Генерална Конференција
Но Ние Не Им Обрнуваме Внимание
Април 2022 генерална конференција


Но Ние Не Им Обрнуваме Внимание

(1 Нефи 8:33)

Заветите и обредите ни укажуваат и ни помагаат секогаш да ја запомниме нашата врска со Господ Исус Христос додека напредуваме по патот на заветот.

Мојата сопруга, Сузан, нашите три сина и нивните сопруги, сите наши внуци и Старешина Квентин Л. Кук, мојот сосед (по место на седење) во Кворумот на Дванаесетте скоро 15 години, сите тие, лесно ќе потврдат дека јас не пеам добро. Но и покрај мојот недостаток на вокален талент, јас сакам да ги пеам химните за Обновувањето. Комбинацијата на инспиративни стихови и величествени мелодии ми помага да ги научам основните принципи на евангелието и ми ја разбранува душата.

Една химна што го благослови мојот живот на извонредни начини е „Let Us All Press On,“, „Сите Храбро Напред.“ Неодамна размислував и научив одреден стих од рефренот на таа химна. „Нема да обрнуваме внимание што велат безбожните, туку само на Господа ќе му се покоруваме.“1

Нема да им обрнуваме внимание.

Кога јас ја пеам „Let Us All Press On,“, често мислам на народот од Лехиевата визија, како се пробиваат напред по патеката што води до дрвото, и не беа само „прилепени до“2 туку „постојано цврсто се држеа за железната прачка, сѐ додека не стигнаа, не попаѓаа и не го вкусија плодот од дрвото на животот.“3 Лехи го опишува мнозинството во огромната и пространа зграда што со презир го вперија „прстот на [мене] и на оние … кои беа јаделе од плодот.“4 Неговиот одговр на подбивањата и навредите е величествен и незаборавен: „Но ние не им обрнувавме внимание.“5

Се молам Светиот Дух да нѐ благослови и да нѐ просветли секој од нас додека заедно размислуваме како да зајакнеме за да „не им обрнуваме внимание“ на злобните влијанија и исмејувачки гласови на современиот свет во кој живееме.

Не Обрнува Внимание

Зборот heed предлага да се внимава на или да се обрне внимание на некого или на нешто. Така, стиховите од химната „Let Us All Press On,“, „Сите Храбро Напред“ нѐ поттикнуваат да донесеме потврдна одлука, да не обрнуваме внимание на она „што неверниците може да го кажат.“ А Лехи и мнозинството со него што го вкусија плодот од дрвото на животот обезбедуваат цврст пример за необрнување на внимание на потсмевот и презирот што толку често доаѓа од големата и просторна зграда.

Во Христовата доктрина е запишано „со Духот на живиот Бог … не на камени плочки туку на [човечки срца]“6 ја зголемува нашата способност да „не обрнуваме внимание“ на многуте одвраќања, исмејувања и одвлекувања на вниманието на отпаднатиот свет. На пример, верата во која централна фигура е Господ Исус Христос нѐ зајакнува со духовна сила. Верата во Откупителот е принцип на дејствување и моќ. Кога делуваме во согласност со вистините на Неговото евангелие ние сме благословени со духовниот капацитет да се справиме со предизвиците на смртноста додека се фокусраме на радостите што Спасителот ни ги нуди. Навистина, „ако го правиме она што е исправно не треба да се плашиме, зашто Господ, нашиот помошник, секогаш ќе биде близу.“7

Лична Поврзаност преку Завети

Влегувањето во свети завети и достојното примање на свештеничките обреди нѐ поврзува и врзува со Господ Исус Христос и Небесниот Отец.8 Ова едноставно значи дека му веруваме на Спасителот како наш Застапник9 и Посредник10 и се потпираме на Неговите заслуги, благодат и милост11 за време на животното патување. Исто како што сме цврсти во доаѓањето при Христа и во јарем со Него, ги примаме благословите на прочистување, исцелување и зајакнување на Неговото постојано и вечно Помирување12

Да се живеат и да се сакаат заветните обврски создава поврзаност со Господ што е многу лична и духовно моќна. Кога ги почитуваме условите на светите завети и уредби, постепено и бавно се приближуваме кон Него13 и учиме како Неговата божественост и животна реалност влијаат на нашите животи. Исус тогаш станува многу повеќе од централна фигура во приказните од светото писмо; Неговиот пример и учењата влијаат на секоја наша желба, мисла и постапка.

Јас искрено ја немам способност адекватно да ја опишам точната природа и моќта на нашата заветна врска со воскреснатиот и жив Син Божји. Но јас сведочам дека врската со Него и Небесниот Отец се вистински и се врвен извор на уверување, мир, радост и духовна сила што ни овозможуваат да „не се плашиме, дури и кога непријателот ја исмева таа моќ.“14 Како следбеници кои склопиле завети со Исус Христос и ги одржуваат истите, можеме да бидеме благословени да бидеме „храбри, зашто Господ е на наша страна“15 и да не обрнуваме внимание на злобните влијанија и световното потсмевање.

