Генерална Конференција
Ние Сме Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни
Април 2022 генерална конференција


Ние Сме Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни

Црквата е многу повеќе од зградите и црковните структури; Црквата сме ние, членовите, со Христос на чело и пророците како Негови гласници.

Откако ја примив поканата да „дојдам и да видам,“1 за прв пат присуствував во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни на мојата 26 годишна возраст. Неодамна се разделив од мојот прв сопруг. Имам три годишно момче. Почувствував страв и немоќ. Кога влегов во зградата, бев исполнета со топлина додека ја перцепирав верата и радоста од луѓето кои ме опкружуваа. Тоа беше навистина „заштита од бура.“2 Три недели подоцна, склопив завет за крштавање со небесниот Отец и го започнав моето патување како Христоов ученик, иако мојот живот на ова патување не беше совршен.

За да ги добијам овие вечни благослови, требаше да бидат присутни многу физички и духовни елементи. Евангелието на Исус Христос беше обновено и проповедано; за да просториите за средби се изгадат и да се одржуваат; имаше црковна структура, од пророкот до локалните водачи; и гранка пополнета со заветни членови кои беа подготвени да нѐ прегрнат мене и мојот син кога бевме доведени пред Спасителот, „нахранети со доброто Божје слово,“3 и со дадени можности да служиме.4

Од самиот почеток, Бог се обиде да ги собере и да ги организира Своите деца5 „да се спроведе [нашата] бесмртност и вечен живот.“6 Со таа цел на ум, Тој ни даде упатства да изградиме места за богослужба,7 каде што добиваме знаење и обреди за спасение и егзалтација; склопуваме и одржуваме завети што нѐ врзуваат со Исус Христос;8 сме обдарени со “моќта на божественост”;9 и често се собираме заедно за да се сеќаваме на Исус и да се зајакнуваме едни со други во Него.10 Црковната организација и нејзините згради постојат за наша духовна корист. „Црквата… е скелето со кое што ние ги градиме вечните семејства.“11

Додека зборував со пријател што минуваше низ тешки времиња, го запрашав како преживува финансиски. Низ солзи, тој одговори дека неговиот епископ му помага користејќи го фондот за посни прилози. Тој додаде, „Не знам каде би биле моето семејство и јас доколку не постоеше Црквата.“ Јас одговорив, „Црквата е нејзиното членство. Тоа се оние кои доброволно и радосно нудат посни прилози за да им помогнат на оние од нас на кои им е потребна. Вие ги примате плодовите на нивната вера и одлучност да го следат Исус Христос.“

Мои соученици во Христос, ајде да не го потценуваме чудесното дело што Господ го прави преку нас, Неговата Црква, и покрај нашите недостатоци. Понекогаш сме даватели а понекогаш примачи, но сите сме едно семејство во Христа. Неговата Црква е структурата што Тој ја дал за да нѐ води и благословува додека Му богослужиме и си служиме едни на други.

Некои сестри ми се извинија, затоа што мислеа дека не се активни членови на Здржението за Помош бидејќи служат во Основно и Млади Жени. Ове сестри се помеѓу најактивните членови на Здружението за Помош бидејќи тие им помагаат на нашите скапоцени деца и млади да ја зајакнат нивната вера во Исус Христос.

Здружението за Помош не е ограничено на просторија во зградата, лекција од Неделно Училиште, активност, или претседателство на локално или генерално ниво. Здружението за помош се заветните жени од Црквата; тоа сме ниесекоја од нас и сите ние. Тоа е нашата „глобална заедница на сочувство и служба.“12 Каде и да одиме, секогаш сме дел од Здржение за Помош додека се стремиме да ја исполниме неговата божествена цел, а тоа е жените да се постигне Божјата дело на индивидуални но и на колективни начини13 преку обезбедување на олеснување: „олеснување од сиромаштија, ублажување на болеста; ублажување на сомнежот, ублажување на незнаењето—ублажување на сѐ што кочи … радост и напредок.“14

Слично членство постои и во кворумите за старешини и црковните организаци за сите возрасти, вклучувајќи ги нашите деца и млади. Црквата е повеќе од зградите и црковната структура; Црквата сме ние, членовите. Ние сме Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, со Христос на чело и пророците како Негови гласници. Господ рекол:

