Срца Сплотени во Праведност и Единство
На оваа 200-годишна пресвртница во нашата црковна историја, да се обврземе да живееме праведно и да бидеме обединети како никогаш претходно.
Праведноста и единството се исклучително важни.1 Кога луѓето го сакаат Бога со сето свое срце и праведно настојуваат да станат како Него, има помалку кавги и расправии во општеството. Има повеќе единство. Ја сакам вистинитата приказна која тоа го илустрира.
Како млад човек кој не е од нашата вера, Генералот Томас Л. Кејн им помагаше и ги бранеше Светците, бидејќи од нив се бараше да побегнат од Наву. Тој беше адвокат на Црквата долга низа на години.2
Во 1872, Генералот Кејн, неговата талентирана сопруга, Елизабет Вуд Кејн, и нивните двајца синови патувале од нивниот дом во Пенсилванија до Солт Лејк Сити. Тие го придружувале Брингам Јанг и неговите соработници во походот јужно до Сент Џорџ, Јута. Елизабета пристапила на својата прва посета на Јута со резервираност кон жените. Се изненадила од некои нешта што ги научила. На пример, таа открила дека во Јута, секоја кариера со која една жена може да заработи за живот е отворена за нив.3 Таа исто така открила дека членовите на Црквата се љубезни, полни со разбирање и со почит кон американските домородци.4
За време на патувањето тие престојувале во Филмор во домот на Томас Р. и Матилда Робинсон Кинг.5
Елизабета напишала дека додека Матилда подготвувала оброк за Претседателот Јанг и неговото друштво, пет Американски Индијанци влегле во собата. Иако непоканети, беше јасно дека очекуваат да се придружат на друштвото. Сестра Кинг им прозборе „на нивниот дијалект.“ Тие седнаа со своите ќебиња и со пријатен израз на нивните лица. Елизабета запраша едно од децата на кралот, „Што им кажа вашата мајка на тие мажи…?”
Одговорот на Матилдиниот син беше, „Таа кажа-Овие странци дојдоа први, а јас зготвив само доволно за нив; но вашиот оброк е на огнот и се готви во моментов, и ќе ве повикам штом ќе биде готов.“
Елизабета праша, „Дали навистина ќе го стори тоа, или само ќе им ги подели остатоците на кујнската врата?“6
Синот на Матилда одговори, „Мајка ми ќе им сервира исто како и на вас и ќе им направи место на масата.“
Таа така и направи, а „тие јадеа со совршена пристојност.“ Елизабета појасни дека оваа домаќинка го зголеми за 100 проценти мислењето за себе.7 Единството е зајакнато кога луѓето се третираат со достоинство и со почит, иако се различни според надворешните карактеристики.
Како водачи, ние немаме илузија дека во минатото сите врски биле совршени, секое однесување наликувало на Христосовото, или дека сите одлуки биле праведни. Сепак, нашата вера учи дека сите ние сме деца на нашиот Небесен Отец, и ние му служиме Него и на Неговиот Син, Исус Христос, кој е нашиот Спасител. Наша огромна желба е нашите срца и умови да бидат сплотени во праведност и единство и дека ние ќе бидеме едно со Нив.8
Праведност е широк, сеопфатен поим кој со сигурност вклучува живот според Божјите заповеди.9 Тој нѐ квалификува за светите обреди што го сочинуваат заветниот пат и нѐ благословува за да го имаме Духот да ни дава насока во нашите животи.10
Да се биде праведен не зависи од тоа дали секој од нас ги има сите благослови во нашиот живот во ова време. Можеби во моментот не сме венчани или благословени со деца, или пак ги немаме другите посакувани благослови. Но Господ вети дека праведните кои се верни „може да живеат со Бог во состојба на бескрајна среќа.“11
Единство е исто така широкораспространет, сеопфатен термин но сосема сигурно претставува типичен пример на првата и втората голема заповед да се сака Господ и да се сакаат нашите ближни.12 Тоа означува народот на Сион чии срца и мисли се „сплотени во единство.“13
Контекстот на мојата порака е контрастот и поуките од светите писма.
Поминаа 200 години откако Отецот и Неговиот Син први се појавија и го започнаа Обновувањето на евангелието на Исус Христос во 1820. Записот во 4 Нефи од Книгата на Мормон вклучува сличен 200-годишен период откако Спасителот се појавил и ја воспоставил Неговата Црква во древна Америка.