Кога одам во посета на членовите на Црквата ширум светот, често им го поставувам ова прашање: што ви помага да „не обрнувате внимание“ на световните влијанија, подсмевот и презирот? Нивните одговори се најпоучните.

Храбрите членови често ја нагласуваат важноста да се повикаат на моќта на Светиот Дух во нивните животи преку осмислено проучување на светото писмо, горлива молитва и соодветна подготовка за учество во сакраменталниот обред. Исто така, многу често се споменува духовната поддршка на верните членови на семејството и пријателите од доверба, важните лекции научени преку служење во Господовата обновена Црква, и способноста да се соочиме со апсолутната празнина на сето она што е во големата и пространа зграда или излегува од неа.

Забележав одредена шема во одговорите на овие членови што е особено значајна. Прво и најважно, овие следбеници имаат цврсти сведоштва за планот за среќа на Небесниот отец и улогата на Исус Христос како наш Откупител и Спасител. И второ, нивното духовно знаење и уверување се индивидуални, лични и специфични; тие не се општи и апстрактни. Ги слушам овие посветени души како зборуваат за заветите кои им даваат сила да ги надминат невољите и нивната поврзаност со живиот Господ што ги оддржува во добри и лоши времиња. За овие поединци, Исус Христос навистина е личниот Спасител.

Компас

Евангелските завети и уредби служат како компас во нашите животи. Компас е уред што се користи за одредување на кардиналните насоки за север, југ, исток и запад за навигација и географска орјентација. На сличен начин, нашите завети и обреди ни укажуваат на нашата поврзаност со Господ Исус Христос и ни помагаат секогаш да се сеќаваме на нашата врска со Господ Исус Христос додека напредуваме на заветниот пат.

Христос

Кардиналната насока за сите нас во смртноста е да дојдеме и да се усовршиме во Христа.16 Светите завети и обреди ни помагаат да го задржиме нашето внимание на Спасителот и да се трудиме, со негова благодат,17 да наликуваме на Него. Најуверливо, „невидената [моќ] ќе ми помогне мене и вам во славното застапување на вистината.“18

Држете се за Железната Прачка

Нашата заветна врска со Бога и Исус Христос е канал преку кој ние може да добиеме способност и сила да „не обрнуваме внимание.“ А оваа врска е зајакната кога постојано се држиме цврсто до железната прачка. Но кога Нефиевите браќа прашаа, Што значи железната прачка што нашиот татко ја виде … ?

„А [Нефи]име рече дека тоа е Божјото слово; И кој и да го послуша Божјото слово, и цврсто се држи до него, никогаш нема да настрада; ниту би можел да биде совладан и заслепен од распалените стрели на противникот, што би ги довеле до уништување.“19

Ве молам имајте предвид дека способноста да се одолее на искушенијата и огнените стрели на противникот им е ветена на оние поединци кои „цврсто се држат“ наместо „само да се држат“ до Божјото слово.

Интересно, но Апостолот Јован го опишува Исус Христос како Словото.20

„На почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. …

„Сѐ стана преку Него и без него ништо не стана, од она што постана. …

„И Словото стана тело и се весели меѓу нас, (и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот,) полно со благодат и вистина.”21

Затоа, едно од имињата на Исус Христос е „Словото.“22

Освен тоа, осмата Поставка на верата изјавува, „Веруваме дека Библијата е Словото Божје доколку е точно преведена; а веруваме и дека Книгата на Мормон е словото Божје.“23

Така, учењата на Спасителот, запишани во светото писмо се исто така „словото.“

Дозволете ми да предложам дека држењето цврсто до словото Божје повлекува (1) сеќавање, почитување и зајакнување на личната врска што ја имаме со спасителот и Неговиот Отец преку заветите и обредите на обновеното евангелие и (2) молитвено, искрено и доследно користење на светите писма и учењата на живите пророци и апостолите како сигурен извор за библиската вистина. Кога ние сме врзани и „цврсто се држиме“ до Господ и сме преобразени живеејќи според Неговите учења,24 ветувам дека ќе бидеме благословени секој од нас поединечно и колективно да „стоиме на светите места, непоколебливо.“25 Ако останеме во Христа, тогаш и Тој ќе ни се придружи и ќе оди со нас.26 Секако, „во судните дин неговите Светци ќе се развеселат, и успешно ќе ја застапуваат вистината.”27

Сведоштво

Притиснете. Држете се цврсто Не обрнувајте внимание

Јас сведочам дека верноста кон заветите и обредите на обновеното евангелие на Спасителот ни овозможува да продолжиме напред во Господовото дело, да се држиме цврсто за Него како Божјото слово, и да не обрнуваме внимание на привлечноста на противникот. Во борбата за права, нека секој од нас ракува со меч, дури и „со моќниот меч на вистината,“28 во светото име на Господ Исус Христос, амин.