Генерална Конференција
Со Божјата Сила во Голема Слава
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Со Божјата Сила во Голема Слава

(1 Нефи 14:14)

Почитувањето на заветите нѐ вооружува со праведност и со Божја сила во голема слава.

Се молам за да Светиот Дух нѐ просветли и поучи сите нас додека заедно размислуваме за прекрасното дело на спасение и возвишeност во епохата на целосност на времињата.

Морониевата Прва посета на Џозеф Смит

Приближно три години после Првата Визија, ноќта на 21 септември 1823, младиот Џозеф Смит се молел за примање откуп за своите гревови и за својот статус и мислење од Бога.1 Една личност се појавила покрај неговиот кревет, го повикала Џозеф по име, и изјавила „гласник беше испратен од Божјото присуство … и дека неговото име е Морони.“ Појаснил „дека Бог има работа за [Џозеф] да ја изврши“2 а потоа му беше дал упатства за излегувањето на Книгата на Мормон. Значајно е што Книгата на Мормон беше една од првите теми обработени во Морониевата порака.

Книгата на Мормон е уште едно сведоштво на Исус Христос и одлична алатка за преобратување во подоцнежните денови. Нашата цел при споделување на евангелието е да ги поканиме сите да дојдат при Христа,3 да ги примат благословите на обновеното евангелие, и да издржат до крај преку верба во Спасителот.4 Помагајќи им на поединци да ја доживеат моќната промена на срцето5 и да се поврзат со Господарот преку светите завети и обреди се основните цели на проповедање на евангелието.

Морониевото претставување на Книгата на Мормон на Џозеф Смит го иницира делото на спасение и егзалтација за поединци од оваа страна на превезот во епохата на целосност на времињата.

Продолжувајќи со своите упатства кон Џозеф, Морони следно цитира од книгата Малахија во Стариот Завет, со мали варијации на јазикот користени во верзијата на Кралот Џејмс:

„Ете, Јас ќе ви го откријам свештенството, преку раката на пророкот Илија, пред да настапи големиот и страшен ден Господен.“

„… И тој ќе ги всади во срцата на децата ветувањата дадени на татковците, и нивните срцата ќе се свртат кон татковците нивни. Ако тоа не биде така, целата земја ќе биде наполно уништена при неговото доаѓање.“

Нашата цел при градење на храмови е да се направат достапни светите места во коишто можат да се даваат свети завети и обреди неопходни за спасение и егзалтација на човековите семејства, за живите и за мртвите. Морониевото упатство кон Џозеф Смит за суштествената улога на Илија и свештеничкото овластување го проширија делото на спасение и возвишеност од оваа страна на превезот и ја започнаа работата за мртвите во наше време од другата страна на превезот.

Накратко, Морониевите учења од септември 1823 за Книгата на Мормон и мисијата на Илија воспоставија доктринарни темели за делото на спасение и егзалтација од двете страни на превезот.

Учењата на Пророкот Џозеф Смит

Лекциите што Џозеф Смит ги научил од Морони влијаеле на секој аспект од неговата служба. На пример, на свечениот собир одржан во Храмот Киртленд на 6 април 1837, Пророкот изјавил, „После сѐ што беше кажано, најголемата и најважна должност е да се проповеда Евангелието.“7

Речиси точно седум години подоцна, на 7 април 1844, Џозеф Смит одржа проповед денес позната како Дискурсот на Кралот Фолет. Тој во тоа обраќање изјави, „Најголемата одговорност во овој свет што ни ја постави Бог е да се обидеме да ги побараме нашите мртви.“8

Но како може проповедањето на евангелието и барањето на нашите мртви да биде не само единствената најголема должност туку и одговорност што Бог ни ја постави? Верувам дека Пророкот Џозеф Смит во двете изјави ја нагласи основната вистина дека заветите, воведени преку овластени свештенски обреди, може да нѐ поврзат со Господ Исус Христос и се основното јадро на делото на спасение и егзалтација од двете страни на превезот.

Мисионерската, храмската и работењето на семејна историја се комплементарни и меѓусебно поврзани аспекти на едно големо дело во чиј центар се светите завети и обреди што ни овозможувааат да ја примиме силата на Побожност во нашите животи и да нѐ вратат во присуство на Небесниот Отец. Така, двете очигледно контрадикторни изјави дадени од Пророкот, во суштина, ја истакнуваат фокусната точка на ова големо дело од подоцнежните-денови.

Врзани за Спасителот преку Завети и Обреди

Спасителот рече:

„Земете го Мојот јарем на себе, и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за душите ваши.

„Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“9

Ние го превземаме бремето на Спасителот врз нас додека учиме за, достојно примаме, и им оддаваме почит на светите завети и обреди. Безбедно сме врзани кон и со Спасителот додека верно се сеќаваме и даваме сѐ од себе за да живееме во согласност со обврските што ги прифаќаме. А оваа врска со Него е изворот на духовна сила во секоја доба од нашите животи.

