Генерална Конференција
Божјата љубов: Најрадосното за Душата
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Божјата љубов: Најрадосното за Душата

Божјата љубов не се наоѓа во животните околности туку во Неговото присуство во нашите животи.

Браќа и Сестри, знаете ли колку потполно Бог, нашиот Небесен Отец, ве сака? Дали сте ја почувствувале Неговата љубов длабоко во душата?

Кога знаете и разбирате дека целосно сте сакани како дете на Бог, тоа менува сѐ. Го менува начинот на кој размислувате за себе кога правите грешки. Го менува начинот на кој чувствувате кога тешки нешта се случуваат. Го менува вашето гледиште за Божјите заповеди. Го менува менува начинот на кој гледате на другите, и вашата способност да направите разлика.

Старешина Џефри Р. Холанд поучува: „Првата голема заповед за цела вечност е да се сака Бог со сето наше срце, моќ, памет и сила—тоа е првата голема заповед. Но првата голема вистина за цела вечност е дека Бог нѐ сака нас со целото Свое срце, моќ, памет и сила.“1

Како може секој од нас да ја знае длабоко во нашите срца таа голема вистина за вечноста?

На пророкот Нефи му беше покажан најсилниот доказ за Божјата љубов во визија. Додека Нефи го гледал дрвото на животот, тој се помолил за да го дознае протолкуваното. Како одговор, еден ангел му покажал на Нефи град, мајка и едно бебе. Додека Нефи гледал кон градот Назарет и праведната мајка Марија, како го држи новороденчето Исус во нејзините раце, ангелот изјавил, „Види го Јагнето Божјо, да, тоа е синот на Вечниот Отец!“2

Во тој свет момент, Нефи разбрал дека со раѓањето на Спасителот, Бог ја покажал својата чиста и потполна љубов. Божјата љубов, сведочи Нефи, „се излива во срцата на децата човечки.“3

Дрвото на животот

Можеме да ја претставиме љубовта на Бога како светлина што произлегува од дрвото на животот, излевајќи се низ целата земја во срцата на децата човечки. Божјата светлина и љубов продира до сите Негови креации.4

Понекогаш погрешно мислиме дека не можеме да ја почувствуваме Божјата љубов додека не ја следиме железната прачка и не го вкусиме плодот. Меѓутоа, Божјата љубов, не ја примаат само оние што доаѓаат до дрвото, туку таа е силата што нѐ мотивира да го бараме тоа дрво.

„Затоа е најпосакуваната од сите нешта,“ поучува Нефи, а ангелот извикнал „Да најсреќната за душата.“5

Пред дваесет години, еден сакан член на семејството се оддалечи од Црквата. Тој имаше многу неодговорени прашања. Неговата сопруга, преобратена, остана верна на нејзината вера. Напорно работеа да го сочуваат својот брак и покрај разликите што се појавија.

Минатата година тој напиша три прашања за Црквата со кои му беше тешко да се помири и им ги испрати на два пара кои беа пријатели неколку години. Ги покани да размислат за овие прашања и дојде на вечера за да ги сподели нивните размислувања.

По оваа посета со пријателите, тој замина во својата соба и започна да работи на проект. На ум му дојде вечерниот разговор и љубовта што му ја покажаа неговите пријатели. Подоцна напиша дека бил присилен да ја прекине својата работа. Тој рече: „Силна светлина ја исполни мојата душа. … Ми беше многу добо познато ова длабоко чувство на просветлување, но во овој случај тоа стана посилно повеќе од било кога и траеше неколку минути. Седнав тивко со чувството, што го разбрав како манифестација на Божјата љубов за мене. … Имав духовен впечаток што ми велеше дека би можел да се вратам во црква и да ја изразам оваа Божја љубов во она што го правам таму.“

Тој потоа се прашуваше за неговото прашање. Чувството што го доби беше дека Бог ги испочитува неговите прашања и дека немањето јасни одговори не треба да го спречи да оди напред.6 Тој треба да ја сподели Божјата љубов со сите додека продолжува со своето размислување. Додека дејствувал според тој впечаток, почувствувал сличност со Џозеф Смит, кој забележал по неговата Прва Визија, „Мојата душа беше исполнета со љубов, и во текот на многу денови можев да се радувам со голема радост.“7

Изненадувачки, неколу месеци подоцна, овој член на семејството го доби истиот повик што го имаше пред 20 години. Првиот пат кога го имаше овој повик, ги изведуваше своите должности како послушен член на Црквата. Сега прашањето за него не беше „Како можам да го исполнам овој повик?“ туку „Како можам да ја покажам Божјата љубов преку мојата служба?“ Со овој нов пристап, тој почувствува радост, смисол и цел во сите аспекти од неговиот повик.

