Генерална Конференција
Сакајте ги Вашите Непријатели
генералната конференција во Октомври 2020


Сакајте ги Вашите Непријатели

Знаењејќи дека сите ние сме деца на Бог ни дава визија за вредноста на другите и способност да се издигнеме над предрасудите.

Господовите учења се за навек и за сите Божји деца. Во оваа порака ќе дадам неколку примери од Соединетите Држави, но принципите што јас ги предавам се применливи насекаде.

Живееме во време на лутина и омраза во политичките односи и политиката. Ние тоа го почувствувавме ова лето кога некои отидоа подалеку од мирни протестирања и се впуштија во деструктивно однесување. Го чувствуваме тоа и во некои од тековните кампањи за јавни функции. За жал, нешто од овa дури се прелеа во политички изјави и нељубезни упатувања на нашите црковни средби.

Во една демократска влада ние секогаш ќе имаме разлики во однос на предложените кандидати и политики. Сепак, како следбеници на Христос ние мора да го изоставиме гневот и омразата со која политичките избраници дебатираат или се осудуваат во многу опкружувања.

Беседа на Гората

Еве едно од учењата на нашиот Спасител, веројатно добро познато но ретко применувано:

„Сте слушнале дека е кажано, Ќе го сакаш својот ближен, и ќе го мрзиш својот непријател.

„Но јас ви велам вам, Сакајте ги вашите непријатели, благословувајте ги тие што ве проколнуваат, правете им добрина на оние кои ве мразат, и молете се за оние кои очајно ве користат, и осудуваат“ (Матеј 5:43–44).1

Со генерации, Евреите биле поучувани да ги мразат своите непријатели, а потоа страдале од доминантноста и суровоста на Римската окупација. Сепак, Исус ги поучувал, „Сакајте ги своите непријатели“ и „правете им добрина на оние кои … и покрај сѐ ве користат.“

Исус проповеда во Америка

Какви револуционерни учења за личните и политичките односи! Но тоа и денес сѐ уште го заповедува нашиот Спасител. Во Книгата на Мормон читаме, „Зашто, вистина, вистина ви кажувам, оној кој го има духот на расправијата не е од мене, туку од ѓаволот, кој е таткото на расправиите, и тој ги поттикнува срцата човечки за да се расправаат со лутина, едни со други“ (3 Нефи 11:29).

Да ги сакаме нашите непријатели и нашите противници не е лесно. „Повеќето од нас ја немаат достигнато таа фаза на…љубов и простување,“ приметува Претседателот Хинкли, додавајќи, „Тоа бара само-дисциплина скоро поголема од онаа за што сме способни.“2 Но тоа мора да биде суштинско, зашто е дел од двете големи заповеди на Спасителот да „се сака Господ твојот Бог“ и да „се сака твојот сосед како себе си“ (Матеј 22:37, 39). И мора да биде возможно, зашто Тој исто така учеше, „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете“ (Матеј 7:7).3

Како да ги одржуваме овие божествени заповеди во свет каде сме подложни на човековите закони? За среќа, го имаме примерот на Спасителот за тоа како да балансираме помеѓу Неговите вечни закони и практикувањето на законите создадени од човекот. Кога противниците бараат да му постават замка со прашање за тоа дали Евреите треба да плаќаат даноци на Рим, Тој покажал на ликот на Цезар на нивните монети и изјавил, „Дајте му ги затоа на Цезар нештата што му припаѓаат, а на Бога оние што се Божји“ (Лука 20:25).4

Дајте му на Цезар

Значи, треба да ги следиме законите на луѓето (дајте му на Цезар) да живееме мирно под граѓанска власт, и да ги следиме законите на Бога кон нашата вечна дестинација. Но, како го правиме ова—особено како учиме да ги сакаме своите противници и нашите непријатели?

Учењата на Спасителот да не се „расправаме со бес“ се добар прв чекор. Ѓаволот е таткото на расправијата, и тој е тој кој ги предизвикува луѓето да се расправаат со бес. Тој промовира непријателство и односи на омраза помеѓу поединците и во групите. Претседателот Томас С. Монсон учеше дека лутината е „алатка на Сатаната,“ зашто „да се биде лут е да се попушти на влијанието на Сатаната. Никој не може да нѐ направи лути. Тоа е наш избор.“5 Лутината е патот кон поделби и непријателство. Се движиме кон тоа да ги сакаме нашите противници кога избегнуваме бес и непријателство кон оние со кои не се согласуваме. Исто така помага доколку сме воопшто спремни да учиме од нив.

Меѓу другите начини да се развие моќта да се сакаат другите е едноставниот метод опишан во зборовите од дамнешен мјузикл. Кога се обидуваме да ги разбереме и роднински да се поврземе со луѓе од различна култура, треба да се обидеме да ги запознаеме. Во безброј ситуации, сомничавоста на непознаникот па, дури и непријателството му отстапуваат место на пријателството или дури и на љубовта кога личните контакти резултираат со разбирање и взаемно почитување.6

Една уште поголема помош во учењето да се сакаат нашите противници и нашите непријатели е да се бара да се разбере моќта на љубовта. Еве три од многуте пророчки учења за ова.

