Генерална Конференција
Дали планот се остварува?
Април 2022 генерална конференција


Дали планот се остварува?

Јас сведочам дека планот за среќа се остварува. Беше создаден од вашиот Небесен Отец, кој ве сака.

Дали планот се остварува?

Неодамна разговарав со еден млад возрасен човек кој ја отслужил својата мисија пред неколку години а сега е посветен на својата професија. На некој начин, животот му одеше добро. Но неговата вера беше во опаѓање. Беше потонат во морето на сомнеж за Спасителот и Неговата Црква. Ни објасни дека не ги добива благословите што ги очекувал од обновеното евангелие. Тој не чувствуваше дека планот за среќа функционира во неговиот живот.

Мојата порака денес е до сите оние кои можеби имаат слични чувства. Им зборувам на оние кои едно време „почувствувале дека ја пеат песната за откупителната љубов“ но не „го чувствуваат тоа сега.“1

Нашиот Небесен Отец подготви прекрасен план за нашата вечна среќа. Но кога животот не се расплетува на начинот на кој се надевавме, може да ни изгледа дека планот не функционира.

Можеби се чувствуваме на начин на кој Исусовите следбеници се чувствуваа кога се нашле во коработ, „среде море а брановите го удираа: зашто ветрот дуваше спротивно.“2

Тогаш, многу рано наутро:

„Дојде Исус кај нив, одејќи по морето.

„А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија, … и извикаа од страв.

„Но, Исус веднаш им прозборе, велејќи, Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“.

„А Петар одговарајќи му рече, Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“

„И Исус му рече, Дојди. Па штом излезе од коработ Петар, тргна по водата за да дојде кај Исуса.

„Но кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика, … Господи, спаси ме.

„Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече, Ништожнику, зошто се посомнева?“3

Можам ли да ги споделам трите принципи што ги научив од Петар? Се молам овие принципи да му помогнат на секој кој чувствува дека планот за среќа не функционира во нивните животи.

Прво, дејствувајте според верата во Исус Христос.

Импресиониран сум од верата на Петар. На Исусовата едноставна покана да „дојде,“ тој го остави својот сплав фрлен од бурата. Се чинеше дека знаеше дека ако Исус Христос побарал од него да направи нешто, тој — можеше да го направи тоа.4 Петар му верувал на Спасителот повеќе отколку што му верувал на својот сплав. И дека верата му дава моќ да дејствува со храброст за време на стресни, застрашувачки ситуации.

Петровата вера ме потсетува на едно доживување за кое слушнав од Старешина Хозе Л. Алонсо. Кратко откако почина неговиот син, оставајќи семејство со мали деца, Старешина Алонсо наслушна што зборуваат децата.

„Што ќе правиме?“ запрашаа тие.

Девет-годишната ќерка одговори, „Тато е ОК. Тој проповеда за евангелието на Исус Христос.“

Како и Петар, ова мало девојче гледаше над нејзините тешкотии и веруваше во Исус Христос и Неговото Помирување. Верата во Спасителот носи мир и сила де се оди напред.

Ако погледнете наназад во вашиот живот, верувам дека ќе видите дека многупати сте практикувале вера. Самото приклучување кон Црквата претставува чин на вера. Зборувањето со Небесниот Отец во молитва е чин на вера. Читањето на светите писма е чин на вера. Слушањето на мојата порака од оваа генерална конференција е чин на вера. Како што Претседателот Расел М. Нелсон рече, „Не ја потценувајте верата што веќе ја имате.“5

Друга лекција што ја научив од Петар е оваа:

Во време на невољи, свртете се веднаш кон Исус Христос.

Кога се приближил до Спасителот, Петар се исплашил од ветрот и почнал да тоне. Но, кога Петар сватил што се случува, тој не се обидел да гази сам по водата или да заплива назад до коработ. Наместо да се откаже од верата во Христа, тој се држел до неа уште поцврсто, извикувајќи, „Господе, спаси ме.“

„А Исус веднаш му подаде рака, и го фати.“6

Сите ние се соочуваме со спротивни ветришта што може да ја потресат нашата вера и да предизвикаат таа да потоне. Кога ова ќе се случи, ве молам запамтете дека планот за среќа на Небесниот Отец има друго име—план за откуп. Планот не беше за ние лесно да се пробиваме во животот, никогаш да не се препнеме, никогаш да не потонеме, да имаме секогаш присутна насмевка на нашето лице. Небесниот Отец знаеше дека ќе треба да бидеме откупени. Ова е причината поради која Тој подготвил план за откуп.7 Ова е причината поради која Тој испратил Откупител. Кога се бориме—од било која причина—тоа не значи дека планот не Функционира. Тогаш ни е најпотребен планот!

Во тие моменти, следете го примерот на Петар. Свртете се кон Спасителот веднаш.

