Нека Бог Надвладее
Дали сте подготвени да дозволите Бог да надвладее во вашиот живот? Дали сте подготвени да дозволите Бог да го има најважното влијание во вашиот живот?
Почитувани мои браќа и сестри, колку сум благодарен за прекрасните пораки од оваа конференција и за мојата привилегија да разговарам со вас сега.
Во овие повеќе од 36 години како што сум Апостол, доктрината на собирањето на Израел го преокупира моето внимание.1 Сѐ во врска со неа ме заинтригира, вклучувајќи ги службите и имињата2 на Абрахам, Исак и Јаков; нивните животи и нивните жени; заветот што Бог го склучи со нив и го продолжи низ нивната лоза;3 растурањето на дванаесетте племиња; и бројните пророштва за собирањето во наше време.
Го проучував собирањето, се молев во врска со него, се насладував на секое свето писмо поврзано со него и барав од Господ да го зголеми моето разбирање.
Па, замислете го моето воодушевување кога неодамна ме доведоа до нов целосен увид. Со помош на двајца хебрејски научници, дојдов до сознание дека едно од Хебрејските сваќања на зборот Израел е „Дозволете му на Господ да надвладее.”4 Така, самото име Израел се однесува на личноста која е спремна да му дозволи на Бог да надвладее во неговиот или нејзиниот живот. Тој концепт ја разбранува мојата душа!
Зборот спремен е пресуден за оваа интерпретција на Израел.5 Сите ние имаме право на слободен избор. Може да одлучиме дали да бидеме од Израел, или не. Може да одлучиме да дозволиме Бог да надвладее во нашите животи, или не. Може да одлучиме дали на Бог ќе му дозволиме да го има најмоќното влијание во нашите животи, или не.
За момент, ајде да се потсетиме на клучната пресвртница во животот на Јаков, внукот на Авраам. На местото кое Јаков го нарекол Пениел (што значи „лицето на Бог“),6 Јаков се борел со сериозен предизвик. Неговото право на слободен избор беше ставено на тест. Низ оваа битка, Јаков докажа што е најбитно за него. Демонстрираше дека е спремен да дозволи Бог да надвладее во неговиот живот. Како одговор, Бог го промненил Јакововото име во Израел,7 што значи „дозволете Бог да надвладее.“ Бог потоа му вети на Израел дека сите благослови што биле дадени над главата на Авраам ќе останат негови.8
Тажно, но Изреловите потомци ги прекршиле заветите со Бог. Тие ги каменувале пророците и не биле спремни да дозволат Бог да надвладее во нивните животи. Потоа, Бог ги раселил на четирите страни од земјата.9 Милостиво, подоцна Тој ветил дека ќе ги собере, како што е напишано од Исаија: „За момент те напуштив тебе [Израел]; но со големи милостини јас ќе те соберам тебе.“10
Имајќи ја Хебрејската дефиниција за Израел на ум, откриваме дека собирањето на Израел добива дополнително значење. Господ ги собира оние кои се спремни да му дозволат на Бог да надвладее во нивните животи. Господ ги собира оние кои ќе одберат да му дозволат на Бог да го има најважното влијание во нивните животи.
Со векови, пророците го претскажуваа ова собирање,11 а тоа се случува токму сега! Како суштинска увертира на Второто доаѓање на Господ, тоа е најважната работа на светот!
Ова пред-милениумско собирање е индивидуална сага на верата која се шири и духовната храброст на милиони луѓе. Како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни, или „заветниот Израел од Подоцнежните дни,“12 бевме задолжени да му помагаме на Господ во оваа клучна влијателна работа.13
Кога зборуваме за собирањето на Израел од двете страни на превезот, мислиме, секако, на мисионерската, на храмската и на работата на семејната историја. Исто така мислиме на градење на верата и сведоштвото во срцата на оние со кои живееме, работиме и служиме. Во секое време правиме сѐ што треба што помага на секому—од двете страни на превезот—за да ги склучиме и да ги одржиме нивните завети со Бог, помагајќи да се собере Израел.
Не така одамна, сопругата на еден од моите внуци водеше духовна борба. Ќе ја наречам „Џил.“ И покрај постот, молитвата, и свештенските благослови, Џиловиот татко умираше. Ја зафати страв дека ќе ги изгуби и таткото и нејзиното сведоштво.
