Секој од нас има приказна
Ве молам дојдете и најдете го вашето семејство, сите ваши поколенија, и донесете ги дома.
Пријатели, браќа и сестри, секој од нас има приказна. Кога ја откриваме нашата приказна, се повруваме, припаѓаме, стануваме.
Моето име е Герит Волтер Гонг. Герит е холандско име, Волтер (името на мојот татко) е американско име, а Гонг се разбира е кинеско име.
Експертите проценуваат дека на земјата живееле околу 70-110 милијарди луѓе. Можеби само еден бил именуван Герит Волтер Гонг.
Секој од нас има приказна. Го сакам “дождот што паѓа на моето лице [и] задува ветар благ.”1 Тркалање со пингвини на Антарктикот. На сираците во Гватемала, улични деца во Камбоџа, Масаи жените во Африканска Мара им ја давам нивната прва сопствена фотографија.
Чекам во болницата додека се раѓа секое од нашите деца—еднаш докторот ми помогна.
Му верувам на Бога. Верувам дека “[ние] сме, за да [ние] имаме радост,”2 сѐ има свое време и секоја работа под небото има свое време.3
Ја знаете ли вашата приказна? Што значи вашето име? Светското население порасна од 1.1 милијарда луѓе во 1820 година до речиси 7.8 милијарди во 2020.4 Годината 1820 се чини дека е пресудна во општествтото. Многумина родени после 1820 година имаат живи спомени и записи за да идентификуваат неколку фамилијарни генерации. Можете ли да се сетите на некој поебен, сладок спомен, со баба или дедо или некој друг член на семејството?
Без разлика на вкупниот број на жители кои живееле на земјата, тој е конечен, преброив, последователен. Вие и јас, сите ние сме важни.
И ве молам размислете за ова: без разлика дали ги знаеме или не, секој од нас е роден од мајка и татко. И секоја мајка и татко се родени од мајка и татко.5 По раѓањето или лоза на посвојување, сите ние на крајот сме поврзани во Божјото семејство и во човечкото семејство.
Мојот 30-ти прадедо, Првиот Змеј Гонг, е роден во 837 година од нашата ера и го основал нашето семејно село во јужна Кина. Кога за прв пат го посетив селото Гонг, луѓето рекоа, „Wenhan huilaile“ („Герит се врати“).
Од страната на мојата мајка, нашето семејно стебло вклучува илјадници семејни имиња, кои треба да се откријат.6 Секој од нас има повеќе членови на семејството со кои треба да се поврзе. Ако сметате дека вашата тетка го завршила целото ваше генеолошко истражување, ве молам најдете ги вашите братучеди и братучедите на вашите братучеди. Поврзете ги вашите живи спомени од семејните имиња со 10 милијарди имиња за пребарување што Семејно Пребарување ги има сега во својата колекција на интернет и 1.3 милијарди поединци на нејзиното СемејноСтебло.7
Замолете ги пријателите да нацртаат стебло на животот. Како што не учи Претседателот Расел М. Нелсон , стеблата на животот имаат корени и гранки.8 Било да сте вашата прва или десетта генерација, поврзете вчера за утре. Поврзете ги корените и гранките во вашето семејно стебло на животот.9
Прашањето „Од каде сте?“ прашува за потеклото, местото на раѓање, родната земја или татковината. На глобално ниво, 25 проценти од нас трагаат по својата татковина во Кина, 23 пронети во Индија, 17 проценти во другите делови на Азија и Пацификот, 18 проценти во Европа, 10 проценти во Африка, 7 проценти во американските држави.10
Прашањето „Од каде сте?“ иато така не повикува да го откриеме нашиот божествен идентитет и диховната цел во животот.
Секој од нас има приказна.
Едно семејство што го познавам поврзаа пет генерации кога го посетија нивниот стар дом во Винипег, Канада. Таму дедото им кажал на своите внуци за денот кога двајца мисионери (тој ги нарече ангели од рајот) го донесоа обновеното евангелие на Исус Христос, менувајќи го нивното семејство засекогаш.
Една мајка што ја познавам ги покани нејзините деца и нивните братучеди да и постават прашања на својата пра-баба за нејзините доживувања од детството. Авантурите на Пра-Бабата и животните лекции сега се скапоцена семејна книга која обединува генерации.
Еден млад човек што го познавам го составува „Дневникот на Тато.“ Пред многу години, една кола идри и го уби неговиот татко. Сега, за да се сеќава на својот татко, овој храбар млад човек ги зачувува спомените од детството и приказните од семејството и пријателите.
На прашањето од каде доаѓа смислата на животот, најголемиот број на луѓе го поставуваат семејството на прво место.11 Ова го вклучува семејно живеење и починатите претци. Секако, кога ќе умреме, не престануваме да постоиме. Продолжуваме да живееме од другата страна на превезот.
Сѐ уште многу живи, нашите претци заслужуваат да бидат запамтени.12 Го памтиме нашето наследство низ усни истории, записи од кланови и семејни истории, споменици или места за сеќавање и прослави со фотографии, храна или предмети што не потсеќаат на нашите сакани.
Размислете каде живеете—зарем не е прекрасно како вашата земја или заедница се сеќаваат и им оддаваат почит на претците, семејството и остантите кои служат и се жртвуваат? На пример, за време на сеќавањето на есенската жетва во Јужен Молтон, Девоншир, Англија, Сестра Гонг и јас сакавме да ја најдеме малата црква и заедницата каде генерации од нашето семејство Бавден живееја. Им оддаваме чест на нашите претци отварајќи им ги портите на рајот преку храмската и работата на семејната историја13 и со тоа што стануваме алка на сврзување14 во синџиррот на нашите генерации.15
Во оваа ера на „Се одбирам себе си,“ општествата имаат корист кога генерациите се поврзуваат на експресивни начини. Потребни ни се корени за да имаме кријла—вистинску односи, внимателно избрана служба, живот надвор од фурнирите на социјалните медиуми.
