Генерална Конференција
Преобраќање кон волјата Божја
Април 2022 генерална конференција


Преобраќање кон волјата Божја

Нашето лично преобраќање ја вклучува одговорноста да се сподели евангелието на Исус Христос со светот

Јас сум благодарен за моќниот пророчки повик за мисионерска служба упатен од Претседателот Расел М. Нелсон и и за инспиративните пораки упатени од Претседателот М. Расел Балард како и од Старешина Маркос А. Адиукатис, денес.

Една мисионерска задача во Велика Британија кон крајот на минатата година ми дозволи да се навратам на скапоцените духовни настани што беа основа за мојата одлука да служам како мисионер.1 Кога имав 15 години, мојот постар брат Џо кого јас многу го сакав имаше 20 години— тогаш подобна возраст за служење мисија. Во Соединетите Држави, поради корејскиот конфликт, на многу малку млади им беше дозволено да служат. Само по еден мисионер можеше да биде повикан од секој оддел годишно.2 Беше изненадување кога нашиот епископ Епископ го замоли Џо да ја истражи оваа можност со нашиот татко. Џо подготвуваше апликации за медицинско училиште. Нашиот татко, кој не беше активен во Црквата, финансиски се подготви за да му помогне и не беше за тоа Џо да оди на мисија. Тато сугерираше дека Џо би можел да да направи поголема добрина доколку оди на медицинско училиште Ова беше огромен проблем во нашето семејство.

Во една вредна за внимание расправа со мојот мудар и примерен постар брат, заклучивме дека неговата одлука за тоа дали да служи мисија и да го одложи своето образование зависи од три прашања:: (1) Дали Исус Христос е божествен? (2) Дали Книгата на Мормон е словото на Бога? и (3) Дали е Џозеф Смит Пророкот на Обновата? Ако одговорот на овие прашања беше да, беше јасно дека Џо можеше да направи повеќе добрина доколку го донесе евангелието на Исус Христос на светот отколку да стане доктор што поскоро.3

Таа ноќ се молев горливо и со вистинска намера. Духот, на неспорно моќен начин, ми потврди дека одговорот на сите три прашања беше да. Ова беше важен настан за мене. Сватив дека секој одлука што ќе ја донесам до крајот на мојот животот ќе биде под влијание на овие вистини. Исто така знаев дека би служел мисија доколку ми се даде можност. Во текот на целиот животен век на служба и духовни искуства, дојдов до сознание дека вистинска конверзија е резултат на свесно прифаќање на Божјата волја и дека ние можеме да бидеме водени во нашите дејствија преку Светиот Дух.

Обновување на Целината на Евангелието на Исус Христос: Двомилениумска Објава на Светот. Таа ноќ добив духовно сведоштво за Книгата на Мормон4 и за проркот Џозеф Смит.

Џозеф Смит беше инструмент во Господовите раце

Вашето сведоштво ќе биде зајакнато кога ќе знаете во вашето срце преку вашите молитви дека Пророкот Џозеф Смит беше инструмент во Господовите раце. Во текот на изминатите осум години, една од моите задачи во Дванаесетте Апостоли беше да ги прегледам и да ги прочитам сите хартии и документи на Џозеф Смит кои заслужуваат внимание како и истражувањето кое доведе до објавувањето на Saints томовите.5 Моето сведоштво и восхит за Пророкот Џозеф Смит се многи зајакнати и подобрени по читањето на инспиративните детали од неговиот живот и предодредената пророчка служба.

Џозефовиот превод на Книгата на Мормон преку дарот и моќта на Бога беше основа за Обновувањето.6 Книгата на Мормон е внатрешно конзистентна, убаво напишана и содржи одговори на големите животни прашања. Тоа е уште едно сведоштво за Исус Христос. Јас сведочам дека Џозеф Смит беше праведен, исполнет со вера, и инструмент во Божјите раце преку кој се роди Книгата на Мормон.

Откорвенијата и настаните запишани во Учење и Завети ги обезбедуваат клучевите, обредите и заветите неопходни за спасение и егзалтација. Тие не само што ги наведуваат неопходните работи за воспоставување на Црквата туку исто така обезбедуваат продлабочено учење што ни дозволува да ја разбереме целта на животот и ни дава вечна перспектива.

