Свети Писма
Мојсеј 6


Глава 6

(Ноември–Декември 1830)

Потомството на Адам чува книга на сеќавањето—Неговото праведно потомство проповеда покајание—Бог Самиот му се открива на Енох—Енох го проповеда евангелието—Планот за спасение беше откриен на Адам—Тој доби крштавање и свештенство.

1 И Адам го послуша гласот на Бог, и ги повика неговите синови да се покајат.

2 И Адам ја познаваше неговата жена повторно, и таа роди син, и тој го нарече Сит. И Адам го славеше името на Бог; зашто тој кажа: Бог ми додели уште едно потомство, наместо Авел, кого Каин го уби.

3 И Бог му се откри на Сит, и тој не се бунеше, туку принесе прифатлива жртва, како што прави неговиот брат Авел. И на него исто така му се роди син, и тој го нарече Енос.

4 И потоа овие луѓе започнаа да го повикуваат името на Господ, и Господ ги благослови;

5 И една книга на сеќавањето беше чувана, во која беше забележано, на јазикот на Адам, зашто беше дадена на оние кои го повикуваа Бог да пишува според духот на инспирација;

6 И преку нив нивните деца беа поучени да читаат и пишуваат, имајќи јазик кој беше чист и неизвалкан.

7 Сега ова исто Свештенство, кое беше на почетокот, ќе биде на крајот на светот исто.

8 Сега ова пророштво Адам го говореше, додека беше трогнат од Светиот Дух, и едно родословие беше зачувано од децата на Бог. И ова беше книгата на поколенијата на Адам, велејќи: На денот кога Бог го создаде човекот, според ликот на Бог го создаде него;

9 Според ликот на Неговото сопствено тело, машко и женско, Тој ги создаде нив, и ги благослови, и им даде име Адам, на денот кога тие беа создадени и станаа живи души на земјата врз подножјето на Бог.

10 И Адам живееше сто и триесет години, и му се роди син сличен на него, според неговиот сопствен лик, и го нарече Сит.

11 И деновите на Адам, откако беше му се родил Сит, беа осумстотини години, и на него му се родија многу синови и ќерки;

12 И сите денови во кои Адам живееше броеја деветстотини и триесет години, и тој умре.

13 Сит живееше сто и пет години, и му се роди Енос, и пророкуваше во сите негови денови, и го поучи неговиот син Енос на Божјите начини; затоа Енос исто пророкуваше.

14 И откако му се роди Енос, Сит живееше осумстотини и седум години, и му се родија многу синови и ќерки.

15 И човечките деца беа бројни врз лицето на земјата. И во тие денови Сатаната имаше голема власт помеѓу луѓето, и беснееше во нивните срца; и оттогаш се појавија војни и крвопролевање; и човечката рака се крена против својот брат, послужувајќи смрт, поради тајните дела, барајќи моќ.

16 Сите денови на Сит броеја деветстотини и дванаесет години, и тој умре.

17 И Енос живееше деведесет години, и му се роди Каинан. И Енос и остатокот од народот на Бог излегоа од земјата, која беше наречена Шулон, и престојуваа во земја на верување, која тој ја нарече по својот син, кого го нарече Каинан.

18 И Енос живееше, откако му се роди Каинан, осумстотини и петнаесет години, и му се родија многу синови и ќерки. И сите денови на Енос броеја деветстотини и пет години, и тој умре.

19 И Каинан живееше седумдесет години, и му се роди Махалалеил, и Каинан откако го доби Махалалеил живееше осумстотини и четириесет години, и му се родија синови и ќерки. И сите денови на Каинан броеја деветстотини и десет години, и тој умре.

20 И Махалалеил живееше шеесет и пет години, и му се роди Јаред; и Махалалеил живееше, откако му се роди Јаред, осумстотини и триесет години, и му се родија синови и ќерки. И сите денови на Махалалеил броеја осумстотини деведесет и пет години, и тој умре.

21 И Јаред живееше сто шеесет и две години, и му се роди Енох; и Јаред живееше, откако му се роди Енох, осумстотини години, и му се родија многу синови и ќерки. И Јаред го поучуваше Енох за сите Божји патишта.

22 И ова е родословието на синовите на Адам, кој беше син на Бог, со кого Бог, самиот, разговараше.

23 И тие беа проповедачи на праведност, и зборуваа и порокуваа, и ги повикуваа сите луѓе, насекаде, да се покајат; и вера беше поучувана на човечките деца.

24 И се случи дека сите денови на Јаред броеја деветстотини шеесет и две години, и тој умре.

25 И Енох живееше шеесет и пет години, и му се роди Метушелах.

26 И се случи дека Енох патуваше во земјата, помеѓу народот; и додека тој патуваше, Духот на Бог се спушти од небесата, и живееше во него.

