Генерална Конференција
Движејќи се Напред
генералната конференција во Октомври 2020


Движејќи се Напред

Сепак делото на Бог мирно се движи напред.

Мои драги браќа и сестри, каква радост е да се биде со вас додека почнуваме со 190-тата Полугодишна Генерална Конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Сакам да ви се придружам во вашите домови или каде и да сте, да ги слушаме заедно пораките од пророците, јасновидците, и откровителите и други Црковни лидери.

Колку сме благодарни за технологијата која ни помага да бидеме поврзани како еден голем светски распространет собир на ученици на Исус Христос. Генералната Конференција минатиот Април беше гледана од повеќе луѓе од било кои пред неа, и имаме очекувања дека ова повторно ќе се случи.

За време на тие неколку изминати месеци, една глобална пандемија, огнови кои беснееја, и други природни катастрофи го превртеа нашиот свет наопаку. Жалам со сите вас кои изгубивте љубени во овој период. И се молам за сите оние кои сега страдаат.

Сепак делото на Бог мирно се движи напред. Покрај социјалната оддалеченост, маски за лице, и Зум средби, научивме да правиме некои нешта поразлично и некои дури поефективно. Невообичаени времиња можат да донесат невообичаени награди.

Нашите мисионери и мисионерски лидери беа полни со ресурси, жилави, и навистина впечатливи. Иако повеќето мисионери мораа да најдат нови, креативни начини да ја завршат нивната работа, многу мисии пријавија дека спроведуваат повеќе учење отколку порано.

Моравме да ги затвориме храмовите за одреден период, и некои конструкциски проекти беа кратко одложени, но сега сите тие се движат напред. Во календраската година 2020, спремивме земјиште за 20 нови храмови.

Работата за семејна историја се зголеми експоненцијално. Многу нови оддели и колови беа создадени. И ние сме благодарни да пријавиме дека Црквата обезбеди пандемиска хуманитарна помош за 895 проекти во 150 земји.

Зголеменото проучување на евангелието во многу домови резултира со појаки сведоштва и семејни врски. Една мајка напиша: „Се чувствуваме поблизу до нашите деца и внуци сега кога се собираме на Зум секоја Недела.“ Секој добива ред да ги каже своите мисли за Дојдете, Следете Ме. Молитвите за нашите членови на семејството се промениле бидејќи подобро разбираме што им треба.“

Се молам дека ние како народ го користиме ова уникатно време да пораснеме духовно. Ние сме овде на земјата да бидеме тестирани, да видиме дали ќе одбереме да го следиме Исус Христос, да се каеме често, да учиме и да напредуваме. Нашите духови сакаат да напредуваат. И го правиме тоа најдобро останувајќи цврсто на заветениот пат.

Низ сето тоа, нашиот Небесен Отец и Неговиот Син Исус Христос, не љубат! Тие се грижат за нас! Тие и нивните свети ангели не чуваат.1 Знам дека тоа е вистина.

Додека се собираме да ги слушнеме зборовите кои Господ ги инспирира Неговите слуги да ги пренесат, ве поканувам да размислите за ветувањето кое Господ го направи. Тој објави дека „кој и да се држи до словото на Бог, кое е моќно и брзо, кое ќе ги пресече на пола сите лукави … и итрините на ѓаволот, и ќе го води ученикот на Христос на прав и тесен правец“.2

Јас се молам дека вие ќе одберете да се држите до словото на Бог како што е објавено за време на оваа генерална конференција. И се молам да ја почувствувате совршената љубов на Господ за вас3 во светото име на Исус Христос, амин.