Заветниот народ на Господ

Ве повикувам да размислите за ветените благослови кон заветните ученици на Исус Христос. На пример, Нефи „ја забележал црква на Јагнето Божјо [во подоцнежните дни], а таа беше малубројна, … а тоа беа светите на Бога, по целото лице на земјата; а нивните владеење … беа мали.“10

Тој исто така „ја забележа моќта на Јагнето Божје, како се спушта над светите од црквата на Јагнето, и над заветниот народ на Господ, … и беа тие наоружани со праведност и со Божја сила во голема слава“.11

Фразата „вооружани со праведност и Божја сила во голема слава“ не е само една убава идеја или само еден добар пример на прекрасен библиски јазик. Наместо тоа, овие благослови се очигледни во животите на безброј господови следбеници од подоцнежните-дни.

Моите задолженија како член на Дванаесетмината ме носат насекаде низ светот. Бев благословен да се сретнам и да научам незаборавни лекции од многумина од вас. Јас сведочам дека Господовиот заветен народ денес е навистина вооружан со праведност и Божја сила во голема слава. Бев сведок на верност, храброст, перспектива, истрајност и радост кои се над смртните способности—кои само Бог може да ги обезбеди.

Доживеав праведност и Божја сила во голема слава, примени преку верност кон заветите и обредите, во животот на еден млад црковен член кој беше делумно парализиран во страотна автомобилска несреќа. По исцрпувачките месеци на закрепнување и прилагодување на новиот начин на живот со ограничена подвижност, се сретнав и разговарав со оваа цврста душа. За време на нашиот разговор запрашав, „Што ви помогна ова искуство да научите?“ Непосредниот одговор беше, „Јас не сум тажен Јас не сум лут. И сѐ ќе биде ОК.“

Бев сведок на праведноста и силата Божја во голема слава, добиени преку верност кон заветите и обредите, во животите на ново крштаваните и потврдени членови на Црквата. Овие духовно препородени лица беа желни да учат и да служат, подготвени но честопати несигурни како да ги остават старите навики и цврстите традиции настрана, а сепак среќни што станаа „сограѓани со светите, и Божјиот дом.“12

Бев сведок на праведност и Божја сила во голема слава, добиена преку верноста кон заветите и обредите, во животот на едно семејство кое со љубов се грижеше за брачниот другар и родител со неизлечива болест. Овие храбри ученици ги опишуваат времињата кога нивното семејство се чувствувало осамено—и времињата кога знаеја дека раката на Господарот ги возвишува и зајакнува. Ова семејство изразуваше искрена благодарност за тешките смртни искуства што ни дозволуваат да раснеме и да наликуваме се повеќе на нашиот Небесен Отец и нашиот Спасител, Исус Христос. Бог успеа и го благослови ова семејство со придружба на Светиот Дух и го направи нивниот дом свето засолниште како што е храмот.

Јас бев сведок на праведноста и Божја сила во голема слава, добиени преку верност кон заветите и обредите, во животот на еден црковен член, кој страдаше од болката по разводот. Духовниот и емотивниот стрес на оваа сестра беше зајакнат од чувството на неправедност поврзано со прекршувањата на заветите на нејзиниот сопруг и распаѓањето на нивниот брак. Таа сакаше правда и одговорност.

Додека оваа верна жена се бореше со сѐ што и се случуваше, таа го проучуваше и рамислуваше за Спасителовото Помирување понапорно и поинтензивно од кога било досега во нејзиниот живот. Постепено, продлабочено разбирање на Хистовата откупна мисија се излеа врз нејзината душа—Неговото страдање за нашите гревови и исто така за нашите болки, слабости, разочарувања и тешка анксиозност. А таа беше инспирирана себе си да си постави едно продорно прашање: бидејќи цената за тие гревови е веќе платена, дали ќе побараш таа цена да се плати двапати? Таа свати дека ваквото барање нема да биде ниту праведно ниту милостиво.

Оваа жена научи дека поврзувајќи се со Спасителот преку завети и обреди може да ги заздрави раните предизвикани од неправедно вршење на моралното право на избор на друго лице и ќе и овозможи да пронајде способност да простува и да прими мир, милост и љубов.

Ветување и Сведоштво

Заветните ветувања и благослови се возможни само заради нашиот Спасител, Исус Христос Тој не повикува да гледаме во Него,13 да дојдеме при Него,14 да учиме за Него,15 и да се поврземе со Него16 преку заветите и обредите на Неговото обновено евангелие. Јас сведочам и ветувам дека почитувањето на заветите нѐ вооружува со праведност и со Божја сила во голема слава. И сведочам дека живиот Господ Исус Христос е нашиот Спасител. За овие вистини јас радосно сведочам во светото име на Исус Христос, амин.