Генерална Конференција
Барајте го Христос во Секоја Мисла
генералната конференција во Октомври 2020


Барајте го Христос во Секоја Мисла

За борбата против искушенијата потребен е еден животен век на трудољубивост и верност. Но ве молам, знајте дека Господ е подготвен да ни помага.

Во неговата поетска пофална химна, Псалмистот објавил:

„О Господе, ти ме бараше, и ме познаваше.

„Ти ги знеш моите падови и моите подеми, ти ја разбираш мојата мисла од далечина.

„Ти го насочуваш мојот пат и моето смирување, и запознат си со сите мои начини.“1

Во овој поетски семантички паралелизам, Псалмистот го фали Исусовиот божествен атрибут на сѐзнаење зашто Тој вистински го пoзнава секој аспект од нашите души.2 За да се биде свесен за сето она што е потребно за нас во овој живот, Спасителот нѐ повикува да го бараме во секоја мисла и да го следиме Него со сето наше срце.3 Ова нѝ дава ветување дека може да чекориме во Негова светлина и дека Неговото водство го спречува влијанието на темнината во нашиот живот.4

Барајќи го Христос во секоја мисла и следејќи го со сето свое срце бара да ги усогласиме нашите мисли и желби со Неговите.5 Светите писма се повикуваат на ова усогласување како на „цврсто држе[ње] до Господ.“6 Оваа постапка подразбира непрекинато водење на нашите животи во хармонија со евангелието на Христос и фокусирање кон она што е добро секој ден.7 Само тогаш може да го постигнеме „мирот Божји, што го надминува сето разбирање“ и што ќе „ги чува [нашите] срца и мисли преку Исус Христос.“8 Спасителот лично им дал упатства на старешините од Црквата во февруари 1831, „Чувајте ги овие нешта длабоко во своите срца, и нека свеченоста на вечноста почива во вашите мисли.“9

И покрај нашите непрекинати напори да го бараме Господ, неприкладни мисли може да продрат во нашиот ум. Кога на ваквите мисли им се дозволува, па дури и се повикуваат да останат, тие може да ги обликуваат желбите на нашето срце и да нѐ одведат кон она што ние ќе станеме во овој живот и на крај до она што ќе го наследиме за вечноста.10 Старешина Нил А. Максвел еднаш го нагласи овој принцип велејќи, „Желбите … ја одредуваат градацијата на исходот, вклучувајќи зошто ‘многумина се повикани, но само маклумина се одбрани.’“11

Нашите древни и современи пророци постојано нѐ потсетуваат да им одолееме на искушенијата со цел да го избегнеме губењето на нашата духовна влечна сила и да станеме збунети, дезорјентирани, или разочарани во животот.

Говорејќи метафорички, подлегнување на искушение е како приближување на магнет до метален објект. Невидливата сила на магнетот го привлекува металниот објект и цврсто го држи. Магнетот ја губи моќта врз него само кога металниот објект е поставен далеку од него. Затоа, исто како што магнетот не е во состојба да има влијание над далечен метален објект, додека се спротивставуваме на искушението, тоа бледее и ја губи својата моќ над нашите мисли и срце и последователно, над нашите постапки.

Оваа аналогија ме потсети на искуството што многу верна членка на Црквата го сподели со мене пред извесно време. Оваа членка ми кажа дека кога се разбудила едно одредено утро, неправилна мисла што не беше ја искусила никогаш претходно неочекувано влегла во нејзиниот ум. Иако потполно ја изненадила, таа одреагирала против ситуацијата во дел од секунда, велејќи си себе си и на таа мисла, „Не!“ и ја заменила со нешто добро за да го сврти умот од недобредојдените мисли. Таа ми кажа дека додека во праведност ја извршувала својата морална слобода на избор, таа негативна, несакана мисла веднаш исчезнала.

