Генерална Конференција
Сталожено во Бури
Април 2022 генерална конференција


Сталожени во Бури

Кога бурите во животот доаѓаат, вие може да бидете сталожени бидејќи стоите на карпата од вашата вера во Исус Христос.

Почитувани мои браќа и сестри, денес сме благословени да слушаме инспирирани слуги на Бога како дават совет и охрабрување. Секој од нас, каде и да е, знае дека ние живееме во сѐ поопасни времиња. Мојата молитва е да можам да ви помогнам да стоите стабилно и со мирољубиво срце во бурите со кои се соочуваме.1

Местото од каде ќе почнеме е сеќавањето дека секој од нас е саканото Божје чедо и дека Тој има инспиративни слуги. Овие Божји слуги ги предвидоа времињата во кои ние живееме. Апостол Павле му пиша на Тимотеј, „Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња.“2

Секој што има очи за да ги види знаците на времињата и уши за да ги чуе зборовите на пророците знае дека тоа е вистина. Ризиците од најголемата опасност доаѓаат до нас од силите на порочност. Овие сили се зголемуваат. И така ќе стане уште потешко, не полесно, да се почитуваат заветите што мора да ги склопиме и да продолжиме да го живееме евангелието на Исус Христос.

За оние од нас кои се загрижени за себе и за оние кои ги сакаме, има надеж во ветувањето што Бог го даде за место за безбедност во бурите што претстојат.

Еве една слика со зборови за тоа место. Таа е постојано опишувана од живите пророци. На пример, како што е запишано во Книгата на Мормон, еден инспириран и љубезен татко им кажува на неговите синови како да зајакнат и да останат сталожени во бурите што претстојат пред нив: „А сега, мои синови, запамтете, запамтете дека она што е врз карпата на нашиот Откупител, кој е Христос, Синот на Бог, дека вие мора да соѕидате сопствена основа; за да кога ѓаволот ќе ги испрати своите јаки ветрови, да, своите стрели во виорот, да, кога целиот негов град и јака бура удрат по вас, нема да можат да имаат никаква моќ над вас и да ве повлечат надолу во бездната на бедата и бесконечното лелекање, поради карпата на која сте соѕидани, која е стабилен темел, … од кој ако луѓето се изградени нема да можат да паднат.“3

Мизеријата и бескрајната несреќа за која тој зборува се ужасните последици од гревовите доколку целосно не се покаеме за нив. Растечките бури се искушенијата и зголементите напади на Сатаната. Никогаш не било поважно отколку што е тоа сега да се разбере како да се гради врз таа сигурна основа. За мене, нема постои подобро место да се побара отколку во последната проповед на Царот Бенџамин, исто така запишана во Книгата на Мормон.

Пророчките зборови на Царот Бенџамин се применливи за нас во наше време. Тој ги знеше од сопствено искуство ужасите на војната. Ги одбрани своите луѓе во борба, потпирајќи се на моќта на Бога. Тој јасно ги увиде ужасните моќи на Луцифер да искушува, да се обиде да надминува, и да ги обесхрабри Божјите чеда.

Го покани неговиот народ и нас да градиме врз единствената сигурна карпа на безбедност, а тоа е Спасителот. Јасно ни стави до знаење дека имаме слобода да избереме помеѓу доброто и лошото и дека не можеме да ги избегнеме последиците од нашите избори. Зборуваше директно и остро бидејќи знаеше дека ќе се растажат оние кои можеби нема да ги слушнат и да ги послушаат неговите предупредувања.

Еве како тој ги опишува последиците што следат од нашиот избор или да го следиме поттикнувањето од Духот или да ги следиме злите пораки што доаѓаат од Сатаната, чија намера е да искушува и да нѐ уништи:

„Зашто ете, има неволја изречена на оној кој ќе одбере да го послуша тој [злобен] дух; зашто ако сака да му се покорува и останува и умира во своите гревови, истиот пие од проклетството на сопствената душа; затоа што добива вечна казна за својата плата, откако го престапи Божјиот закон против свое знаење. …

„Затоа доколку не се покае тој човек и не остане и не умре како непријател на Бога, барањата на божествената правда поттикнуваат во неговата бесмртна душа живо чувство на сопствена вина, а тоа е причината да се притесни присуството Господово, а тоа му ги исполнува градите со вина, болка, јад, што е како неизгаслив оган, чии пламен се издигнува засекоаш и секогаш.“

Царот Бенџамин продолжи да вели, „О, сите вие старци, а и вие момчиња и вие дечиња кои може да ги разберете моите зборови, бидејќи јасно ви зборувам за да ме разберете, се молам за да ви се разбудат сеќавањата на ужасната ситуација на оние кои паднале во престап.“4

За мене, моќта на тоа предупредување да се покаам создава во мојот ум слика на едно сигурно време кога вие и јас ќе застанеме пред Спасителот после овој живот. Со сето наше срце да не трепнеме, туку да погледнеме во Него, да ја видиме Неговата насмевка, и да слушнеме како Тој вели, „Убаво, добар и верен слуго: … влези [во]радоста на својот господар.“5

Царот Бенџамин става јасно до знаење како може да добиеме надеж дека ќе ги чуеме овие зборови ако најдеме начин во овој живот да ја смениме нашата природа преку Помирувањето на Исус Христос. Тоа е единствениот начин на кој ние може да градиме врз цврста основа и да застанеме цврсто за време на бурите од искушенија и испити што ни претстојат. Царот Бенџамин ја опишува таа промена во нашата природа со една убава метафора што секогаш го допирала моето срце. Ја користат пророците со милениуми а и Самиот Господ. Тоа е ова: ние мора да станеме како дете—мало дете.

