Бог Ќе Направи Нешто Незамисливо
Бог ги подготви Неговите деца и Неговата Црква за ова време.
Не долго по пристигнувањето во Долината Солт Лејк Сити, Светците од Подоцнежните-дни започнале да градат свој свет храм. Почувствувале дека конечно пронашле место каде што ќе можат мирно да му служат на Бог и да бидат ослободени од прогон.
Меѓутоа, како што изградбата на темелите на храмот се ближела кон крајот, армија на војници на Соединетите Американски Држави пристапила со намера насилно да постави нов гувернер.
Бидејќи црковните водачи не знаеле колку непријателска ќе биде оваа армија, Брингам Јанг наредил Светците да се евакуираат а темелите на храмот да се закопаат.
Јас сум сигурен дека членовите на Црквата се прашувале зошто нивните напори да изградат Божјо царство постојано биле осуетени.
Конечно, опасноста поминала, а храмските темели биле откопани и прегледани. Тогаш градежните пионери откриле дека некои од првобитните песочни камења напукнале, правејќи ги несоодветни за темел.
Следствено, Брингам ги натера да ги поправат основата за да може соодветно да ги поддржат гранитните1 ѕидови на магичниот Солт Лејк Храм.2 Конечно, Светците можеа да ја испеат химната „How Firm a Foundation“3 и знаеја дека нивниот свет храм бил изграден врз цврст темел што ќе трае за генерации.
Оваа приказна може да нѐ научи како Бог ги користи незгодите за да ги оствари на Неговите намери.
Светска Пандемијата
Ако ова ви звучи познато со оглед на околностите во кои се наоѓаме денес, тоа е затоа што е навистина така.
Се сомневам дека постои личност која го слуша мојот глас или ги чита моите зборови а да не била погодена од светската пандемија.
На оние кои тагуваат поради загубата на семејството и пријателите, и ние тагуваме со вас. Ние пледираме со Небесниот Отец за да ве теши и да ве утеши.
Долгорочните последици од овој вирус го надминуваат физичкото здравје. Многу семејства ги изгубија приходите и им се заканува глад, несигурност, и страв. Се восхитуваме на несебичните напори на многумина да се спречи ширењето на оваа болест. Понизни сме пред тивката жртва и благородните напори на оние кои ја ризикуваат сопствената безбедност за да помогнат, да излекуваат, и да ги поддржат луѓето на кои име е потребна поддршка. Нашите срца се полни со благодарност за вашата добрина и сочувство.
Моќно се молиме за да Бог ги отвори прозорците на небото и да ги исполни вашите животи со Божјите вечни благослови.
Ние Сме Семиња
Сѐ уште постојат многу непознаници за овој вирус. Но, ако нешто знам, тоа е дека овој вирус не го изненади Небесниот Отец. Тој не мораше да формира дополнителни баталјони на ангели, да повикува на итни состаноци, или да пренасочува ресурси од одделението за создавање на светот за да се справи со оваа неочекувана потреба.
Мојата порака денес е дека иако оваа пандемија не е она што го посакувавме или очекувавме, Бог ги подготви Неговите деца и Неговата Црква за ова време.
Ќе го издржиме ова, да. Но ќе направиме повеќе од само едноставно шкрипење со забите, држете се, и чекајте за нештата да се вратат на старата нормала. Ќе тргнеме напред, и ќе ни биде подобро како резултат на тоа.
