Очи за Прогледување
Преку моќта на Светиот Дух, Христос ќе ни овозможи да се видиме себе си и другите како што тоа го прави Тој.
Гледајќи ја Божјата Рака
Ја сакам приказната од Стариот Завет за млад маж кој му служел на Пророкот Елисеј. Рано едно утро младиот човек се разбудил, излегол надвор, и го затекнал градот опколен од голема армија со намера да го уништи. Налетал на Елисеј: „Ах, господару мој, што ќе правиме?“
Елисеј одговорил, „Не плаши се: зашто оние кои се со нас се повеќе од оние кои се со нив.“
Елисеј знаел дека на младиот човек му требало нешто повеќе од само смирувачко разуверување; му требало визија. И така „Елисеј се молел, … Господе, … отвори му ги очите, за да може да прогледа. И Господ му ги отворил очите на младиот човек; и тој прогледал: и ете, планината беше полна со коњи и огнени кочии околу Елисеј.“1
Може да има моменти кога вие, како и слугата, ќе се најдете како се мачите за да видите како Бог работи во вашиот живот—моменти кога вие се чувствувате како под опсада—кога искушенијата на смртноста ве фрлаат на колена. Чекајте и верувајте во Бог и во Неговото време, бидејќи може да верувате на Неговото срце со сето свое. Но има втора лекција тука. Почитувани мои сестри и браќа, вие, исто така, може да се молите за Господ да ги отвори вашите очи, да ги видите нештата што вообичаено не ги гледате.
Гледајќи се Себе си онака како што Бог нѐ Гледа
Можеби најважните нешта за нас да ги видиме јасно се кој е Бог и кои сме ние навистина—синови и ќерки на небесни родители со „божествена природа и вечна судбина.“2 Запрашајте го Бог да ви ги открие овие вистини вам, заедно со како Тој се чувствува за вас. Колку повеќе го разбирате вашиот вистински идентитет и цел, длабоко во душата, толку повеќе тоа ќе влијае на сѐ во вашиот живот.
Гледајќи ги Другите
Разбирањето како Бог нѐ гледа нас ни подготвува начин да ни помогне да ги гледаме другите како што Тој ги гледа. Колумнистот Дејвид Брукс кажал: „Многу големи проблеми во нашето општество доаѓаат од луѓе што не се чувствуваат ниту видени и ниту познати. … [Постои] јадро … особина што сите ние мора да ја … подобриме [, и дека] тоа е особината на длабоко гледање и да се биде длабоко виден.”3
Исус Христос длабоко ги гледа луѓето. Тој гледа поединци, нивните потреби, и кои тие може да станат. Каде што другите гледале рибари, грешници, или цариници, Исус гледал ученици; каде што другите гледале човек опседнат од ѓаволи, Исус погледна вон надворешната невоља, призна човек, и го исцелува.4
Дури и во нашите забрзани животи, можеме да го следиме примерот на Исус и да видиме поединци—нивните потреби, нивната вера, нивната борба, и кои тие може да станат.5
Додека му се молам на Господ да ми ги отвори очите за да видам работи што вообичаено не ги гледам, јас често си поставувам себе си две прашања и обрнувам внимание на впечатоците што доаѓаат: „Што правам а би требало да престанам да го правам?“ и „Што не правам а би требало да почнам да го правам?“6
Пред неколку месеци, за време на сакраментот, си ги поставив себе си овие прашања и бев изненадена од впечатоците што дојдоа. „Престани да гледаш во твојот телефон додека чекаш ред.“ Гледањето во мојот телефон додека чекам на ред стана скоро автоматизам; Јас го сметав дека тоа е добро време за извршување на неколу работи во исто време, да ја прегледам е-поштата, да ги погледнам насловите, или да го прелистам напојувањето на социјалните медиуми.
Следното утро, се затекнав чекајќи во долгата редица пред продавницата. Го извлеков телефонот и потоа се сетив на впечатокот што го примив. Го оставив телефонот настрана и погледав наоколу. Видов постар господин во редот пред мене. Неговата количка беше празна освен неколку конзерви со храна за мачки. Јас се почувствував помалку непријатно но кажав нешто навистина паметно како, „Гледам дека имате мачка.“ Тој кажа дека доаѓа невреме, и дека не би сакал да биде затекнат без храна за мачки. Кратко се посетивме, а потоа тој се сврте и ми рече, „Знаеш, не сум кажал на никого, но денес ми е роденден.“ Срцето ми се стопи. Му посакав среќен роденден и понудив тивка молитва на благодарност што не бев на телефон и не ја пропуштив можноста вистински да се поврзам и да се видам со друга личност што имаше потреба од тоа.
