Генерална Конференција
Сакајте, Споделувајте, Поканувајте
Април 2022 генерална конференција


Сакајте, Споделувајте, Поканувајте

Кога сакаме, споделуваме, покануваме, ние земаме учество во таа голема и славна работа што ја подготвува земјата за враќањето на нејзиниот Месија.

Замислете заедно со мене, за момент, како стоите на планината Галилеја, сведочејќи за чудото и славата на воскреснатиот Спасител кој е во посета на Неговите ученици. Колку воодушевувачки е да се размислува лично да се слушнат овие зборови, кои што Тој ги сподели со нив, Неговата свечена заповед “одете и крштевајте ги сите народи, крштевајте ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.“1 Секако, овие зборови ќе ве зајакнат, инспирираат, и ќе придвижат секој од нас како што го направија тоа Неговите Апостоли. Навистина, тие го посветија остатокот од нивните животи за да го сторат токму тоа.

Интересно, не беа само Апостолите тие кои ги зедоа Исусовите зборови при срце. Членовите на првобитната Црква, од најновите до најискусните, зедоа учество во големиот чесен чин на Спасителот, да се споделат добрите вести од евангелието со оние кои ги запознаваат и познаваат. Решеноста да го споделат нивното сведоштво за Исус Христос и помогна на ново воспоставената Црква да се прошири.2

Ние исто така, како Христови следбеници, сме повикани да ја послушаме Неговата заповед, како да сме на таа планина во Галилеја кога тој прв пат ја објавил Оваа заповед започна повторно во 1830 година, кога Џозеф Смит го издвои неговиот брат Самуил за прв мисионер на Црквата на Исус Христос.3 Од тогаш, повеќе од 1.5 милиони мисионери пропатуваа низ светот подучувајќи нации и крштавајќи ги оние кои ја прифаќаат радосната вест за обновеното евангелие.

Ова е нашето учење. Нашата омилена желба.

Од нашите млади деца до најстариот помеѓу нас, копнееме по времето кога ќе можеме да одговориме на повикот на Спасителот и да го споделиме евангелието со нациите од светот. Јас сум сигурен дека вие млади мажи и млади жени вчера почувствувавте сличен зајакнувачки поттик од нашиот пророк кога ве покани да се подготвите за полновремена мисионерска служба исто како што Спасителот го направил тоа со Неговите Апостоли.

Како и спринтерите на стартните линии, ние чекаме во исчекување на официјална покана, комплетирана со потписот на пророкот, кој дава сигнал за почеток на трката! Оваа желба е благородна и инспиративна; сепак, дозволете да размислиме за ова прашање: зошто да не започнеме сите ние сега?

Можеби се прашувате, „Како можам да бидам мисионер без значка со име?“ Или да си речеме себе си, „Полновремените мисионери се издвоени за да ја работат оваа работа. Би сакал/а да помогнам, но можеби подоцна кога животот ќе се потсмири.“

Браќа и сестри, многу е поедноставно од тоа! За среќа, Спасителовата голема задача може да биде постиганата преку едноставни, лесно разбирливи принципи на кои сме поучени секој од нас уште од детството: да сакаме, да споделуваме и да покануваме.

Сакајте

Првата работа што може да ја направиме е да сакаме како што Исус сакал.

Нашите срца натежнуваат од човечкото страдање и тензии што ги гледаме ширум светот во овие турбулентни времиња. Сепак, можеме да бидеме инспирирани од изливот на сочувство и хуманост што луѓето насекаде ги демонстрираат преку нивните напори да допрат до маргинализираните—оние кои биле протерани од нивните домови, одвоени од нивните семејствата или што доживуваат други форми на тага и очај.

Новински извори неодамна објавија како група мајки од Полска, поради загриженост за очајните, бегалски семејства, остави целосно опремени колички на платформата од железничката станица, подготвени да ги дочекаат бегалските мајки и деца што им беа потребни на граничниот премин кога се симнувале од возот. Секако, нашиот Небесен Отец се насмевнува на чиновите на несебично милосредие како овие, зашто додека ги носиме товарите еден на друг, ние „го исполнуваме законот на Христос.“4

Секогаш кога покажуваме Христолика љубов кон нашиот ближен, го проповедаме евангелието—дури и ако не изговориме ниту еден збор.

