Генерална Конференција
Нашиот Однос со Бога
Април 2022 генерална конференција


Нашиот Однос со Бога

Без разлика што може да донесе нашето смртно искуство, можеме да му веруваме и да пронајдеме радост во Бога.

Како и Јов во Стариот завет, во време на страдања некои можеби чувствуваат дека Бог ги напуштил. Бидејќи ние знаеме дека Бог ја има моќта да спречи или отстрани било каква неволја, може да се најдеме пред искушение да се жалиме ако Тој тоа не го стори, можеби се прашуваме, „Ако Бог не ми ја даде помошта за која се молам, како можам да имам доверба во Него?“ Во еден момент во неговите интензивни искушенија, праведниот Јов рекол:

„Знајте дека Бог ме собори и со мрежата своја ме обвитка.

„Иако плачам, ‘Ми згрешиле!’ И никој не слуша; врескам, и правда нема.“1

Во Неговиот одговор кон Јов, Бог бара, “дали ќе ме осудиш за да ти бидеш праведен?”2 Или со други зборови, „Дали воопшто сакаш да ме ставиш во погрешното? Да ме обвиниш Мене, а себе си да се оправдаш?”3 Јехова на сила го потсетува Јов за Неговата семоќност и сезнаење, а Јов во најдлабока понизност признава дека Тој не поседува ништо што е дури и блиско до знаењето, моќта, и праведноста Божја и не може да застане во осуда на Семоќниот:

„Знам дека ти сѐ можеш да направиш сѐ,“ рече тој, „и дека ниедна мисла не може да ти биде ускратена.

„… Јас говорев она што не го разбирав; за чудни дела што не ги знаев. …

„Затоа, јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.“4

На крајот, Јов беше привилегиран да го види Господ, и „ги благослови Бог последните денови на Јов повеќе од претходните.“5

Навистина е глупо за нас со нашата смртна миопичност да претпоставуваме и да му судиме на Бога, да помислиме, на пример, „Јас не сум среќен, затоа Бог сигурно направил нешто погрешно.“ Нам, Неговите смртни деца во отпаднатиот свет, кои знаат многу малку за минатото, сегашноста, и иднината, Тој ни изјавува, „Сите нешта сe присутни кај мене, зашто јас сите ги знам.“6 Јаков мудро предупредува: „Не настојувајте да го советувате Господа, туку прифатете совет од неговите раце. Зашто ете, и сами знаете дека тој советува во мудрост, и во правда, и во голема милост, над сите дела негови.“7

Некои погрешно ги сваќаат Божјите ветувања што значи дека покорноста кон Него ќе даде конкретни резултати според утврден распоред. Можеби мислат, „Ако јас вредно ја отслужам својата полновремена мисија, Бог ќе ме благослови со среќен брак и деца,“ или „Ако се воздржам од училишна работа на Сабат, Бог ќе ме благослови со добри оценки,“ или „Ако плаќам десеток, Бог ќе ме благослови со таа работа што ја посакувам.“ Ако животот не испадне точно на овој начин или според очекуваниот распоред, тие може да се чувствуваат предадени од Бога. Но нештата не се така механички во божествената економија. Не треба да го сметаме Божјиот план како космички автомат каде ние (i) го избираме посакуваниот благослов, (ii) ги вметнуваме потребната сума на добри дела, и (iii) нарачката е навремено испорачана.8

Бог навистина ќе ги почитува Неговите завети и ветувања за секој од нас. Не треба да се грижиме за тоа.9 Искупителната моќ на Исус Христос—кој се спушти под сите нешта а потоа се искачи на високо10 и кој ја поседува сета моќ на небото и на земјата11—осигурува дека Бог може и ќе ги исполни Своите ветувања. Од суштинско значење е да ги почитуваме и да се покоруваме на Неговите закони, но не секој благослов што е заснован на почитување на законот12 е обликован, дизајниран и темпиран според нашите очекувања. Ние даваме сѐ од себе но мора да Му дозволиме да управува со временските и духовните благослови.