Доцна една вечер, мојата сопруга, сестра Венди Нелсон, ми кажа за ситуацијата на Џил. Следното утро Венди импресионирана што мојот одговор на духовната борба на Џил беше само еден збор, го сподели тоа со неа. Зборот беше кратковидост.
Џил подоцна ѝ призна на Венди дека првично била поразена од мојот одговор. Таа рече, „Се надевав дека дедо ќе ми вети чудо за мојот татко. Постојано се прашував зошто зборот кратковидост беше вистинскиот што тој се почувствувал принуден да го каже.”
Откако Џиловиот татко почина, зборот кратковидост постојано ѝ доаѓаше напамет. Таа го отвори своето срце за да разбере дури и подлабоко дека кратковидост значело „блисковидост.” И нејзиното размислување започна да се поместува. Џил потоа кажа, „Кратковидост ме натера да сопрам, да размислувам и да се исцелувам. Тој збор сега ме исполнува со мир. Ме посетува да ги проширам моите видици и да ја барам вечноста. Ме потсетува дека постои божествен план и дека мојот татко сѐ уште живее, сака и ме бара.. Кратковидост ме доведе до Бога.“
Многу сум горд на снаата од нашиот внук. Во текот на ова срцепарателно време од нејзиниот живот, драгата Џил учи да ја прифати Божјата волја за татко ѝ, со вечна перспектива за нејзиниот сопствен живот. Со одлуката да му дозволи на Бог да надвладее, таа пронајде мир.
Ако го дозволиме тоа, постојат многу начини на кои ова Хебрејско толкување на Израел може да нѝ помогне. Замислете како нашите молитви за нашите мисионери—и за нашите сопствени напори да се собере Израел—може да се променат имајќи го предвид овој концепт. Често се молиме за да ние и мисионерите бидеме водени до оние кои се подготвени да ги примат вистините на обновеното евангелие на Исус Христос. Се прашувам, кон кого ќе бидеме водени кога пледираме за да ги пронајдеме оние кои се спремни да дозволат Бог да надвладее во нивните животи?
Може да бидеме одведени до некои кои никогаш не верувале во Бог или Исус Христос но кои сега копнеат да научат за Нив и за Нивниот план за среќа. Другите пак може да биле „родени во завет“14 но оттогаш талкаат далеку од заветниот пат. Тие може сега да бидат спремни да се покаат, да се вратат и да дозволат Бог да надвладее. Може да им помогнеме посакувајќи им добредојде со отворени раце и широки срца. А некои до кои би можеле да бидеме одведени можеби отсекогаш чувствувле дека нешто им недостасува во нивните животи. Тие, исто така, копнеат по целосната исполнетост и радоста кои доаѓаат до оние што се спремни да дозволат Бог да надвладее во нивните животи.
Евангелската мрежа за да се собере Израел е широко распространета. За секоја личност постои простор кој во потполност ќе го прегрне евангелието на Исус Христос. Секоја духовно препородена личност станува едно од Божјите заветни деца,15 без разлика дали тоа е од раѓање или преку усвојување. Секој од нас станува целосен следбеник на сѐ што Бог им ветил на верните деца на Израел!16
Секој од нас има божествен потенцијал бидејќи секој е дете на Бог. Секој е еднаков во Неговите очи. Импликациите од оваа вистина се длабоки. Браќа и сестри, ве молам слушајте го внимателно она што сега ќе ви го кажам. Бог не ја сака една раса повеќе од другата. Неговата доктрина за оваа работа е јасна. Тој ги повикува сите да дојдат кај Него, „црни и бели, заветени и слободни, машки и женски.“17
Ве уверувам дека вашето стоење пред Бога не е одредено според бојата на вашата кожа. Добивање наклонетост или неодобрување од Бога зависи од вашата лојалност кон Него и Неговите заповеди, а не од бојата на вашата кожа.
Тагувам што нашите Црнечки браќа и сестри ширум целиот свет ги трпат болките на расизмот и предрасудите. Денес се повикувам на нашите членови насекаде да водат во напуштање на ставовите и дејствијата на предрасудите. Јас пледирам со вас да промовирате почит за сите Божји деца.