На некој начин, ние сме семиња. А, за да семињата го достигнат сопствениот потенцијал, тие мора да бидат закопани пред да можат да изникнат. Сведочам дека иако понекогаш може и да се почувствуваме закопани од животните искушенија или опкружени од емоционална темнина, љубовта на Бог и благословите на обновеното евангелие на Исус Христос ќе донесат нешто незамисливо да излезе на површината
Благословите Доаѓаат од Неволји
Секоја евангелска епоха се соочува со времиња на судења и неволји
Енос и неговите луѓе живееја во време на порочност, војни, и крвопролевања. „Но Господ дојде и живееше со својот народ.“ Тој имаше нешто незамисливо во неговиот ум за нив. Тој им помогна да го воспостават Сион—еден народ „од едно срце и една мисла“ кој „живееше во праведност.“4
Младиот Џозеф, синот на Јаков, беше фрлен во јама, продаден во ропство, прелажан, и напуштен.5 Џозеф мора да се прашувал дали Бог го има заборавено. Бог имаше нешто незамисливо во неговиот ум за Џозеф. Тој го искористил овој период на искушение за да го зајакне Џозефовиот карактер и да го стави во позиција да го спасува сопственото семејство.6
Помислете на Џозеф смит Пророкот додека би притворен во Затворот Либерти, како тој оплакувал молејќи се за ослободување на напатените Светци. Сигурно се чудел како Сион може да се воспостави под овие околности. Но Господ мирно му зборувал него, а славните откровенија што следеа потоа донесоа мир кај Светците—ѝ се уште продолжуваат да нѝ носат мир вам и мене.7
Колку пати Светците во раните години од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни очајуваа и се чудеа дали Бог ги има заборавено? Но преку прогонства, опасности, и закани за извршување, Господарот на Израел имаше нешто друго напамет за Неговото мало стадо. Нешто незамисливо.
Што учиме од овие примери—и од стотиците други во светите писма?
Прво, на праведните не им е дадена слободна пропусница што им дозволува да ги избегнат долините на сенката. Сите ние мора да чекориме низ тешките времиња, зашто во ова време на несреќи ги учиме принципите што ги зацврснуваат нашите карактери и предизвикуваат да се приближиме кон Бога.
Второ, нашиот Небесен Отец знае дека страдаме, а бидејќи ние сме Негови деца, Тој нема да нѐ напушти.8
Помислете на сочувствителниот, Спасителот, кој посвети голем дел од Неговиот живот служејќи им на болните, осамените, сомничавите и очајните.9 Мислите ли дека Тој е помалку загрижен за вас денес?
Почитувани мои пријатели, мои сакани браќа и сестри, Бог ќе ве надгледува и ќе ве чува како овчар за време на овие времиња на несигурност и страв. Тој вѐ познава. Тој ги слуша вашите молби. Тој е верен и доверлив. Тој ќе ги исполни Неговите ветувања.
Бог има нешто незамисливо на памет за вас лично и за Црквата заедно—чудесна дело и чудо.
Ние Ти Благодариме Тебе, о Боже, за Пророкот
Нашите најдобри денови се пред нас, не позади нас. Тоа е причината зошто Бог ни дава современо откровение! Без него, животот може да изгледа како лет во место, чекајќи на маглата да се подигне за да можеме безбедно да слетаме. Господовите цели за нас самите се многу повисоки од тоа. Затоа што ова е Црквата на живиот Христос, и затоа што Тој им дава насока на Неговите пророци, ние се движиме напред и нагоре до места на кои никогаш не сме биле, до височини кои тешко можеме да ги замислиме!
Сега, ова не значи дека ние нема да доживееме турбуленции на нашиот лет низ смртноста. Тоа не значи дека нема да има неочекувани дефекти на инструментите, нефункционалност на механизацијата, и сериозни временски предизвици. Во суштина, нештата може да станат полоши пред да станат подобри.
Како ловечки пилот и капетан на воздухопловство, научив дека иако не можев да ги бирам неприликите на кои наидував за време на летот, можев да изберам како да се подготвам и како да изреагирам. Она што е потребно за време на криза е смиреност и јасна доверба.
Како го правиме ова?
Се соочуваме со фактот и се враќаме на темелите, на основните евангелски принципи, за она што е најбитно. Го зајакнувате вашето лично религиозно однесување—како молитва и учење од светите писма и одржување на Божјите заповеди. Вие ги носите одлуките врз основа на најдобро докажаните практики.
Фокусирајте се на работите што може да ги направите, а не на оние што не можете.
Вие ја формирате вашата вера. И го слушајте зборот водилка, на Господ и Неговиот пророк за да ве водат безбедно.
Запамтете, ова е Црквата на Исус Христос—Тој е на кормилото.
