Генерална Конференција
Мисионерската Служба Го Благослови Мојот Живот Засекогаш
Април 2022 генерална конференција


Мисионерската Служба Го Благослови Мојот Живот Засекогаш

Се молам за вас млади мажи и млади жени и вашите родители да видите како мисионерската служба ќе го благослови вашиот живот засекогаш.

Ви благодарам, претседателе Нелсон, за тоа што повторно споделивте со нас совет во врска со Мисионерската служба.

Браќа и сестри, пред неколку години додека зборував на генералната конференција, видот на моето лево око наеднаш се замати од нешто што се нарекува макуларна (пегава)дегенерација, што постепено се влошуваше и ме остави без корисeн вид на тоа око.

Како што се справував со овој предизвик, се повеќе станував благодарен за другите видови на визии, вклучувајќи ја ретроспективната визија. Додека се осврнував на мојот живот, успеав да видам одредени искуства што направија значајна разлика. Едно од овие искуства е мојата полновремена мисионерска служба како млад човек во Англија која го благослови мојот живот и ја оформи мојата духовна судбина.

Размислував за тоа како економските предизвици поврзани со Големата економска криза во 1930 доведоа до несреќен пресврт за моите родители и нашето семејство. Мојот татко беше толку посветен да го спаси сопственото тргување со автомобили и да го издржува семејството што за време на овој тежок период моите родители не ја посетуваа црквата.

Иако не ги посетувавме црковните богослужби како семејство, тоа не ме спречи да присуствувам повремено со пријателите.

Во оние денови, сѐ уште имав на ум да заминам на мисија, но не разговарав за тоа со моите родители.

Додека посетував колеџ, неколку пријатели и јас одлучивме да служиме мисии. При посета на мојот епископ, ја пополнив апликацијата додека моите родители беа надвор од градот. Кога се вратија, ги изненадив со веста дека сум повикан да служам во Велика Британија. Благодарен сум за нивната ентузијастичката поддршка за оваа одлука, и за добрите пријатели кои ми помогнаа да одлучам да служам.

Мојата мисионерска служба ме подготви да бидам подобар сопруг и татко и да бидам успешен во бизнисот. Таа исто така, ме подготви да му служам на Господ во Неговата Црква цел живот.

Во април 1985, на генералната конференција, бев назначен да зборувам на сесијата за свештеници. Ги упатив моите забелешки до младите мажи. Зборував за подготовката да служат како мисионер. Им кажав, „Од сите обуки што сум ги добил за моите Црквни задачи, ниту една не ми е поважна од обуката што ја добив како деветнаесет-годишен-старешина кој служи полно-времена мисија.“1

Господ ве познава. Кога ја отслужувате вашата мисија, ќе доживеете искуства што ќе ви помогнат да Го запознаете подобро. Вашата духовност ќе се зголемува додека Му служите. Во Негово име, ќе бидете испратени на задачи да им служите на другите Тој ќе ви даде искуства со поттикнувања од Светиот Дух. Господ ќе ве овласти да подучувате во Негово име. Можете да му покажете Нему дека може да ви верува и да смета на вас.

Пред нешто повеќе од пет месеци, старешина Џефри Р. Холанд и старешина Квентин Л. Кук, кои исто така служеа како мисионери на Британските острови, ми се придружија да ги посетам членовите и мисионерите во таа прекрасна земја. Додека бевме таму, размислував за моите искуства како млад мисионер. Јас сведочам дека мојата мисија е местото каде спознав дека мојот Небесен Отец и мојот Спасител Исус Христос ме познаваат и ме сакаат.

Бев благословен што имам двајца прекрасни претседатели на мисија, Селвој Џ. Бојер и Стајнер Ричардс, заедно со нивните посветени содружници, Гледи Бојер и Џејн Ричардс. Гледајќи наназад, уште појасно можам да видам дека тие ми веруваа и ме сакаа. Од нив го научив евангелието. Очекуваа многу од мене. Ми дадоа многу предизвикувачки задачи и можности за водство за да ми помогнат да пораснам и да се подготвам за живот на служба.

Јас исто така размислував за моментот кога бев повикан од Претседателот Спенсер В. Кимбал да претседавам со Канадската Мисија во Торонто со мојата почитувана сопруга, Барбара, и нашите деца покрај нас. Претседателот Кимбал нѐ повика на служба во април 1974, кратко откако ја даде својата инспиративна мисионерска порака насловена „Кога Светот Ќе Биде Преобратен.“2 Во таа порака Претседателот Кимбал ја објасни својата визија за тоа како евангелието ќе биде однесено во целиот свет. Тој покани многу повеќе мисионери од целиот свет. Нѐ потсети за Господовите очекувања „дека секој човек треба … да го крене гласот на предупредување на жителите на земјата.“3 Учењата на Претседателот Кимбал дека од младите мажи се очекува да служат мисија стана тема на разговор во семејствата ширум светот. Овие очекувања не се променети. Благодарен сум што и Претседателот Расел М. Нелсон ги потврди Господовите очекувања ова утро.

