Свети Писма
Мојсеј 4


Глава 4

(Јуни–Октомври 1830)

Како Сатаната стана ѓавол—Тој ја искушува Ева—Адам и Ева паѓаат, и смртта влегува во светот.

1 И Јас, Господ Бог, му говорев на Мојсеј, велејќи: Тој Сатаната, кому ти му заповеда во името на Мојот Единороден, е истиот кој беше од почетокот, и тој дојде пред Мене, велејќи—Ете, овде сум, испрати ме мене, јас ќе бидам твојот син, и јас ќе го искупам сето човештво, за ниту една душа да не биде изгубена, и сигурно јас ќе го сторам тоа; затоа дај ми ја Твојата чест.

2 Но, ете, Мојот Возљубен Син, кој беше Мојот Возљубен и Одбран од почетокот, ми кажа на Мене—Оче, нека волјата Твоја биде сторена, и славата биде Твоја засекогаш.

3 Затоа, бидејќи Сатаната се побуни против Мене, и бараше да го уништи слободниот избор на човекот, кој Јас, Господ Бог, сум му го дал, и исто, да му ја дадам Мојата сопствена моќ; преку моќта на Мојот Единороден, Јас направив тој да биде отфрлен;

4 И Тој стана Сатана, да, и тоа ѓаволот, таткото на сите лаги, да ги мами и заслепува луѓето, и да ги води како заробеници на неговата волја, и тоа сите оние кои не го послушуваат Мојот глас.

5 И сега, змијата беше полукава отколку сите полски ѕверови кои Јас, Господ Бог, сум ги создал.

6 И Сатаната го всади тоа во срцето на змијата, (зашто тој одвлече многу со себе,) и тој исто настојуваше да ја измами Ева, зашто не ја знаше Божјата мисла, затоа настојуваше да го уништи светот.

7 И тој ѝ кажа на жената: Да, дали Бог кажа—Да не јадете од секое дрво во градината? (И тој говореше преку устата на змијата.)

8 А жената ѝ кажа на змијата: Можеме да јадеме од плодовите од дрвјата во градината;

9 Но од плодот на дрвото кое го гледаш насреде градината, Бог кажа—Нема да јадете од него, ниту ќе го допирате, за да не умрете.

10 А змијата ѝ кажа на жената: Нема сигурно да умрете;

11 Зашто Бог знае дека на денот кога ќе јадете од него, тогаш вашите очи ќе бидат отворени, и ќе бидете како богови, познавајќи добро и зло.

12 А кога жената виде дека плодот на дрвото беше добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно да ја направи мудра, таа набра од неговиот плод, и јадеше, и исто му даде на нејзиниот маж со неа, и тој јадеше.

13 И очите на обајцата нив им беа отворени, и знаеја дека беа голи. И исплетоа лисја од смокви и си направија престилки за себеси.

14 И го слушнаа гласот на Господ Бог, додека чекореа во градината, во ладовината на денот; и Адам и неговата жена тргнаа да се сокријат од присуството на Господ Бог помеѓу дрвата во градината.

15 И Јас, Господ Бог, го повикав Адам, и му кажав на него: Каде одиш ти?

16 А тој кажа: Го слушнав Твојот глас во градината, и се исплашив, зашто видов дека сум гол, и се сокрив.

17 И Јас, Господ Бог, му кажав на Адам: Кој ти кажа дека си гол? Дали си јадел од дрвото од кое Јас ти заповедав да не јадеш, зашто ако си јадел ти сигурно ќе умреш?

18 И мажот кажа: Жената која ми ја даде, и за која заповеда да остане со мене, таа ми даде од плодот на дрвото и јас јадев.

19 И Јас, Господ Бог, ѝ кажав на жената: Што е ова што го стори ти? И жената кажа: Змијата ме измами, и јас јадев.

20 И Јас, Господ Бог, ѝ кажав на змијата: Поради тоа што си го сторила проклета да си од сиот добиток, и сите полски ѕверови; помешечки ќе се влечеш, и прав ќе јадеш сите деновиод твојот живот;

21 И јас ќе ставам непријателство меѓу тебе и жената, и меѓу родот твој и нејзиниот род; тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш на неговата пета.

22 На жената, Јас, Господ Бог, ѝ кажав: Јас ќе ти ја умножам тагата твоја и зачнувањето твое. Со тага ќе раѓаш деца, и твојата желба ќе биде кон твојот маж, и тој ќе владее врз тебе.

23 А на Адам, Јас, Господ Бог, му реков: Бидејќи си го послушал гласот на твојата жена, и си јадел од плодот на дрвото за кое Јас ти заповедав, велејќи—Да не јадеш од него, проклета нека биде земјата за тебе; со тага ќе се храниш од неа сите денови на твојот живот.

24 Трње исто, и бодлики ќе ти раѓа, а ти ќе ја јадеш полската трева.

25 Преку потта на твоето лице, ќе јадеш леб, сè додека не се вратиш во земјата—зашто ти сигурно ќе умреш—зашто од неа си земен: зашто беше ти прав, и во прав ќе се вратиш.

26 И Адам ја повика неговата жена Ева по име, зашто таа беше мајка на сите живи; зашто така Јас, Господ Бог, ја нареков првата од сите жени, кои се многу.

27 На Адам, и исто на неговата жена, Јас, Господ Бог, им направив кожни палта, и ги облеков нив.

28 И Јас, Господ Бог, му кажав на Мојот Единороден: Ете, човекот стана како еден од нас да познава добро и зло; и сега да не ја испружи неговата рака и не земе исто така од дрвото на живот, и јаде и живее засекогаш,

29 Затоа, Јас, Господ Бог, ќе му испратам од Едемската Градина, да ја обработува земјата од каде што беше земен;

30 Зашто како што Јас, Господ Бог, живеам, дури и Моите зборови не можат да се вратат празни, зашто сè додека се изговорени од Мојата уста мора да се исполнат.

31 Па го изгонив човекот, и Јас поставив на исток од Едемската Градина, херувим и еден огнен меч, кој се вртеше на секоја насока да го чува патот со дрвото на животот.

32 (И ова се зборовите кои Јас ги говорев на Мојот слуга Мојсеј, и тие се вистинити како и Јас сакам; и Јас сум ви ги кажал на вас. Погрижи се да не ги покажувате на ниту еден друг човек, додека Јас не ви заповедам, освен на тие што веруваат. Амин.)