Генерална Конференција
Затоа Внимавајте, и Секогаш Молете се
генералната конференција во Октомври 2020


Затоа Внимавајте, и Секогаш Молете се

Денес го проширувам својот повик за молитва до сите луѓе од секоја земја ширум светот.

Почитувани мои браќа и сестри, за време на последната недела од Неговото смртно служење, Исус ги учел Неговите ученици „внимавајте, и молете се секогаш, за да бидете вброени помеѓу достојните кои ќе ги избегнат сите овие нешта што ќе се случат, и ќе застанат пред Синот човечки.“1

Помеѓу „нештата што ќе се случат“ пред Неговото Второ Доаѓање се „војни и гласини за војни[,] …глад, чума, и земјотреси, на различни места.“2

Во Учење и Завети, Спасителот кажа, „И сите нешта ќе бидат во мешаница; … зашто стравот ќе надвладее над сите луѓе.“3

Секако, живееме во време во кое работите се во мешаница. Многу луѓе стравуваат за иднината и многу срца се одвраќаат од својата вера во Бога и Неговиот Син, Исус Христос.

Извештаите од весниците се полни со натписи за насилство. Моралното оцрнување се објавува на интернет. Гробиштата, црквите, џамиите, синагогите и верските светилишта се сквернават.

Глобалната пандемија го достигна буквално секој агол на земјата: милиони луѓе се заразени; над еден милион починаа. Школските матури, црковните богослужби, браковите, мисионерските служби, и други важни случувања се нарушени. Дополнително, безброј луѓе се оставени сами и во изолација.

Економските пресврти предизвикаа икушенија за толку многу, особено за најранливите од нашите деца на Небесниот Отец.

Ние сме народ кој страсно го вежба правото на мировен протест, и видовме бесни протести на толпи.

Истовремено, продолжуваме да гледаме конфликти насекаде низ светот.

Јас често размислувам на оние од вас кои страдаат, се загрижени, исплашени, или се чувствуваат осамено. Го уверувам секој од вас поединечно дека Господ ве познава, дека е свесен за вашата загриженост и мака, и дека Тој ве сака—интимно и лично, длабоко и засекогаш.

Секоја ноќ кога се молам, јас го молам Господ да ги благослови сите кои се оптеретени со жалост, болка, осаменост, и тага. Знам дека и останатите црковни водачи ја повторуваат истата молитва. Нашите срца, поединечно и колективно, одат до вас, а нашите молитви до Бога во ваше име.

Минатата година поминав неколку денови во југоисточниот дел на Соединетите Држави посетувајќи американски и црковно историски знаменитости, присуствувајќи на средбите со нашите мисионери и нашите членови, и посетувајќи ги владините и бизнис водачи.

Неделата, на 20-ти октомври, говорев пред голем собир блиску до Бостон, Масачусетс. Додека зборував, бев поттикнат да кажам, „Јас пледирам со вас … да се молам за оваа земја, за нашите водачи, за нашиот народ, и за семејствата што живеат во оваа голема нација основана од Бога.“4

Јас исто така реков дека Америка и многу други нации на земјата, како и во минатото, така и денес, се наоѓаат пред критичен крстопат и имаат потреба од нашите молитви.5

Моето пледирање не беше во моите претходно подготвени забелешки. Овие зборови ми надоаѓаа како што го чувствував Духот дека ме поттикнува за да ги повикам присутните да се молат за својата држава и за водачите.

Денес го проширувам својот повик за молитва до сите луѓе од секоја земја ширум светот. Без разлика како се молите или на кого се молите, ве молам вежбајте ја вашата вера— каква и да е таа—и молете се за вашата држава и за вашите национални водачи. Како што кажав минатиот октомври во Масачусетс, ние стоиме денес пред огромна раскрсница во историјата, и нациите на земјата се во очајна потреба од божествена инспирација и водство. Ова не е за политиката и за правилата. Ова е за мирот и исцелувањето што може да дојде до душите на поединци како и до душата на државата—нивните метрополи, градови, и села—преку Принцот на Мирот и изворот на сите исцелувања, Господ Исус Христос.

За време на изминатите неколку години имав впечаток дека најдобар начин да се помогне на тековната светска ситуација е сите луѓе попотполно да се потпрат на Бога и да ги насочат своите срца кон Него преку искрена молитва. Покорувајќи се и барајќи инспирација од небото за да издржиме или за да го освоиме она што е пред нас, ќе биде нашиот најбезбеден и најсигурен начин да се движиме самоуверено напред низ овие загрижувачки времиња.

Светите писма ги нагласуваат молитвите понудени од Исус како и Неговите учења за молитвата за време на Неговото смртно служење. Ќе се сетите на Господовата Молитва:

„Наш Отец кој си на небесата, Славно нека биде твоето име.

„Твоето царство доаѓа. Твоето ќе биде сторено на земјата, како што е на небото.

„Дај ни го овој ден нашиот дневен леб.

„И прости ни ги нашите долгови, како и ние што им простуваме на нашите должници.

„И нѐ воведувај нѐ во искушенија, туку спаси нѐ од злото: Зашто твое е царството, и моќта, и славата, за секогаш. Амин.“6

Оваа посветена, убава молитва, често повторувана во Христијанството, става јасно до знаење дека е соодветно да се поднесе директна молба кон „Нашиот Отец што е на небесата“ за одговори на она што нѐ вознемирува. Затоа, ајде да се молиме за божествено водство.

Ве повикувам секогаш да се молите.7 Молете се за вашето семејство. Молете се за водачите на нациите. Молете се за храбрите луѓе кој се во првите линии на тековните битки против социјалните, еколошките, политичките, и биолошките чуми што влијаат на сите луѓе ширум светот: богатите и сиромасите, младите и старите.