27 И тој слушна глас од небесата, велејќи: Енох, синко Мој, пророкувај му на овој народ, и кажи им на нив—Покајте се, зашто така кажа Господ: Јас сум лут на овој народ, и Мојот жесток гнев е распален против нив; зошто нивните срца се стврднаа, и нивните уши се глуви без слух, а нивните очи не можат да гледаат од далеку;

28 И за овие многу поколенија, откако Јас ги создадов, тие беа застранувале, и ме негирале, и ги барале нивните совети во темнината; и во нивните сопствени одвратности тие планираа убиство, и не ги одржувале заповедите, кои Јас ги дадов на нивниот татко, Адам.

29 Затоа, тие се заколнаа, и преку своите заклетви, тие си навлекоа смрт врз себеси; и пекол Јас подготвив за нив ако не се покајат;

30 И ова е одредба, која Јас ја испратив на почетокот на светот, од Мојата сопствена уста, од неговата основа, и преку устите на Моите слуги, вашите татковци, Јас сум ја одредил, и тоа како што ќе биде испратена во светот, до неговите краишта.

31 И кога Енох беше ги слушнал овие зборови, тој се поклони на земјата, пред Господ, и зборуваше пред Господ, велејќи: Зошто пронајдов благонаклонетост во Твојот лик, а сум само едно момче, и целиот народ ме мрази; зашто јас бавно зборувам; затоа дали сум Твој слуга?

32 И Господ му кажа на Енох: Оди напред и прави како што Јас ти заповедувам, и ниту еден човек нема да те прободе. Отвори ја твојата уста, и ќе биде исполнета, и ќе ти дадам говор, зашто сето тело е во Моите раце, и ќе правам како што ми изгледа добро.

33 Кажи му на овој народ: Одберете го овој ден, да му служите на Господ Бог Кој ве создаде.

34 Ете, Мојот Дух е врз тебе, затоа сите твои зборови Јас ќе ги оправдам; и планините ќе бегаат пред тебе, и реките ќе го сменат нивниот тек; и ти ќе живееш во Мене, а Јас во тебе; затоа чекори со Мене.

35 И Господ му говореше на Енох, и му кажа на него: Помазај ги твоите очи со глина, и измиј ги, и ти ќе прогледаш. И тој го стори тоа.

36 И тој ги здогледа духовите кои Бог ги создаде; и исто ги виде нештата кои не беа видливи за природното око; и оттогаш натаму се прошири гласина низ земјата: Јасновидец беше кренат од Господ при Неговиот народ.

37 И се случи дека Енох тргна во земјата, помеѓу народот, стоејќи врз ридовите и високите места, и довикуваше со силен глас, сведочејќи против нивните дела; и сите луѓе беа навредени поради него.

38 И тие дојдоа да го слушнат него, врз високите места, велејќи на чуварите: Останете овде и чувајте ги шаторите, додека одиме таму да го видиме јасновидецот, зашто тој пророкува, и постои нешто чудно во земјата; див човек дојде помеѓу нас.

39 И се случи дека кога го слушнаа него, ниту еден човек не ги положи рацете на него; зашто страв дојде врз сите тие кои го слушнаа; зашто тој чекореше со Бог.

40 И дојде човек при него, чие име беше Махија, и му кажа на него: Кажи ни јасно кој си ти, и од каде доаѓаш?

41 И тој им кажа на нив: Јас доаѓам од земјата Каинан, земјата на моите татковци, земја на праведноста сè до овој ден. И мојот татко ме поучи мене на сите Божји начини.

42 И се случи дека, додека патував од земјата Каинан, преку источното море, Јас имав визија; и ете, ја видов небесата, и Господ ми говореше, и ми даде заповед; затоа, за оваа цел, да ја одржам заповедта, ги изговарам овие зборови.

43 И Енох продолжува со неговиот говор, велејќи: Господ кој збореше со мене, истиот е Бог на небесата, и тој е мој Бог, и ваш Бог, и вие сте мои браќа, и зошто вие се советувате себеси, а го негирате Бог на небесата?

44 Небесата Тој ја создаде; земјата е Негово подножје; и нејзината основа е Негова. Ете, Тој ја положи, мноштво од луѓе Тој донесе врз нејзиното лице.

45 И смртта ги стигна нашите татковци; сепак ние ги знаеме, и не можеме да негираме, и дури најпрвиот од сите го знаеме, и тоа Адам.

46 Зашто една книга на сеќавање ние напишавме помеѓу нас, според моделот даден преку Божјиот прст; и е дадена на нашиот сопствен јазик.

47 И како што Енох ги говореше зборовите на Бог, народот трепереше, и не можеше да издржи во негово присуство.

48 И тој им кажа на нив: Бидејќи Адам падна, ние сме; и со неговиот пад дојде смрт; и ние сме соучесници во мизерија и јад.

