Генерална Конференција
Моќта на Духовниот Моментум
Април 2022 генерална конференција


Моќта на Духовниот Моментум

Денес, би сакал да предложам пет конкретни дејствија што може да ги преземеме а ќе ни помогнат да го одржиме позитивниот духовен моментум.

Почитувани мои браќа и сестри, ве сакам. Ја ценам оваа можност да разговарам со вас денес Се молам секојдневно за да бидете заштитени од жестоките напади на непријателот и да имате сила да се борите и да постигнувате напредок и покрај предизвиците со кои се соочувате.

Некои искушенија се многу лични оптеретувања што никој друг не може да ги види. Други пак се одигруваат на светската сцена. Вооружениот конфликт во источна Европа е еден од нив. Сум бил во Украина и Русија многупати. Ги сакам овие земји, народот и нивните јазици. Плачам и се молам за сите кои се погодени од овој конфликт. Како црква ние правиме сѐ што можеме за да им се помогне на оние кои страдаат и се борат да преживеат. Ги покануваме сите да продолжат да постат и да се молат за сите луѓе кои се повредени од оваа несреќа. Секоја војна е страшна повреда на сѐ она за кое се залага и учи Господ Исус Христос.

Никој од нас не може да контролира нации, или постапки на други лица па дури ни членовите на нашите сопствени семејства. Но, можеме да се контролираме самите себе. Мојот повик денес, почитувани браќа и сестри, е да се стави крај на конфликтите што беснеат во вашето срце, вашиот дом, и вашиот живот. Закопајте ги сите тенденции да ги повредите другите—дали тоа ќе биде вашиот темперамент, остар јазик, или огорченост кон некој што ве повредил. Спасителот ни заповеда да го свртиме другиот образ,1 да ги сакаме нашите непријатели, и да се молиме за оние кои и покрај сѐ нѐ користат на зли начини.2

Може да биде тешко до болка да се ослободите од гневот што се чувствува толку оправдан. Сѐ чини невозможно да им се прости на оние чии деструктивни дејствија повредија невини. А сепак, Спасителот нѐ опомена да „им простуваме на сите луѓе.“3

Ние сме следбеници на Прицот на Мирот. Сега повеќе од било кога порано, потребен ни е мирот што само Тој може да го донесе. Како може да очекуваме мир да постои во светот кога ние индивидуално не бараме мир и хармонија? Браќа и сестри, знам дека она што го предлагам не е лесно. Но следбениците на Исус Христос треба да постават пример за целиот свет да го следи. Пледирам со вас да сторите сѐ што е во ваша моќ да им ставите крај на личните конфликти што во моментот беснеат во вашите срца и животи.

Можам ли да го нагласам овој повик за акција преку водење расправа за концептот на кој се присетив неодамна додека гледав кошаркарски натпревар.

Во таа игра, првото полувреме беше така-така, напред назад. Потоа, во текот на последните пет секунди од првото полувреме, одбраната на едниот тим, даде убава тројка. Со само една секунда останато време, неговиот соиграч, ја украде топката што требаше да премине на другиот крај од игралиштето и даде уште еден кош на знакот на сирената! Така тој тим отиде во соблекувалната со четири поени предност и опиплив наплив на моментум. Тие успеаја да го одржат тој моментум во второто полувреме и го освоија натпреварот.

Моментумот е моќен концепт. Сите ние сме го доживеале тоа во една или друга форма—да речеме, во автомобил што добива на брзина, или со несогласување што одненадеж се претвора во дискусија.

Затоа, јас прашувам, „Што може да го потпали духовниот моментум?“ Сме виделе примери на позитивни и негативни моментуми. Знаеме за следбеници на Исус Христос кои се преобратиле и нивната вера се зголемила. Но исто така знаеме за некогаш посветени верници кои отпаднале. Моментумот може да се ниша наваму или натаму.

