Генерална Конференција
Замолкни, престани
генералната конференција во Октомври 2020


Замолкни, престани

Спасителот нè учи како да чувствуваме мир и смиреност дури и кога ветровите силно дуваат околу нас и брановите што брануваат се закануваат дека ќе ги потопат нашите надежи.

Кога нашите деца беа мали, нашето семејство помина неколку дена на едно прекрасно езеро. Едно попладне некои од децата облекоа елеци за спасување пред да скокнат од палубата во водата. Нашата најмала ќерка гледаше со двоумење, внимателно набудувајќи ги нејзините браќа и сестри. Со сета храброст што можеше да ја собере, го фати носот со едната рака и скокна. Веднаш се појави на површината и со малку паничен глас извикна: „Помогнете ми! Помогнете ми“!

Сега, таа не беше во било каква животна опасност; нејзиниот прслук за спасување ја вршеше својата работа и таа лебдеше безбедно. Можевме да ѝ подадеме рака и да ја повлечеме на палубата со малку напор. Сепак, од нејзина гледна точка, ѝ требаше помош. Можеби тоа беше студенилото на водата или новото искуство. Во секој случај, таа се качи назад на палубата, каде што ја завиткавме во сув пешкир и ја пофаливме за нејзината храброст.

Без разлика дали сме стари или млади, многумина од нас, во моменти на неволја, изговориле со итност зборови како што се „Помогнете ми“! „Спаси ме!“ или „Те молам, одговори на мојата молитва!“

Таков настан се случил со Исусовите ученици за време на Неговата земјена служба. Во Марко читаме дека Исус „пак почна да подучува покрај морето; и околу Него се собра големо мноштво“.1 Толпата станала толку бројна што Исус „влезе тогаш во кораб“2 и зборуваше од Неговата палуба. Цел ден Тој го подучуваше народот со параболи додека тие седеа покрај брегот.

„И … кога дојде [вечерта]“, им рече на Неговите ученици, „Да преминеме на спротивната страна! И кога го отпуштија народот,“3 тргнаа од брегот и беа на пат преку Галилејското Море. Наоѓајќи место во задниот дел на бродот, Исус легнал и набрзо заспал. Наскоро „се подигна голема бура од ветрот, и брановите се префрлуваа во бродот, така што беше [скоро] тој полн “.4 со вода.

Многу од Исусовите ученици биле искусни рибари и знаеле како да управуваат со брод во бура. Тие биле Неговите луѓе од доверба, Неговите сакани—ученици. Тие ги беа напуштиле работните места, личните интереси и семејството за да го следат Исус. Нивната вера во Него беше очигледна од нивното присуство во чамецот. И сега нивниот брод беше среде невреме и на самиот раб на тонење.

Не знаеме колко долгу се бореле за да го одржат бродот на површината за време на бурата, но тие го разбудиле Исус со малку паничен глас, велејќи:

„Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“5

„Господе, спаси нѐ, ние гинеме“!6

Тие го нарекле „Господар“ и Тој навистина е. Тој е исто така „Исус Христос, Синот Божји, Отецот на небесата и на земјата, Создавачот на сите нешта од почетокот“.7

Замолкни, престани

Од својата позиција во чамецот, Исус стана го покори ветрот и му кажа на бесното море, „Замолкни, престани! И ветрот [стивна], и завладеа голема тишина“.8 Секогаш Господарот Учител, Исус потоа ги подучил Своите ученици преку две едноставни, а сепак исполнети со љубов прашања. Тој прашал:

„Зошто сте толку плашливи“?9

„Каде е верата ваша“?10

Постои смртна тенденција, па дури и искушение, кога ќе се најдеме среде искушенија, неволји или маки да викаме: „Учителе, зар не Ти е грижа што гинам? Спаси ме“. Дури и Џозеф Смит се молеше од ужасен затвор: „Боже, каде си? И каде е засолништето што го покрива твоето скривалиште?“.11

Секако, Спасителот на светот ги разбира нашите смртни ограничувања, зашто Тој нè учи како да чувствуваме мир и смиреност дури и кога ветровите силно дуваат околу нас и брановите што трескаат се закануваат да ги потопат нашите надежи.

На оние со докажана вера, со вера како на дете, или дури и со најмала честичка на вера12 Исус ги повикува велејќи: „Дојдете кај Мене.“13 „Верувајте во Моето име.“14 „Учете од Мене, и слушајте ги Моите зборови.“15 Тој нежно ни заповеда, „Покајте се и [бидете] крстени во Мое име,“16 „Сакајте се едни со други; како што Јас вас ве сакам,“17 и „Секогаш памтете Ме.“18 Исус нѐ разуверува, објаснувајќи: „Овие нешта Јас ви ги кажувам вам, за да имате мир. Во светот ќе имате невољи; но бидете со добра воља; Го совладав светот.“19

Можам да замислам дека Исусовите ученици во бродот исфрлен од бурата, од неопходност, беа зафатени со посматрање на брановите како паѓаат на нивната палуба и со отстранување на вода од бродот. Можам да ги замислам како управуваат со едрата и се обидуваат да одржат привидна контрола врз нивниот мал пловен објект. Беа фокусирани на преживување на моментот, , а нивната молба за помош беше итно искрена.