Претседателот Брингам Јанг објасни дека неговата вера не е изградена на конкретни резултати или благослови туку на неговото сведочење и односот што го воспоставил со Исус Христос. Тој вели: „Мојата вера не е поставена врз основа на Господовото работа на морските острови, врз основа на неговото носење на луѓе тука, …ниту според благословите што им ги дал на овој или оној народ, ниту пак врз основа на тоа дали сме благословени или не, туку мојата вера е поставена врз Господ Исус Христос, и моето знаење јас го добивам од него.“13

Нашето покајание и послушност, нашата служба и жртвување дела се важни. Сакаме да бидеме помеѓу оние опишани од Етер како луѓе кои „секогаш изобилуваат со добри дела.“14 Но не е тоа толку поради некои податоци што се чуваат во небесните сметководствени книги. Овие нешта се важни затоа што нѐ вклучуваат во Божјата работа и се средство преку кои ние соработуваме со Него во нашата сопствена трансформација од природен човек до светец.15 Она што нашиот Небесен Отец го нуди, е Самиот Тој и неговиот Син, еден близок и траен однос со Нив, преку благодат и посредништво на Исус Христос, нашиот Откупител.

Ние сме Божји чеда, издвоени за бесмртност и вечен живот. Наша судбина е да сме Неговите наследници, „и со-наследниците на Христос.“16 Нашиот Отец е подготвен да го води секој од нас по Неговиот заветен пат со чекори прилагодени на нашите индивидуални потреби и усогласени со Неговиот план за наша крајна среќа со Него. Можеме да очекуваме растечка доверба и вера во Отецот и Синот, зголемено чувство за Нивната љубов, и постојана утеха и водство од Светиот Дух.

И покај тоа, овој пат не може да биде лесен за никој од нас. Потребно е премногу прочистување за да биде едноставно. Исус рекол:

„Јас сум вистинската лоза, а мојот Отец е лозарот.

„Секоја гранка во мене што не дава род [Отецот] ја отсекува: и секоја гранка што дава род, тој ја прочистува, за да принесе повеќе род.“17

Поцесот на од Бога насочено чистење и прочистување е неопходен, а понекогаш мачен и болен. Да го парафразираме Павле, ние сме „со-наследници со Христос; но само ако со Него страдаме, та со него и да се прославиме.“18

Значи, среде овој прочистувачки оган, наместо да му се налутиме на Бога, да се приближиме до Него. Повикајте се на Отецот во име на Синот. Одете со Нив во Духот, ден за ден. Дозволете Им одвреме навреме да ја прикажат Нивната верност кон вас. Дојдете да Ги спознаете совршено за да се спознаете совршено и себе си.19 Нека Бог надвладее.20 Спасителот нѐ уверува:

„Слушајте го оној кој е застапникот на Отецот, кој пледира за вашите нешта пред него—

„Велејќи: Оче, види ги страдањата и смртта на оној кој никогаш не направил грев; кој силно ти омилил; види ја крвта на твојот Син што беше пролеана, крвта на оној што ти го предаде за да се прославиш себе си;

Затоа, Оче, поштеди ги моите браќа [и моите сестри] што веруваат во моето име, за да не ги надвладее смртта.”21

Размислете за неколку примери на верни мажи и жени кои му верувале на Бога, и веруваат дека Неговите ветени благослови ќе бидат врз нив во животот или во смртта. Нивната вера не се засноваше на она што го направил Бог ниту пак на она што не го направил во одредена околност или момент на време туку на нивното спознание како нивен добронамерен Отец и Исус Христос како нивниот верен Откупител.

Кога Авраам требаше да биде жртвуван од Египетскиот свештеник од Елкена, тој го преколнуваше Бога да го спаси, и Тој го стори тоа.22 Авраам живеел за да стане таткото на верниците преку чие семе ќе бидат благословени сите семејства на земјата.23 Претходно, токму на истиот олтар, истиот тој свештеник од Елкена имаше понудено три девици кои „поради нивната доблест … не би се поклониле за да им служат на боговите од дрво или од камен.“24 Таму загинаа како маченички.