Со сето свое срце јас не сакам да бидам како свештеникот или Левитот на патот кон Ерихон—оној кој гледа и проаѓа.7 Но многу често јас мислам дека сум.
Гледајќи ја Божјата Задача за Мене
Неодамна научив вредна лекција за подлабоко гледање на нештата од млада жена по име Розлин.
Мојата пријателка сподели со мене приказна, таа беше очајна кога нејзиниот 20 годишен сопруг се отселил. Со нејзините деца кои го делеа времето помеѓу родителите, можноста сама да се присуствува во црква изгледаше обесхрабрувачка. Таа прераскажува:
„Во црква каде семејството е од исклучителна важност, седењето сама може да биде болно. Таа прва недела јас влегов во црква молејќи се никој да не би разговарал со мене. Едвај се додржав мирно, а моите солзи беа на работ. Седнав на моето вообичаено место, надевајќи се дека никој нема да примети како клупата изгледа празна.
„Млада жена од нашиот оддел се сврте и ме погледна. Се преправав дека се смеам. Таа ми ја возврати насмевката. Можев да ја видам загриженоста на нејзиното лице. Тивко се помолив дека таа нема да дојде да зборува со мене—Немав ништо позитивно да кажам и знаев дека би можела да заплачам. Го спуштив погледот на скутот и избегнав и контакт со очите.
„За време на следниот час, забележав како повремено гледа назад кон мене. Само што заврши состанокот, таа ми го пресече патот. „Здраво Розлин,“ јас прошепотив. Ме прегрна со нејзините раце и кажа, „Сестра Смит, гледам дека денес имате лош ден. Жал ми е. Ве сакам.“ Како што предвидов, солзите надоаѓаа како што повторно ме гушкаше. Но додека заминував, си помислив, „Можеби сепак можам да го направам ова.“
„Таа слатка 16-годишна млада жена, која има помалку од половина од моите години, ме наоѓаше секоја недела до крајот на годината за да ме прегрне и за да ме запраша, „Како сте?“ Тоа направи таква промена во начинот што јас чувствувам при доаѓањето во црква. Вистината е дека јас започнав да се потпирам на тие прегратки. Некој ме забележа. Некој знаеше дека јас бев таму. Некој се грижеше.“
Како и со сите дарби што Отецот толку волно ги нуди, прогледувањето бара од нас да го запрашаме Него—и потоа да делуваме. Барајте да ги гледате другите како Тој што го прави тоа—како Негови вистински синови и ќерки со бесконечен и божествен потенцијал. Потоа делувајте сакајќи, служејќи, и потврдувајќи ја нивната вредност и потенцијал како што сте поттикнати. Како што ова станува водилка во нашите животи, така ќе се најдеме себе си како стануваме „вистински следбеници на … Исус Христос.“8 Другите ќе можат да им веруваат на нашите срца со нивните. И во овој модел ние исто така ќе го откриеме нашиот сопствен вистински идентитет и цел.
Мојата пријателка се потсети на друго искуство додека седеше на таа иста празна клупа, сама, прашувајќи се дали 20 годинишниот напор да се живее евангелието-сѐ било за ништо. Ѝ требаше повеќе од смирувачко уверување; ѝ требаше визија. Почувствува како прашањето ѝ го пресече срцето: „Зошто ги направи тие нешта? Дали ги направи за награда, за пофалба од другите, или за посакуван исход?“ Таа се двоумеше за момент, пребаруваше по своето срце, и потоа беше во можност да одговори самоуверено, „Ги направив зашто го сакам Спасителот. И јас го сакам Неговото евагелие.“ Господ ги отвори нејзините очи за таа да може да прогледа. Оваа едноставна но моќна промена на визијата ѝ помогна и натака да продолжи со вера во Христос, и покрај нејзините околности.
Јас сведочам дека Исус Христос нѐ сака и може да ни даде очи да прогледаме—дури и кога е тешко, дури и кога сме уморни, дури и кога сме осамени, и дури и кога исходите не се онакви какви што се надевавме. Преку Нејзината милост, Тој ќе не благословува и ќе го зголемува нашиот капацитет. Преку моќта на Светиот Дух, Христос ќе ни овозможува да се видиме себе си и да ги видиме другите како што Тој прави. Со Негова помош, можеме да препознаеме што е најпотребно. Може да започнеме да ја гледаме раката на Господ како се вмешува во и низ вообичаените мали нешта од нашите животи—ќе видиме подлабоко.
А потоа, на тој голем ден „кога тој ќе се појави ние ќе бидеме како него, зашто ние ќе го гледаме него онаков каков што е; за да може да ја имаме оваа надеж“9 е мојата молитва во името на Исус Христос, амин.