Историскиот запис што го читаме во 4 Нефи опишува народ помеѓу кој нема завист, кавги, превирања, лаги, убиства, или било каков вид на ласцивности. Поради оваа праведност, записот наведува, „сигурно не би можело да има посреќен народ помеѓу сите луѓе кои биле создадени од раката на Бог.“14
Со почит кон единството, 4 Нефи чита, „Немаше расправии во земјата, поради љубовта на Бог што живееше во срцата на народот.“15
За жал, 4 Нефи потоа опишува драматична промена што започнала во „годината двесте и прва,“16 кога беззаконието и поделбите ја уништија праведноста и единството. Длабочината на изопаченоста што потоа се појави беше последователно толку злобна што на крајот големиот пророк Мормон се пожали на својот син Морони:
„Но, О мој сине, како може народ како овој, кој се насладува на толку многу омраза—
„Како може да очекуваме дека Бог ќе ја стави својата рака во судот против нас?“17
Во оваа евангелска епоха, иако живееме во посебно време, светот не е благословен со праведност и единство опишани во 4 Нефи. Напротив, живееме во момент на особено изразени поделби. Сепак, милионите кои го прифатија евангелието на Исус Христос се заветија на постигнување и на двете и на праведност и на единство. Сите ние сме свесни дека може да направиме подобро, и тоа е нашиот предизвик на овој ден, Ние може да бидеме силата што ќе го крене и ќе го благослови општеството како целина. На оваа 200-годишна пресвртница во нашата црковна историја, да се обврземе да живееме праведно и да бидеме обединети како никогаш претходно. Претседателот Расел М. Нелсон побара од нас „да демонстрираме поголема учтивост, расна и етичка хармонија и взаемено почитување.“18 Ова значи да се сакаме едни со други и Бога да ги прифаќаме сите како браќа и сестри и навистина да бидеме народ на Сион.
Со нашето сеопфатно учење, може да станеме оаза на единството и да ја славиме различноста. Единството и различноста не се спротивставени. Можеме да постигнеме поголемо единство додека негуваме атмосфера на вклученост и почит кон различностите. Одреден периодот служев во Сан Франциско во претседателството на Калифорнискиот кол, имавме Шпански-, Тонгански-, Самоански-, Тагалог англиски-, и конгрегации кои зборуваат мандарински јазик. Нашите оддели во кои се зборува англиски јазик беа составени од луѓе кои потекнуваат од многу расни и културни групи. Имаше љубов, праведност и единство.
Одделите и гранките во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни се утврдени според географија или јазик,19 не според раса или култура. Расата не е утврдена во членските записи.
Во првите години од Книгата на Мормон, приближно 550 години пред Христовото раѓање, учиме за основната заповед во врска со односот помеѓу Отецот и Небесните деца. Сите треба да ги одржуваат Божјите заповеди, и сите се повикани да учествуваат во добрината Господова; „и не одби никого кој дојде кај него, ни црни ни бели, ни заробени ниту слободни, ни машко ни женско; и се сети тој на незнабошците, и сите кои пред Бога се еднакви, и Евреи и Неевреи.“20
Службата на Спасителот и неговата пораката непрекинато прогласуваат дека сите раси и бои се Божји деца. Сите ние сме браќа и сестри. Во нашата доктрина веруваме дека во земјата домаќин на Обновувањето, Соединетите Држави, Уставот на С.Д.21 и поврзаните со него документи,22 напишани од несовршени луѓе, беа инспирирани од Бога за да ги благословат сите луѓе. Како што читаме во Учење и Завети, овие документи беа „ воспоставени и треба да се одржуваат заради правата и заштита на секое тело, во согласност со праведните и свети принципи.“23 Два од овие принципи се правото на избор и одговорност за сопствените гревови. Господ објави:
„Затоа, не е во ред било кој човек да биде во ропство еден на друг.
„И за оваа цел воспоставив јас Устав на оваа земја, од рацете на мудри луѓе кои ги воспитав токму за оваа цел, и ја искупив земјата со пролевање на крв.“24
Ова откровение беше примено во 1833 кога Светците во Мисури трпеа голем прогон. Насловот кон Учење и Завети дел 101 чита во дел: „Бандите ги истераа од нивните домови во Државата Џексон. … Заканите со смрт против [членови] на Црквата беа многу.“25
Ова беше време на тензија на неколку фронта. Многу Мисуријанци сметаа дека домородците на Америка, Индијанците се нивни немилосрдни непријатели и сакаа да ги отстранат од земјата. Како последица, многумина од доселениците на Мисури беа сопственици на робови и чувствуваа закани од оние кои биле против ропство.