Еден од бројните примери за пророчката улога на Џозеф Смит се наоѓа во 76-то поглавје на Учење и Завети. Тоа е еден експлицитен запис за небесната визија, вклучувајќи ги и царствата на слава, кои што пророкот Џозеф Смит и Сидни Ригдон беа благословени да ги примат на 16 февруари 1832. Во тоа време, најголемиот број на цркви учеа дека Помирувањето на Спасителот нема да донесе Спасение за повеќето луѓе. Се веруваше дека само неколкумина ќе бидат спасение а дека огромното мнозинство би било осудено на пекол и проклетство, вклучувајќи ги бескрајните тортури „со најстрашен и неискажлив интензитет.“7

Откровението содржано во 76-тото поглавје содржи славна визија за степените на слава каде огромен број на чеда на Небесниот Отец кои биле храбри во својот претсмртен живот ќе бидат длабоко благословени по конечниот суд.8 Визијата за трите степени на слава, од кои најмалиот „го надминува секое разбирање,“9 е директно побивање на тогаш силната но погршна доктрина дека мнозинството би било осудено на пекол и проклетство.

Кога ќе сватите дека Џозеф Смит имал само 26 години, имал ограничено образование, и мала или никаква изложеност на класични јазици од кои Библијата беше преведена, тој навистина бил инструмент во рацете на Господ. Во 17-от стих од поглавје 76, тој бил инспириран да го искористи зборот неправеден наместо проклетство што беше користено во Евангелието за Јован.10

Интересно е што 45 години подоцна водачот на Англиканската црква и академски овластен класичен научник,11 Фредрик Ф. Фарар, кој ја напишал The Life of Christ,12 тврдеше дека дефиницијата за проклетство во верзијата на Библијата на Кралот Џејмс била резултат на преведувачки грешки од Хебрејски и Грчки на Англиски.13

Многумина денес го прифатија концептот дека гревот не треба да има никаква последици. Тие го поддржуваат безусловното прифаќање на гревот без каење. Нашата откриена доктрина не само што ја побива идејата дека најголемиот број на луѓе би биле вечно осудени во пеколот и проклетство туку исто така воспоставува дека личното покајание е заповеден предуслов за учество во Спасителовото Помирување и за наследство на целестијалното царство.14 Јас сведочам дека Џозеф Смит навистина беше инструмент во Господовите раце во донесување на свет на Обновувањето на Неговото евангелие!

Поради Обновувањето на евангелието на Исус Христос, ја разбираме важноста и на покајанието и на „делата на праведност“15 Го разбираме огромното значење на Спасителовото Помирување и Неговите обреди за спасение и заветите, вклучувајќи ги оние изведени во храмот.

„Делата на праведност“ произлегуваат и се плод на преобраќањето. Вистинското преобраќање е резултат на свесно прифаќање и посветеност да се следи Божјата волја16 Банкетот на последиците и благословите што доаѓаат од преобраќањето е вистински и постојан мир и лична гаранција за крајна среќа15—и покрај бурите на овој живот.

Преобраќањето кон Спасителот го менува телесниот човек во осветена, препородена, прочистена личност——ново суштество во Исус Христос.18

Многумина се Тргаат Настарана од Вистината Бидејќи Тие Не Знаат Каде Да Ја Најдат

Кои се обврските што произлегуваат од преобраќањето? Во затворот Либерти, Пророкот Џозеф забележа дека многумина „едноставно се тргаат настрана од вистината бидејќи не знаат каде да ја најдат.“19

Во Господовиот предговор на Учење и Завети, беше дадено сеопфатно објаснување за Господовата цел за нас. Тој изјави, „Затоа , јас, Господ, знаејќи за несреќата што треба да ги снајде, се повикувам на мојот слуга Џозеф Смит, Пом., и му зборувам од небото, и му давам заповеди.“ Тој понатаму упатува, „Дека целосноста на евангелието може да се прогласи од слабите и припростите сѐ до на крај светот.“20 Тоа ги вклучува полновремените мисионери. Тоа нѐ вклучува сите нас. Ова треба да биде фокус сличен на ласер за секој кој е благословен со преобраќање кон Божјата волја. Спасителот љубезно нѐ кани да бидеме Неговиот глас и Неговите раце.21 Љубовта на Спасителот ќе биде нашата светлина што ќе нѐ води. Спасителот ги поучувал своите ученици, „Затоа одете и поучувајте ги сите нации.“22 И на Џозеф Смит, Тој му објави, „Проповедај го моето евангелие до секое создание кое не го примило.”23