Поврзувањето со нашите претци може да ни ги промени животите на ненадејни начини. Од нивните искушенија и постигнувања, стекнуваме вера и сила.16 Од нивната љубов и жртвувања, улиме да простуваме и да напредуваме. Нашите деца стануваат отпорни. Добиваме моќ и заштита. Врските со предците ја зголемуваат семејната блискост, благодарноста, чудата. Ваквите врски носат помош од другата страна на превезот.
Како што доаѓаат радости во семејставата, така може да се појават и таги. Ниту еден поединец не е совршен, ниту едно семејство. Кога оние кои треба да не сакаат, негуваат и да не заштитуваат не успеваат во тоа, се чувствуваме напуштено, засрамено и повредено. Семејството може да стане шуплива школка. Сапак, со небесна помош, можеме да го разбереме нашето семејство и да се помириме еден со друг.17
Понекогаш непоколебливата посветеност кон трајните семејни односи ни помага да постигнеме тешки нешта. Во некои случаи, заедницата ни станува семејство. Една исклучителна млада жена чие проблематично семејство често се селеше пронајде сакано црковно семејство каде и да беше за да ја негува и да и даде мир. Генетиката и семејните модели имаат влијание но не нѐ одредуваат.
Бог сака нашите семејства да бидат среќни и да траат засекогаш. Засекогаш е премногу долг период ако се измачуваме еден со друг. Среќата е премногу кратка ако негуваните врски прекинуваат со овој живот. Преку светите завети, Исус Христос ја нуди Неговата љубов, моќ, и милост за да не променат18 и да ги излечат нашите односи. Несебичната храмска служба за нашите најдраги го прави помирувањето на нашиот Спасител реалност за нас и за нив. Осветени, можеме да се вратиме дома во Божјото присуство како семејства обединети во вечноста.19
Секоја од нашите приказни е незавршено додека откриваме, создаваме и се стекнувам со можности над замислените.
Пророкот Џозеф Смит рече, “За некои изгледа дека е многу смела доктрината за која говориме—власт која запишува или врзува на земјата и на небото.”20 Друштвеноста што ја создаваме овде, таму може да постои со вечна слава.21 Секако, “ние без [нашите членови на семејството] не можеме да постигнеме совршенство; ниту тие без нас не може да постигнат совршенство”, тоа е, како “целосно, комплетно и совршно единство.”22
Што можеме да сториме сега ?
Најпрвин, замислете ја вашата слика како се рефлектира наназад и напред помеѓу две огледала на вечноста. Во една насока, замислете се себе си како ќерка, внука, пра-правнука; во другата насока, насмевнете се на себе како вујна, мајка, баба. Колку брзо минува времето! Во секое време и улога, забележете кој е со вас. Собирајте ги нивните фотографии и приказни; направете ги нивните спомени вистински. Запишувајте ги нвините имиња, доживувања, клучните датуми. Тие се вашето семејство—семејството што го имате и што го сакате.
Додека ги изведувате храмските обреди за членовите на семејството, духот на Илија, „манифестација на Светиот Дух сведочи за божествената природа на семејството,“23 ќе ги испреплете срцата на вашите татковци, мајки, деца заедно во љубов.24
Второ, авантурата на семејната историја нека биде намерна и спонатана. Повикајте ја вашата баба. Погледнете подлабоко во очите на тоа ново бебе. Одвојте време—откријте ја вечноста—во секоја фаза од вашето патување. Дознајте и признајте го со благодарност и чесност вашето семејно наследство. Славете и станете позитивни и, каде што е потребно, понизно направете се што е возможно да не се пренесе негативното. Нека добрите нешта почнат со вас.
Трето, посетете ја СемејноПребарување.орг. Превземете ги достапните мобилни апл. Тие се бесплатни и забавни. Откривајтете, поврувајте, припаѓајте. Погледнете како сте поврзани со луѓе во една соба; колку е лесно и наградувачки да додавате имиња на вашето семејно стебло, да ги пронајдете и благословите вашите корени и гранки.
Четврто, помогнете да се обединат семејствата вечно. Запомнете ги демографиите на небесата. Има многу повеќе од другата страна на превезот отколку од оваа. Како што сѐ повеќе и повеќе храмови се приближуваат до нас, ве молиме понудете им можност на оние што чекаат на храмските обреди можност да ги примат.
Ветувањето на Велигден и секога е дека, во и преку Исус Христос, можеме да станеме најдобрата приказна и нашите семејства може да станат среќни и вечни. Во сите наши поколенија, Исус Христос ги исцелува скршените срца, ги избавува заробените, ги пушта на слобода напатените.25 Заветната припадност со Бога и едни со други26 го вклучува познавањето дека нашиот дух и тело ќе бидат повторно обединети во воскресението и нашите најдрагоцени односи може да продолжат надвор од смртта со потполна радост.27
Секој од нас има приказна. Дојдете и откријте ја вашата. Дојдете и пронајдете го вашиот глас, вашата песна, вашата хармонија во Него. Ова е самата цел за која Бог ги создаде небесата и земјата и виде дека тие се добри.28
Фалете го планот на Бог за среќа, Помирувањето на Исус Христос, продолжувањето на обновата и Неговото евангелие и Црквата. Ве молам дојдете и најдете ја вашата фамилија, сите ваши генерации, и доведете ги дома. Во светото име на Исус Христос, амин.