Извештај на Црковниот Оддел за Ревизија, 2021
До Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.
Почитувани Браќа: Водени од откровение, како што е запишано во поглавје 120 од Doctrine and Covenants, Советот за распределба на десеток—составен од Првото Претседателство, Кворумот на Дванаесетте Апостоли, и Претседавачката Епископија—го одбрува трошењето на црковните средства. Црковните единици исплаќаат средства во согласност со одобрените буџети, политики, и процедури.
Црковната Ревизија, што се состои од овластени стручни лица и е независна од останатите црковни оддели и единици, има одговорност да извршува ревизии со цел да се обезбеди разумна гаранција во врска со примените придонеси, направените трошоци и заштита на имотот на Црквата.
Врз основа на извршените ревизии, Црковната ревизија е на мислење дека, според сите матерјални аспекти, примените придонеси, направените расходи и имотот на Црквата за 2021 година, се заведени и администрирани во согласност со црковно-одобрените буџети, сметководствените практики, и политиките. Црквата ги следи практиките што ги учат нејзините членови како да живеат во рамки на буџетот, да избегнуваат долгови, и да штедат во случај на потреба.
Со почит испратено,
Црковен Оддел за Ревизија
Џаред Б. Ларсон
Генерален Директор