Сестри и браќа, како можеме да ја примиме преобразувачката моќ на Божјата љубов? Пророкот Мормон нѐ повикува да се „молиме на Отецот со сета сила на нашите срца, за да бидете исполнети со оваа љубов, што тој ја дарува на сите вистински следбеници на неговиот Син, Исус Христос.“8 Мормон нѐ повикува да се молиме не само за да сме исполнети со Неговата љубов за другите туку и за да може да ја знаеме Божјата чиста љубов за нас.9

Кога ја примаме Неговата љубов, наоѓаме поголема радост во обидот да сакаме и да служиме како што Тој служел и сакал, станувајќи „вистински следбеници на неговиот Син, Исус Христос.“10

Божјата љубов не се наоѓа во околностите на нашите животи, туку во Неговото присуство во нашите животи. Знаеме за Неговата љубов кога примаме сила над нашата сопствена и кога Неговиот Дух носи мир, утеха и насока. Понекогаш може да биде тешко да се почувствува Неговата љубов. Може да се молиме за да имаме отворени очи да ја видиме Неговата рака во нашите животи и да ја видиме неговата љубов во убавините на Неговите креации.

Кога размислуваме за Спасителовиот живот и Неговата вечна жртва, почнуваме да ја разбираме Неговата љубов за нас. Побожно ги пееме зборовите на Езра Р. Сноу: Неговата драгоцена крв тој слободно ја оддели; Неговиот живот тој слободно го даде.“11 Исусовото смирение во страдањата за нас се истури врз нашите души, отворајќи ги нашите срца за да побараме прошка од Неговата рака и за да нѐ исполни со желба да живееме како што Тој живеел.12

Претседателот Расел М. Нелсон запиша, „Колку повеќе се посветуваме да го моделираме нашиот живот според Неговиот, толку почиста и побожествена станува нашата љубов.“13

Нашиот син раскажа: „Кога имав 11 години, моите пријатели и јас одлучивме да се сокриеме од нашиот учител и ја прескоскнавме првата половина од часот во Основно. Кога конечно пристигнавме, на наше изненадување, учителот топло нѐ поздрави. Потоа упати срдечна молитва во која изрази искрена благодарност кон Господ што одлучивме да дојдеме на часот тој ден според наше сопствено право на избор. Сега не можам да се сетам за што беше лекцијата, ниту пак да се сетам на името на нашиот учител, но некои 30 години подоцна, сѐ уште сум трогнат од чистата љубов што тој ми ја покажа тој ден.“

Пред пет години забележав пример на божествена љубов додека присуствував на час од Основно во Русија. Видов верна сестра како клечи пред две момчиња и им сведочи дека дури и да биле единствените живи на земјата, Исус би страдал и би умрел само за нив.

Јас сведочам дека нашиот Господ и Спасителот навистина умреле за секој еден од нас. Тоа беше израз на Неговата бескрајна љубов за нас и за неговиот Отец.

„Јас знам дека мојот Откупител живее. Каква утеха оваа слатка реченица дава! … Тој живее за да [нѐ] благослови со својата љубов.”14

Ајде да ги отвориме нашите срца за да ја примиме чистата Божја љубов што тој ја има за нас а потоа да ја излееме Неговата љубов во сѐ што правиме и што сме. Во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Џефри Р. Холанд, “Tomorrow the Lord Will Do Wonders among Us,” Liahona, мај 2016, 127.

  2. 1 Нефи 11:21.

  3. 1 Нефи 11:22; додаден акцент.

  4. Види Учење и Завети 88:13.

  5. 1 Нефи 11:22, 23.

  6. Види 1 Нефи 11:17.

  7. Џозеф Смит, во Карен Лин Дејвидосн и други, еди., The Joseph Smith Papers, Histories, Volume 1: Joseph Smith Histories, 1832–1844 (2012), 13; модернизирани интерпункциските знаци и големи букви.

  8. Морони 7:48.

  9. Види Нил Ф. Мериот, “Abiding in God and Repairing the Breach,” Liahona, ное. 2017, 11: “„Можеби нашиот живот во саканиот претсмртен живот ја основа нашата желба за вистинска, трајна љубов овде на земјата. Ние сме создадени од Бога да даваме љубов и да бидеме сакани, а најдлабоката љубов доаѓа кога сме едно со Бога.“

  10. Морони 7:48.

  11. „How Great the Wisdom and the Love,” Hymns, бр. 195.

  12. Види Linda S. Reeves, “Worthy of Our Promised Blessings,” Liahona, ное. 2015, 11: „Верувам дека ако би можеле на дневна основа да ја запамтиме и препознаеме длабочината на љубовта што нашиот Небесен Отец и нашиот Спасител ја имаат за нас , ќе бидеме подготвени на се за да се вратиме во Нивното присуство повторно, опкружени од Нивната љубов засекогаш.“

  13. Расел М. Нелсон, “Divine Love,” Liahona, фев. 2003, 17.

  14. „Јас знам дека мојот Откупител живее,“ Hymns, бр. 136.