За некои, тоа нема да биде лесно да се прифати. Повеќето од нас сакаат да бидат силни. Ние можеби добро приметуваме дека да се биде дете значи да се биде слаб. Најголем број родители со нетрпение го очекуваат денот кога нивните деца ќе се однесуваат помалку детски. Но Царот Бенџамин, кој сватил како и секој смртен човек што значи да се биде човек со сила и храброст, става јасно до знаење дека да се биде дете не значи да се однесувате детски. Тоа е да се биде како Спасителот, кој го молел Својот Отец за сила за да биде способен да ја извршува Неговата волја и да се искупи за гревовите на сите чеда на Неговиот Отец а потоа да ја изврши. Нашата природа мора да се менува за да станеме како чедо, да ја стекнеме потребната сила за да стоиме сталожено и мирно во времиња на опасност.

Еве го вознемирувачкиот опис на Царот Бенџамин за тоа како се случува оваа промена: „Зашто природниот човек е непријател на Бог, и така било од падот на Адам, и ќе биде, секогаш и засекогаш, освен ако не се предаде на убедувањата на Светиот Дух, и не го остави природниот човек и стане светец преку помирувањето на Христос Господ, и стане како дете покорен, питом, понизен, трепелив, полн со љубов, подготвен да се потчини на се што Господ смета дека е соодветно да му го наметне, уште како дете му се потчинува на својот татко”6

Ја примаме таа промена кога склопуваме и ги обновуваме заветите со Бога. Тоа овозможува моќта на Христовото Помирување да дозволи трансформација во нашите срца. Тоа го чувствуваме секогаш кога ќе земеме причест, изведуваме храмски обред за заминатиот предок, кога сведочиме како сведок за Спасителот, или се грижиме за некој кој има потреба од тоа како Христосов ученик.

Во тие искуства, од време навреме стануваме како дете во нашата способност да сакаме и да се покоруваме. Дојдовме за да застанеме на сигурна основа. Нашата вера во Исус Христос нѐ води кон покајание и до одржување на Неговите заповеди. Ние се покоруваме, стекнуваме моќ да им одолееме на искушенијата и се стекнуваме со ветената придружба од Светиот Дух.

Нашата природа се менува за да стане како мало дете, послушно кон Бога и посрдечно. Таа промена ќе не квалификува да уживаме во дарбите што доаѓаат преку Светиот Дух. Имајќи ја придружбата на Светиот Дух ни дава утеха, водство и нѐ зајакнува.

Дознав малку од мислите на Царот Бенџамин кога вели дека би можеле да станеме како мало дете пред Бога. Од многу искуства дознав дека Светиот Дух најчесто зборува со тивок глас, најлесно слуша кога нечие срце е кротко и покорно, како она на едно дете. Всушност, молитвата која успева е „Го сакам само она што Ти го сакаш. Само кажи ми што е тоа. Јас ќе го направам

Кога бурите во животот доаѓаат, вие може да бидете стабилни бидејќи стоите врз карпата од вашата вера во Исус Христос. Таа вера ќе ве одведе до секојдневно покајание и конзистентност при одржување на заповедите. Тогаш вие секогаш ќе Го паметите. И низ бурите на омраза и порочност, ќе се чувствувате стабилно и надежно.

И повеќе од тоа, ќе се најдете себе си како допирате за да воздигнувате други до безбедност на карпата со вас. Верата во Исус Христос секогаш води до поголема надеж и кон чувства на милосрдие кон другите, што е вистинската љубов на Христос.

Го давам моето свечено сведоштво дека Господ Исус Христос ви ја има упатено поканата „Дојдете кај мене.“7 Тој ве повикува, од љубов кон вас и оние што ги сака, да дојдете кај него за мир во овој живот и вечен живот во светот што доаѓа. Тој совршено ги знае бурите со кои ќе се соочувате на судниот ден како дел од планот за среќа.

Пледирам со вас да ја прифатите Спасителовата покана. Како кротко и љубезно дете, прифатете ја Неговата помош. Склопувајте и одржувајте ги заветите што Тој ги нуди во Црквата на Исус Хритос од Подоцнежните Дни. Тие ќе ве зајакнат. Спасителот ги знае бурите и местата за безбедност на патот дома кон Него и кон нашиот Небесен Отец. Тој го знае начинот. Тој е Патот. Јас така сведочам во светото име на Исус Христос, амин.