Јосиф од старо време, продаден во ропство како млад од неговите сопствени браќа, во мака се свртел кон Бога. Постепено, тој стана познат во куќата на неговиот господар во Египет, но подоцна целиот негов напредок бил уништен поради лажните обвинувања на Потифаровата жена. Јосиф можеше да помисли, „Значи затвор е она што го добивам за одржување на законот на чедност.“ Наместо тоа тој продолжи да му се обраќа на Бога па дури и напредувал во затвор. Јосиф претрпел понатамошно разочарување кога затвореникот со кој се спријателил, и покрај неговото ветување да му помогне на Јосиф, заборавил сѐ за него откако бил вратен на својата позиција во дворот на Фараонот. Во догледно време, како што знаете, Господ интервенираше за да го постави Јосиф на највисока позиција од доверба и моќ покрај Фараонот, со што му овозможи на Јосиф да го спаси домот на Израел. Сигурно Јосиф можел да посведочи “дека на оние кои го сакаат Бога сѐ им содејствува за добро.”25

Абинади имаше намера да ја исполни својата божествена задача. „Но ја завршувам својата порака,“ тој рече, „и тогаш не е важно [што ќе се случува со мене], ако е така да сум спасен.“26 Тој не беше поштеден од маченичка смрт, но со сигурност беше спасен во царството Божје, а еден од неговите драгоцени преобратеници, Алма, го променил текот на Нефиевата историја што води до доаѓањето Христово.

Алма и Амулек беа ослободени од затворот во Амониха како одговор на нивната молба, а нивните прогонувачи беа убиени27 Сепак, порано, овие исти прогонувачи ги имаа фрлено верничките и нивните деца во бесен оган. Алма, сведокот за ужасната сцена во агонија, бил принуден од Духот да не ја применува Божјата моќ да „ги спасува од пламените “28 за да бидат примени кај Бога во слава.29

Пророкот Џозеф Смит замрел во затворот во Либерти, Мисури, немоќен да им помогне на Светците додека биле ограбувани и протерани од своите домови во жестокиот студ на зимата. „О Боже, каде си ти?“ Џозеф оплакуваше. „Колку долго твојата рака ќе мирува?“30 Како одговор, Господ вети: „Твојата неволјаи твоите страдања ќе бидат само за кратко; а потоа ако добро ги поднесеш, Бог ќе те воздигне на високо. … Ти сѐ уште не си како Јов.“31

На крај, Јосиф би можел да изјави со Јов, „Тој [Бог] нека ме убие, само сакам однесувањето мое пред лицето негово да го оправдам, сепак ќе му верувам.“32

Старешина Брук П. Хејлс ја поврзува приказната за Сестра Патриција Паркинсон, која била родена со нормален вид но на 11 годишна возраст ослепела.

Старешина Хејлс раскажал: „Ја познавам Пет многу години и неодамна ѝ кажав дека се восхитувам на фактот што таа е секогаш позитивна и среќна. Таа одговори, ‘Па, не сте биле дома со мене, нели? И јас имам свои моменти. Имав прилично тешки напади на депресија , и многу плачев.’ Сепак, додаде таа, ‘Од моментот кога почнав да го губам видот, беше чудно, но знаев дека Небесниот Отец и Спасителот беа со моето семејство и со мене. На оние кои ме прашуваат дали сум лута затоа што сум слепа, им одговарам, ‘На кого треба да му бидам лута? Небесниот Отец е во ова со мене; Јас не сум сама. Тој е со мене постојано.’“33

На крајот на краиштата, тоа е благословот за блиската и постојана врска со Отецот и Синот што ние го бараме. Во тоа е целата умешност и е вечно вредно за цената. Ќе сведочиме со Павле „дека страдањата на сегашното [смртно] време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.“34 Јас давам сведоштво дека без разлика што може да ни донесе нашето земно искуство, ние можеме да му веруваме на Бога и да најдеме радост во Него.

„Надевај се на Господа со сето свое срце; и не се потпирај врз твојот разум.

„По сите твои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.“35

Во името на Исус Христос, амин.