Спасителот нѐ научи дека не треба да имаме ограничувања за кого да се молиме. Тој рече, „Сакајте ги вашите непријатели, благословувајте ги оние кои ви фрлаат клетви, правете им добро на оние кои ве мразат, и молете се за оние кои и покрај сѐ ве користат, и ве прогонуваат.“8

На крстот на Голгота, каде Исус починал за нашите гревови, Тој го вежбал она што го учел кога се молел, „Татко, прости им; зашто тие не знаат што прават.“9

Искрено молејќи се за оние кои можеби се сметаат за наши непријатели го демонстрира нашето верување дека Бог може да ги промени нашите срца и срцата на другите. Ваквите молитви треба да ја зајакнат нашата решителност да ги направиме потребните промени во нашите сопствени животи, во семејствата, и во заедниците.

Без разлика каде живеете, на кој јазик зборувате, или со какви предзвици се соочувате, Бог ве слуша и ви одговара на Негов својствен начин и во од Него одередено време. Бидејќи ние сме Негови деца, може да му пристапиме за да побараме помош, утеха, и да добиеме обновена желба да се направи позитивна разлика во светот.

Молејќи се за правда, за мир, за сиромасите, и за болните често не е доволно. Откако ќе клекнеме во молитва, треба да станеме од колена и да направиме сѐ што можеме за да помагаме—да си помгнеме себе си и на другите.10

Светите писма се полни со примери на луѓе со вера кои ја комбинираат молитвата со акција за да направат разлика во нивните сопствени животи и во животите на другите. Во Книгата на Мормон, на пример, читаме за Енос. Приметено е дека „околу две-третини од неговата кратка книга опишуваат молитва, или серија на молитви, а балансот кажува дека тој го направил тоа како последица на одговорите кои ги примил.“11

Имаме многу примери за тоа како молитвата направила промени во нашата црковна историја, започнувајќи од првата гласна молитва на Џозеф Смит на шумовитата ледина блиску до домот на неговите родители пролетта во 1820. Барајќи прошка и духовна насока, Џозефовата молитва ги отвори небесата. Денес, ние сме корисници на Џозеф Пророкот и на другите верни Светци од Подоцнежните-дни, жени и мажи кои се молеа и дејствуваа за да помогнат да се воспостави Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни.

Јас често мислам на молитвите дадени од верни жени како Мери Филдинг Смит која, со Божја помош, храбро го одведе свето семејство од сѐ поголемиот прогон во Илиноис до безбедноста на оваа долина, каде нејзиното семејство напредува духовно и временски. Откако искрено се помоли на колена, таа потоа работеше напорно на надминување на сопствените предизвици и благословување на семејството.

Молитвата ќе не подигне и ќе не сплоти заедно како поединци, како семејства, како Црква, и како свет. Молитвата ќе влијае на научниците и ќе им помгне за откривање на вакцината и медикаментите што ќе стават крај на оваа пандемија. Молитвата ќе ги утеши оние кои ги изгубиле саканите. Ќе не води за да знаеме што да направиме за наша лична заштита.

Браќа и сестри, ве поттикнувам да ја удвоите вашата посветеност кон молитвата. Ве поттикнувам да се молите во вашиот плакар, за време на дневната прошетка, во вашите домови, во вашите оддели, и секогаш, во вашите срца.12

Во името на водачите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ви благодарам за молитвите упатени за нас. Ве поттикнувам да продолжите да се молите за да добиеме инспирација и откровение да ја водиме Црквата низ овие тешки времиња.

Молитвата може да ги промени нашите сопствени животи. Мотивирани од искрена молитва, може да се подобриме и да им помогнеме на другите да го направат истото.

Ја знам моќта на молитвата од сопствено искуство. Неодамна бев сам во канцеларијата. Тукушто поминав низ медицинска постапка на мојата рака. Таа беше црна и сина, потечена, и беше болно. Седнав на мојата маса, и не можев да се фокусирам на важните критични работи зашто болката ми го одвлекуваше вниманието.

Побарав од Господ да ми помогне да се фокусирам за да можам да ја завршам мојата работа. Станав и се вратив на купот хартии на моето биро. Скоро веднаш, јаснина и фокусираност ми надојдоа на ум, и јас бев во можност да ги завршам итните работи пред мене.

Моменталната хаотична ситуација во светот може да изгледа застрашувачки земајќи ги во предвид мноштвото на прашања и предизвици. Но, тоа е мое горливо сведоштво дека ако се молиме и ги побараме од Небесниот Отец потребните благослови и водство, ќе дознаеме како може да ги благословиме нашите семејства, соседите, заедницата, дури и државите во кои живееме.

Спасителот се молеше а потоа Тој „замина за да направи добрина“13 хранејќи ги сиромасите, обезбедувајќи храброст и поддршка на оние на кои им е потребна, досегајќи со љубов, прошка, мир, спокој за сите што ќе дојдат кај Него. Тој продолжува да досега до нас.

Ги повикувам сите членови на Црквата, како и нашите соседи и пријатели од другите верски заедници ширум светот, да направат така како што Спасителот ги советуваше Неговите ученици: „Внимавајте затоа, и молете се секогаш,”14 за мир, за утеха, за безбедност, и за можностите да си служиме едни на други.

Колку е голема моќта на молитвата и колку се потребни нашите молитви за верата во Бога и Неговиот Сакан Син во светот денес! Да се сетиме и да ја цениме моќта на молитвата. Во името на Исус Христос, амин.