Кога Морони го повикал народот да верува во Христос и да се покае, ги поттикнувал со сето свое срце да дојдат кај Спасителот, одземајќи им ја сета нечистотија. Уште повеќе, Морони ги повикал да го молат Бога, со нераскинлива решителност, за да не паднат во искушение.12 Водедувањето на овие принципи во нашите животи бара повеќе од само просто верување; бара прилагодување на сопствениот ум и срце ваквите божествени принципи. Претходно споменатото прилагодување бара секојдневен и постојан личен напор, како дополнување на нашето потпирање на Спасителот, зашто нашите смртни склоности нема да исчезнат сами од себе. Борбата против искушенијата трае еден животен век на трудољубивост и верност. Но ве молам знајте дека Господ е спремен да ни помогне во нашите лични напори и ветува извонредни благослови ако издржиме до крајот.

Во посебно тешко време кога Џозеф Смит и неговите колеги затвореници во Затворот Либерти немаа слобода во ништо освен во нивните мисли, Господ им овозможил корисен совет и ветување што важи за сите нас:

„Нека и твојата утроба исто така биде полна со добротворни дела кон сите мажи [и жени], и до домаќините на верата, и доблеста нека ги краси твоите мисли непрекинато; потоа твојата самодоверба ќе зајакне во присуство на Бог; …

„Светиот Дух ќе биде твојот постојан придружник, и твој жезол, неменлив жезол на праведност и вистина.“13

Правејќи така, свети мисли постојано ќе ги красат нашите умови и чисти желби ќе не водат кон праведни постапки.

Морони исто така го потсети својот народ да не биде изеден од сопствените страсти.14 Зборот страст се однесува на интензивен копнеж и непристојна желба за нешто.15 Опфаќа какви било темни мисли или зли желби што предизвикуваат индивидуата да се фокусира повеќе на себични практики или на светски имоти отколку на правење добрина, на љубезност, на одржување на заповедите на Бог и така натаму. Тоа често се манифестира преку најтелесните чувства на душата. Апостолот Павле ги идентификува некои од овие чувства, како што се „нечистотија, ласцивност, … омраза, … гнев, кавга, …завист, и … слично.16 Освен сите злобни аспекти на страста, ние не можеме да заборавиме дека непријателот ја користи како тајно и лажливо оружје против нас кога нѐ предизвикува да направиме нешто лошо.

Мои сакани браќа и сестри, јас сведочам дека додека се потпираме на карпата на спасението, Спасителот на нашите души, и го следиме советот на Морони, нашата способност да ги контролираме сопствените мисли значително ќе се зголеми. Ве уверувам дека нашата духовна зрелост ќе се зголемува со сѐ побрзо темпо, менувајќи го нашето срце, правејќи нѐ повеќе како Исус Христос. Дополнително, влијанието на Светиот Дух ќе биде поинтензивно и поконтинуирано во вашиот живот. Потоа непријателските искушенија, малку по малку, ќе ја изгубат својата моќ над нас, што резултира во посреќен, почист и посвет живот.

За оние кои, од каква било причина, ќе западнат во искушение и се задржуваат на неправедните постапки, ве уверувам дека постои пат назад, дека има надеж во Христос. Пред неколку години, имав можност да посетам мој драг член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни кој минуваше низ многу тешки времиња од неговиот живот откако извршил голем престап. Кога прво го видов, можев да видам тага во неговите очи, придружена со сјај на надеж на неговото лице. Неговиот израз на лицето оддаваше понизно и сменето срце. Тој беше посветен Христијанин и беше богато благословен од Господ. Меѓутоа, тој дозволи една непристојна мисла да го нападне неговиот ум, која потоа одведе кон други. Како што постојано стануваше попопустлив на овие мисли, наскоро тие фатија корен во неговиот ум и започнаа да растат длабоко во неговото срце. На крај дејствуваше спрема овие недостојни желби, што го навело да донесе одлуки спротивни на сѐ што беше највредно во неговиот живот. Ми кажа дека ако уште од почеток не ѝ отстапил место на таа глупава мисла да започне, тој не би станал ранлив и подложен на искушенијата од непријателот—искушенија кои донесоа толку многу тага во неговиот живот, барем за одреден временски период.