Спротивно на тоа, нашата доктрина ги почитуваше Индијанците и наша голема желба беше да ги научиме на евангелието на Исус Христос. Во однос на ропството, нашите свети писма јасно ставија до знаење дека ниту еден човек не смее да биде во ропство на друг.26
Конечно, Светците беа наслно протерани од Мисури27 а потоа принудени да се преселат на Запад.28 Светците напредуваа и го пронајдоа мирот што ја придружува праведноста, единството, и живеење на евангелието на Исус Христос.
Јас се радувам на Исусовата Молитва запишана во Евангелието според Јован. Спасителот признал дека Таткото го испратил и дека Тој, Спасителот, ја завршил работата за која бил испратен да ја заврши. Се молел за Своите ученици и за оние кои би верувале во Христос: „За да тие сите може да бидат едно; како што си ти, Оче, во мене, и јас во тебе, па така и тие да бидат во Нас едно.“29 Да се биде едно е она за што Христос се молел пред Неговото предавство и Распетие.
Во првите години после Обновувањето на евангелието на Исус Христос, запишано во делот 38 од Учење и Завети, Господ зборува за војни и зла и изјавува, „Јас ви велам, бидете едно; а ако не сте едно тогаш не сте мои.“30
Нашата црковна култура доаѓа од евангелието на Исус Христос. Ова Послание на Апостолот Павле за Римјаните е темелно31 Раната Црква во Рим се состоеше од Евреи и Неевреи. Овие први Евреи имале Еврејска култура и „ја освоиле сопствената еманципација, и започнале да се размножуваат и да доживуваат процут.“32
Неевреите во Рим имале култура која била под значајно влијание на Хелените, кои Апостол Павле ги разбирал многу добро поради неговите искуства во Атина и Коринт.
Павле го унапредува евангелието на Исус Христос на сеопфатен начин. Тој запишува релевантни аспекти и од Еврејската и од Нееврејската култура33 што се во конфликт со вистините на евангелието на Исус Хритос. Тој првично побара од секој од нив да ги напуштат културните препреки од сопствените верувања и култура што не е во согласност со евангелието на Исус Христос. Павле ги опоменува Евреите и Неевреите да ги одржуваат заповедите, да се сакаат едни со други, и потврдува дека праведноста води до спасение.34
Културата од евангелието на Исус Христос не е паганска култура ниту Еврејска. Таа не е одредена од бојата на кожата или од тоа каде некој живее. Додека се радуваме во сопствените карактеристики на културите, треба да ги оставиме позади себе аспектите на овие култури што доаѓаат во конфликт со евангелието на Исус Христос. Нашите членови и новите духовно препородени лица често доаѓаат од различни расни и културни средини. Ако го следиме предупредувањето на Претседателот Нелсон да го собереме раселениот Израел од двете страни на превезот, ќе откриеме дека сме различни како што беа Евреите и Неевреите во времето на Павле. Сепак можеме да бидеме обединети во нашата љубов за и вера во Исус Христос. Павловото Послание до Римјаните го воспоставува принцпот да ја следиме културата и учењето на евангелието на Исус Христос. Тоа е модел за нас и денес.35 Обредите во храмот нѐ обединуваат на посебни начини и ни дозволуваат да бидеме едно во секој вечно значаен начин.
Им даваме признание на нашите пионери членови ширум светот, не затоа што биле совршени туку затоа што тие ги надминале сите потешкотии, се жртвувале, тежнееле да бидат слични на Христос, и се труделе да изградат вера и да бидат едно со Спасителот. Нивната обединетост со Спасителот ги направи обединети едни со други. Овој принцип е вистина за вас и за мене денеска.
Звукот на трубата што ги повикува членовите на Црквата на Исус Христос од Светците на Подоцнежните-дни е да копнееме да бидеме народ на Сион, луѓе со едно срце и една мисла и да живееме во праведност.36
Тоа е мојата молитва, дека ние ќе бидеме праведни и обединети и целосно насочени на служење и богослужба на Спасителот, Исус Христос, за кој јас сведочам. Во името на Исус Христос, амин.