Никогаш не ни бил попотребен позитивен духовен моментум повеќе од сега, за да се спротивставиме на брзината со која се засилуваат злото и потемнетите знаци на времето. Позитивниот духовен моментум ќе не тера да се движиме напред во услови на страв и неизвесност создадени од пандемијата, цунамите, вулканските ерупции и вооружените непријателства. Духовниот моментум може да ни помогне да ги издржиме немилосрдните, злобни напади на противникот и да ги спречи неговите немери да ја нарушат нашата лична духовна основа.

Многу дејствија можат да запалат позитивен духовен моментум. Покорноста, љубовта, послушноста, службата и благодарноста4 се само некои од нив.

Денес, би сакал да предложам пет конкретни дејствија што можеме да ги превземеме за да ни помогнат да одржиме позитивен духовен моментум.

Прво: Тргнете по заветниот пат и останете таму.

Не така одамна, имав јасен сон во кој се запознав со голема група на луѓе. Тие ми поставија многу прашања, најчестото беше за заветниот пат и зошто е тој толку важен.

Во мојот сон, јас објаснив дека стапнуваме на заветниот пат преку крштавање и го склучуваме нашиот прв завет со Бога.5 Секојпат кога земаме од симболите, ветуваме повторно дека го превземаме името на Спасителот врз нас, за да се сеќаваме на Него, и да ги одржуваме Неговите заповеди.6 За возврат, Бог нѐ уверува дека можеме секогаш да го имаме Духот на Господ да биде со нас.

Подоцна, склучуваме додатни завети во храмот, каде што добиваме уште поголеми ветувања. Обредите и заветите ни даваат пристап до божествена моќ. Заветниот пат е единствениот пат што води кон егзалтација и вечен живот.

Во мојот сон, една жена потоа праша како некој што ги прекршил неговите или нејзините завети може да се врати на тој пат. Мојот одговор на нејзиното прашање води до мојот втор предлог:

Откријте ја радоста на секојдневното покајание.

Колку е важно покајанието? Алма поучуваше дека не треба да „проповедаме ништо друго освен покајание и вера во Господ.“7 Покајание се бара од секој одговорен човек кој посакува вечна слава.8 Не постојат исклучоци. Во откровение на Пророкот Џозеф Смит, Господ ги казнил првите Црковни водачи за неучење на евангелието на нивните деца.9 Покајанието е клучот за напредок. Чистата вера нѐ одржува да напредуваме по заветниот пат.

Ве молам не плашете се или не го одложувајте покајанието. Сатаната ужива во вашата беда. Пресечете го веднаш. Исфрлете го неговото влијание од вашиот живот! Започнете денес за да ја доживеете радоста од напуштањето на природниот човек10 Спасителот нѐ сака секогаш, но особено кога се каеме. Тој вети дека иако „планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат … мојата милост нема да отстапи од тебе.“11

Доколку чувствувате дека сте застраниле од заветниот пат премногу или предолго и нема начин да се вратите, тоа едноставно не е вистина.12 Ве молам стапете во контакт со вашиот епископ или претседател на гранка. Тој е Господовиот застапник и ќе ви помогне да ја доживеете радост и ослободување преку покајанието.

Сега, предупредување: Враќањето на заветниот пат не значи дека животот ќе ви биде лесен. Овој пат е претерано строг а на моменти ќе го чувствувате како стрмно искачување .13 Ова искачување, сепак, е оформено за да нѐ тестира и научи, да ја оплемени нашата придода, и да ни помогне да станеме Светци. Тоа е единствениот пат што води кон воздигнување. Еден пророк14 ја опиша „благословената и среќна состојба на оние што ги одржуваат заповедите на Бога. Зашто ете, благословени се во сите нешта, и временски и духовни; и ако верно издржат до крај тие се примени во небесата … [и] живеат со Бога во состојба на бескрајна среќа.“15

Одењето по заветниот пат, придружено со секојдневното покајание, го разгорува позитивниот духовен моментум.

Мојот трет предлог: Дознајте за Бога и како Тој делува.