Помислете само на многуте поттикнувачки напредувања што се случија во изминатата декада. Да споменеме само неколку:
-
Сакраментот беше повторно нагласен како центар на нашата Сабатна богослужба.
-
Дојдете, Следете Ме е обезбеден како алатка насочена кон домот, црковно поддржана за да ги зајакне поединците и семејствата.
-
Започнуваме пољубезбен и посвет начин на служење за сите.
-
Користењето на технологијата за споделување на евангелието и за извршување на Господовата работа се прошири низ целата Црквата.
Дури и овие сесии на генаралната конференција не би биле возможни без прекрасните алатки на технологијата.
Браќа и сестри, со Црквата на кормилото, работите не само што ќе станат во ред; ќе станат незамисливи.
Делото на Собирање на Израел Оди Напред
На прв поглед можеби изгледа дека светската пандемија би била препрека на Господовата работа. На пример, традиционалните методи на споделување на евангелието не беа возможни. Сепак, пандемијата оживува нови и покреативни начини на пружање рака на искрените во срце. Моќта на делото на собирање на Израел и ентузијазмот растат. Стотици и илјадници приказни сведочат за ова.
Една моја добра пријателка која живее во убавата Норвешка и напиша на Хариет и на мене за неодамнешното зголемување на бројот на крштавки. „На локации каде Црквата е мала,“ таа напиша, „гранчињата ќе станат гранки, а гранките ќе станат оддели!!“
Во Латвиа, жена која ја открила Црквата преку рекламен интернет клик беше толку вобудена што ќе дознае за евангелието на Исус Христос што се појавила еден час порано на закажаниот состанок, и пред мисионерите да ја завршат првата лекција прашала за датумот на крштавање.
Во Источна Европа, една жена која примила повик од мисионерите извикнала, „Сестри, зошто не ме повикавте порано?“ Јас чекав!“
Многу од нашите мисионери се позафатени од вообичаено. Многу од нив подучуваат повеќе луѓе од било кога досега. Зајакната е врската помеѓу членовите и мисионерите.
Во минатото, ние можеби бевме толку уморни од традиционалните пристапи што нѝ требаше да се случи пандемија за да ни ги отвори очите. Можеби сѐ уште градиме со песочни камења иако гранитот е веќе достапен. Од неопходност, сега учиме како да користиме различни методи, вклучувајќи ја технологијата, да ги повикаме луѓето—на нормални и природни начини—да дојдат и да видат, да дојдат и да помогнат, да дојдат и да припаѓаат.
Негова Работа, Негови Начини
Ова е Господовото дело. Тој нѐ повикува да ги пронајдеме Неговите начини на работење, а тие може да се разликуваат од нашите минати искуства.
Ова му се случи на Симон Петар и на останатите ученици кои заминаа да ловат риба на Тиберианското море.
„Таа ноќ тие не уловија ништо.
„Но кога утрото[пристигна], Исус застана на брегот. …
„И тој им кажа, Фрлете ја мрежата на [другата] страна од бродот, и ќе најдете.”
Тие ги фрлиле своите мрежи на другата страна и „не можеле да ја приближат од мноштвото на риби.“10
Бог ја откри и ќе продолжи да ја открива Неговата семоќна рака. Ќе дојде денот кога ќе се навратиме и ќе знаеме дека во ова време на неволји, Бог нѝ помагал да пронајдеме подобри начини—Негови начини—да го изгради Неговото царство на цврста основа.
Јас сведочам дека ова е Божја работа и Тој ќе продолжи да прави многу невозможни нешта помеѓу Неговите деца, Неговиот народ. Бог нѐ држи во дланката на Неговите грижливи и сочувствителни раце.
Јас сведочам дека Претседателот Расел М. Нелсон е Божјиот пророкот за наши денови.
Како Апостол на Господ, ве поканувам и благословувам „радосно да ги извршувате сите нешта што се во [ваша] моќ; а тогаш ќе може [вие] да застанете мирно, со највисока увереност, за да го видите спасението на Бог, и за да неговата рака биде откриена.“11 И ја ветувам дека Господ ќе предизвика незамисливи нешта да произлезат од вашите праведни трудови. Во името на Исус Христос, Амин.