Една недела после посветувањето на Храмот Киртланд 3 април 1836, што беше Велигденска Недела и исто така Пасха, Господ им се јави на Џозеф Смит и Оливер Каудери во големо видение. Господ го прифати храмот и објави, „Ова е почетокот на благословот кој ќе биде излеан врз главите на моите луѓе.”24

Откако ова видение завршило, Мојсеј се појавил „и ни ги довери … клучевите за собирање на Израел од сите четири краеви на земјата, и водење на десетте племиња надвор кон север.“25

Претседателот Расел М. Нелсон, нашиот денешен сакан пророк, кој ги држи овие исти клучеви, поучуваше ова утро: „Вие младите мажи сте резервирани за ова време кога ќе се случи ветеното собирање на Израел Додека ги отсужувате вашите мисии, играте клучна улога во овој настан без преседан!“26

За да стане Спасителовиот мандат да го споделуваме евангелието дел од нас, треба да станеме преобратени кон волјата Божја; треба да ги сакаме нашите соседи, да го споделуваме обновеното евангелие на Исус Христос, и да ги каниме сите да дојдат и видат. Како членови на Црквата, го цениме одговорот на Пророкот Џозеф до Џон Ветворт, уредникот на Chicago Democrat, во 1842. Тој бараше информации за Црквата. Џозеф го завршил својот одговор користејќи го „Standard of Truth“ („Стандард за Вистина“) како предговор на на тринаесетте Поставки на Вера. Стандардот на концизен начин, го пренесува она што треба да се постигне:

„Ниту една несвета рака не може да го запре напредокот на работата; прогонувања може да беснеат, толпи може да се здружуваат, може да се собираат војски, клеветата може да клевети, но вистината Божја ќе излезе смело, благородно, и независно, додека не навлезе во секој континент, не го посети секое поднебје, не ја зафати секоја земја, и не прозвучи во секое уво; додека да се остварат Божјите намери, и Големиот Јехова не рече дека работата е завршена.”27

Ова беше повик за генерации на Светци од Подоцнежните Дни, особено за мисионерите. Во духот на „Стандардот на Вистина ,“, благодарни сме што среде светска пандемија, верните мисионери го споделија евангелието. Мисионери, ве сакаме! Господ бара секој од нас да го сподели Неговото еванглие со збор и дело. Нашето лично преобраќање ја вклучува одговорноста да го споделиме евангелието на Исус Христос со светот.

Благословите на споделување на евангелието вклучуваат зголемување на нашето преобраќање кон волјата Божја и препуштање Бог да надвладее во нашите животи.28 Ги благословуваме другите да доживеат „моќна промена“ на срцето.29 Има навистина вечна радост во помагањето да се донесат души кон Христос.30 Трудот за сопствено преобраќање како и преобраќање на другите е благородна задача.31 Јас сведочам така, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Јас служев во Британската Мисија од 1 септември 1960 до 1 сештември 1962.

  2. Останатите млади момчиња мораа да бидат достапни за регрутација.

  3. Откако Џо ја отслужи својата мисија, дипломираше во медицинското училиште и служи како успешен доктор. Неговата мисија го подготви да биде епископ, претседател на кол, регионален претставник, и претседател на мисија.

  4. Види Морони 10:4. Веќе ја прочитав Книгата на Мормон. Со оглед на сериозноста на овој проблем во нашето семејство, се молев со вистинска намера.

  5. Види Светци: Приказната за Црквата на Исус Христос во Последните Денови, том 1, Стандардот на Вистината, 1815–1846 (2018), и том 2, Без Недозволена Рака, 1846–1893 (2020).

