Ќе Им Докажеме Овде
Сега е време да се подготвиме и да се испитаме себеси дали сме спремни и во стостојба да можеме да ги направиме сите нешта што и да ни заповеда Господ нашиот Бог.
Се молам за асистенција од Сведиот Дух за сите нас додека ги споделувам мислите и чувствата кои ми доаѓаат на ум и срце во подготовка за оваа генерална конференција.
Важноста на Тестовите
Повеќе од две декади пред мојот повик за целоверемена цркова служба, работев како универзитетски професор и администратор. Мојата основна одговорност како професор беше да им помогнам на учениците да научат како да учат за себе. И витален дел од мојата работа беше да креирам, оценувам, и да овозможувам коментари за изведбата на учениците на тестовите. Како што можеби знаете од лично искуство, тестовите вообичаено не се дел од процесот на учење кои учениците најмногу го сакаат.
Но периодичните тестови се апсолутно потребни и суштински за учење. Ефективен тест ни помагат да споредиме што треба да знаеме со тоа што всушност го знаеме за одреден предмет; исто така обезбедува еден стандард кон кој можеме да го оценуваме нашето учење и развивање.
Исто така, тестовите во училиштето на смртноста се витален елемент од нашиот вечен напредок. Интересно, како и да е, зборот тест Интересно, како и да е, зборот „тест“ не е пронајден дури ни еднаш во текст на светите писма во Стандардните Дела на англиски. Попрво, зборови како „докажи,“ „испитај, и обвидува се користени да опишат разновидни модели на демонстрирање на соодветно духовно знаење за нив, разбирање за нив, и посветеност за планот за среќа на нашиот Небесен Отец и нашиот капацитет да ги бараме благословите на помирувањето на Спасителот.
Тој што го создаде планот за спасение ја опиша самата наша цел на нашиот смртен тест користејќи ги зборовите опише, испшита, и обиде во древни писма „И ние ќе докажеме на нив овде, да видиме дали ќе ги направат сите нешта кои Бог ќе им ги заповеда.“1
Во предвид земете Пласмист Давид
Земете го во предвид молењето на Псалмистот Давид, „Испитај ме, О Господе и докажи ме; пробај ги моите узди и моето срце.
„Зашто твојата прекрасна љубезност е пред моите очи: и чекорев во твојата вистина.“2
И Господ објави во 1833, „Затоа, не се плашете од вашите непријатели, бидејќи јас одредив во моето срце, кажа Господ, дека јас докажувам во сите нешта, дали ќе се придржуваш во мојот завет, и тоа до моја смрт, за да може да бидеш најден достоен“3
Докажување и Обидување во Денешно Време.
Годината 2020, беше означена, делумно, со глобална пандемија која докажа, испита, и не проба на многу начини. Се молам дека ние како индивидуалци и семејства учиме вредни лекции кои само предизвикувачки искуства можат да не поучат. Јас исто така се надевам дека повеќето од нас поцелосно ќе ја признаат „големината на Бог“ и вистината дека „тој ќе ги освети [нашите] маки за [наша] добивка.“4
Два основни принципи можат да не водат и зацврстат додека се соочуваме со околности на испитување и тестирање во нашите животи, што и да се: (1) принципот на подготовка, и (2) принципот на притискање напред со постојаност во Христос.
Испитување и Подоготовка
Како ученици на Спасителот, заповедано ни е „да го подготвиме секое потребно нешто; и да воспоставиме куќа, и тоа куќа на молитва, куќа на постење, куќа на вера, куќа на учење, куќа на слава, куќа на ред, куќа на Бог“5
Исто така ни е ветено дека, „ако сте подготвени нема да се плашите“
„И за да избегате од моќта на непријателот, и да се соберете при мене праведен народе, без дамка и без вина“6
Овие стихови обезбедуваат совршена рамка за организирање и подготвување на нашите животи и домови и привремено и духовно. Нашите напори да се подготвиме за искуствата на испитување на смртноста треба да го следат примерот на Христос кој постепено „се зголемуваше во мудрост и стас, и во благонаклонетост со Бог и човек“7—блендиран баланс на интелектуална, физичка, духовна, и социјална подготовеност.
