Генерална Конференција
Скалила на Верата
Април 2022 генерална конференција


Скалила на Верата

Неверувањето ја блокира нашата способност да ги видиме чудата, додека начинот на размислување за верата во Спасителот ги отклучува силите на небото.

Како животните предизвици влијаат на нашата вера во Исус Христос? И каков ефект нашата вера ќе има на радоста и мирот што го доживуваме во овој живот?

Годината беше 1977. Телефонот заѕвони, а пораката ни ги раскина срцата. Каролин и Даг Тебс беа во процес на преселба во нивниот нов дом после завршување на постдипломските студии. Кворумот на старешини дошол да го натовари комбето за селидба. Даг, откако се увери дека патеката е чиста пред излегување, го фрли последниот поглед. Она што не го виде беше неговата мала ќерка Џени, која истрча позади камионот во погрешен момент. Во еден миг, нивната сакана Џени ја снема.

Што би се случило следно? Дали болката што толку силно ја чувствуваа и назамисливото чувство на загуба создадоа непомирлива бездна помеѓу Каролин и Даг, или пак таа некако би ги споила нивните срца и би ја зацврснала нивната вера во планот на Небесниот Отец?

Патот низ нивните маки беше долг и болен, но од некаде пристигнаа духовните резерви да не се губи надеж, туку да „се држат до [нивниот] пат.“1 Некако оваа неверојатна двојка стана уште повеќе Христолика. Стана попосветена. Посочувствителна. Тие веруваа дека, во Негово време, Бог ќе ги освети нивните маки во нивна корист.2

Иако болката и загубата не сакаше и не можеше целосно да исчезне, Керолин и Даг беа утешени од сознанието дека, нивната Џени ќе остане нивна засекогаш, доколку цврсто останат на заветниот пат .3

Нивниот пример ја зајакна мојата вера во Господовиот план. Ние не ги гледаме сите нешта. Тој ги гледа. Господ му кажа на Џозеф Смит во затворот „Либерти“ дека „преку сите овие нешта ќе стекнеш искуство, и ќе биде за твое добро. Синот Човечки се спушти под сето тоа. Зарем си ти поголем од Него?“4

Кога ја прифаќаме Господовата волја, Тој не поучува како да одиме со Него.5 Како млад мисионер кој служи во Тахити, бев замолен да опслужам болно бебе. Ги положивме рацете на неговата глава и го благословивме за да му биде подобро. Неговото здравје почна да се подобрува, но потоа тој повторно се разболе. По втор пат го благословивме но резултатот беше ист. Стигна и трето барање. Пледиравме заедно со Господ за да Неговата волја биде извршена. Кратко потоа, овој мал дух се врати во неговиот небесен дом.

Но, ние бевме во мир. Сакавме новороднечето да живее, но Господ имаше други планови. Прифаќањето на Неговата волја на место нашата е клучот за наоѓање радост без разлика на околностите.

Едноставната вера што ја имаме во Исус Христос кога започнуваме да учиме за Него може да остане во нашите срца кога им се спротивставуваме на животните предизвици. Нашата вера во Него може и ќе не води низ комплексноста на животот. Навистина, ќе откриеме дека има едноставност од другата страна на комплексноста на животот6 како што остануваме “[со постојаност] во Христа, имајќи совршен отсјај на надеж.“7

Дел од целта на животот е да се дозволи овие потенцијални камења на сопнување да станат отскочни-камења додека се качуваме по она што јас го нарекувам „скалила на верата“—скалила зашто сугерира дека верата не е статична. Таа може да оди нагоре или надолу според изборите што ги правиме.

Додека се трудиме да ја изградиме верата во Спасителот, можеби нема целосно да ја разбереме Божјата љубов кон нас, и може да се покоруваме на неговите закони од чувство на обврска. Вината може дури да стане нашиот основен мотиватор наместо љубовта. Можеби сѐ уште не е доживеана вистинската врска со Него.

Кога бараме да ја зголемиме нашата вера, може да сме збунети од она за што Јаков поучувал. Тој нѐ потсети дека „верата без дела е мртва.“8 Ние може да сопнеме ако мислиме дека сѐ зависи од нас. Прекумерната зависност од нас самите може да ја попречи нашата способност за пристап до небесните сили.

Но кога се приближуваме кон вистинската вера во Исус Христос, нашиот начин на размислување почнува да се менува. Препознаваме дека послушноста и верата во Спасителот нѐ квалификуваат да го имаме Неговиот Духот секогаш да биде со нас.9 Послушноста повеќе не е непријатна, туку станува трагање.10 Препознаваме дека послушноста кон Божјите заповеди ни овозможува да имаме доверба во Него. Со Неговата доаверба доаѓа зголемена светлина. Оваа светлина го води нашето патување и ни дозволува да видиме појасно кој пат да го фатиме.

