Генерална Конференција
Како да се научат Децата и Младите на Самостојност
Април 2022 генерална конференција


Како да се научат Децата и Младите на Самостојност

Ајде да го следиме нашиот Спасител, Исус Христос, и Неговото Евангелие со тоа што ќе станеме самостојни во текот на нашите животи и подучувајќи го ова на нашите деца и млади.

Јас ќе зборувам за самостојноста и како децата и младите да се научат на самостојност. Самостојноста може да се свати како предмет кој ги засега возрасните. Дојдов до сознание дека возрасните се најдобри на патот кон самостојноста кога тие уште од самото детство и како млади се учат за евангелието на Исус Христос и ја практикуваат неговата доктрина и принципи во домот.

Најдобра илустрација е еден одличен пример од секојдневниот живот. Вилфред Вени, има седум браќа и сестри, а неговата мајка се приклучи кон Црквата во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска, кога тој имаше шест години. Беше крстен на осум години. Неговиот татко, главниот издржавател на семејството, починал кога тој имаше 11 години.

Иако растажен поради семејната ситуација, Вилфред одлучил да продолжи на училиште, со охрабрување на мајка си и со Црковна поддршка. Тој завршил средното училиште и отслужил мисија со полно работно време во Гана, Мисијата Кејп Коуст, каде научил англиски. После неговата мисијата, се запишал на универзитет и се стекнал со диплома за сметководство и финансии. Иако беше тешко да се стекне вработување во оваа поле, тој најде работа во индустријата за туризам и угостителство.

Започнал како келнер во хотел со пет ѕвездички, но неговата страст да се подобри го натерала да научи повеќе додека не станал двојазичен рецепционер таму. Кога се отворил нов хотел, тој беше ангажиран како ноќен ревизор. Подоцна, се вклучил во програмата на БЈУ, „Pathway Ширум светот“ и во моментот посетува курс за добивање сертификат за менаџмент во угостителство и туризам. Негова желба е еден ден да стане управител на хотел од повисока класа. Вилфред може да се грижи за својата вечна сопатничка и двете деца, како и да и помага на неговата мајка на браќата и сестрите. Во моментот служи во Црквата како член на високиот совет на колот.

Самостојноста се дефинира како „способност, посветеност, и напор да се обезбедат духовните и времени потреби за животот за себе и за семејството.“1 Стремежот за самостојност е дел од нашата работа на заветниот пат, кој не води назад кај Небесниот Отец и Неговиот Син, Исус Христос. Тој ќе ја зајакне нашата вера во Исус Христос и радосно ќе не врзе со Него преку заветите и уредбите за спасение и воздигнување. Самостојноста е доктрината на евангелието за Исус Христос, а не програма. Тоа е доживотен процес, а не настан.

Стануваме самостојни во текот на нашите животи со растење во духовна сила, подобрување на нашето физичко и емоционално здравје, продолжување на нашето образование и вработување, и навремена подготвеност.2 Дали оваа задача некогаш завршува во текот на нашите животи? Не, тоа е процес на учење, созревање и работа кој трае за цел живот. Тој никогаш не завршува; тоа е непрекинат, секојдневен процес.

Како можеме да ги научиме децата и младите на доктрината и принципите за самостојност? Еден важен начин е редовна примена на принципите од програмата за Деца и Млади. Родителите и децата го учат евангелието на Исус Христос, учествуваат во службата и активностите, и работат заедно во четири области на личен развој што се единствени за секое дете. Тоа не е повеќе истата пропишана програма за сите.

Во Водич за Деца се вели: „Кога Исус бил на ваша возраст, Тој учел и растел. И вие учите и растете исто така. Библијата вели: ‘Исус напредуваше во мудрост и раст, и во мислот кај Бога и кај луѓето’ (Лука 2:52).”3 Овој стих се однесува на растот и учењето од духовен аспект, наклонетост кон Бога; социјалниот аспект, наклонетост кон луѓето; физичкиот аспект, стас; и интелектуалниот аспект, мудроста. Овие развојни области важат за сите нас без разлика на возраста. Кога ги учиме? Во Второзаконие 6:6–7 читаме:

„Овие зборови што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце и твојата душа:

„и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш.“

Ги подучуваме нашите деца за овие работи со нашиот добар пример, со работа и служење со нив, проучување на светите писма, и следење на учењата на Исус Христос како што поучувале пророците.