Поминаа скоро 10 години откако Претседателот Томас С. Монсон објави намалување на мисионерската возраст за младите мажи и младите жени.4 Верувам дека основната причина за оваа промена беше да им дадеме повеќе можности на нашите млади, да служат како мисионери што ќе им го промени животот.

Како Апостол на Господ Исус Христос, сега упатувам повик до вас млади мажи—и до оние млади жени кои посакуваат да служат мисија—да започнете да разговарате со своите родители за служење мисија. Исто така, ве повикувам да зборувате со вашите пријатели за служење мисија, и ако еден од вашите пријатели не е сигурен дека ќе служи, охрабрете го да разговара со неговиот епископ.

Признајте си себе си и на вашиот Небесниот Отец дека ќе служите мисија и дека отсега натаму ќе се трудите да ги одржувате вашите срца, раце и мисли чисти и достојни. Ве поканувам да добиете цврсто сведоштво за обновеното евангелие на Исус Христос.

Татковци и мајки на оваа прекрасна младина, вие имате важна улога во овој процес на подготовка. Започнете денес да зборувате со вашите деца за мисионерската служба. Знаеме дека семејството има најдлабоко влијание во помагањето на младите мажи и младите жени да се подготват.

Ако сте на возраст за мисионерска служба, но сѐ уште не сте служеле мисија поради пандемијата или други причини, ве повикувам да служите сега. Зборувајте со вашиот епископ, и подгответе се да му служите на Господ.

Ги охрабрувам вашите епископи да им помогнат на сите млади мажи и млади жени кои се блиску до мисионерската возраст да се подготват за служба, и исто така ги охрабрувам вашите епископи да ги идентификуваат оние кои се доволно возрасни но сѐ уште не служеле. Поканете го секој млад маж да стане мисионер, како и секоја млада жена што сака да служи.

На оние кои во моментот се на служба, ви благодарам. Вашата мисија беше за време на светската пандемија. Како резултат на тоа, вашето мисионерско искуство беше различно од моето или искуствата на било кој мисионер што служел пред 2020. Знам дека не беше лесно. Но дури и за време на овие тешки времиња, Господ има работа што треба да ја извршиме, а вие тоа го правите прекрасно добро. На пример, ја искористевте технологијата на нови начини за да се пронајдат оние кои се подготвени да научат за Обновувањето на евангелието на Исус Христос. Бидејќи служевте вредно и според вашите способности, знам дека Господ е задоволен со вашиот труд. Јас знам дека вашата служба ќе го благослови вашиот живот.

Кога ќе бидете ослободени од вашата мисија, запамтете дека вие не сте ослободени од активностите во Црквата. Надоградете ги добрите навики што ги научивте за време на вашата мисија, продолжете да го зајакнувате вашето сведоштво, работете напорно, молете се и бидете послушни на Господа. Почитувајте ги заветите што сте ги направиле. Продолжете да благословувате и да им служите на другите.

Се молам за вас млади мажи и млади жени и вашите родители да видите како мисионерската служба ќе го благослови вашиот живот засекогаш. За да ја почувствувате во вашиот ум и срце моќта на поканата на Господ дадена до големите мисионерски синови на Мосија. Тој вели, „Појдете … и воспоставете го мојот збор; сепак ќе бидете трпеливи во долготрпеливост и неволји, за да покажете добри примери … преку мене, а ќе направам од вас орудие во моите раце за спасение на многу души.“5

За да Бог ги благослови младите на Црквата да сакаат да се подготват и да Му служат, е мојата понизна молитва, што ја нудам ова утро во светото име на Господ Исус Христос, амин.

Белешки

  1. M. Russell Ballard, “Prepare to Serve,” Ensign, мај 1985, 41.

  2. Види Spencer W. Kimball, “When the World Will Be Converted,” Ensign, Oct. 1974, 2–14. Ова обраќање беше дадено на 4 април 1974, на семинар на регионални претставници

  3. Doctrine and Covenants 63:37.

  4. Види Thomas S. Monson, “Welcome to Conference,” Liahona, ное. 2012, 4–5.

  5. Алма 17:11.