Пророкот Џозеф Смит учи дека „една традиционална изрека вели дека љубовта раѓа љубов. Ајде да ја излееме љубовта—да ја покажеме нашата добрина кон целото човештво.“7

Претседателот Хауард В. Хантер учи: „Светот во кој ние живееме би имал огромна корист ако мажите и жените насекаде би практикувале чиста Христијанска љубов, што е љубезна, кротка и понизна. Таа е без завист или гордост. … Не бара ништо за возврат. … Нема простор за фанатизам, омраза, или насилство. … Охрабрува различни луѓе да живеат заедно во Христијанска љубов без разлика на религиозните верувања, расата, националноста, финансиската ситуација, образованието, или културата.“8

И Претседателот Расел М. Нелсон нѐ убедува да „го прошириме нашиот круг на љубов за да го опфатиме целото човечко семејство.“9

Суштински дел од сакањето на нашите непријатели е даго почитуваме Цезар со одржување на законите на нашите различни држави. Иако Исусовите учења беа револуционерни, Тој не проповедаше револуција или прекршување на законите. Проповедаше подобар начин. Современите откровенија учат исто:

„Не дозволувајте ниту еден маж да ги прекршува законите на земјата, зашто оној кој ги одржува законите Божји нема потреба да ги крши законите на земјата.

Затоа, бидете предмет на власта која владее“ (Учење и Завети 58:21–22).

И нашата поставка на верата, напишана од Пророкот Џозеф Смит откако првите Светци претрпеле сериозен прогон од службените лица во Мисури, изјавува: „Ние веруваме дека сме предмет на цареви, претседатели, владетели и магистрати, во послушноста, почитувањето, и поддржувањето на законот“ (Поставки на Верата 1:12).

Тоа не знaчи дека се согласуваме со сѐ што се прави со силата на законот. Значи дека го почитуваме тековниот закон и користиме мирни средства за да го промениме. Тоа исто така значи дека мирно ги прифаќаме резултатите од изборите. Нема да учествуваме во насилство со кое се закануваат оние разочараните од исходот.10 Во демократско општество ние секогаш имаме можност и должност мирно да истраеме сѐ до следните избори.

Спасителовите учења да се сакаат нашите непријатели се засноваат на реалноста дека сите смртници се сакани деца на Бог. Тој вечен приницп и некои основни приципи на законот беа тестирани на неодамнешните протести во многу американски градови.

Мирен протест

Во една крајност, некои изгледа заборавија дека Првиот Амандман на Уставот на Соединетите Држави ги гарантира „правата на граѓаните мирно да се собираат и да поднесат петиција до Владата за спроведување на правда.“ Тоа е овластен начин да се подигне јавната свест и да се фокусираме на неправдите во содржината или управување на законите. А имаше и неправди. Во јавните дејствувања и во нашите лични ставови, имавме расизам и поврзани со него навреди. Во уверлив личен есеј, Почитуваната Тереза А. Диар од Националната Асоцијација за Унапредување на Обоените Луѓе (NAACP) нѐ потсети дека „расизмот успева на омраза, угнетување, интриги, пасивност, рамнодушност и молк.“11 Како граѓани и како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, мора да работиме подобро за да помагнеме расизмот да се искорени.

Нелегален бунт

Во друга крајност, малцинството учесници и поддржувачи на овие протести и на нелегалните дејствија што следеа, се чини заборавија дека протестите заштитени од Уставот се мировни протести. Протестите немаат право да уништуваат, да расипуваат, ниту пак да крадат имот или да ја поткопуваат моќта на легитимните полициски овластувања на владата. Во уставот и законите не постои повик за револуција или анархија. Сите ние—полицијата, протестантите, поддржувачите, и набљудувачите—треба да ги разбереме ограничувањата на нашите права и важноста од тоа нашите обврски да останат во границите на постоечките закони. Абрахам Линколн беше во право кога рече, „Не постои проблем и незадоволство што е погоден предмет за решавање од страна на законот на толпа.“12 Да се отстрани причината за незадоволство на толпата е отстранување со нелегални сретства. Тоа е анархија, состојба што нема ефективно управување ниту формална полиција, што ги поткопува наместо да ги штити индивидуалните права.

Една од причините поради која неодамнешните протести во Соединетите Држави беа шокантни за многумина, беше тоа што непријателството и нелегалностите почувствувани помеѓу различните етнички припадности кај другите нации не би требало да се почувствува во Обединетите Држави. Оваа држава би требало подобро да го елиминира расизмот, не само против црните Американци, кои беа највидливи на неодамнешните протести, туку исто така и против Латиноамериканците, Азијатите и другите групи. Историјата на расизам на оваа нација не е среќна, и мора да ја направиме подобра.