Многумина од нас не се разликуваат во денешно време. Неодамнешните настани низ целиот свет и во нашите нации, заедници и семејства не напаѓаат со непредвидливи искушенија. Во време на превирања, нашата вера може да се почувствува затегната до границите на нашата издржливост и разбирање. Бранови на страв можат да ни го одвлекуваат вниманието, предизвикувајќи не да заборавиме на Божјата добрина, оставајќи ја така нашата перспектива кратковида и надвор од фокусот. Сепак, токму во овие тешки моменти на нашето патување нашата вера не само што може да биде ставена на тест, туку и да биде утврдена.

Без оглед на околностите, можеме намерно да вложиме напори да ја изградиме и зголемиме нашата вера во Исус Христос. Таа се зајакнува кога се сеќаваме дека сме деца Божји и дека Тој нè сака. Нашата вера расте додека експериментираме на зборот Божји со надеж и трудоубивост, обидувајќи се најдобро што можеме да ги следиме Христовите учења. Нашата вера се зголемува кога избираме да веруваме наместо да се сомневаме, да простуваме наместо да судиме, да се покајуваме наместо да се бунтуваме. Нашата вера се прочистува кога трпеливо се потпираме на заслугите, и милоста, и благодатта на Светиот Месија.20

„Иако верата не е совршено знаење“, Старешина Нил А. Максвел рече, „таа носи длабока верба во Бога, чие знаење е совршено!“21 Дури и во турбулентни времиња, вербата во Господ Исус Христос е храбра и силна. Таа ни помага да ги отстраниме неважните одвлекувања на вниманието. Таа нè охрабрува да продолжуваме да се движиме по заветниот пат. Верата не турка низ обесхрабрувањето и ни дозволува да се соочиме со иднината со решителност и исправени рамена. Таа нè поттикнува да бараме спас и олеснување додека му се молиме на Отецот во името на Неговиот Син. И кога молитвените молби изгледаат дека ќе останат неодговорени, нашата истрајна вера во Исус Христос резултира со трпеливост, понизност и способност почитно да ги изустиме зборовите, „Да биде волјата Твоја.“22

Претседателот Расел М. Нелсон нè подучува:

„Не треба да дозволуваме на нашите стравови да ја потиснат нашата вера. Против овие стравови можеме да се избориме преку зајакнување на нашата вера.

„Започнете од вашите деца. … Дозволете им да ја почувствуваат вашата вера, дури и кога болни искушенија доаѓаат над вас. Нека вашата вера биде насочена кон нашиот полн со љубов Небесен Отец и Неговиот возљубен Син, Господ Исус Христос. … Научете го секое скапоцено момче или девојче дека е дете на Бог, создадено по Неговиот лик, со света цел и потенцијал. Секој е роден со предизвици што треба да се ги надмине и вера што треба да ја развие“.23

Неодамна слушнав како две четиригодишни деца ја споделуваат својата вера во Исус Христос кога одговорија на прашањето „Како ви помага Исус Христос?“ Првото дете рече: „Знам дека Исус ме сака бидејќи Тој умре за мене. Тој исто така ги сака и возрасните“. Второто дете рече: „Тој ми помага кога сум тажен или раздразлив. Тој ми помага и кога тонам“.

Исус изјавил, „Затоа, кој и да се покае и дојде кај Мене како мало дете, него ќе го примам, зашто такво е царството на Бог.“24

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Неговиот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот“.25

Неодамна, претседателот Нелсон ветил „дека ќе следат намален страв и зголемена вера“, кога „ќе започнеме одново навистински да послушаме и да внимаваме на зборовите на Спасителот“.26

Исус го смирува морето

Сестри и браќа, нашите моментални предизвикувачки околности не се нашата последна вечна дестинација. Како членови на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни, ние го презедовме на себе името на Исус Христос преку завет. Имаме верба во Неговата искупувачка моќ и се надеваме на Неговите големи и скапоцени ветувања. Ги имаме сите причини да се радуваме, зашто нашиот Господ и Спасител е длабоко свесен за нашите проблеми, грижи и таги. Како што Исус беше со Своите ученици во минатото, Тој е и во нашиот чамец! Јас сведочам дека Тој го даде својот живот за да јас и вие не загинеме. Да Му веруваме, да се покоруваме на Неговите заповеди и со вера да Го слушаме како вели: „Замолкни, престани“.27 Во светото име на Исус Христос, амин.