Едно попладне пред неколку месеци, Сузан и јас направивме попис на нашето скалдиште за храна и залихи за итни случаи. Во тоа време Ковид-19 се ширеше бргу, и серии на земјотреси го потресуваа нашиот дом во Јута. Работевме од најраните денови на нашиот брак да го следиме советот од пророците за да се подготвиме за невидени предизвици, затоа „испитување“ на нашата состојба на подготвеност на среде вирусот и земјотреси изгледаше како добро и навремено нешто да се направи. Сакавме да ги дознаеме нашите оценки на овој неофицијален тест.
Научивме многу. Во многу области, нашата подготвителна работа беше во ред. Во некои области, сепак, подобрување беше неопходно бидејќи не бевме препознале и не сме се обратиле на особени потреби на време.
Исто така се смеевме многу. Откривме, на пример, предмети од нашиот плакар кои биле во скалдиштето за храна со декади. Искрено, се плашевме да ги отвориме и испитаме некои од садовите од страв да не ослободиме друга глобална пандемија! Но треба да сте среќни бидејќи ние соодветно се ослободивме од штетниот материјал, и тој здравствен ризик за светот беше елиминиран.
Некои црковни членови мислеа дека плановите за итни случаи и залихите, складиштето со храна, и кутиите за 72 часа не се важни бидејќи браќата не збореле скоро за ова и поврзани теми на генералните конференции. Но повторени предупредувања да се подготват беа објавени од водачите на Црквата со декади. Постојаноста на советот од пророците со време создава моќен концепт на јасност и обем на предупредување побучен отколку соло изведбите можат било кога да произведат.
Како што предизвикувачките времиња откриваат неедекватности за привремена подготвеност, така, исто, болестите на духовна случајност и самозадоволство нанесуваат најпотресувачки ефекти за време на тешки испити. Ние учиме, на пример, во параболата за десетте девици дека одложување на подготовки води до неуспепшно испитување. Сетете се како петте будалести девици не успеаја да се подготват соодветно за испитот кој им беше даден на нив на денот на доаѓање на Младоженецот.
„Оние кои беа будалести ги земаа нивните лампи и не земаа масло со нив:
„Но мудрите земаа масло во нивните кандила со нивните лампи.
„И на полноќ имаше довикување, Ете, младоженецот доаѓа; одете и пречекајте го.
„Потоа тие девици станаа, и ги запалија лампите.
„А будалестите им рекоа на мудрите, Дајте ни од вашето масло бидејќи нашите лампи се изгасија.
„Но мудрите рекоа, велејќи, Не така; за да нема доволно за нас и вас: но одете и купете, и купете за самите.
„И додека тие отидоа да купат, младоженецот дојде; и оние кои беа подготвени отидоа кај него за бракот: и вратата беше затворена.“
“После дојдоа и другите девици, велејќи, Господе, Господе отвори ни“8
„Но тој одговори и кажа, Вистина ви велам, не ме познавате“9
Барем на овој испит, петте будалести девиици се покажаа дека само слушаат а не го чинат.10
Имав пријател кој беше совесен студент во училиште по право. За време на курсот во семестарот, Сем инвестираше време секој ден да повторува, сумира, и да учи од неговите белешки за секој курс на кој се запишал. Го следеше истиот модел за сите негови часови на крајот на секоја недела и секој месец. Неговиот пристап му овозможи да го научи правото а не само да ги запомни деталите. И кога се приближуваше финалниот испит, Сем беше подготвен. Всушност, тој дозна дека периодот за финалниот испит беше еден од најмалку стресните делови од неговиот легален тренинг. Ефективна и временска подготовка го претходува успешното испитување.
Пристапот на Сем кон неговото легално образование осветлува еден од основните модели на Господ за раст и развиток. „Така кажа Господ Бог: Ќе им дадам на човечките деца ред по ред, принцип по принцип, овде малку и таму малку; и нека се благословени оние кои ќе ги слушаат моите принципи, и ќе го слушаат мојот совет, бидејќи тие ќе научат мудрост; бидејќи на тој што ќе прими ќе му дадам повеќе.“11
Ги поканувам сите од вас да „ги земете во предвид „[нашите] начини“12 и “да се испитате [себеси], дали [ние] сме во верата; [и] да се докажеме [самите] себеси“13 Што научивме во изминативе месеци за прилагодување на животниот стил и забрани? Што ни треба да се подобриме во нашите животи духовно, физички, социјално, емоционално, и интелектуално? Сега е време да се подготвиме и да се испитаме себеси дали сме спремни и во стостојба да можеме да ги направиме сите нешта што и да ни заповеда Господ нашиот Бог.