49 Ете Сатаната дојде помеѓу човечките деца, и ги искушува да го обожаваат; и луѓето станале телесни, сензуални, и ѓаволски, и се исфрлени од присуството на Бог.

50 Но Бог им обелодени на нашите татковци дека сите луѓе мора да се покајат.

51 И Тој го повика нашиот татко Адам со Неговиот сопствен глас, велејќи: Јас сум Бог; Јас го создадов светот, и луѓето пред тие да бидат со тело.

52 И Тој исто така му кажа на него: Ако ти се завртиш кон Мене, и го послушаш Мојот глас, и се покаеш за сите твои престапи, и бидеш крстен, и тоа во вода, во името на Мојот Единороден Син, кој е полн со благодат и вистина, која е Исус Христос, единственото име кое ќе биде дадено под небесата, преку кое спасение ќе дојде при човечките деца, вие ќе го примите дарот на Светиот Дух, барајќи ги сите нешта во Негово име, и што и да побарате, ќе ви биде дадено.

53 И нашиот татко Адам му говореше на Господ, и кажа: Зошто луѓето мора да се покајат и бидат крстени во вода? И Господ му кажа на Адам: Ете, Јас сум ти простил за твоите престапи во Едемската Градина.

54 Оттука дојде поговорката помеѓу народот, дека Синот на Бог се помири за првобитната вина, при што гревовите на родителите не може да бидат одговорени врз главите на децата, зашто тие се цели од основата на светот.

55 И Господ му кажа на Адам, велејќи: Онолку колку што твоите деца се зачнати во грев, кога ќе започнат да растат толку, грев ќе се зачне во нивните срца, и ќе ја вкусат горчината, за да знаат да го вреднуваат доброто.

56 И на нив им е дадено да го познаваат доброто од злото; затоа тие се пратеници при самите себеси, и Јас сум ви дал на вас друг закон и заповед.

57 Затоа поучете го тоа на вашите деца, дека сите луѓе, секаде, мора да се покајат, или тие никако не може да го наследат царството на Бог зашто ниту едно нечисто нешто не може да живее таму, или да живее во Негово присуство; зашто, според јазикот на Адам, Човек на Светоста е Неговото име, а името на Единородениот е Син на Човекот, и тоа Исус Христос, еден праведен Судија, кој ќе дојде во зенитот на времето.

58 Затоа Јас ви давам заповед, да ги поучувате овие нешта слободно на вашите деца, велејќи:

59 Дека поради престап доаѓа падот, кој пад носи смрт, и доколку сте биле родени во светот од вода, и крв, и духот, кои Јас сум ги создал, и така настанува од прав жива душа, и токму така вие мора да се родите повторно во небесното царство, од вода, и од Духот, и да бидете исчистени преку крв, и тоа крвта на Мојот Единороден; да може да сте осветени од сиот грев, и да уживате на зборовите за вечен живот во овој свет, и вечен живот во светот што следи, и тоа бесмртна слава;

60 Зашто преку водата вие ја одржувате заповедта; преку Духот вие сте оправдани, и преку крвта вие сте осветени;

61 Затоа, тоа е дадено да се придржува во тебе; небесниот запис; Утешителот; мирните нешта на бесмртната слава; вистината на сите нешта; тоа што ги забрзува сите нешта, што ги оживува сите нешта; тоа што ги знае сите нешта, и ја има сета моќ според мудроста, милоста, вистината, правдата, и пресудата.

62 И сега, ете, Јас ти велам на тебе: Ова е планот за спасение при сите луѓе, преку крвта на Мојот Единороден, кој ќе дојде во зенитот на времето.

63 И ете, сите нешта имаат своја сличност, и сите нешта се создадени и створени да сведочат за Мене, и нешта што се привремени, и тие нешта што се духовни; нешта кои се горе на небесата, и нешта кои се на земјата, нешта кои се на земјата, и нешта кои се под земјата, и горе и под неа; сите нешта сведочат за Мене.

64 И се случи, кога Господ беше разговарал со Адам, нашиот татко, дека Адам довикуваше до Господ, и тој беше понесен од Духот на Господ, и беше одведен долу во водата, и беше легнат под водата, и беше изнесен од водата.

65 И така тој беше крстен, и Божјиот Дух се спушти врз него, и така тој беше роден од Духот, и стана оживеан во внатрешниот човек.

66 И тој слушна глас од небесата, велејќи: Ти си крстен со оган, и со Светиот Дух. Ова е записот од Отецот, и Синот, отсега и засекогаш.

67 И ти си по редот на Тој кој беше без почеток на денови или крај на години, од сета вечност до сета вечност.

68 Ете, ти си едно во Мене, еден син Божји; и така сите може да станат Мои синови. Амин.