешта; да, на почетокот Јас ја создадов небесата, и земјата врз која вие стоите.
2 И земјата беше без форма, и празна; и Јас предизвикав темнина да дојде врз лицето на длабочината; и Мојот Дух се помести врз лицето на водата; зашто Јас сум Бог.
3 И Јас, Бог, кажав: Нека постои светлина; и постоеше светлина.
4 И Јас, Бог, ја видов светлината; и светлината беше добра. И Јас, Бог, ја поделив светлината од темнината.
5 И Јас, Бог, ја нареков светлината Ден; а темнината, ја нареков Ноќ; и Јас го сторив ова преку словото на Мојата моќ, и беше сторено додека Јас зборував; и настапи ноќта и утрото и тоа беше првиот ден.
6 И повторно, Јас, Бог, кажав: Нека постои свод на среде водата, и така беше, како што говорев; и Јас кажав: Нека се разделат водите од водите; и беше сторено;
7 И Јас, Бог, го создадов сводот и ги разделив водите, да, големите води под сводот од водите над сводот, и беше така како што говорев.
8 И Јас, Бог, го нареков сводот Небеса; и настапи ноќта и утрото и тоа беше вториот ден.
9 И Јас, Бог, кажав: Нека се собере водата под небото заедно на едно место, и така беше; и Јас, Бог, кажав: Нека постои суво копно; и беше така.
10 И Јас, Бог го нареков сувото копно Земја; и собраната вода, ја нареков Море; и Јас, Бог, видов дека сите нешта што ги создадов беа добри.
11 И Јас Бог, кажав: Нека израсне од земјата трева, билката што дава семе, плодоносните дрвја што имаат плодови, според неговиот вид, и плодоносните дрвја, чие семе треба да биде во нив врз земјата, и беше така како што Јас говорев.
12 И од земјата изникна трева, секоја билка што дава семе според нејзиниот вид, и плодоносните дрвја, чие семе треба да е во нив, според нивниот вид; и Јас, Бог, видов дека сите нешта што ги содадов беа добри;
13 И настапи ноќта и утрото и тоа беше третиот ден.
14 И Јас, Бог, кажав: Нека се појават светла на небесниот свод, да го одвојат денот од ноќта, и нека бидат за знаци, и за сезоните, и за деновите, и за годините;
15 И нека бидат за светла на небесниот свод да ја осветлуваат земјата; и така беше.
16 И Јас, Бог, создадов две големи светла; поголемата светлина да владее со денот, и помалата светлина да владее со ноќта, и поголемата светлина беше сонцето, и помалата светлина беше месечината; и ѕвездите исто беа создадени и тоа според Моето слово.
17 И Јас, Бог, ги поставив на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18 И сонцето да владее врз денот, и месечината да владее врз ноќта, и да ја одвои светлината од темнината; и Јас, Бог, видов дека сите нешта што ги создадов беа добри;
19 И настапи ноќта и утрото и тоа беше четвртиот ден.
20 И Јас, Бог, кажав: Водите нека се исполнат изобилно со живи суштества, и птици кои може да летаат над земјата на отворениот небесен свод.
21 И Јас, Бог, создадов големи китови, и секое живо суштество што се движи, кои водите ги носеа изобилно, според нивниот вид, и секоја птица што лета според нејзиниот вид; и Јас, Бог, видов дека сите нешта што Јас ги создадов беа добри.
22 И Јас Бог, ги благословив, велејќи: Бидете плодни, и размножувајте се, и исполнете ги водите на морињата; и нека птиците се размножуваат на земјата;
23 И настапи ноќта и утрото и тоа беше петиот ден.
24 И Јас, Бог, кажав: Нека земјата изведе од себе живи суштества според нивниот вид, стока, и влечуги, и ѕверови на земјата според нивниот вид, и така беше;
25 И Јас, Бог, ги создадов ѕверовите на земјата според нивниот вид, и стока според нивниот вид, и сè што лази врз земјата според неговиот вид; и Јас, Бог, видов дека сите овие нешта беа добри.
26 И Јас, Бог, му кажав на Мојот Единороден, кој беше со мене од почетокот: Ајде да содадеме човек според Нашиот лик, според нашата сличност, и така беше. И Јас, Бог, кажав: Нека имаат власт врз рибите во морето, и врз птиците во воздухот, и врз стоката, и врз сета земја, и врз секоја влечуга што лази врз лицето на земјата.
27 И Јас, Бог, го создадов човекот според Мој сопствен лик, според ликот на Мојот Единороден Јас го создадов него; машки и женски јас ги создадов.
28 И Јас, Бог, ги благословив нив, и им кажав на нив: Бидете плодни, и размножувајте се, и исполнете ја земјата, и потчинете ја, и имајте власт врз рибите во морето, и врз птиците во воздухот, и врз секое живо суштество кое се движи врз земјата.
29 И Јас, Бог, му кажав на човек: Ете, Јас сум ви ја дал секоја билка што носи семе, што е врз лицето на сета земја, и секое дрво во кое има плод на плодоносно дрво; тоа да ти биде за храна.
30 И на секој ѕвер на земјата, и на секоја птица на небесата, и на сè што лази врз земјата, каде што Јас давам живот, секоја чиста билка им ја давам за исхрана; и така беше, како што Јас говорев.
31 И Јас, Бог, видов сè што Јас бев создал, и, ете, сите нешта што Јас бев ги создал беа многу добри; и настапија ноќта и утрото и тоа беше шестиот ден.