„Сега е времето и денот за ваше спасение. … Не го одложувајте денот на вашето покајание.“8

Без разлика каде сме и каде сме биле, покајанието е патот напред. Претседателот Расел М. Нелсон не поучи:

„Нема ништо послободно, пооблагодарувачко, или поклучно за нашиот личен напредок отколку што е тоа редовното, секојдневно насочување кон покајанието. …

„Без разлика дали вредно се движите по заветниот пат, се препнавте или отстапивте од него или пак не можете да го видите патот од онаму каде што се наоѓате, пледирам кон вас да се покаете. Почувствувајте ја зајакнувачката моќ од секојдневното покајание—од правењето или станувањето малку подобар секој ден.“9

Доаѓањето кај Христос значи повеќе отколку само размислување за Него или зборување за Него или дури Неговот сакање. Тоа значи Негово следење. Тоа значи живеење на начин на кој Тој нѐ поучува да живееме. А за сите нас, тоа значи покајание, без одложување.

Една од моите ќерки работеше во центарот за обука на мисионери. Ми раскажа за еден старешина кој ѝ се доверил дека не е сигурен дали Книгата на Мормон е вистина. Се молел постојано за духовно сведоштво, но не добивал одговор.

Мојата ќерка се молела за да знае што треба да направи за да му помогне на овој мисионер. Впечатокот што го добила беше дека светите писма не ни биле дадени само за да ги читаме за да стекнеме сведоштво; тие ни се дадени и за да нѐ поучат да ги одржуваме заповедите од Бога. Мојата ќерка ја споделила оваа мисла со мисионерот.

Подоцна, таа го видела повторно овој мисионер, кој изгледал многу посреќно. Тој и кажал дека конечно добил сведоштво дека Книгата на Мормон е вистина. Тој знаел дека ова сведоштво дошло бидејќи тој вложил поголем напор да го прави она на што Книгата на Мормон поучува.

Ајде да го следиме примерот на Петар на свртување кон Спасителот во време на неволја. Следете го Исус Христос наместо да се ослонувате на вашата сопствена мудрост и сила. Без ралика колку долго сте се обидувале да газите по водата без Него, никогаш не е доцна да посегнете по Него. Планот функционира!

Третиот принцип што го научив од Петар и неговото искуство е овој:

Понизете се себе си пред Господа, а тој ќе ве воздигне до поголеми нешта.

Петар покажал вера, и во одењето по водата и по посегањето по Спасителот кога му беше потребна помош. Дури и тогаш, Спасителот видел потецијал во Петар за уште повеќе нешта. „Маловернику, рече Тој, зошто се посомнева?“10

Петар можеше да се навреди поради ова обвинение. Но, тој го прифати понизно. Тој продолжи да бара поголема вера во Исус Христос. Низ многу дополнителни искуства за градење вера—некои од нив многу, многу тешки—Петар на крајот стана цврстиот водач што на Господ му беше потребен да биде. Тој постигна одлични работи во служба на Господа.

Кои одлични работи Господ сака да ги постигнете? Во Неговата Црква и царство, има многу можности за служење на другите на начин на кој Исус служел. Тој сака да бидете дел од Неговото големо дело. Планот за среќа никогаш нема да ви стане пореален отколку кога им помагате на другите да го живеат.

Во градењето на мојата сопствена вера, овие зборови на Алма ми го променија животот: „Благословени се оние кои себе си се покоруваат без да бидат принудени на понизност.“11 Понизно да се ставиме во позиција каде Исус Христос може да не воздига, да не води, и да го извлече најдоброто од нашите можности.12

Јас сведочам дека планот за среќа се остварува. Беше создаден од вашиот Небесен Отец, кој ве сака. Се остварува зашто Исус Христос го надминал гревот и смртта преку Неговото Помирување. Дојдете кај Него, следете Го, и “веднаш големиот план за искупување ќе ви биде достапен.“13 Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Алма 5:26.

  2. Матеј 14:24. Има многу нешта за модерниот живот што се во спротивност со начините да се биде следбеник на Исус Христос. Живееме во денот за кој Спасителот предвиде, кога „сите нешта ќе биде во немир; и секако, човечките срца ќе ги изневерат“ (Doctrine and Covenants 88:91; види исто Doctrine and Covenants 45:26).

  3. Матеј 14:25–31.

  4. Види 1 Нефи 3:7.

  5. Russell M. Nelson, “Christ Is Risen; Faith in Him Will Move Mountains,” Liahona, May 2021, 104.

  6. Матеј 14:30–31.

  7. Старешина Лин Г. Робинс поучуваше: „Покајанието е Божјата секогаш достапна дарба што ни дозволува и ни овозможува да одиме од грешка во грешка без да изгубиме ни малку од ентузијазмот. Покајанието не е Неговиот резервен план во случај да не успееме. Покајанието е Негов план, знаејќи дека ние ќе го направиме тоа. Ова е евангелието на покајание“ („Until Seventy Times Seven,“ Liahona, May 2018, 22).

  8. Алма 34:31, 33.

  9. Russell M. Nelson, „We Can Do Better and Be Better,“ Liahona, May 2019, 67.

  10. Матеј 14:31.

  11. Алма 32:16.

  12. Господ кажа, „Никој не може да помага во оваа работа освен оној кој ќе биде понизен и полн со љубов“ (Doctrine and Covenants 12:8).

  13. Алма 34:31.