Генерална Конференција
Извонредниот Дар на Синот
генералната конференција во Октомври 2020


Извонредниот Дар на Синот

Преку Исус Христос, можеме да избегаме од заслужените агонии на нашите морални неуспеси и да ги надминеме незаслужените агонии на нашите смртни несреќи.

Додека ја читав Книгата на Мормон за Дојдете, Следете Ме лекција минатото лето, бев погоден од извештајот на Алма кога тој стана целосно свесен за сите негови гревови, „немаше ништо толку извонредно и толку горчливо како што беа [неговите] болки“.1 Признавам дека тој говор за извонредна болка се истакна делумно поради мојата борба оваа недела со седум милиметарски камен во бубрегот. Никогаш ниту еден човек не искусил такви “големи нешта” кога такви “мали и едноставни” нешта се “се случија”.2

Јазикот на Алма исто така се истакнуваше бидејќи зборот извонреден, во англискиот превод на Книгата на Мормон, типично опишува нешта од исклучителна убавина или неспоредлива величественост. На пример, Џозеф Смит спомена дека нагелот Морони носеше облеки од „извонредна белина“, белина што кажа дека беше вон било што земно што некогаш го видел.3 Сепак извонредно може да пренесе исто така екстремен интензитет дури и за ужасни работи. Така, Алма и врвните линкови во речниците поврзуваат извондредна болка со “измачен”, “мачен”, and “изнемоштен” до “најголемиот степен.”4

Алма замислено се одразува на отрезнувачкиот факт дека во одреено време целата, преголема вина на секој грев кој го правиме мора да биде почувствувана. Правдата бара и самиот Бог неможе да го направи спротивното.5 Кога Алма се сети на „сите“ негови—особено оние кои ги уништуваа верите на другите, неговата болка беше неподнослива, и идејата да се стои пред Бог ги исполни со неизразлив хорор. Тој копнееше да стане истребен и со душа и со тело.”6

Се започнува да се менува за Алма во моментот кога, тој вели, неговиот „ум го задржа“ врз него „доаѓањето на едниот Исус Христос … Да се помири за гревовите на светот“ и тој „довикуваше внатре во неговото срце: О Исус, ти Синко на Бог, имај милост за мене.“ Со таа една мисла и со таа молба, Алма беше исполнет со извонредна радост исто колку и неговата болка.7

Пријатели мои, крајната цел на вистинското покајание е да земе одредена мизерија и да ја трансформира во чист благослов. Благодарение на „моменталната добрина,”8 штом ќе дојдеме кај Христос со вера и автентично сожалување, преголемата тежина на нашите гревови започнува да се префрла од нашите грбови на Неговиот. Ова е возможно само поради Тој кој е без грев страдаше неискажлива агонија”9 на секој еден грев во универзумот на Неговите креации—страдање толку тешко, крв насобрана, од секоја негова пора. Од директно, лично искуство, Спасителот не предупредува, во современите свети писма, дека немаме идеја колку извонредни ќе бидат нашите страдања ако не се покаеме. Но со незамислива дарежливост Тој додава дека Тој, Бог, ги претрпил овие работи за сите, за да не страдаат ако се покајат10—покајание кое ни овозможува да вкусиме од извонредната радост која Алма ја вкусил.11 Само за ова учење, „Јас стојам целиот зачуден.“12 Да, запрепастувачки, Христос нуди уште повеќе.

Понекогаш неиздржлива болка не доаѓа од грев туку од искрени грешки, постапки на другите, од сили вон наша контрола. Кога ова ќе се случи, можетеда плачете како преведниот Псалмист кој довикуваше:

„Моето срце е болно во мене: и ужасите на смртта се паднати врз мене.

… И ужасот ме совлада.