Докажување и Притискање Напред
Еднаш присуствував на погреб на млад мисионер кој беше убиен во несреќа. Таткото на мисионерот зборуваше на службата и ја опиша болката на срцето на неочекуваното смртно разделување со љубено дете. Тој веднаш објави дека тој лично не ги разбрал причините за времето на овој настан. Но исто така секогаш ќе се сеќавам како овој добар човек објави дека знаеше дека Господ ги знаеше причините и времето за починување на детето—и тоа беше доволно добро за него. Тој му кажа на собирот дека тој и неговото семејство, иако тажно, ќе бидат добро; нивните сведоштва останале цврсти и постојани. Тој ги заклучи неговите коменатри со оваа објава, „Сакам да знаете дека што се однесува до евангелието на Исус Христос, нашето семејство е посветено на него. Сите сме внатре.“
Иако загубата на драг љубен беше поразителна и тешка за срцето, членовите на ова семејство беа духовно подготвени да докажат дека можат да научат лекции од вечна важност низ нештата низ кои страдаа.14
Верноста не е будалаштина или фанатицизам. Попрво, тоа е верување и положување на нашата верба во Исус Христос како наш Спасител, на Неговото име, и Неговите ветувања. Додека ние “притискаме напред со постојаност во Христос, имајќи совршена јаснотија на надеж, и љубов кон Бог и кон сите луѓе,”15 Благословени сме со вечна перспектива и мудрост која се протега далеку над нашиот смртен капацитет. Ќе ни биде овозможено „да се собираме заедно, и да стоиме во свети места“16 и “и да не бидеме поместени, до денот кога Господ ќе дојде.”17
Додека служев како Претседател на Бригам Јанг Универзитет—Ајдахо, Старешина Џефри Р. Холанд дојде на кампусот во Декември 1998 да збори на една од неделните духовни сесии. Сузан и јас поканивме група студенти да се сретнат и да зборуваат со Старешина Холанд пред да ја пренесе пораката. Додека ќе наближуваше крај на нашето време, го прашав Старешина Холанд, „Ако можеш да ги поучиш тие студенти само едно нешто, што би било тоа?“
Тој одговори:
„Сведоци сме на уште поголемо движење кон поларитетот“ Средните опции ќе бидат остранети од нас како Светци од Подоцнежните Дни Средината на патот ќе биде повлечена.
„Ако сте вода што навира во струјата на река, ќе одите некаде. Вие едноставно ќе отидете каде и да ве однесе струјата. Одејќи со потокот, следејќи ја плимата, оддалечувајќи со струјата нема да помогне.
„Избори мора да бидат направени. Да не се направи избор е избор. Научете да одбирате сега.“
Изјавата на Старешина Холанд за зголемената поларизација беше докажана пророчка со социјалните трендови и настани за 22 години откако тој одговори на моето прашање. Претскажувајќи го проширувањето на разликите помеѓу начините на Господ и светот, старешина Холанд предупреди дека деновите кога едно стапало се наоѓа удобно во обновената Црква а друго стапало во светот, ќе исчезнат брзо. Овој слуга на Господ охрабруваше младите луѓе да одбираат, подготвуваат, и да станат посветени ученици на Спасителот. Тој им помагаше да се подготват и да притиснат напред и да одат низ искуства на искушенија, испитување, и тестирање во нивните животи.
Ветување и Сведоштво
Процесот на докажување самите себеси е основен дел на Небесниот Отец и Неговиот план за среќа. Јас ветувам дека додека се подготвуваме и притискаме напред со вера во Спасителот, сите можеме да ја добиеме истата оценка на најголемиот испит на смртноста: „Добро сторено, ти добар и верен слуга: ти си бил верен за неколку нешта, ќе те направам владетел врз многу нешта: влези во радоста на твојот Господ.“18
Сведочам дека Бог Вечниот Отец е наш Отец. Исус Христос е Неговиот Единороден жив Син, наш Спасител и Искупител. За овие нешта јас сведочам во светото име на Исус Христос, амин.