Генерална Конференција
Не се плашете: Само Верувајте!
Април 2022 генерална конференција


Не се плашете: Само Верувајте!

Започнете ја вашата потрага по среќа прегрнувајќи го благодетот што веќе сте го примиле од дарувачот на секој добар подарок.

Моите денешни коментари ги упатувам на младите луѓе од Црквата, што значи секој на возраст од Претседателот Нелсон или помлади. Јас ретко користам визуелни слики, но не можам да одолеам да не ја споделам оваа.

Писмо од Марин Арнолд

Оваа cri de couer (поплака од срце) доаѓа од мојата осум годишна пријателка Марин Арнолд, напишана кога таа имаше седум. Ќе го преведам нејзиниот „Нефитски јазик близок до рано реформираниот Египетски“:

„Почитуван Епископ

генерална конфренција

беше Здодевна зошто

моаме да

го правиме тоа? кажи ми зошто

Исклено, Марин

Арнолд.1

За жал, Марин, говорот кој наскоро ќе ви го дадам несомнено ќе те разочара повторно. Но кога му пишуваш на својот епископот за да се пожалиш, важно е да му кажеш дека моето име е „Кирон. Старешина Патрик Кирон.“

Скоро две години, пандемија од библиски размери ја зафати нашата планета, и додека таа чума доведе до целосен општествен застој, очигледно, не донесе застој на бруталноста, насилството, и суровата агресија политичка—национална или интернационална. Како тоа да не е доволно, што сѐ уште се соочуваме со долгогодишни општествени и културни предизвици, кои се движат од економско лишување до сквернавење на животната средина, расна нееднаквост и многу повеќе.

Ваквите силни ветрови и темни дни можат да бидат обесхрабрувачки за младите помеѓу нас, оние кон кои гледаме со оптимизам и ентузијазам во врска со утрешницата на нашите животи. Кажано е дека „моќта на младите е заедничко богатство за целиот свет. Тие… млади … се лицата на нашата … иднина.”2 Освен тоа, нашите деца се доверливите во чии раце ќе остане судбината на оваа Црква.

Со оглед на нашето сегашно време, разбирливо е што идеализмот на младите е малку намален. Др. Лори Сантос, професор на Јејл Универзитетот, неодамна оформи клас наречен Психологијата и Добриот Живот. „Првата година кога часовите без понудени, се запишаа приближно [една-четвртина] од [сите] студенти на додипломски студии .“3 Преку 64 милиони луѓе го посетија нејзиниот подкаст. Пишувајќи за овој феномен, еден новинар додаде колку е болно да се видат толку многу, млади студенти—и возрасни—очајно да „бараат нешто што изгубиле“ или, уште полошо, да копнеат по нешто што никогаш не го имале.4

Мојата молитва денес за нашите млади, и за вас родители и возрасни кои ги советувате, е да ја започнете вашата потрага по среќата прегрнувајќи ја добрината што веќе ја примивме од дарувачот на секој добар подарок.5 Токму во моментот кога многумина во светот поставуваат длабоки прашања за душата, треба да одговриме со „добрите вести“6 на евангелието на Исус Христос. Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, што ја поддржува мисијата и пораката на Спасителот на светот, го нудаи вечно најзначајниот начин да се пронајде и да се направи добрина во толку потребно време.

Претседател Расел М. Нелсон кажа дека оваа генерација на млади луѓе го има капацитетот „да има поголемо влијание [за доброто] на светот од било која генерација претходно.“7 Ние, од сите луѓе, треба да ја „пее[ме] песната за откупителната љубов,“8 а за тоа е потребна дисциплина—„учеништво,“ ако сакате—од таков вид што нѐ заштитува од негативните ставови и деструктивните навики што ќе нѐ одведат до заблуда додека се обидуваме да ја пееме таа песна за вечно спасение.

Дури и кога останувме „на сончевата страна на улицата,“9 одвреме навреме налетуваме на тој сонародник кој е решен да најде нешто мрачно и тажно за сѐ. Го знаете неговото мото: „Секогаш е најтемно непосредно пред да стане црна темнина.“ Каква злобна визија и каква бедна егзистенција! Да, понекогаш сакаме да побегнеме од таму каде што сме, но ние секако не треба да бегаме од тоа кои сме—чеда на живиот Бог кој нѐ сака, и е секогаш подготвен да ни простува, и кој никогаш нема, да нѐ напушти. Вие сте Неговото најскапоцено нешто. Вие сте Неговото чедо, на кого Му има дадено пророци и ветувања, духовни дарби и откровенија, чуда и пораки, и ангели од двете страни на превезот.10

