2023
Споделување на Евангелието на Исус Христос
Јули 2023


„Споделување на Евангелието на Исус Христос,” Liahona, јули 2023.

Месечна Порака на Liahona , јули 2023

Споделување на Евангелието на Исус Христос

млада жена со светото писмо отворено на колена

Кога помислуваме на благословите што ги добиваме поради тоа што сме членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, сакаме да го споделиме евангелието со оние кои ги сакаме. Можеме да ги споделуваме нашите сведоштва за вистината преку нашите зборови и нашиот пример. Можеме да се молиме за инспирација за да знаеме со кого да споделиме и што да кажеме.

Исус посега до човек кој е инвалид

Да се сакаат Другите

Важен дел од споделувањето на евангелието е да се сакаат другите. Кога ја покажуваме нашата љубов кон другите преку христијански постапки, ние го споделуваме евангелието на Исус Христос, понекогаш без да кажеме ниту збор. А кога другите знаат дека ние навистина се грижиме за нив, тие можеби ќе бидат поприемчиви да ги слушнат нашите мисли за евангелието. (Види Гери Е. Стивенсон, „Сакајте, споделувајте, Поканувајте,” Liahona, мај 2022, 84–87.)

Споделувајте на вообичаени и природни Начини

Можеме да споделиме што сакаме во врска со евангелието. Ако го правиме ова во секојдневниот живот, тоа нема да биде чудно ниту непријатно. На пример, можеме да разговараме со пријателите и нашето семејство за тоа што правиме во недела. Или можеме да им раскажуваме за среќата што ја чувствувме кога им служиме на другите. (Види Дитер Ф. Ухтдорф, „Missionary Work: Sharing What Is in Your Heart,” Liahona, May 2019, 15–18.)

Поканете ги другите да ви се придружат

Можеме да ги поканиме другите да дознаат нешто повеќе за евангелието. На пример, можеме да ги поканиме да дојдат на црковна средба или активност, да ја прочитаат Книгата на Мормон, да гледаат црковен видео запис или да дојдат на посета со мисионерите. Овие искуства може да им помогнат да го почувствуваат Духот и да сакаат да дознаат нешто повеќе.

две постари жени седат и зборуваат

Прашајте за Нивните Искуства

Откако пријателите и членовите на семејството ќе дојдат во црква или ќе одржат лекција со мисионерите, можеме да ги прашаме за нивното искуство. Некои учења од евангелието можеби се нови за нив, па може да им одговориме на нивните прашања. Можеме да ја покажеме нашата љубов и поддршка за нивните напори да дојдат кај Христос.

Додајте на Нивните Верувања

Ги цениме и почитуваме верувањата на другите, и се обидуваме да ја дополниме верата што веќе ја имаат. На пример, пријател кој нашол утеха во стихови од Библијата може да најде утеха и во учењата што ние ги споделуваме од Книгата на Мормон.

млади жени и помагаат на постара жена да ја премине улицата

Помогнете им на Новите Членови на Црквата

Кога луѓето се приклучуваат на Црквата, можеме да им помогнеме да ја зајакнат нивната вера Можеме да бидеме нивен пријател, да одговараме на нивните прашања и да ги поддржуваме кога добиваат повици. Можеме да ги охрабриме да продолжат да го следат Исус Христос и да учат за Неговото евангелие.

двајца старешини мисионери и еден човек заедно гледаат во телефон

Да се служи Полновремена Мисија

Покрај споделување на евангелието во нашиот секојдневен живот, членовите на Црквата може да бидат повикани да служат како полновремени мисионери. Доколку се подготвени, младите мажи може да служат со наполнети 18 години Можат да служат и млади жени и други возрасни лица. Повеќе информации може да најдете на ChurchofJesusChrist.org/mkd/callings/missionary.