Спомнав дека во програмата за Деца и Млади, децата избираат различни цели во секоја од четирите области на развој. Важно е тие да создадат сопствени цели во секоја област. Родителите и водачите можат да поучуваат, да советуваат и да поддржуваат.

На пример, нашата внука Миранда е силно мотивирана духовно да се развива преку учество во секојдневните утрински часови по семинарија (средно богословско училиште). Таа стана заинтересирана откога ги слушна позитивните коментари на другите ученици во средното училиште од нејзиниот оддел. Нејзината мајка не мораше да ја буди за да стигне на час. Без ничија помош, таа се буди за видео конференцијата во закажаниот термин во 6:30 часот наутро бидејќи развива добри навики што и помагаат да го направи тоа. Моите родители неодамна ми кажаа дека Миранда сега зборува повеќе кога им доаѓа на посета, бидејќи нејзината самодоверба порасна. Овие се лекции за живот и раст со опипливи резултати.

Родителите, бабите и дедовците, водачите и пријателите помагаат во растот и развојот на децата. Целосно ангажираните браќа и сестри за време на службата, заедно со водачите на свештенството и организационите водачи на одделот обезбедуваат поддршка. „Семејството: Проглас кон Светот“ вели: „Според божествениот модел, на татковците им е наложено да се грижат за своите семејства во љубов и праведност и се одговорни да ги обезбедат животните потреби и заштита за своите семејства. Мајките се примарно одговорни за воспитување на нивните деца. Во овие свети одговорности, татковците и мајките се обврзани да си помагаат едни со други како еднакви партнери. … Поширокото семејство треба да даде поддршка кога е потребно.“4 Овој последен ред се однесува на бабите и дедовците, меѓу другите.

Како што служиме во Западна Африка, мојата сопруга, Нурија има направено извонредна работа зашто им служи и остана поврзана со нашето семејство и внуците преку океанот. Тоа го постигнува преку користејќи ја технологијата. Таа им чита книги на помладите внучиња. Ги подучува постарите внуки за теми како што се приказни за нашето семејство, наука, историјата на Пуерто Рико, Поставките на верата, и евангелието на Исус Христос. Далечините во денешно време не го ограничуваат поврзувањето, чувството на припадност, служење и подучување на растечката генерација за нашите семејства. И јас и се придружувам на Нурија кога можам да ги поучувам нашите драгоцени внуци, да ги сакам, да ги разгалувам и да ги засмејувам.

Треба да ги приметите инспирирачките сличности помеѓу програмата за Деца и Младите и градењето на самодоверба. Четирите области на развој во секоја од нив се многу слични. Духовната сила во самостојност се однесува на духовната во Деца и Млади. Физичкото и емоционалното здравје во самостојност се поврзува со физичката и социјалната во Деца и Млади. Образовната, вработувањето и навремената подготвеност во самостојност се сродни со интелектуалната во програмата за Деца и Млади.

На крајот, ајде да го следиме нашиот Спасител, Исус Христос, и Неговото Евангелие со тоа што ќе станеме самостојни во текот на нашите животи, подучувајќи го ова на наште деца и млади. Ова најдобро можеме да го направиме со

  1. станување добар пример на служба за другите

  2. живеење и предавање на доктрината и принципите за самостојност, и

  3. покорување кон заповедтта за градење самостојност како дел од евангелието на Исус Христос.

Учења и Завети 104:15–16 пишува:

„А моја цел е да се грижам за моите светители, зашто сѐ е мое.

„Но тоа мора да биде направено на мој сопствен начин; и ете ова е начинот што јас, Господ, го одредив како грижа за моите светители, за да сиромасите бидат возвишени, а богатите да се покорат.“

Ова е Црквата на Исус Христос. Неговото евангелие благословува семејства овде на земјата и низ вечноста. Тоа нѐ води во нашите животи кога се стремиме да станеме вечни семејства. Знам дека тоа е вистина. Во името на Исус Христос, амин.