Зашто Бог Толку Не Возљуби
Бог толку не возљуби што ни Го испрати Својот Единороден Син—не за да нѐ осуди, туку да не спаси.
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Неговиот Единороден Син, та секој, што верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот“.Јован 3:16 Прв пат кога го приметив овој стих, не бев во црква или на семејна домашна вечер. Јас гледав спортски настан на телевизија. Без разлика кој канал гледав и која игра беше, барем една личност држеше знак на кој пишуваше „Јован 3:16.”
Подеднакво ми се допадна и стих 17: „Зашто Бог не го испрати својот Син за да му суди на светот; туку светот да се спаси преку него”
Бог го испрати Исус Христос, Неговиот Единороден Син во тело, за да го положи Неговиот живот за секој еден од нас. Ова Го стори бидејќи Тој нѐ сака и направи план за секој од нас да се врати дома кај Него.
Но ова не е сеопфатен план за успех или неуспех кој одговара за сите Тоа е личен, поставен од саканиот Небесен Отец, кој ги знае нашите срца, нашите имиња, и она што Тој смета дека треба да правиме. Зошто веруваме во тоа? Зашто сме поучени во светите писма:
Мојесе постојано го слушаше Небесниот Отец како ги изговара зборовите „Мојсеј, мој сине“ (види Мојсеј 1:6; види исто така стихови 7, 40). Авраам дозна дека е Божјо чедо, избран за Неговата мисија уште пред да се роди (види Авраам 3:12, 23). Преку Божјата рака, Естира, беше доведена во позиција на влијание за да го спаси својот народ (види Естер 4). А Бог ѝ довери на едно младо девојче, слугинка, да сведочи за живиот пророк, за да може Нааман да биде исцелуван (види 2 Цареви 5:1–15).
Особено ми се допадна тој добар човек, со низок раст, кој се искачи на едно дрво за да го види Исус. Спасителот знаел дека е таму, запрел, погледнал во гранките, и ги изговорил овие зборови:„ Закхеј,, … слези побргу” (Лука 19:5). И не можеме да го заборавиме 14-годишникот кој отиде во шумата со дрва и дозна колку навистина е личен планот: „[Џозеф,] ова е мојот Сакан Син. Слушај Го!” (Џозеф Смит—Историја 1:17).
Браќа и сестри, ние сме во фокусот на планот на Небесниот Отец и причината за мисијата на нашиот Спасител. Секој од нас, поединечно, е Нивната работа и Нивната слава.
За мене, ниту една книга од Светото Писмо не го опишува ова појасно од моето проучување на Стариот Завет. Поглавје по поглавје откриваме примери за тоа како Небесниот Отец и Јехова се интимно вклучени во нашите животи.
Ние го проучувавме Јосиф, саканиот Јаковов син. Уште од младоста, Јосиф беше многу наклонет од Господа, сепак тој доживеа бројни искушенија од рацете на неговите браќа. Пред две недели, многу од нас беа трогнати од тоа што Јосиф им прости на браќата. Во прирачникот Дојди, Следи Ме читаме: „На многу начини, животот на Јосиф е паралелен со животот на Исус Христос. Иако нашите гревови направија Тој да стада многу, Спасителот нуди прошка, избавувајќи нѐ сите нас од судбина многу полоша од глад. Било да треба да добиеме прошка или да ја понудиме—во одреден момент сите ние треба да ги направиме и двете—Јосифовиот пример ни укажува на Спасителот, вистинскиот извор на исцелување и помирување.”1
Лекцијата што ја сакам од тој запис доаѓа од Јосифовиот брат Јуда, кој одиграл дел во Божјиот личен план за Јосиф. Кога Јосиф беше предаден од неговите браќа, Јуда ги разубедил да не му го одземаат животот на Јосиф туку да го продадат во ропство (види Создавање 37:26–27).
Многу години подоцна, Јуда и неговите браќа требаше да го одведат во Египет својот најмлад брат, Венијамин. На почетокот нивниот татко се противеше. Но Јуда му вети на Јаков—дека ќе го доведе Венијамин дома.
Во Египет, Јуда ветуваше и беше ставен на тест. Младиот Венијамин беше погрешнообвинет за дело што не го сторил Јуда, верен на ветувањето, понудил да биде затворен на местото на Венјамин. „Зашто,“ тој рече, „како ќе се вратам кај таткото свој, детето да не е со мене?“ (види Создавање 44:33–34). Јуда беше решен да го одржи ветувањето и да го врати Венјамин безбедно. Дали некогаш сте се чувствувале за другите како што Јуда чувствувал за Венјамин?
Зарем не се чувствуваат родителите вака за своите деца? Што мисионерите чувствуваат кон луѓето на кои им служат? Што водачите на Основно и на млади чувствуваат за оние кои ги поучуваат и сакаат?
Без разлика кој сте или кои се вашите моментални околности, некој го чувствува истото за вас. Некој сака да се врати кај Небесниот Отец со вас.
Благодарен сум за оние кои не се откажуваат од нас, кои продолжуваат да ја излеваат својата душа во молитва за нас, и кои продолжуваат да нѐ поучуваат и да ни помагаат да се квалификуваме за враќање дома кај нашиот Отец на Небесата.