Но, има уште нешто. Како што нашата вера во Спасителот се зголемува, забележуваме суптилна промена што вклучува божествено разбирање за нашиот однос со Бога—стабилно оддалечување од „Што сакам?“ приближување до „Што Бог сака?“ Како Спасителот, сакаме да дејствуваме „не по моја волја , туку по Твоја.“11 Ние сакаме да го вршиме Божјото дело и да бидеме инструмент во Неговите раце.12

Нашиот напредок е вечен. Претседателот Расел М. Нелсон има поучувано дека постои уште толку многу што Небесниот Отец сака да знаеме.13 Како што напредуваме, подобро разбираме што Господ го научи Џозеф Смит: „Зашто ако ги одржувате моите заповеди ќе примите од неговата целосност, и ќе се прославите во мене; … ви велам, ќе примите милост за милост.”14

Колку високо ќе се искачиме на скалилата на верата е наша одлука. Старешина Нил Л. Андерсен почуваше дека, „верата не е случајна, туку според избор.“15 Можеме да избереме да ги донесеме потребните одлуки за да ја зголемиме нашата вера во Спасителот.

Размислете за влијанието на одлуките што ги носиме кога Ламан и Лемуил се спуштаа по скалата на верата додека Нефи се искачуваше повисоко. Постои ли појасно претставување отколу разликата помеѓу Нефиевиот одговор за „Јас ќе одам и ќе направам“16 наспроти Ламан и Ламуил, кои штотуку виделе ангел, одговарајќи со „Како е можно Господ да избави?“17

Неверувањето ја блокира нашата способност да ги видиме чудата, додека начинот на размислување за верата во Спасителот ги отклучува силите на небото.

Дури и кога нашата вера е слаба, Господовата рака секогаш ќе биде подадена.18 Пред години, добив задача да реорганизирам кол во Нигерија. Во последен момент, имаше промена во датумот. Имаше еден човек во колот кој одлучи да го напушти градот на датумот кога се одржуваше првата конференција. Не сакаше да ризикува да биде повикан како претседател на кол.

Додека беше отсутен, доживеа страшна нереќа, но останал неповреден. Ова предизвика да размисли зошто неговиот живот е поштеден. Тој повторно ја разгледа одлуката што ја донесе. Се покаја и понизно учествуваше на конференцијата на новиот датум. И да, беше повикан да биде новиот претседател на кол.

Старешина Нил А. Максвел поучуваше: „Само доколу ја усогласиме нашата воља со Божјата ќе се пронајде целосна среќа. Сѐ поинаку резултира со добивање помал дел.“19

Откако ќе направиме „сѐ што е во наша моќ,“ тогаш е време да „застанеме мирно … за да го видиме спасението на Бога.“20 Ова го видов додека служев како брат на служба на семејството МекКормик. Во брак 21 година, Мери Кеј служела верно на нејзините повици. Кен не беше член на Црквата ниту пак имаше интерес да стане, но сакајќи ја сопругата, тој избра да присуствува во црквата со неа.

Една недела се чувствував импресиониран да го споделам моето сведоштво со Кен. Го прашав дали би можел да го сторам тоа. Неговиот одговор беше едноставен и јасен: „Не, благодарам.“

Бев збунет. Почувствував поттик и се обидував да го следам. Беше примамливо да се одлучи дека сум го направил мојот дел. Но по молитва и размислување, увидов дека иако моите намери беа исправни, јас премногу се потпрев на себе а премалку на Господ.

Подоцна, се вратив, но со поинаков став. Јас едноставно би настапил како инструмент во Господовите раце, без друга желба освен да го следам Духот. Заедно со мојот верен придружник, Џералд Кардон, влеговме во домот на МекКорник.

Набргу потоа, бев поттикнат да го поканам Џералд да ја испееме химната „I Know That My Redeemer Lives.“21 Тој ме погледна прашално, но верувајќи на мојата вера, тој запеа. Прекрасен Дух ја исполни просторијата. Инспирацијата ги покани, Мери Кеј и Кристин, нивната ќерка, да ги споделат своите сведоштва. Додека тие го правеа тоа, Духот стана посилен. Всушност, по сведоштвото на Кристин, течеа солзи по образите на Кен.22

Бог превзеде. Срцата не беа само допрени туку се променија засекогаш. Дваесет и една година неверување беа испрани од моќта на Светиот Дух. Една недела подоцна, Кен беше крстен. Една година подоцна, Кен и Мери Кеј беа запечатени во куќата на Господ времено и за вечноста.

Заедно доживеавме што значи да се замени нашата волја со Господовата, и нашата вера во Него се зголеми.

Ве молам размислете за неколку прашања поставени од Божјите пророци додека се трудите да се качувате по скалилата на верата:

Дали сум лишен од гордоста?23

Дали оставам простор во моето срце за словото на Бога?24

Дали дозволувам моите маки да бидат осветени во моја корист?25

Дали сум согласен да дозволам мојата волја да биде проголтана од волјата на Отецот?26

Ако сум почувствувал да ја пеам песна за љубовта на искупителот,, може ли да се чувствувам така сега?27

Дозволувам ли Бог да надвладее во мојот живот?28

Ако откриете дека вашиот сегашен пат е во конфликт со вашата вера во Спасителот, тогаш ве молам, вратете се на Неговиот пат. Вашето возвишување и возвишувањето на вашето потомство зависат од тоа.

Да го засадиме семето на верата длабоко во нашите срца. Да го негуваме ова семе кога се сврзуваме со Спасителот почитувајќи ги заветите што сме ги склопиле со Него. Во името на Исус Христос, амин.