Ви дал и црква што зајакнува семејства за време на смртноста и ги сврзува заедно за вечноста. Таа обезбедува повеќе од 31,000 оддели и гранки каде луѓето се собираат, пејат, постат и се молат еден за друг и им даваат од своите средства на сиромасите. Ова е местото каде секое лице е именувано, евидентирано и опслужувано, и каде лаици пријатели и соседи доброволно си служат еден на друг во повици кои се движат од свештеничка работа до старателска должност. Младите возрасни лица—и постарите парови— служат мисии на илјадници на сопствен трошок без да знаат каде ќе работат, а членовите млади и стари патуваат до храмовите за да изведуваат свети обреди неопхони за поврзување на човечкото семејство заедно—храбра активност во толку поделен свет но таков кој изјавува дека ваквата поделеност е само привремена. Ова се само неколу од причините што ги даваме за „надежта што е во [нас].“11

Се разбира, во наше време, секој ученик на Исус Христос се соочува со исклучително тешки проблеми. Водачите на оваа Црква ги даваат своите животи за да побараат Господово водство од Господа во решавање на овие предизвици. Ако некои не се разрешени на задоволство на сите, можеби тие сочинуваат дел од крстот за кој Исус рекол дека би требало да го земеме за да Го следиме.12 Токму затоа што ќе има мрачни денови и тешки прашања Бог вети дека , дење како столб од облак а ноќе во вид на огнен столб, ќе ги води пророците, ќе даде железна прачка, ќе отвори тесна порта што води до прав пат, и пред сѐ ќе ни даде на сите нам моќ да го завршиме започнатото.13

Затоа, ве молам, останете за целата гозба ако не сте сигурни дали да ја пробате брокулата. Уживајте во Неговата светлина и позајмате ја вашата свеќа за каузата.14 Во Основно добро сватија: Исус навистина ве „[сака] за сончев зрак.”15

Кога Еврејскиот водач Јаир го молел Исус да ја исцелува неговата 12-годишна ќерка, која лежела умирајќи дома, околната толпа толку долго го чекала Спасителот, што набрзо дошол еден слуга велејќи му на овој вознемирен татко, „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот.“

„Но Исус, штом го слушна тоа, му одговори и рече Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“16

И таа беше спасена. А ќе бидете и вие. „Не плашете се: само верувајте.“

Зашто секој од вас во оваа публика е драгоцен за Бога и за оваа Црква, јас затворам со оваа специјална апостолска изјава. Пред да го примите дарот на Светиот Дух, вие ја имавте Светлината на Христос засадена во вашата душа,17 онаа „светлина што е во сите нешта, … што дава живот на сите нешта,“18 и е влијанието за доброто во срцата на сите луѓе кои некогаш живееле или некогаш ќе живеат. Таа светлина беше дадена за да ве штити и да ве подучува. Една е од неговите централни пораки е дека животот е најскапоцениот од сите дарови, дар што се добива вечно само преку Помирувањето на Господ Исус Христос. Како Светлина и Животот на Светот,19 Единородниот Син на Бога дојде за да ни даде живот со победа над смртта.

Мораме целосно да се посветиме на тој дар на животот и да потрчаме за да им помогнеме на оние кои се изложени на ризик да се откажат од овој свет дар. Водачи, советници, пријатели, семејство—внимавајте на знаците на депрересија, очај или сѐ што навестува самоповредување. Понудете ја вашата помош. Слушајте Доколку е потребно, направете некаков вид на интервенција.

На целата наша младина која се бори, без оглед на вашите грижи или тешкотии, смртта со самоубиство очигледно не е одговорот. Нема да ја ублажи болката што чувствувате дека веќе сте ја предизвикале. Во свет на кој толку очајно му треба сета светлина што може да ја добие, ве молам да не ја минимизирате вечната светлина што Бог ја стави во вашата душа пред да биде овој свет. Зборувајте со него. Побарајте помош. Не уништвувате живот за кој што Христос го даде Својот живот за да го спаси. Можете да ги издржите борбите на овој смртен живот, бидејќи ние ќе ви помогнеме во тоа. Вие сте појаки отколку што мислите. Помош е достапна, од другите а особено од Бога. Вие сте сакани ценети и потребни. Нам сте ни потребни! „Не плашете се: само верувајте.“

Некој кој се соочил со околности многу почајни од вашите и моите еднаш заплака: „Тргнете напред [возљубени мои млади пријатели]. Храбро, … и напред, се до победа! Нека нашите срца се радуваат, и силно нека се развеселат.“20 Имаме многу за што да се радуваме. Се имаме еден со друг, и го имаме Него. Не ни ја ускратувајте можноста да ве имаме, се молам покорно, во светото име на Господ Исус Христос, нашиот Учител, амин.