Еден од најголемите предизвици денес е правење разлика помеѓу вистините на Бога и лагите на Сатаната. Тоа е причината поради која Бог нѐ предупреди „молете се секогаш, … за да [ние] може да го победиме Сатаната, и … избегаме од рацете на слугите на Сатаната што го поддржуваат неговото дело.“16

Мојсеј дал пример за како да се направи разлика помеѓу Бог и Сатаната. Кога Сатаната дошол да го искушува Мојсеј, тој ја открил измамата бидејќи туку што имал директна интеракција Бога. Мојсеј брзо сватил кој е Сатаната и му заповедал да си оди.17 Кога Сатаната инсистирал, Мојсеј знаел како да побара дополнителна помош од Бога. Мојсеј добил божествена сила и го укорил злото уште еднаш, велејќи, „Тргни се од мене, Сатано, зашто само на овој Бог ќе му се поклонувам.”18

Ние треба да го следиме тој пример. Исфрлете го влијанието на Сатаната од вашиот живот! Ве молиме да не го следите него до неговиот „залив на мизерија и бескрајна несреќа.“19

Со застрашувачка брзина, сведоштвото што не е секојдневно негувано „преку доброто слово Господово“20 може да се сруши. Така, противоровот за Сатанската шема е јасен: потребно ни е секојдневно искуство за богослужење и проучување на Неговото евангелие. Пледирам со вас да дозволите Бог да надвладее во вашиот живот. Дајте му соодветен дел од вашето време. Додека го правите тоа, приметете што се случува со вашиот позитивен духовен моментум.

Предлог број 4: Барајте и очекувајте чуда.

Морони нѐ разуверува дека „Бог не престанал да биде Бог на чудата.“21 Секоја книга од светите писма ја покажува волјата на Господа да интервенира во животите на оние кои ќе поверуваат во Него.22 Тој го разделил Црвеното Море за Мојсеј, му помогнал на Нефи да ги врати месинганите плочи, и ја обновил Неговата Црква преку Пророкот Џозеф Смит. За секое од овие чуда е потребно време и можеби не било токму она што тие луѓе првично побарале од Господа да го изврши.

На истиот начин, Господ ќе ве благослови вас со чуда ако верувате во Него, „не сомневајќи се во ништо.“23 Вршете духовна работа за да барате чуда. Молитвено побарајте од Бога да ви помогне да практикувате таков вид на вера. Ви ветувам дека може самите да искусите дека Исус Христос „му дава сила на уморениот; и му дарува јачина на изнемоштениот.“24 Неколку нешта ќе го забрзаат вашиот духовен моментум повеќе од сваќањето дека Господ ви помага да поместите планина во вашиот живот.

Предлог број 5: Ставете крај на конфликтот во вашиот личен живот.

Го повторувам мојот повик да ставите крај на конфликтите во вашиот живот. Искористете ја понизноста, храброста и силата потребни за да простите и побарајте прошка. Спасителот вети дека „ако [ние] им ги простиме на луѓето грешките нивни, [нашиот] небесен Отец ќе ни ги прости [нашите].”25

Две недели од денес го славиме Велигден. Помеѓу сега и тогаш, ве повикувам да барате да ставите крај на личните конфликти што ве оптоваруваат. Би можело ли да има посоодветен чин на благодарност до Исус Христос и Неговото Помирување? Ако простувањето во моментот изгледа невозможно, молете се за моќ преку помирувачката крв на Исус Христос за да ви помогне. Додека го правите тоа, јас ветувам личен мир и излив на духовен моментум.

Кога Спасителот се искупи за цело човештво, Тој отвори начин за оние кои го следат Него да може да имааат пристап до Неговата исцелувачка, зајакнувачка и откупителна моќ. Овие духовни привилегии се достапни за сите кои бараат да го слушнат и да го следат Него.

Почитувани мои браќа и сестри, со сите молби на моето срце, ве повикувам да тргнете по на заветниот пат и да останете таму. Доживувајте ја радоста на покајанието секој ден. Дознајте за Бога и како Тој дејствува. Барајте и очекувајте чуда. Настојувајте да ставите крај на конфликтите во вашиот живот.