„… О да би имал крилја како гулаб! Зашто тогаш би летал, и би бил одморен.“13

Медицинска наука, професионално советување, или легална ректификација можат да помогнат да се кренеме од нашите страдања. Но забележете, сите добри дарови—вклучувајќи ги и овие—доаѓаат од Спасителот.14 Без разлика на причините на најлошите повреди и болки во срцето, крајниот извор на олеснување е истиот: Исус Христос. Тој сам може да ја исправи секоја грешка, секоја неправедност, да ја прилагоди секоја несовршеност, да ја излечи секоја рана, и да го пренесе секој задоцнет благослов. Како сведоците од минатото, сведочам дека „немаме висок свештеник кој не може да биде допрен со чувство на нашите слабости,“15 туку попрво еден прекрасен Искупител кој се спушти од Неговиот трон од горе и тргна наоколу страдајќи болки и маки и искушенија од секаков вид … за тој да може да знае … како да му помогне на својот народ.“16

За секој денес со толку напнати болки или толку уникатни кој чувствува дека никој не може целосно да ве цени, можеби имате право. Може да нема член на семејството, пријател, или свештенски водач—толку чувствителен и со добра мисла со која секој може да биде—кој знае што точно чувствувате или го има прецизниот збор да ви помогне да исцелите. Но знајте го ова: постои еден кој знае точно што искусувате, кој е „помоќен отколку сета земја“17 и кој „може да направи изобилно повеќе над се што барате или мислите“.18 Процесот ќе се развие на Неговиот начин и според и според Неговиот распоред, но Христос стои секогаш спремен секогаш да ве исцели секој аспект од агонија.

Додека Му овозможувате да го прави тоа, ќе видите дека вашата гонија не беше залудна. Зборувајќи за мнофу херои од Библијата и нивните таги, Апостолот Павле рекол дека „Бог… обезбеди некои подобри нешта за нив низ нивните страдања, бидејќи без страдање не може да бидат совршени.“19 Гледате, самата природа на Бог и цел на нашето земјено постоење е среќа,20 но ние не можеме да бидеме совршени битија на божествена радост без искуства кои не тестираат, понекогаш до нашето само јадро. Павле забележува, дека самиот Спасител беше создаден вечно „совршен“ односно [или комплетно] низ страдања. “21 Затоа чувајте се против сатанските шепоти дека ако сте биле подобра личност, би избегнале такви испитувања.

Исто така мора да одолеете на лагите дека вашите страдања предлагаат да стоите подалеку од Божјиот круг на одбраните, кој се чини дека се лизга од една благословена состојба до друга. Наместо тоа, видете се како што Јован Откровителот сигурно ве виде во неговото величествено откровение за последните денови. Зашто Јован виде едно големо мноштво, кое ниту еден човек не може да го изброи, од сите нации, и колена, и луѓе, и јазици, [кои] стоеја пред тронот, и пред Јагнето, облечени во бели облеки,… [Koi] плачеа со еден голем глас, велејќи, Спасение до нашиот Бог.“22

И кога прашаа, „Кои се овие што се подредени во бели облеки? и од каде дошле?“ Јован го доби одговорот, „Ова се оние кои излегоа од големо страдање, и ги испраа нивните облеки, и ги избелија со крвта на Јагнето.“23

Браќа и сестри, страдајќи во праведност ви помага да се квалификувате за, наместо што да ве разликува од, избраните на Бог. И ги прави нивните ветувања ваши ветувања. Како што кажал Јован, вие „нема повеќе да гладувате, ниту да бидете жедни; повеќе ниту сонцето ќе свети на [вас], ниту било каква жештина. Зашто Јагнето кое е на среде тронот ќе ве храни [вас], и ќе ве води [вас], и ќе ве води [вас] во живи фонтани на води: и Бог ќе ги избрише сите солзи од [вашите] очи.“24

„И повеќе нема да има смрт, ниту тага, ниту плачење, ниту ќе има било каква болка.“25

Јас ви сведочам дека благодарение на зачудувачката добрина на Исус Христоси Неговото бескрајно Помирување— можеме да избегаме од нашите заслужени агонии на нашите смртни неуспеси и можеме да ги надминеме незаслужените агонии на нашите смртни несреќи. Под Негово водство, вашата божествена судбина е една неспоредлива величествена и неопишлива радост—радост толку интензивна и уникатна за вас, дека вашата посебна „пепел“ ќе стане убавина „над се што е земјено“.26 Да можете да ја вкусите оваа среќа сега и да бидете исполнети со неа секогаш, ве поканувам да го правите тоа што Алма го направи: дозволете вашиот ум цврсто да се задржи на извондредниот дар на Синот на Бог како што е откриено низ Неговото евангелие во ова, Неговата вистинска и жива Црква. Во името на Исус Христос, амин.