Прашањето за секој од нас, без разлика на расата, е истото. Дали вие сте спремни да дозволите Бог да надвладее во вашиот живот? Дали вие сте спремни да дозволите Бог да го има најважното влијание во вашиот живот? Ќе дозволите ли Неговите зборови, Неговите заповеди и Неговите завети да влијаат на она што го правите секој ден? Ќе дозволите ли Неговиот глас да го превземе приоритетот над другите? Дали сте спремни да дозволите сѐ што Тој има потреба од вас да направите да има предност над секоја друга амбиција? Дали сте подготвени вашата волја да биде проголтана во Неговата?18
Размислете како ваквата подготвеност може да ве благослови. Ако сте немажени и го барате вашиот вечен сопатник, вашата желба да бидете „од Израел“ ќе ви помогне да одлучите со кого ќе се состанувате и како.
Ако сте во брак со сопатник кој ги прекршил своите завети, вашата волја да дозволите Бог да надвладее во вашите животи ќе ви дозволи вашите завети со Бог да останат недопрени. Спасителот ќе го исцелува вашето скршено срце. Небото ќе се отвори додека барате да знаете како да мрднете напред. Не треба да талкате или да се прашувате.
Ако имате искрени прашања за евангелието или Црквата, додека одбирате Бог да надвладее, ќе бидете водени да ги пронајдете и разберете апсолутните, вечни вистини што ќе го водат вашиот живот и ќе ви помогнат да останете цврсто на заветниот пат.
Кога сте соочени со искушенија—дури и кога искушенијата доаѓаат кога сте исцрпени или се чувствувате осамени или неразбрани—замислете ја храброста со која може да управувате додека одбирате Бог да надвладее во вашиот живот и додека пледирате со Него да ве зајакне.
Кога вашата најголема желба е да дозволите Бог да надвладее, да бидете дел од Израел, толку многу одлуки може да станат полесни. Толку многу проблеми стануваат тривијални! Вие најдобро знаете како да се подготвите. Знаете што да гледате и што да читате, каде да го потрошите своето време, и со кого да се здружите. Знаете што сакате да постигнете. Знаете каква личност навистина сакате да станете.
Сега, мои драги браќа и сестри, ќе ни требаат и вера и храброст за да дозволиме Бог да надвладее. Потребна е истрајна, ригорозна духовна работа за да се покаеме и да ја оставиме за подоцна природата на човекот преку Помирувањето на Исус Христос.19 Потребна е доследна, дневна работа за да се развијат личните навики да се учи евангелието, да се дознава повеќе за Небесниот Отец и Исус Христос, и да се бара и одговори на личното откровение.
За време на овие ризични времиња за кои Апостол Павле пророкуваше,20 Сатаната веќе не се ни обидува да ги сокрие неговите напади на Божјиот план. Охрабреното зло го има насекаде. Затоа, единствениот пат за духовно преживување е да се биде одлучен и да се дозволи Бог да надвладее во нашите животи, да се научи да се слуша Неговиот глас, и да се користи нашата енергија за да се помогне при собирањето на Израел.
Сега, што Господ чувствува за луѓето што дозволуваат Бог да надвладее? Нефи многу добро го сумира ова: „[Господ] ги сака оние кои ќе го сметаат за свој Бог. Ете, тој ги сакаше нашите татковци, и склопи завет со нив, да, дури Авраам, Исак и Јаков; и тој се сети на заветите што тој [ги] склопи.“21
И што е Господ спремен да направи за Израел? Господ се заложи дека ќе „се бори за [нашите] битки, и за битките на [нашите] деца, и за [битките] на децата на нашите деца … до трета и четврта генерација“!22
Додека учите од светите писма во наредните шест месеци, ве охрабрувам да направите список за сѐ што Господ ветил дека ќе направи за заветениот Израел. Мислам дека ќе бидете запрепастени! Размислете за овие ветувања. Зборувајте за нив со вашето семејство и пријателите. Потоа живејте и внимавајте овие ветувања да бидат исполнети во вашиот сопствен живот.
Почитувани мои браќа и сестри, додека одлучувате да му дозволите на Бог да надвладее во вашите животи, сами ќе доживеете дека нашиот Бог е „Бог на чудата.“23 Како луѓе, ние сме Неговите заветни деца, и ќе бидеме нарекувани според Неговото име. За ова јас сведочам, во светото име на Исус Христос, амин.