Како што дејствувате на овие определби, ви ветувам дека, и покрај сите препреки со кои се соочувате, ќе продолжите со зајакнат моментум на заветниот пат. И ви ветувам поголема сила да одолеете на искушението, повеќе мир во умот, ослободеност од страв, и поголемо единство во вашите семејства.

Бог живее! Исус е Христос! Тој живее! Тој нè сака и ќе ни помага. За ова јас сведочам во светото име на нашиот Искупител, Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види 3 Нефи 12:39.

  2. Види 3 Нефи 12:44.

  3. Doctrine and Covenants 64:10; види исто така стих 9.

  4. Како што рече Апостол Павле, „Благодарете за сѐ“ (1 Послание до Солуњаните 5:18.) Еден од најсигурните против отрови за очајот, обесхрабрувањето, и духовната летаргија е благодарноста. Кои се некои од нештата за кои можеме да се заблагодариме на Бога? Заблагодарете Му се за убавината на земјата, за Обновувањето на евангелието, и за безбројните начини на кои Тој и Неговиот Син ни ја даваат својата моќ достапна овде на оваа земја. Заблагодарете Му за светите писма, за ангелите кои одговараат на нашите молби до Бога за помош, за откровенијата и за вечните семејства. А најмногу од сѐ, заблагодарете му се на Бога за дарот на Неговиот Син и Помирувањето на Исус Христос, што ни овозможува да се исполнат мисиите за кои сме испратени на земјата.

  5. За да се разбере заветниот пат, важно е да се разбере дека заветот вклучува двострана посветеност помеѓу Бога и едно од Неговите деца. Во заветот, Бог ги поставува условите, а ние се согласуваме на тие услови. За возврат, Бог ни дава ветувања. Многу завети се придружени со пропратни знаци—или свети обреди—во кои ние учествуваме со присутни сведоци. На пример, крштевањето е знак на Господ дека лицето кое се крштава дава завет дека ќе ги одржува Божјите заповеди.

  6. Види Морони 4:3; 5:2; Doctrine and Covenants 20:77, 79.

  7. Мосија 18:20.

  8. Види Moses 6:50, 57.

  9. Види Doctrine and Covenants 93:40–48.

  10. Види Мосија 3:19.

  11. Исаија 54:10, додаден акцент; види исто така 3 Нефи 22:10. Љубезност е преведено од Еврејскиот термин hesed, моќен збор со длабоко значење што ја опфаќа љубезноста, милоста, заветната љубов, и повеќе.

  12. Можно е да се поправат некои гревови, но не и други. Кога едно лице злоупотребува или напаѓа друго, или кога некој го одзема животот на друго, целосна реституција нема да може да се направи. Грешникот во тие случаи може да направи само толку, а големата рамнотежа е тоа што останува. Поради Господовата волја да простуваме поради голем долг, ние можеме да дојдеме кај Него без разлика колку далеку сме залутале. Кога искрено ќе се покаеме, Тој ќе ни прости. Било која разлика помеѓу нашите гревови и нашата способност да направиме целосна реституција може да се наплати само преку примена на Помирувањето на Исус Христос, кој може да го направи дарот на милост (да не помилува). Неговата подготвеност да го прости нашиот должнички долг е бесценета дарба.

  13. Види 2 Нефи 31:18–20.

  14. Нефитскиот пророк Цар Бенџамин

  15. Мосија 2:41.

  16. Doctrine and Covenants 10:5; додаден акцент.

  17. Види Moses 1:16; види исто така стихови 1–20.

  18. Moses 1:20.

  19. Хеламан 5:12

  20. Морони 6:4.

  21. Мормон 9:15; види исто така стих 19.

  22. Апостол Јован изјавил дека тој ги запишал Спасителовите чуда за „да [ние] може да веруваме дека Исус е Христос“ (Јован 20:31).

  23. Мормон 9:21.

  24. Исаија 40:29.

  25. Матеј 6:14.