Љубовта кон другите е елоквентен израз на втората голема заповед да го сакаме ближниот;5 таа покажува процес на прочистување на Светиот Дух кој делува во нашите души. Прикажувајќи ја Христовата љубов кон другите, можеме да ги натераме оние кои ги гледаат нашите добри дела да „ го прослават [нашиот] Отец кој е на небесата.“6

Го правиме ова не очекувајќи ништо за возврат.

Наша надеж секако, е, тие да ја прифатат нашата љубов и порака, иако нивната реакција е вон наша контрола.

Она што го правиме и кои навистина сме.

Преку христијанската љубов за другите, проповедаме за славните атрибути на Христовото евангелие кои го менуваат животот, и значително учествуваме во исполнување на Неговата голема задача.

Споделувајте

Втората работа што може да ја направиме е да споделуваме.

За време на првите месеци од пандемијата COVID-19 брат Висан од Тајланд се почувствува поттикнат да ги сподели своите чувства и импресии од она што го научил при неговото проучување на Книгата на Мормон преку профилот на социјалните медиуми. Во еден од неговите особено лични прилози, тој раскажа приказна за двајца мисионери од Книгата на Мормон, Амулек и Алма.

Неговиот брат, Винаи, иако е поставен во своите религиозни убедувања, беше трогнат од објавата и одговори, неочекувано прашувајќи, „Можам ли да ја добијам таа книга на тајландски?“

Висан мудро договори копија од Книгата на Мормон да биде доставена од две сестри мисионерки, кои почнаа да го подучуваат неговиот брат.

Висан се придружи на виртуелние лекции, каде што ги сподели своите чувства за Книгата на Мормон. Винаи учеше да се моли и да проучува со дух кој ја бара вистината, за да ја прифати и прегрне вистината. За неколку месесци, Винаи беше крстен!

Висан подоцна кажа, „Ние имаме одговорност да бидеме инструмент во рацете на Бога, и мора секогаш да бидеме подготвени за Него за да ја работиме неговата работа на Неговиот начин преку нас.“ Нивното семејно чудо пристигна бидејќи Висан едноставно го сподели евангелието на нормален и природен начин.

Сите ние споделуваме нешта со другите. Тоа го правиме често. Споделуваме кои филмови и храна ги сакаме, смешни нешта што ги гледаме, места кои ги посетуваме, уметност која ја цениме, цитати од кои се инспирираме.

Како можеме едноставно да го додадеме она што го сакаме за евангелието на Исус Христос на списокот на нешта што веќе сме ги споделиле?

Старешина Дитер Ф. Ухдорф објасни: „Ако некој ве праша за вашиот викенд, не двоумете се да зборувате за вашите искуства во црквата. Зборувајте за малите деца кои стојат пред собирот и пеат со голем ентузијазам за тоа како се обидуваат да бидат како Исус. Зборувајте за групата на млади која го минува времето помагајќи им на постарите во домовите за стари лица да ја состават својата лична историја.“7

Споделувањето не е поврзано со „продавање“ на евангелието. Вие не мора да напишете проповед или да исправате нечии погрешни перцепции.

Кога станува збор за мисионерска работа, Бог нема потреба вие да бидете Неговиот шериф; Меѓутоа тој бара од вас да бидете Неговиот споделувач.

Преку споделување на нашите позитивни искуства во евангелието со другите, ние земаме учество во исполнување на Спасителовата голема задача.

Поканувајте

Третата работа што може да ја направите е да поканувате.

Сестра Мајра е неодамнешна преобратеничка од Еквадор. Нејзината радост во евангелието вртоглаво порасна веднаш после крштавање кога таа ги покани пријателите и саканите околу неа преку профилот на социјалните медиуми. Многу членови на семејството и пријатели кои ги видоа нејзините објави одговорија со прашања. Мајра се поврза со нив, повикувајќи ги често дома за да се среќаваат заедно со мисионерите.

Родителите на Мајра, нејзините браќа и сестри, нејзината вујна, двајцата братучеди, и неколкумина други пријатели беа крстени бидејќи таа храбро ги покани да „дојдат и да видат,“ „да дојдат и да служат,“ и „да дојдат и да припаѓаат.“ Преку нејзините нормални и природни покани, над 20 луѓе ја прифатија нејзината покана да бидат крстени членови на Црквата на Исус Христос. Ова дојде поради тоа што Сестра Мајра едноставно ги покани другите да ја доживеат радоста што таа ја почувствува како член на Црквата.