„Ете, ова е мојата доктрина—кој и да се покае и дојде при мене, истиот е мојата црква. …

„И … кој и да е од мојата црква, и издржи во мојата црква до крај, него ќе го утврдам на мојата карпа.“15

Сестри и браќа, ајде да сфатиме колку сме привилегирани што припаѓаме на Црквата на Исус Христос, каде можеме да ја обединиме нашата вера, срцата, јаките страни, мислите и рацете за Тој да ги изврши своите моќни чуда. „Зашто телото [на Христовата Црква] не е еден член, туку повеќе.“16

Еден тинејџер и рекол на својата мајка, „Кога бев мал, секогаш кога давав еден долар за десеток, мислев дека со тој еден долар целата зграда сосе просториите за средби ќе биде изградена. Зарем не тоа глупаво?“

Трогната, таа одговори, „Тоа е прекрасно!“ Дали ги замисли во твоите мисли?“

„Да!“ тој воскликна. “Тие беа убави, а ги имаше на милиони!”17

Мои почитувани пријатели, ајде да ја имаме верата на едно дете и да се радуваме знаејќи дека и нашите најмали напори прават значителна разлика во Божјото царство.

Нашата цел во Неговот царство треба да биде да се доближиме едни со други до Христа. Како што читаме во светите писма, Спасителот ја прошири оваа покана до Нефитите:

„Има ли болни помеѓу вас? Донесете ги овде. Има ли некои кои се … погодени на некој начин? Донесете ги овде и јас ќе ги исцелувам, зашто јас имам сочувство за вас; утробата ми е полна со милост.

„… Гледам дека вашата вера е доволна и дека треба да ве исцелувам.”18

Зарем немаме сите невољи што можат да не донесат пред Спасителовите пети? Додека некои од нас се соочуваат со физички предизвици, многу повеќе се борат со емотивни конфликти, други се борат да ги одржуваат социјалните врски, а сите ние бараме одмор кога нашите духови се предизвикани. Ние сме сите погодени на некој начин.

Читаме дека „целото мноштво, во еден акорд, одеше напред со своите болни и … со сите оние што се погодени на било кој начин; и тој ги исцелува нив секој еден како што му беа носени пред него.

“… И сите тие, и оние кои беа исцелувани, и оние кои беа здрави, [се] наведнаа до Неговите нозе и му се поклонија”19

Од малото момче кое плаќа десеток со вера, до самохрана мајка која има потреба од Господовата зајакнувачка милост, до таткото кој се бори да обезбеди за своето семејство, до наши претци кои имаат потреба од обредите за спасение и егзалтација, до секој од нас кој секоја недела ги обновува заветите со Бога, сите ние имаме потреба еден од друг, и можеме да се доведеме едни до други до икупителното исцелување на Спасителот.

Почитувани мои сестри и браќа, ајде да ја следиме поканата на Исус Христос да се донесеме себе си и нашите неволји кај Него. Кога доаѓаме кај Него и ги носиме оние кои ги сакаме кај Него, Тој ја гледа нашата вера. Тој ќе состави од нив целина, а ќе состави и од нас целина.

Како „мирољубиви следбеници на Христос,“20 кои се обидуваат да станат „од едно срце и една мисла“21 и да бидат покорни; потчинети; нежни; лесни за да се замолат; полни со трпение и долготрпеливост; одмерени во сите нешта; вредни во одржувањето на Божјите заповеди за сите времиња; полни со вера, надеж, милосрдие; и изобилство од добри дела22 Сите ние се стремиме да бидеме како Исус Христос.

Јас сведочам дека како Црква на Христос, сите ние сме средство преку кое, како што поучува Претседателот Расел М. Нелсон „нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос, ќе ги изврши некои од Неговите најмоќни дела помеѓу сега и кога Тој повторно ќе дојде.“23

Господ рекол:

„Ете, ќе го забрзам моето дело во свое време.

„И ви оставам вам … заповед да се собирате заедно, и да се организирате, и да се подготвувате, и да се осветувате; да, да ги прочистувате вашите срца, и измиете вашите раце и нозе пред мене, за да можам да ве направам чисти.“24

За да одговориме на оваа божествена покана и радосно да се собираме, организираме, подготвуваме и осветуваме е мојата понизна молитва во името на Исус Христос, амин.