  6. Преводот започна на 7 април 1829 и беше завршен околу први јули 1829. Беше извонредно да се проучат фактите околу преводот. Особено го ценев читањето на ракописот на пачатарот и оригиналниот ракопис на Книгата на Мормон објавена како том 3 и 5 во серијата Откровенија и Преводи на Хартиите на Џозеф Смит. И двата се значајни тома.

  7. Фредерик В. Фарар, Вечна Надеж: Петте Проповеди Проповедани во Вестминстер Аби, Ноември и ДекемвриEternal Hope: Five Sermons Preached in Westminster Abbey, November and December, 1877 (1892), xxii.

  8. Визијата ги вклучува оние кои не учат за Христос во овој живот, деца кои умираат пред да наполнат 8 години, и оние кои немаат разбирање.

  9. Учење и Завети 76:89.

  10. Види Јован 5:29.

  11. Фарар се школувал на Кралскиот Колеџ, Лондон, и Тринити колеџот, Кембриџ. Тој беше свештеник на Англиската Црква (Англикан), архиѓакон во Вестминстерската Опатија, постар старешина во катедралата Кентербери, и исповедник на Кралското Домаќинство

  12. Види Фредерик В. Фарар, Животот на Христос (1874).

  13. Види Farrar, Eternal Hope, xxxvi–xxxvii. Фредерик Фарар се чувствуваше принуден да ги исправи учењата за проклетството и пеколот. Тој силно го прогласи она што го нарече „едноставно, непобитни и неспорни факти. … Глаголот ‘проколнува’ и неговите сродници не се појавуваат еднаш во Стариот Завет. Ниту еден збор што пренесува такво значење не се појавува во грчкиот јазик од Новиот Завет.“ Тој продолжува да го објаснува дека зборот damnation е еден “лоша грешка во преводот … [и] ги изопачува и прикрива вистинското значење на изјавите на нашиот Господ” (Eternal Hope, xxxvii). Фарар исто така укажа на огромната демонстрација на саканиот небесен Отец во Небесата низ Библијата како дополнителен доказ дека дефинициите за и проклетство користени во англискиот превод се погрешни (види Вечна Надеж, xiv–xv, xxxiv, 93; види исто така Квентин Л. Кук “Планот на Нашиот Отец—Добволно Голем за Сите Негови Деца,” Лијахона, Мај 2009, 36).

  14. Односот помеѓу покајанието и Помирувањето е изложена во Учење и Завети 19:15–18, 20. Покрај тоа, бескрајната казна е разјаснета во Учење и Завети 19:10–12.

  15. Учење и Завети 59:23.

  16. Види Мосија 27:25; Учење и Завети 112:13; види исто така Дејл и Милер, “Носејќи Мир и Исцелување на Твојата Душа,” Лијахона, Ное. 2004, 12–14.

  17. Видете Мосија 2:41.

  18. Види Далин х. Оукс, “Предизвикот да се Стане,” Енсајн, Ное. 2000, 33; Лијахона, Јан. 2001, 41; види исто така 2 Коринтјаните 5:17; Библиски Речник, “Преобратување.”

  19. Учење и Завети 123:12.

  20. Учење и Завети 1:17, 23.

  21. Ако тоа е наша желба, ние сме „повикани на работата“ (Учење и Завети 4:3; види исто така Томас С. МонсонThomas S. Monson, “Повикани за Делото,” Лијахона, Јуни 2017, 4–5).

  22. Матеј 28:19.

  23. Учење и Завети 112:28.

  24. Учење и Завети 110:10.

  25. Учење и Завети 110:11.

  26. Види Расел М. Нелсон, “Проповедање на Евангелието на Мир,” Лијахона, Мај 2022, 6–7; види исто така Расел М. Нелсон, “Надеж на Израел” (Духовна молитвена сесија ширум светот 3 јуни 2018), Надежна Израел.ЦркванаИсусХристос.орг

  27. Учења на Претседатели на Црквата: Џозеф Смит (2007), 444.

  28. Види Расел М. Нелсон, “Бог Нека Преовлада,” Лијахона, Ное. 2020, 92–95.

  29. Алма 5:14.

  30. Види Учење и Завети 18:15; види исто така Јаков 5:19–20.

  31. Види Алма 26:22; Учење и Завети 18:13–16; види исто Библиски Речник, “Преобратување.”