Глава 3
(Јуни–Октомври 1830)
Бог ги создаде сите нешта духовни пред да беа природни на земјата—Тој го создаде човекот, првото тело, врз земјата—Жената е помошничка слична на мажот.
1 Така небесата и земјата беа завршени, и сето мноштво нивно.
2 И на седмиот ден, Јас, Бог, ја завршив Мојата работа, и сите нешта кои Јас бев ги создал; и Јас одмарав на седмиот ден од сите Мои дела, и сите нешта што Јас бев ги создал беа завршени, и Јас, Бог, видов дека беа добри;
3 И Јас, Бог, го благословив седмиот ден, и го осветив; зашто на него Јас одмарав од сите Мои дела кои Јас, Бог, бев ги создал и направил.
4 И сега, ете, Јас ти велам на тебе, дека ова се поколенијата од небесата и од земјата, и тие беа создадени, на денот кога Јас, Господ Бог, ги создадов небесата и земјата,
5 И секое растение во полето пред да беше на земјата, и секоја билка во полето пред да никне. Зашто Јас, Господ Бог, ги содадов сите нешта, за кои Јас говорев, духовно, пред да бидат природно врз лицето на земјата. Зашто Јас, Господ Бог, не предизвикав да врне врз лицето на земјата. И Јас, Господ Бог, бев ги создал сите човечки деца; а уште немаше човек кој ќе ја обработува земјата; зашто на небесата ги создадов Јас нив; и се уште немаше тело врз земјата, ниту во водата, ниту во воздухот;
6 Но Јас, Господ Бог, говорев, и се крена пара од земјата, и го наросуваше целото лице на земјата.
7 И Јас, Господ Бог, го создадов човекот од правта на земјата, и низ неговите ноздри му дувнав здив на живот; и човекот стана жива душа, првото тело врз земјата, првиот човек исто; сепак, сите нешта беа создадени претходно; но духовно беа создадени и направени според Моето слово.
8 И Јас, Господ Бог, насадив една градина на исток, во Едем, и таму го населив човекот што го создадов.
9 И надвор од земјата направив Јас, Господ Бог, да расте секое дрво, природно, што е пријатно за човековата глетка; и човек можеше да го здогледа. И исто стана жива душа. Зашто беше духовно на денот кога Јас го создадов; зашто остана во сферата во која Јас, Бог, го создадов, да, и тоа сите нешта кои Јас ги подготвив за корист на човекот; и човекот виде дека е добро за исхрана. И Јас, Господ Бог, го насадив дрвото на животот исто насреде градината, и исто дрвото за познавање на доброто и злото.
10 И Јас, Господ Бог, направив река да извира од Едем да ја наводнува градината; и оттаму се разделуваше, на четири реки.
11 И Јас, Господ Бог, ја нареков првата Писон, и таа тече околу целата Хевилска земја, каде што Јас, Господ Бог, создадов многу злато;
12 И златото на таа земја беше добро, и имаше бделиум и камен оникс.
13 И името на втората река беше Гион; истата која тече во целата земја Етиопија.
14 И името на третата река беше Тигар; таа која тече на исток од Асирија. И четвртата река беше Еуфрат.
15 И Јас, Господ Бог, го одведов човекот, и го населив во Едемската Градина, да ја обработува и чува.
16 И Јас, Господ Бог, му заповедав на човекот, велејќи: Од секое дрво во градината можеш слободно да јадеш,
17 Но од дрвото за познавање на доброто и злото, не смееш да јадеш од тоа, сепак, ти можеш да одбереш за себеси, зашто ти е дадено на тебе; но, запомни дека Јас ти забранувам, зашто на денот кога ти ќе го вкусиш ти сигурно ќе умреш.
18 И Јас, Господ Бог, му кажав на Мојот Единороден, дека не е добро човек да е сам; затоа, Јас ќе создадам помошник еден на друг.
19 И од земјата Јас, Господ Бог, го создадов секој ѕвер на полето, и секоја птица во воздухот; и заповедав дека тие ќе дојдат при Адам, да видат како тој ќе ги нарече; и тие беа исто живи души; зашто Јас, Бог, го дувнав во нив здивот на живот, и заповедав како и да го нарече Адам секое живо суштество, така да му биде и името.
20 И Адам им даде имиња на сиот добиток, и на птиците во воздухот, и на секој полски ѕвер; но за Адам, немаше помошник сличен на него.
21 И Јас, Господ Бог, направив Адам да падне во длабок сон; и тој заспа, и Јас земав едно од неговите ребра и местото го пополнив со месо;
22 И од реброто кое Јас, Господ Бог, бев го земал од мажот, Јас ја создадов жената, и ја доведов при мажот.
23 И Адам кажа: Јас знам сега дека ова е коска од моите коски, и плот од мојата плот; таа ќе биде наречена Жена, зашто таа беше земена од маж.
24 Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи при неговата жена; и тие ќе бидат едно тело.
25 И двајцата беа голи, мажот и неговата жена, и не се срамеа.