Неодамна еден почитуван пријател помина 233 дена во болница со Ковид-19. За тоа време, го посети неговиот починат татко, кој побара една порака да биде доставена до неговите внуци. Дури и од другата страна на превезот, овој добар дедо посака да им помогне на неговите внуци да се вратат до нивниот небесен дом.
Се повеќе, Христови ученици се сеќаваат на „Венјамините“ во нивните животи. Низ светот го слушнаа гласниот повик на Божјиот жив пророк, Претседателот Расел М. Нелсон. Млади мажи и млади жени се вклучени во Господовиот младински баталјон. Поединци и семејства се здружуваат во духот на служењето—сакајќи, споделувајќи, и повикувајќи ги пријателите и соседите да да дојдат при Христа. Младите и возрасните се сеќаваат и се трудат да ги одржуваат нивните завети—исполнувајќи ги Божјите храмови, пронаоѓајќи имиња на починати членови на семејството, и примајќи обреди во нивно име
Зошто личниот план на Небесниот Отец за нас вклучува помагање на другите да Му се вратат Нему? Бидејќи тоа е начинот на кој можеме да станеме како Исус Христос. На крајот, записот за Јуда и Венјамин нѐ поучува за тоа како Спасителот се жртвувал за нас. Преку Неговото Помирување, Тој го даде неговиот живот за да нѐ одведе дома. Зборовите на Јуда се израз на Спасителовата љубов: „ Како да одам кај татко ми, а [ти] да не бидеш со мене?” Како собирачи на Израел, тоа може да бидат и наши зборови.
Стариот Завет е спакуван со чуда и нежни милости што се белегот на планот на Небесниот Отец. Во 2 Царства, глава 4, изразот „се паѓа на денот“ е искористен три пати за да нагласи дека важни настани се случуваат според од Бога одредено време и ниту еден детал не е небитен за Него.
Мојот нов пријател Пол сведочи за оваа вистина. Пол пораснал во дом кој понекогаш бил навредлив и секогаш нетолерантен кон религијата. Додека посетувал училиште во воената база во Германија, забележал две сестри кои се чинеше дека имаат духовна светлина. Прашањето зошто тие се различни донесе одговор дека и припаѓаат на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.
Наскоро Пол започна да се среќава со мисионерките и беше поканет во црква. Наредната Недела, додека се симнуваше од автобусот, забележа двајца луѓе облечени во бели кошули и вратоврски. Ги запраша дали се старешини на Црквата. Тие одговорија потврдно, затоа Пол ги следеше.
За време на службата, еден свештеник покажа кон луѓето на собирот ги покани да сведочат. На крајот од секое сведоштво, тапанарот отпоздрави со тапаните на што конгрегацијата возврати, „Амин.“
Кога свештеникот покажа кон Пол, тој стана и кажа, „Јас знам дека Џозеф Смит беше пророк и дека Книгата на Мормон е вистина.“ Немаше поздрав од тапанот ниту амин. Пол на крај свати дека отишол во погрешна црква. Наскоро, Пол го најде вистинскиот начин и вистинското место и беше крстен
На денот на крштавање на Пол, член кој не го познаваше му рече, „Ми го спаси животот.“ Неколку недели претходно, овој човек решил да бара друга црква и да присуствува на служба со тапани и амин. Кога човекот го слушнал Пол како дава сведоштво за Џозеф Смит и Книгата на Мормон, сватил дека Бог го познава, ги препознал неговите борби, и имал план за него. Зашто и за Пол и за човекот, „се падна на денот“, навистина!
И ние знаеме дека Небесниот Отец има личен план за среќа за секој од нас. Бидејќи Бог го испрати Неговиот Возљубен Син за нас, чудата што ни се потребни ќе „[се паднат] на [истиот тој ] ден“ неопходен за Неговиот план да биде исполнет.
Јас сведочам дека оваа година можеме да дознаеме нешто повеќе за Божјиот план за нас во Стариот Завет. Оваа света книга учи за улогата на пророците во несигурни времиња и за Божјата рака во свет кој беше збунет и често препирлив. Станува збор исто така и за понизни верници кои верно го очекуваат доаѓањето на нашиот спасител, исто како што ние го очекуваме и се подготвуваме за Неговото Второ Доаѓање—Неговото долго претскажувано, славно враќање.
До тој ден, можеби нема да го видиме, Божјиот план во сите аспекти од нашиот живот, со нашите телесни очи (види Учење и Завети 58:3). Но можеме да си припомниме за Нефиевиот одговор кога беше соочен со нешто за кое немаше разбирање: иако не го знаеше значењето на сите нешта, тој знаеше дека Бог ги сака Неговите чеда (види 1 Нефи 11:17).
Ова е моето сведоштво на ова убаво Сабатно утро. За да го запишеме во нашите срца и да дозволиме тој да ги испони нашите души со мир, надеж, и вечна радост: Бог толку не возљуби што го испрати Неговиот Единороден Син—не за да нѐ осуди, туку да нѐ спаси. Во името на Исус Христос, амин.