Островот Елис
Имигранти

Обединетите Држави беа создадени од имигранти од различни националности и различни етникуми. Нивната обединувачка цел не беше да воспостават одредена религија ниту да овековечат било која од различните култури или племенска лојалност на старите континенти. Нашата генерација на основачи настојува да биде обединета преку новиот устав и законите. Тоа не значи дека нашите обединувачки документи или тогашното разбирање на нивното значење биле совршени. Историјата од првите два века на Соединетите Држави ја покажа потребата од многу усовршувања, како што е правото на глас за жените и, посебно, укинување на ропството вклучувајќи закони со кои се обезбедува начин оние кои робувале да ги имаат сите услови за слобода.

Двајца стипендисти на Универзитетот Јејл неодамна нѐ потсетија:

„Со сите свои недостатоци, Соединетите Држави се единствено опремени да обединуваат поинакво и поделено општество. …

„… нејзините граѓани не мора да направат избор помеѓу националниот идентитет и мултикултурализмот. Американците може да ги имаат и двете. Но клучен е уставниот патриотизам. Ние треба да останеме обединети со и преку уставот, без разлика на нашите идеолошки несогласувања.“13

Пред многу години, Британскиот секретар за надворешни работи го даде овој одличен совет во дебата во Долниот Дом: „Немаме вечни сојузници и немаме вечни непријатели. Нашите интереси се вечни и доживотни, а наша должност е да ги следиме нив.“14

Тоа е добра секуларна причина за следење на „вечните и трајни“ интереси во политичките прашања. Како додаток, доктрината на Господовата Црква нѐ учи на уште еден вечен интерес што ќе не води: учењата на нашиот Спасител, кој го инспирираше Уставот на Соединетите Држави и основните закони за многу од нашите земји. Лојалоста да се воспостави закон наместо привремени „сојузници“ е најдобар начин да се сакаат нашите противници и непријатели додека бараме единство во различностите.

Знаењето дека сите ние сме деца на Господ ни дава божествена визија за вредноста на сите други и волјата и способноста да се издигнеме над предрасудите и расизмот. Како што сум живеал долга низа на години во различни места во оваа нација, Господ ме научил дека е можно да се покоруваме и да ги подобруваме нашите национални закони, и исто така да ги сакаме нашите противници и непријатели. Иако не е лесно, тоа е можно со помошта на нашиот Господ, Исус Христос. Тој ја дава оваа заповед да сакаме, и ни ветува помош како што тежнееме да и се покоруваме. Јас сведочам дека ние сме сакани и ќе ни биде помогнато од нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види исто така Лука 6:27–28, 30.

  2. Гордон Б. Хинкли (Gordon B. Hinckley, “The Healing Power of Christ,” Ensign, Nov. 1988, 59; see also Teachings of Gordon B. Hinckley (1997), 230.)

  3. Види исто така Учења и завети 6:5.

  4. Види исто така Матеј 22:21; Марко 12:17.

  5. Томас С. Монсон (Thomas S. Monson, “School Thy Feelings, O My Brother,” Liahona, Nov. 2009, 68.)

  6. Види Беки и Бенет Борден (Becky and Bennett Borden, “Moving Closer: Loving as the Savior Did,” Ensign, Sept. 2020, 24–27.)

  7. Joseph Smith, in History of the Church, 5:517. Слично, Мартин Лутер Кинг Јун. (1929-68) рекол: „Враќање на насилство за насилство го мултиплицира насилството, додавајќи подлабока темнина на ноќта што веќе е оставена без ѕвезди. Темнината не може да ја истера темнината: само светлината може. Омразата не може да ја истера омразата: само љубовта може да го направи тоа“ (Where Do We Go from Here: Chaos or Community? [2010], 64–65).)

  8. Teachings of Presidents of the Church: Howard W. Hunter (2015), 263.

  9. Расел М. Нелсон, (Russell M. Nelson, “Blessed Are the Peacemakers,” Liahona, Nov. 2002, 41); види исто така ( Teachings of Russell M. Nelson (2018), 83.)

  10. Види (“A House Divided,” Economist, Sept. 5, 2020, 17–20.)

  11. Тереза А. Диар (Theresa A. Dear, “America’s Tipping Point: 7 Ways to Dismantle Racism,” Deseret News, June 7, 2020, A1.)

  12. Абрахам Линколн (Abraham Lincoln, address at the Young Men’s Lyceum, Springfield, Illinois, Jan. 27, 1838, in John Bartlett, Bartlett’s Familiar Quotations, 18th ed. (2012), 444.)

  13. Ејми Чуа и Џед Рубенфелд (Amy Chua and Jed Rubenfeld, “The Threat of Tribalism,” Atlantic, Oct. 2018, 81, theatlantic.com.)

  14. Хенри Џон Темпл, Висконт Палмерстон (Henry John Temple, Viscount Palmerston, remarks in the House of Commons, Mar. 1, 1848; in Bartlett, Bartlett’s Familiar Quotations, 392; додаден акцент.)