Сестра Мајра и оние кои таа ги покани да ја доживеат евангелската радост

Има стотици покани што можеме да им ги упатиме на другите. Можеме да ги поканиме другите да „дојдат и да (ја) видат“ сакраменталната служба, активност на оддел, видео запис на интернет што го објаснува евангелието на Исус Хрисос. „Дојдете и видете“ може да биде покана да се прочита Книгата на Мормон или да посетите нов храм во време дозволено за посета, пред негово посветување. Понекогаш, поканате е нешто што го прошируваме одвнатре—покана за нас, давајќи ни свесност и визија за можностите што ни се даваат за да дејствуваме.

Во нашата дигитална ера, членовите често споделуваат пораки преку социјалните медиуми. Има стотици, ако не и илјадници на возвишувачки нешта што вие ги сметате достојни за споделување. Оваа содржина нуди покани за да „дојдете и видите,“ „дојдете и служите,“ и да „дојдете и припаѓате.“

Кога ги каниме другите да дознаат нешто повеќе за евангелието на Исус Христос, земаме учество во Спасителовиот повик да се вклучиме во работата на Неговата задача.

Заклучок

Мои сакани браќа и сестри, ние зборувавме денес за три едноставни нешта—лесни нешта—што секој може да ги направи. Нешта што вие можете да ги направите! Можеби веќе ги правите—само можеби не сте сватиле во потполност дека ги правите!

Ве повикувам да разгледате начини на кои можете да сакате, да споделувате и да поканувате. Додека го правите тоа, ќе почувствувате извесна радост знаејќи дека ги слушате зборовите на нашиот сакан Спасител.

Она што ве повикувам да го направите не е нова програма. Сте ги слушнале овие принципи и претходно. Ова не е „следната голема работа“ која Црквата бара да ја направите. Овие три нешта се само продолжение на тоа кои сме веќе како ученици на Исус Христос.

Не е потребна значка со име или буква.

Не е потребен формален повик.

Како што овие три нешта стануваат природен дел од тоа кои сме и како живееме, тие стануваат автоматски, неприсилни изрази на вистинска љубов.

Како и оние следбеници на Христос кои се собраа заедно за да учат од Него во Галилеја пред 2,000 години, и ние можеме да го прифатиме Спасителовото задолжение и да заминеме низ целиот свет проповедајќи го евангелието.

Кога сакаме, споделуваме, покануваме, ние земаме учество во таа голема и славна работа што ја подготвува земјата за враќањето на нејзиниот Месија.

За да може да го послушаме Спасителовиот повик и да се стремиме да бидеме вклучени во Неговото големо дело е мојата молитва во името на Исус Христосот, амин.

Белешки

  1. Матеј 28:19.

  2. Што беше причината за раст во првобитната Црква? Еден историчар предлага: Прво нешто што ќе доведе до сериозно испитување на природата на верата беше личниот контакт со другите верници. … Да се живее и да се работи заедно со оние кои го следат Исус, да се сведочи за нивното однесување од прва рака, и да се слуша додека тие зборуваат за евангелието среде нивните обични секојдневни активности, значи да се соочиме со доказите за променет живот. Во оваа смисла, привлечната моќ на Христијанската вера мора често да се состои не толку во јавни изјави на нејзините најистакнати претставници, колку во тивкото сведоштво на обичните поклоненици на Исус сведочејќи за кредибилноста на нивната посветеност според нивниот интегритет, постојаност и отвореност кон другите“ (Ivor J. Davidson, The Birth of the Church: From Jesus to Constantine, A.D. 30–312 , [2005], 108–9).

  3. Види Lucy Mack Smith, History, 1845, page 169, josephsmithpapers.org.

  4. Послание на Апостол Павле до Галатјаните 6:2.

  5. Види Матеј 22:39.

  6. Матеј 5:16.

  7. Dieter F. Uchtdorf, “Missionary Work: Sharing What Is in Your Heart,” Liahona, May 2019, 17.