За среќа, како и распиничкиот син во познтата парабола од евангелието на Лука, „тој си дојде на себе“ и се разбуди од тој кошмар.17 Тој ја обнови неговата верба во Господ и почувствува вистинско покајание и имаше желба на крај да се врати во Господовите прегратки. Тој ден ние двајца ја почувствувавме откупителната љубов на Спасителот за нас. На крајот од нашата кратка посета, и двајцата бевме преплавени со емоции, и до ден денес, јас се сеќавам на блескавата радост на неговото лице кога ја напушти мојата канцеларија.

Почитувани мои пријатели, кога одолевавме на малите искушенија, кои често доаѓаат неочекувано во нашиот живот, ние сме подобро опремени да избегнеме сериозни престапи. Како што Претседателот Спенсер В. Кимбал кажа: „Ретко кој влегува во подлабок престап без претходно да попушти на помалите, што ја отвора вратата кон поголеми. … ‘Чисто поле [не] оддеднаш [станува] обраснато со плевел.’“18

Додека се подготвуваше за остварување на Неговата божествена мисија на земјата, Спасителот Исус Христос ја нагласи важноста за постојан отпор кон сѐ што може да нѐ одврати да ја реализираме нашата вечна цел. После неколку неуспешни напади од непријателот, во обид да го оттргне од Неговата мисија, Спасителот категорично го отпушти ѓаволот велејќи: „Бегај оттука, Сатано. … Потоа ѓаволот го напуштил, и ете, ангели дојдоа и му служеа.“19

Можете ли да замислите, мои браќа и сестри, што би се случило ако требаше да извлечеме сила и храброст од Спасителот и да кажеме, „Не“ и „Тргни се оттука“ на неморалните мисли уште првиот момент кога тие ни паднаа на памет? Какво би било влијанието врз желбите на нашите срца? Како нашите крајни постапки ќе не чуваат поблиску до Спасителот и ќе ни дозволуваат непрекинато влијание на Светиот Дух во нашите животи? Јас знам дека преку следење на Исусовиот пример, ќе избегнеме многу трагедии и непосакувани однесувања што може да предизвикаат семејни проблеми и несогласувања, негативни емоции и склоности, вршење неправди и злоупотреби, робување на злите зависности, и било што друго што би било против Господовите заповеди.

Во неговата историска и емотивна порака од април годинава, нашиот почитуван пророк, Претседателот Нелсон, даде ветување дека сите оние кои се спремни да „ го слушаат Него“—Исус Христос— и да се покоруваат на Неговите заповеди „ќе бидат благословени со дополнителна моќ да се справат со искушенијата, борбите и слабостите“ и дека нашиот капацитет да почувствуваме радост ќе се зголеми, дури и за време на сѐ поголемата моментална турбуленција.20

Јас ви сведочам дека ветувањата дадени од нашиот драг пророк се ветувања дадени од Спасителот Лично. Ве повикувам сите „слушнете го Него“ во секоја мисла и да го следиме со сето наше срце со цел да обезбедиме сила и храброст да кажеме, „Не“ и „Тргни се оттука“ на сите нешта што може да ни донесат несреќа во нашите животи. Ако го сториме тоа, ви ветувам дека Господ ќе испрати дополнителна количина од Неговиот Свет Дух да нѐ зајакне и да нѐ утеши и можеме да станеме индивидуи според Господовото срце.21

Јас сведочам дека Исус Христос живее и дека преку Него, може да триумфираме над непријателските злобни влијанија и да се квалификуваме да живееме за вечноста со Господ и во присуството на Нашиот сакан Отец на Небесата. Јас сведочам за овие вистини со сета моја љубов за вас и за нашиот убав Спасител, на чие име му давам слава, чест, и пофалба засекогаш. Ги велам овие нешта во светото име на Исус Христос, амин.